Птичји Грип напиша:
Си стојам зад дефинирњето на лезбејките,макар што тоа може да изгледа толку грдо колку и што звучи грдо зборот лезбејка.Секој што не е стрејт-звучи грдо.
А,за вредностите...ќе се согласиш дека не можат лица од исти пол да знаат што се вистински вредности во животот.
Повикувајќи се на нормите во општеството тоа не е нормално.Секој си избира,секој има право да биде поразличен,но не прифаќам работи што не се нормални.
Благодарамз за твоето мислење.
Дефиниција за лезбејките како кучки,исфрустрирани личности кои посакале некој од свој пол поради малтретирање од маж,е далеку од логичното размислување,а со реалното нема никакви допирни точки:smir:
За овој дел со изборот целосно се согласувам,но ќе се задржам на зборот
нормално.
Границите на она што е нормално ги поставува секој човек во своите погледи и ставови кон животот.Ако за некој е нормално да се самоубие и со тој чин загинат уште најмалку 10 луѓе,во име на она во што тој верува,за други не е нормално.Ако за тебе е нормално да склучиш брак со жената што ја сакаш,за друг е нормално да живее со неа заедно без да склучи брак.Ако во тој брак ти си незадоволен и одлучиш да побараш развод,за тебе ќе биде тој чекор нормален,а за други тоа не е нормално,па и колкави проблеми да имаш во бракот.Ако за некој е нормално да краде од државни пари ,како резултат на функцијата која ја обавува,за други не е.Ако мене ми е нормално да гледам љубов помеѓу особи од ист пол и како се бакнуваат во јавност,за други не е.Ако на некој му е нормално дека во семејството е мажот закон и он не врши домашни работи(перење,пеглање,метење,ручек и сл) за други тоа не е нормално.Ако мене ми е нормално да одам во црква и да се молам на Бога,за други тоа е непотребно.
Набројав многу примери и сите укажуваат на тоа дека нема дефиниција на она што е нормално,зошто тоа денес стана индивидуално,а нормите во општеството се менуваат со текот на времето едни стануваат прифатливи,други се отфрлаат од самиот народ.Денес општо прифатено за нормално е да јадеш,пиеш,да љубиш и да бидеш љубен.
Секој има право на свое мислење и свои граници на нормала.
И јас ти благодарам за твоето мислење:smir:
п.с. не мислев да реплицирам повторно,но неможев да се воздржам:smir: