- Член од
- 28 декември 2015
- Мислења
- 3.960
- Поени од реакции
- 6.440
Проблем се и самите жени, барем извесен процент од нив кој не е за занемарување кои се ложат на психофизичко насилство и наоѓаат вредност во субмисивноста. Тоа е последица на човечката еволуција и историја, до само пред 200 години не постоело силовање како правен субјекат. Со пар боксови и насилна пенетрација многу мажи си го задоволувале нагонот. А пошто немало полиција никаде на светот до 1829 мислам, шта речи? Милениуми на насилна пенетрација оставиле трага во кодот, во фирмверот така да и ден денес многу жени се палат на силовање. Но тоа не е нешто кое е инстринзично женска карактеристика, нит се жените криви за тоа. Верувам дека таквите фантазии се во пад со поновиве генерации.Во однесување кон другите, едноставно е - не правам што не сакам мене да ми прават. Тоа не значи дека сум пеперутка и никого никогаш никако немам повредено, никому немам погрешено итн. Човечки е да грешиме на луѓе, човечки е да повредиме некого, човечки е и да ни погрешат и да нè повредат. Не треба намерно да повредуваме не од страв дека ќе добиеме воспитна, туку заради човечко достоинство, и свое и на тој некој или таа некоја.
Ако некој нè повредува, можеме и треба да се тргнеме од таа личност, никој не е принуден никого да трпи и еве не знам зошто тоа во тема феминизам оправаме. Ако не може некоја да го трпи мажот, треба да може да го остави без да се плаши за својот живот, мислам толку е просто.
Автоматски споено мислење:
Но психичкото насилство или малтретирање не се помалку опасни, цела комплексна тема е менталниот склоп на една жртва и зошто е жртва, зошто одбира насилен партнер итн. како што е цела посебна тема зошто е некој насилник, вербално или физички.
Не се синоними без објаснување, затоа и за едното и за другото е потребно да се нагласи дали е психичко или физичко.
Освен тоа, по дефиниција насилството не подразбира САМО физичко насилство, барем не според СЗО.
Ја разбирам твојата поента, само не мислам дека прави некаква разлика во суштината како што е кажано.
Автоматски споено мислење:
И јас не знам што се надоврза ако немаш како продуктивно да придонесеш во дебатата.
Према тоа што жените имаат проживеано низ илјадници години би рекол дека се држат одлично и не е правилно мажи да се жалат дека жените биле вакви или онакви. Уште се и феноменални имајќи предвид низ што поминале. Треба да се има тоа на памет и да се биде фер.