мислам дека сеуште не е разрешена дилемата околу него!
Заинтересирани за него се Фершпед и Струмица, за некој ден ќе се дознае!
Sigurno e izgleda:
ДВЕ ГОЛЕМИ ЗАСИЛУВАЊА ЗА ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ
"Пакет-плус"во " Градски парк" - Мираковски-Зивчевиќ
"Договорено е да бидат со нас во наредната сезона. За потоа ќе видиме"- вели спортскиот директор на "шпедитерите", Горан Костовски
Последниот ден од оној т.н. "дополнителен преоден рок" донесе доста новости во "Градски парк".
http://www.sport.com.mk/?ItemID=3DEC1DE6A264C642B65E8BCCD0949DC7
Иако не беа "обврзани" со некој временски рок, челните луѓе на Фершпед Работнички по препорака на стручниот штаб одлучија да го засилат тимот за новата сезона која е пред почеток (стаертува на 6 октомври).
Согласно со претходните најави, особено интензивирани во текот на оваа седмица, официјализирани се договорите со Димитар Мираковски и Ненад Зивчевиќ.
"Договорено е да бидат со нас во наредната сезона. За потоа ќе видиме" - потврдува Горан Костовски, спортскиот директор на екипата од " Градски парк".
Потег кој се чини доаѓа во вистинско време, посебно ако се знае дека во текот на летото "црвено-белите" доживеаја доста голема играчка па и тренерска реформа.
За време на летниот преоден рок од " Градски парк" најавуваа осетно подмладување на екипата. Но, се чини дека "пазарот на играчи" си го стори своето, па и Фершпед Работнички мораше да "влече нови потези"?
"Ние не отстапуваме од таа наша замисла. Одлука на Управниот одбор на клубот е дека во овој момент ни е потребен еден искусен играч каков што е Димитар Мираковски. Тој веќе одработи неколку тренинзи со екипата. И покажа дека може да помогне многу, пред с$ во формирањето на играта потребна за првенствените натпревари. Да го 'покачи' квалитетот на оние играчи со помало играчко искуство и минути. И овие контроли беа 'доказ' за тоа, посебно што не можевме да сметаме на повредениот Стојановски. Истовремено со ангажманот на Мираковски, и тој ќе биде помалку оптоварен со обврски, ќе може да игра многу послободно"- појаснува Костовски.
Со ангажманот, пак, на Ненад Зивчевиќ се чини дека Фершпед Работнички поправа една грешка која ја направија во минатото, кога премногу лесно се откажаа од неговите услуги.
"И тоа е дел од нашата стратегија. Имавме доста работа додека успеавме да средиме некои работи со неговиот претходен клуб. Но сега е с$ ОК, и Зивчевиќ ќе биде лиценциран за настап. Тој е речиси цело време со екипата, одигра и неколку контролни средби на кои покажа дека може многу, и дека неговиот квалитет никогаш не бил спорен. Впрочем, за тоа зборуваат и еден куп златни трофеи кои ги освои со селекцијата на Србија овие неколку години наназад. Жал ми е што не доби некој поголем простор во овие последни години, но тоа ќе го има во Фершпед Работнички"- најавува Костовски.