Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096
Значи после секој пораз „старците“ ви се криви за се, а кога играат ѕверски им пеете песни...
Цитирај некој мој пост каде што сум пеел песни за нив или сум рекол дека се добри врати се наназад неколку страни и читај ги мојте псотови ке видиш....Ја не реков дека изгубивме заради нив али не може со таков состав да победуваме премногу се форсира со нив!Неможе еден гигс од 40+ години да игра цела утакмица или Сколс...

Кажав за Бербатов,а Невил, Гигс и Сколс ќе добиваат помалку шанса, ќе се форсираат Рафаел, Гибсон, и Харгривс се враќа не заборавај. Ама дека нема да бидиме у први пет...

Шо помисли кога си заминаа Роналдо и Тевез, ама искрено. И каде сме сега.
Искрено ништо не помислив кога си отиде Роналдо пошто знаев дека Руни може да го замени.Роналдо ич не ми се свиѓаше како игра беше невиден плачко и го биваше само од фаули.А за тевез коа си отиде на лошто испод 3-4 место:kesa:Али ете не е така но ајде да не влагаме повеѓе у такви муабети за играчи кој што си отишле и се минато, да видиме што ке се случи во иднина:helou:
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Дајте не бидете смешни, немало да сме во први 5.

Нам се што ни треба е "класа" напаѓач од типот на Виља, Џеко и сл. Бербатов мораме да го продадеме, за ништо не го бива. Може да ги продадеме и Парк и Керик, не се баш најдобри играчи како за во тим како Јунајтед. Наредна сезона најдобро ќе биде Гигс, Сколс и Невил да се пензионираат. Мачеда, Рафаел и Гибсон МОРА да добиваат повеќе шанса, а тука се и Фабио, Обертан и Тошич (кој се надевам ќе остане кај нас). Исто така може да земеме и еден креативец во средината од типот на Гуркуф, Хамшик. И то е то, ако се направи ова в година ќе имаме идеален тим.
 

viktor92

LUHG
Член од
20 декември 2009
Мислења
31
Поени од реакции
0
Прво Рафаел заслужи црвен картон (двата жолти беа оправдани), ама судијата кога на Ван Бајтен не му даде црвен или два жолти картони за намерните статрови на повредената нога на руни не требаше да му даде ни на Рафаел. Иначе додека играше Рафаел Рибери не мрдна, а ако играше Невил 100% сум сигурен дека Рибери ќе беше мн. поопасен и ќе имаше мн. пробиви по таа страна... А за траневри ова лето ни требаат само еден напаѓач и еден во средина (Виља/Бензема и Велосо-пошо странично имаме играчи, евентуално некој млад да се земе шо ке може да игра уште првата сезона ама не како стартер) и еден голман (Акинфеев пошо е ѕвер човекот) другото е се ОК :helou:
 
Член од
30 јули 2008
Мислења
2.066
Поени од реакции
71
van Gaal: Check
Ferguson: ALL IN! :)
Неможам да коментирам сега, морам да одам, се читаме покасно, после пласмано нормално. Go United Gooooooooooooooooooooooo!!! :)
Фергусон: ШАХ
Луис Ван Гал: МАТ
Те плаши а :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
че ги скинат:pos2::pos2:
ама не било така
наниииии петрда
и на крај пак плачко
Ќе полудам.:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
навистина полуде
Да не им се деси на Швабите тоа што им се деси на Рома.
Секогаш не е велигден
или ....
абе ѕверки сме нема што
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
барем уште малку да причекаше, за да видеш колкави зверки све

Кој рече дека не може Рома да се повтори? ::D
А кој рече дека натпреварите завршуваат во 40-та минута

п.с: не сме салам! :smir:
и навистина несве салам
Луѓе неам време да аплоадирам сликите ке ви ги даам после да видите дека уште од вчера реков дека ке тепаме 4-0 и прееска на другар му викам ке тепаме кога даде гибсон гол му викам следен гол нани идаде:vozbud:Со пета....:baeh:Сеа реков руни ке даде па да видиме:vozbud:
дете неверуваим на соништата
Пишав на фб ќе пишам и тука. Вечер паѓа секс, баерн ќе го ебеме.
И на крај вие се породивте машко дете, а сега ќе го викаме ВАНЧО ПЕЛИВАНЧО
Абе го видовте некаде Робен?:nesum:

Руни ах бе Руни:uvo:
Јас да, а вие ќе го памтете цел живот
не го знаеме тој. туку рибери кој е?
Имавте прилика и двајцата сега ги знаете
Прв пат слушам:kesa::jaj:
А сега уште прв пат ти е...
Уште еден гол сексов ќе се вика генг бенг ама уште еден ако има веќе ќе прејде на силување тоа. :)
И на крај вие останавте бремени
Сега треба да сум нон стоп на штрек.

Од памет ме вадат тие нивни шанси.

Рафаел можеше да реши се ама :toe:
И навистина Рафаел реши све
Се надевам дека нема да има такви киксови 2 полувреме инаку џабе ни е
Рафаел сега засега вџеп го пикна рибери и игра одлично...секоја чест за ова момче ..ме интересира дали и бра тму фабио има слични перформанси како рафаел?
Можеби има перформанси, ама да не има и толк
КАТАСТРОФА!у плиток ум, да прави вакви глупости како братму
Колку сме глупи само.
Во последниов пост се е кажано.
затоа не се јади бурек предвреме.
Поздрав до сите фанови на Манчестер јунајтед и повеќе успех во следната сезона.
А за детиштава што постирале предвреме, треба да најдат некој посебен форум од 7 години до 13 години. А на овој форум може да се зачленат само над 13 години.
П.С Сите цитирани постови, највероватно авторите имале под 13 години.
 
B

BooBojan

Гостин
Еве конечно и јас да го преболам поразот од Баерн секоја чест за нив.
Можеби е подобро што испаднаа сега за да видат дека фудбалот се игра 90 минути и да го имаат тоа во предвид можеби требаше да ја почуствуват горчината на поразот за друг пат да бидат повнимателни и посупериорни.
За наредната сезона во тимот треба да бидат ветераните како морална подршка но младите сили мора да добиваат повеке шанса.Се надевам дека ке донесиме некое засилување и конечно Фергусон ке му ја удари клоцата на татаро,а се надевам дека ке го купат Давид Силва тој според мене позади Руни да игра нешто како офанзивен играч од средниот ред.А на крилата Нани и Валенсија и освен Бербатов никој друг не смее да се продаде,затоа што недај боже може да има повреди во текот на сезоната има многу натпревари.GLORY GLORY UNITED!!!!!
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
друже немој и ти да бидеш како Ферги...значи од овој коментар на Фергусон најмногу ми се крена кожата... му се нафрлиле на судијата па затоа добил црвен картон... ц ц ц ... а да беше спротивна ситуацијата играчиве од Манчестер мирни ќе си останеа и немаше да вршат притисок сигурно.. милион пати ги имаме гледано играчиве од Манчестер во улогата на играчиве од Баерн, ама тогаш нас ни одговараше, сеа не ни одговара, тогаш беше во наша корист сеа е во наша штета....
Муабет на место.






No hard feelings guys,но како се осуди Ферги да ги даде овие коментари кога тој е кралот на вршење притисок на судиите. нАјдобриот тренер на сите времиња,да нема дилеми,но и голем манипулатор.

И one more thing, престанете со тоа дека ова е одмазда за 99та. Ние се одмаздивме за тоа уште во 2001 на пат до титулата.

0-1 победа на Олд Трафорд и 2-1 победа во Минхен. линк

Тогаш Баерн ја одмазди 99.Но повеќето од дечкиве во фан клубот биле многу мали да се секаваат.

In all,вчера бевме сведоци на еден супер интересен,возбудлив меч на кој се покажаа слабостите и доблестите на двата тима. Баерн има одлични крила и талисман напред по име Ивица,но многу лоша одбрана која цела сезона ни создава маки. Јунајтед беа фантастични првото полувреме со непредвидливост во нападите и неутрализирањето на нашиот среден ред.

Баерн заслужено оди понатаму,Бевме подобар противник во 3 од 4те полувремиња на овој двомеч. And luck has nothing to do with it.Вие момци треба тоа најдобро да го знаете.Во вашите натпревари противниците си даваат голем број на автоголи.Но тоа не е поради среќа туку заради огромниот борј на шанси што ги создавате и огромниот притисок што го вршите врз дефанзивците. Така е случајот со Баерн.Ја нагазивме топката,кружевме околу вашиот гол и на крај се исплатеше со моментот на магија од Робен.

И ве молам,дајте да ја доведеме дискусијата на едно солидно ниво.Да разменуваме мислења а не плуќање по судии, по незнам какви шваби и слично...

Спортски поздрав,се надевам дека ќе се консолидира Јунајтед и ќе го освои домашното првенство.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.597
Поени од реакции
6.365
Немам што да кажам...имам проклета уста(гомна да јади)..по првиот натпревар реков дека ќе ја доживееме судбината на Фиорентина и тоа се и случи.Игравме со играч помалку цел натпревар (Освен психички,Руни не можеше на друг начин да влијае на натпреварот).Супер партија на Нани но затоа Керик целосно потфрли и по оваа сум сигурен дека Керик не е играч за екипа од калибарот на Јунајтед.Сепак не обвинувам никого...тоа е тоа,се помирив со поразот,сепак не можеме секоја година да бидеме во финалето.Во преодниот рок ни требат еден напаѓач (можеби Бензема) и играч од средината(Џо Кол,а и Харгрив ќе ни дојде како засилување) :toe:

Честитки за пласманот во полуфинале за навивачите на Баерн :smir:



Long Live United!!
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Фергусон: ШАХ
Луис Ван Гал: МАТ

и на крај пак плачко

Секогаш не е велигден

или ....

барем уште малку да причекаше, за да видеш колкави зверки све


и навистина несве салам

дете неверуваим на соништата


И на крај вие се породивте машко дете, а сега ќе го викаме ВАНЧО ПЕЛИВАНЧО

Јас да, а вие ќе го памтете цел живот

Имавте прилика и двајцата сега ги знаете

А сега уште прв пат ти е...

И на крај вие останавте бремени



Можеби има перформанси, ама да не има и толк

Во последниов пост се е кажано.
затоа не се јади бурек предвреме.
Поздрав до сите фанови на Манчестер јунајтед и повеќе успех во следната сезона.
А за детиштава што постирале предвреме, треба да најдат некој посебен форум од 7 години до 13 години. А на овој форум може да се зачленат само над 13 години.
П.С Сите цитирани постови, највероватно авторите имале под 13 години.
Со фановите на Баерн немаме проблеми, овие другиве ко печурки изникнуваат.
Намерно го вратив постов од избришани, да кажам едно нешто, не реплицирајте на него.

Ако сакаш таков форум, отвори си го и контролирај си го ти, слободно. За некого и твоите постови се детски па ти преќутува.
Што се однесува до правење фраер со вакви цитати, не ме терај да ти вадам јас твои цитати од пред година дена кога играа Интер и Манчестер. :wink:

П.С. Овој Баернфан е баниран од тема, го претера веќе.
 
Член од
1 јули 2008
Мислења
2.031
Поени од реакции
2.047
Добар пост Chains, апсолутно се согласувам. Не беше среќата одлучувачки фактор на овој меч, уште помалку судиите. Виновни се самите играчи, Керик падна во дуелот со Олич за првиот гол, Робен не беше покриен за вториот. За првиот натпревар пак да не ни зборам.
Тоа е што е, не можеме секоја година да одиме до финале. Јас сум задоволен од прикажаното оваа сезона, се надевам уште на 5 победи во последните 5 натпревари од ПЛ, па и да не ја освоиме титулата, пак ќе сум задоволен, со оглед на тоа што се направивме минатите 3 години. :)
 
I

InF3cTeD

Гостин
ја незнам оти се замарате со секој шо ќе дофрли од страна,тие што го разбираат фудбалот знаат убаво дека и двата тима заслужија да одат понатаму,но нажалост за само еден има место.Манчестер на двата натпревари одигра фантастично прво полувреме,посебно на домашен терен,почнаа фуриозно и секој помисли дека ќе биде тоа катастрофа на Баерн.Но Баерн е германска екипа која не се предава така лесно ни при резултат од 3-0,го докажа тоа,се врати во 2-ро полувреме и рамноправно се справи со залетаниот тим на Манчестер за на крајот да биде тимот кој ќе се радува.Според мене САФ направи делумна грешка со играњето на Руни во прв тим.Руни не придонесе многу во играта на Манчестер ама затоа навлекуваше на него играчи па се создаваше простор за останатите кој одлично го искористија,САФ ја повтори истата грешка како во Минхен,прерано се затвори и почна да брани резултат како да заборави дека тоа му се врати во Минхен,мораше и требаше да направи измени на место т.е. да остави еден напаѓач напред шо ќе прави проблеми на одбраната на Баерн,а он остана без напаѓач а одбраната на Баерн играше на половината на Манчестер,можеби и до некаде згреши шо го стави во прв состав младиот Рафаел кој се покажа кобен за конечниот епилог,Рафаел играше одлично,успеа до некаде да го оневозможи Рибери во неговите намери но неможеше да го издржи притисокот на многу поискусниот Рибери и доби два жолти по што беше исклучен.Тоа е тоа,реков заслужија и двата тима според прикажаните игри да одат понатаму,но сепак место има за еден тим.Со среќа во ПЛ :smir:
 
S

StereoLove

Гостин
Гледам дека Син се обидел да ни врати на сите наши постови кои беа напишани во текот на првото полувреме и пред тоа.

Па добро бе бива ли да се толку искомплексирани?ајде простено им е одамна немаат титула.

Сега да кажам за натпреварот откако се смирив.

Значи сите го сакавме Рафаел во стартните 11 нели,го сакавме-го добивме а тој доби црвен картон за еден глуп старт,па кога тој беше првиот пат фаулиран зошто не доби картон оној од кој беше направен фаулот.
Ама сепак судијата беше наговорен од Квазимодо и компанија.

Руни знаевме сите дека немаше да направи којзнае што но Ферги погреши што не го стави Македа во тимот туку оној мрзата Димче.Не ми се веруваше па зошто го форсира толку аман:nenene:
Еден Гибсон кој игра за младинците изигра одлично а овој ко црево се влечкаше.
Треба да одседе Димитар еден натпревар на клупа колку за воспитна.Златен Тевез испуштивме за една флегма:nesum:
Нани ме воодушеви едноставно мислам дека овој натпревар му беше еден од н ајдобрите во дресот на Јунајтед,може тој и подобро.

Мислам дека е време Фергусон да размислува за нови играчи налето бидејки со овие сега што ги имаме незнам до каде ке догураме,не дека се слаби но нема да можеме да се потпираме на 35-6 годишни играчи ма колку и биле искусни.
И какви се тие глупости што ги читам дека Фергусон мора пензија...

Па добро бе не е човекот робот,човек е,сите грешиме и тој е од крв и месо.

И за на крај игнорирајте ги скептиците.Нека се порадуваат малку.
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
3.244
Поени од реакции
2.762
Ова веќе ми се допаѓа. Ферги веќе осигура два играчи за следната сезона Смајлинг и Хернандез на кој ќе се придодадат и нашите млади позајмени играчи Велбек и Клеверли. Осеќам дека Ферги ова лето ќе го одврзе ќесето и ќе донесе уште најмалце 2-3 играчи. Се надевам дека тие три ќе бидат Велосо, Мутињо и Силва.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.096

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.715
Поени од реакции
11.554
Ми се допаѓа тоа што земавме млад напаѓач и со тоа се зголемуваат шансите да си оди Бербатов кој неможам да го сварам повеќе.
Јужноамериканец е, обично има потенцијал во нив :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom