Па ова е тоа што го зборам цело време, Вардар е заложник на политичките партии. Едниве го праат моќен, па другиве ќе го уништуваат и така се у круг. Реалната ситуација е дека кур ги боли и едните и другите, секој си гледа корист. Ни едните ни другите немаше да го прават тоа што го прават ако не им одговараше. ВМРО, си удри реклама како нивен проект да е и си добија + гласови. Сега овие ќе глумат мајка тереза и ќе го спасувале Вардар.
Кој и да дојде во моментов како спонзор ќе биде само од корист за бизнис зделки, а Вардар ќе биде така наметнат. Утре ако пак се смени паријата на власт ќе го гледаме истово сценарио. Толку сум разочаран што воопшто не ми менува кој ќе биде спонзор затоа што знам дека ќе имаме само повремени блесоци, а во клубот ќе продолжат да си работат хиени што гледаат што повеќе да дрпнат.
На клубот му требаат луѓе како Михо. Луѓе со одлично спортско познавање и искрени намери, луѓе на кои Вардар им е во срцето. И тука не спаѓа ама баш ниедна легенда на клубот. Тие што се рекламираат како такви, нигде ги нема на сцена кога е тешко. Трчаат само кога ќе има пара во клубот. А, да не збориме за правилно менаџирање, на играчи, академија, припреми како што доликува, маркетинг и се останато што е потребно за клуб како Вардар.
Јас во моментов единствен спас за добар спонзор гледам ако се формира таа фамозна регионална лига. Кога фудбалот ќе биде привлечен, атрактивен за публика, кога нема да има забрани за навивачи, е тогаш можеби ќе се најде некој стабилен спонзор што ќе сака да инвестира. Ама тоа за жал е научна фантастика, така што не би имал против да се врати Тетовче, и да му се даде солиден буџет па да гради тим со младинци. Толку колку за да постоиме на врвот, ништо повеќе.