Ми се пресекоа крилјата со голот што го примивме. Како бе Буфон златен мој ти се испушти таа топка во корнер, како бе Џиџи легендо ?? Уште кога го видов корнерот знаев дека ќе примиме гол. Да ти се плукнам во малерот да ти се плукнам. Но, немам храброст да го критикувам Буфон искрено, не може тој човек да се критикува.
Оние кои би ги критикувал се: Мората, Тевез и Погба. Да се разбереме дека одлично играат и тоа што сме отворени на контра е логична последица на офанзивната игра, ама Мората, Тевез и Погба мораа подобро да реагираат во нивните шанси. Мората таа еден на еден НЕ СМЕЕШЕ, апсолутно да помисли да ја промаши, а Погба и Тевез тие удари од 16-17 метри мора да ги реализираат подобро. Професионалци се матер му е*ам, професионалци. Како за Пирло што е слободниот удар пенал, така за Тевез и Погба треба тие шанси да бидат пенали со чист шут пред нив, посебно во натпревари од вакво клучно значење за сезоната. Изгледа само Пирло знае прецизно да шутира, сигурен сум тој да ги имаше пред него тие удари ќе го најдеше правилното место.
Па да му се плукнам на се живо и диво, мене ми се пресекоа крилјата за навивање, а можам да ги замислам играчите. Проклет нека биде тој корнер, буквално не уби.