G@rfielD
Модератор
- Член од
- 10 февруари 2007
- Мислења
- 10.747
- Поени од реакции
- 9.765
Јувентус ФK, познат како Јувентус и колоквијално како Јуве, е италијански професионален фудбалски клуб со седиште во Торино, Пиемонт. Овој клуб е основан во 1897 година и ја има поминато целата своја историја, со исклучок на сезоната 2006-07 , во највисоката лига во Првата Италијанска Дивизија наречена Серија А.
Јувентус се историски најуспешниот тим во италијанскиот фудбал и еден од најуспешните во светот. Според Меѓународната Федерација за фудбалска историја и статистика, организирана и признаена од ФИФА, Јувентус е најдобриот италијански клуб на 20-тиот век, и вториот најдобар и најуспешен Европски клуб во истиот период.
Севкупно, Јувентус има освоено 51 официјални турнири и трофеи, повеќе од било кој друг тим во државата, од кои 40 во националната Прва Дивизија, што исто така е рекорд, и 11 во УЕФА натпреварувања и други светски натпреварувања и турнири, што ги прави трет тим во Европа и шести во светот со најголем број меѓународни титули официјално признати од страна на нивните соодветни континентални фудбалски конфедерацији и ФИФА .
Во 1985 година, Јувентус стана првиот клуб во историјата на европскиот фудбал кој ги освоил сите три големи натпреварувања организирани од УЕФА, Европскиот Куп на Шампионите, (сега веќе непостоечката) УЕФА Купот на Победниците на Куповите и Купот на УЕФА (прв италијански и Јужноевропски освојувач на турнирот). По нивниот триумф во Светскиот клупски куп во истата година, Јувентус ФК исто така стана првиот фудбалски тим досега што ги има освоено сите официјални меѓународни натпревари.
Јувентус имаат поголем број на фанови од било кој друг италијански клуб, и со своите 170 милиони фанови, тие се една од екипите со најголем број на фанови во стетот. Овој клуб е еден од основачите на Европска Клубска Асоцијација, која беше формирана по распадот на Г-14 , колекција од најелитните клубови во Европа.
Историја
Јувентус е основан како спортски клуб Јувентус при крајот на 1897 од страна на учениците од Масимо Д'Азељо Ликеј училиште во Торино, но е преименуван како Фудбалски Клуб Јувентус по две години. Клубот се приклучи на Италијанско фудбалско првенство во текот на 1900 година. Во овој период боите на дресовите на тимот беа црни и розеви. Јувентус прв го освои домашното првенство во 1905. Во тоа време традиционални бои на клубот станаа црната и белата, инспириран од страна на Нотс Каунти.
Првата фотографија на некогашниот состав на Јувентус.
Доминацијата во домашното првенство
Сопственикот на Fiat, Едоардо Ањели доби контрола на клубот во 1923 година, и изгради нов стадион. Ова му помогна на клубот во освојувањето на својата втора титула во домашното првенство во 1925-1926 сезона победувајќи ги Алба Ромите со вкупен резултат од 12-1, каде головите на Антонио Војак се од суштинско значење таа сезона. 1930-тите години се покажаа како дури и повеќе плодни за Јувентус, каде клубот освои пет последователни титули од 1930 до 1935, од кои повеќето беа под палката на тренерот Карло Каркано кој имал на располагање играчи од сведска класа за тоа време како што се меѓу другите Раимундо Орси, Луиџи Бертолини, Џовани Ферари и Луис Монти.
По Втората светска војна, Џани Ањели беше назначен за почесен претседател. Под негово раководство, клубот додаде уште две лига титули на своето име во 1949-1950 и 1951-1952 сезони.
Два нови напаѓачи беа доведени во Јувентус во текот на 1957-1958: велшанецот Џон Чарлс и Итало-Аргентинецот Омар Сивори, кои играа заедно со долгогодишниот член Џиампиеро Бониперти. Таа сезона Јувентус вил награден со Златна ѕвезда за извонредност која клубот ја носел на своите дресови, по што стана првиот италијански клуб кој освоил десет титули во лигата.
Во истата сезона, Омар Сивори стана првиот играч во клубот што ја доби наградата европски фудбалер на годината. Следната сезона, Јувентус ја совлада Фиорентина, и со тоа го дуплираа својот минатогодишен успех, освојувајќи Серија А и Купот на Италија. Бониперти замина во пензија во 1961 година со титула најдобар стрелец на сите времиња во клубот со 182 гола во сите натпреварувања, клубски рекорд кој стоеше 45 години.
Сивори, Чарлс и Бониперти, едни од легендите на клубот.
Во текот на остатокот од деценијата клубот го освои лигата само уште во 1966-1967, Но и покрај тоа, Јувентус во 70-тите успеа да ја зацврсти својата сила во италијанскиот фудбал. Потоа, со играчите како Честмир Вичпалек, Роберто Бетега, Франко Кaусио и Жозе Алтафини како главни имиња во тимот, Јуве го освои скудетото во 1971-1972 и 1972-1973.
Во текот на остатокот од деценијата, клубот ги дуплираше успесите во домашното првенство, каде голем придонес има Гаетано Спинеа, одбранбен играч на Јувентус во тоа време. Во подоцнешните победи, Јувентус беше под палката на Џовани Трапатони, кој помогна клубот да ја продолжи својата доминација во 1980-тите.
Европската сцена
Ерата на Трапатони беше многу успешна во 1980-тите години.Клубот ја почна деценијата добро,освојувајќи ја титулата уште три пати до 1984 година.Тоа значи дека Јувентус ја освоија 20 титула во Сериа А, а потоа му беше дозволено на тимот да ја вметне втората златна ѕвезда на дресовите, со што стана единствениот Италијански клуб кој го има постигнато тоа до сега.
Играчи од овој период на кои треба да им се обрне поголемо внимание и кои оставиле траен белег врз клубот се Паоло Роси,кој беше прогласен за Европски фудбалер на годината,по неговиот придонес во победата на Италија на ФИФА Светското Првенство во 1982 година, и беше наименуван за играч на турнирот.
Исто така,французионот Мишел Платини беше награден со наградата Европски фудбалер на годината, и тоа три години по ред: 1983,1984 и 1985 што е рекорд. Со исклучок на титулата во сезоната 1985/86,остатокот од 80-тите години не беа многу успешни за клубот.
Mишел Платини
Ерата на Липи
Во 1994 година на кормилото на Јувентус застана Марчело Липи. Во неговата прва сезона тој заедно со Јувентус ја освоиа Серија А. Во летниот периоден рок во Јувентус се донесени славни играчи како: Чиро Ферара, Роберто Баџо, Џанлука Вијали и младиот Алесандро Дел Пиеро. Следната сезона Липи ги одведе Јувентус во финалето на Лигата на Шампионите, каде ги поразија Ајакс на пенали после резултат од 1-1.
По освојувањето на Лигата на Шампионите во Јувентус се преселија уште славни играчи како: Зинедин Зидан, Филипо Инѕаги и Едгар Давидс. Следните две сезони јуветус освои две Серија А титули, а истотака два пати стигна во финалето на Лигата на Шампионите, каде изгуби од Борусија Дортмунд и од Реал Мадрид.
По една сезона пауза, Липи се врати во Јувентус и донесе уште славни имиња како Џанлуиџи Буфон, Давид Трезеге, Павел Недвед и Лилиан Тирам. Тој ги предводи до уште две скудета во 2001-02 и 2002-03. Јувентус истотака беше и во финалето на Лигата на Шампионите каде изгуби од Милан на пенали по нерешениот резултат 0-0. Следната година Липи седна на кормилото на италијанската репрезентација.
Марчело Липи
Нови времиња
Во 2004 година италијанскиот тренер Фабио Капело го напушти тимот на Рома и седна на тренерското столче на Јувентус. Капело ги предводи Јувентус до уште две скудета, но во 2006 година поради скандалот со местење на резултати Јувентус беа симнати во втората лига на италијанскиот фудбал, Серија Б, а истотака им беа одземени двете титули кои ги добија со Капело. После симнувањето на Јуве, Капело замина за Реал Мадрид. Од Јувентус истотака си замина и дотогашниот директор Лучано Моџи.
Кога Јувентус отпадна во Серија Б, на директорското столче седна Џовани Коболи Џили, а на тренерското столче седна Дидје Дешамп. Овој период беше катастрофален за Јувентус, бидејќи си замина најголемиот број на ѕвезди: Златан Ибрахимович, Лилијан Тирам, Фабио Канаваро, Емерсон, Патрик Виера и др. Но најверните играчи како: Алесандро Дел Пиеро, Павел Недвед, Мауро Херман Каморанези, Давид Трезеге и Џанлуиџи Буфон не заминаа, иако тоа значеше да играат во втора лига. Во сезоната 2006-07, очекувано, Јувентус завршија прво место во втората италијанска лига, и се спласираа во Серија А.
Недвед и Дел Пиеро, легенди на клубот
Ден после освојувањето на трофејот, Дешамп даде отказ, а беше заменет од Клаудио Раниери. Летото 2007 Јувентус имаат купено 10 играчи, и тоа: Тиаго, Винченцо Јакуинта, Жорже Андраде, Хасан Салихамиџич, Зденек Григера, Серхио Алмирон, Доменико Кришито, Антонио Ночерино, Кристијан Молинаро и Јес Ванстратен на заем. Поради слаби резултати при крајот на сезоната 2008-09 Клаудио Раниери беше избркан и на негово место беше назначен Чиро Ферара. Чиро пред почетокот на сезоната 2009-10 успеа во Јувентус да ги донесе Диего од Вердер, Фелипе Мело од Фиорентина, Мартин Касерес од Барселона како позајмен и Фабио Канаваро од Реал Мадрид како слободен играч.
Донесувањето на Чиро како тренер на Јувентус се покажа како лоша одлука на управата. Јувентус играше слабо како и во домашното првенство, така и во европските клубски натпреварувања. Јувентус отпадна од Лигата на Европските Шампиони уште во раната фаза, исто како и во Купот на Италија. Во домашното првенство, Јувентус се наоѓаше на шестата позиција на половина од првенството, по што управата реши да превземе мерки. Ферара доби отказ, а на негово место дојде Закерони. Закерони, за својот краток период во Јувентус, не успеа да ги среди работите, и тимот заврши на седмата позиција.
За сезоната 2010-2011, Јувентус превзеде подрастични мерки на промена. Жан Клод Блан беше заменет на председателското место од страна на Андреа Ањели. Прв потек на Ањели беше замената на Закерони на тренерското место. Како негов наследник, дојде Луиџи Дел Нери, дотогашниот тренер на Сампдорија. Со него во пакет беше донесен и спортскиот директор на Сампдорија, Бепе Марота.
Сегашниот тренер на Јувентус - Дел Нери, заедно со спортскиот директор - Марота
Стадиони
По првите две години (1987 и 1898), за време кога Јувентус игра во Parco Del Valentino и Parco Cittadella, своите натпревари ги играше на Piazza d'Armi Stadium, се до 1908 година, освен во 1905 која е позната година по тоа што Јувентус во таа година го освои своето прво Скудето, и во 1906 играше на Стадионот Corso Re Umberto.
Од 1909 до 1922 година, своите домашни натпревари Јувентус ги играше на Corso Sebastopoli Camp, а веќе во следната година се пресели на Corso Marsiglia Camop, каде што остана се до 1933 година, освојувајќи 4 титули во Сериа А.
Кон крајот на 1933 година Јуве почнаа да играат на новиот Стадион Мусолини, изграден за Светското Првенство во 1934 година. По Втората светска Војна, стадионот беше преименуван како Stadio Comunale Vittorio Pozzo., каде Јувентус ги игра своите натпревари во следните 57 години.
Од 1990 до 2003 Јувентус главно своите натпревари ги играше на Delle Allpi,но бидејќи стадионот беше користен во повеќе натпревари,Јувентус своите домашни натпревари ги има играно и на Renzo Barbera во Палермо, Dino Manuzzi во Чезена и на San Siro во Милано.
Во Август 2006 година, бјанконерите се вратија да играат на Stadio Comunale,сега познат како Stadio Olimpico,по реконструирањето на стадионот за Зимските Олимписки Игри 2006 година.
Во Ноември Јувентус излезе со официјално соопштение дека ќе инвестира околу 100 милиони евра за изградба на нов стадион на местото на стариот Delle Alpi. За разлика од Деле Алпи,на новиот стадион оддалеченоста на трибините од теренот ќе биде само 8,5 метри.Планираниот капацитет е 41.000. Работите започнаа пролетта во 2009 година, а неговото официјално пуштање во употреба ќе биде почетокот на Сезоната 2011-2012.
Планот за новиот стадион на Јувентус, најавен за сезоната 2011-2012, кој е моментално во изградба.