@DeviAngel
Не сакам да се правам петел, ниту паметен или пак да држам некои си часови по фудбал, туку само ќе ти кажам дека ако си го гледал натпреварот сигурно си сфатил зошто Пирло требаше да игра и зошто требаше да му се верува на Пирло. И пак ќе ти кажам како и некни. Исто како да не постигнал гол анализирај му го натпреварот ќе видиш што и како правеше во истиот.
За натпреварот не знам што да кажам. Кога го примија вториот гол реков дека треба сите играчи освен Буфон и Пирло да се откажат од наредната плата поради срамот. Иако го обрнаа натпреварот, иако победија јас пак не сум задоволен. Едноставно не е тоа тоа. Се тресеме пред едни помочани грци, замислете што би ни се случило против Реал или Баерн. Создадовме толку многу шанси овие два натпревари, што вистинска мистерија е како постигнавме само три гола и тоа од прекин и два исчукани. Еден милион шанси, акции додавања и на крај никаква завршница. Да ги создадеше Олимпијакос тие шанси ќе изгубевме по 4-0 во двата натпревари. Грците ќе нападнат еднаш, двапати ќе дадат гол. Јуве ќе се убие напаѓајќи и пак ќе се тресе. Се на се разочаран сум од несигурноста во себе која ја чувствуваат играчите и од ниската самодоверба во овие натпревари. Од тоа произлегува и неефикасноста.
Сепак од една работа сум задоволен, тоа е од пристапот кон играта и од неоткажувањето. Одлично тргнавме да играме, машки, онака како што треба секогаш да се започнува, а не само кога ти гори под газот. Дадовме гол и тука настана проблемот. Две-три минути после голот не ја допревме топката и примивме од тој проклетиот корнер. Во второто како да ни беше потребно да примиме за да се разиграме. Љоренте иако има удел во голот, сепак не направи којзнае што со влегувањето. Случајно му удри топката од главата и имаше среќа. Не е добар сезонава и тоа е факт. Погба фала богу добро шутираше еднаш и погоди кога требаше најмногу.
После водството пак погрешивме. Од една страна што резултатот 3-2 и не ни одговараше којзнае колку, бидејќи не прави полоши во меѓусебниот дуел, а од друга страна што водство од 1 разлика на ваков натпревар е ризично да се чува. Помина и тоа и дојде пеналот. Видал искрено ако има малку дигнитет ќе се чукне по главата и нема да зема плата месецов барем. Промаши пенал кој многу лесно можеше да значи квалификација веќе после наредното коло, со наша победа против Малме, а со пораз на Олимпијакос против Атлетико нагости.
Во секој случај далеку сме од пласирани. Всушност поблиску сме до испаѓање отколку до пласман. Многу болат оние два порази од по 1-0 (којшто со денешниов пристап му се удараат од главата на Алегри за тоа како требаше и во тие натпревари да започне), но што е тука е. Наредно коло против Малме, се разбира мора да се победи исто како и денеска што мораше. Многу ќе зависиме од резултатот на другиот натпревар каде што ако Атлетико не победи, ќе играме директно со нив за пласман во последното коло. Ако пак и Јуве и Атлетико победат тогаш ќе ни треба бод од последното коло. Сепак и тој бод немаше да ни биде потребен, ако Видал не го промашеше тој одлучувачки пенал во 94та минута. Колку блиску, а сепак далеку. Е тоа е ЛШ и баш заради тоа сме слаби овде. Ептен се обидуваме, а ништо не постигаме.
На крај краева се надевам дека ќе се вратат повредените после паузата на репрезентациите, затоа што тешко вака дека ќе продолжиме. Борбата (во која не требаше ни да се доведеме) за пласман продолжува. Ај баш да ги видиме со што располагаат.