Тука пишуваме на зададена тема

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
“Дали навистина заслужуваш да умреш?
Мислиш дека на некого му е гајле за гревовите што си ги направил?
Дали мислиш дека некој се грижи колку лошо се чувствуваш денеска? Колку си повреден од личноста која си ја сакал?
Дали навистина мислиш дека некој ќе ти рече дека ти ништо не си згрешил,дека ти не си крив..

Да,тебе ти зборам,ти,кој имаш криза во личниот идентитет...
Пред да почнеш да паѓаш во кризи и во депресии излези надвор,сам..прошетај и пробај да гледаш со туѓи очи.Погледни го твојот живот и се што имаш во него,ама баш со туѓи очи...
Верувам дека негативните работи што го гледаш со твоите црни очи,нема да бидат таму..

Зарем не ти се смачува да имаш само негативни мисли?
Знам дека е полесно да седиш дома,да слушаш тажни песни,да се сожалуваш колку лош живот имаш,знам колку е лесно да гледаш во ножот и да посакуваш мегично и без болка да е најде во твоето срце за веќе да не чувствуваш мелахонија секогаш кога ќе погледнеш некој среќен човек на улица...
Знам како е кога посакуваш да собереш храброст и да купиш пиштол за конечно да ти завршат маките на овој земски живот..
Знам дека имаш желба сета крв што се наоѓа во твоите вени да биде разлеана по улиците,измиена со утринскиот дожд,а твојата душа да биде спокојна...знам..

Знаеш што е проблемот со тебе..со сите “оо јас заслужувам да умрам„ луѓе.??Што не сакате да се борите за она што знаете дека вреди да се борите!
Ти се скрши стакленото ѕвоно под кое беше цел живот?!? big dieal
Помрдни го задникот од срчите врз кои гледам имаш намера уште долго да седиш и да се сожалуваш.
Животот е еден,секој момент е еден и единствен,секој момент е различен,навистина ќе ги трошиш моментите за кенкање врз твојот папетичен живот?
Се ти е во главата,се е во мозокот кој те наведува да мислиш дека си лоша личност.Дали навистина си толку лош?
Не си сериски убиец,не ги повредуваш невините луѓе кои ти се нашле на патот,не си злобен...
Знаеш што не си,знаеш што сакаш да бидеш..

Те боли? Убаво,сега знаеш како изгледа болката,сеа знаеш и како изгледа кога нема болка,знаеш да се радуваш на секој момент кога не чувствуваш болка.
Со последните сили бори се,ајде човеку бори се за среќен живот.Зар мислиш јас ќе се борам за тебе?
Зар мислиш дека било кој ќе се бори.Препуштен си сам на себе.

А јас...јас знам дека не заслужувам да умрам исто онака како што знам дека ти не заслужуваш да умреш.“


Ова беа последните зборови на девојката која умираше во агонија,сообраќајката си го направи свото и судбината одзема уште еден живот.Никогаш не дознав кому се обраќаше.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ

Покрај сите обиди да побегнам од реалноста повторно се враќам на мислата ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.
Не,овој свет што ме опкружува премногу се со безброј лица.А,дали сум и јас една од тие!?Несакам да сум како и сите , заслужувам да умрам,заслужувам да се жртвувам.Сакам да го отфрлам крстот што со векови го носам на плеќите,премногу ме боли душата,болка која насекаде ме прати,сенка од која неможам да побегнам.Ќе бидам жртвеник за сите вас,не,нечудете се ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ,заслужувам оти многу болка и јад се насобрало и во вашите души криеејќи се зад вашите безброј лица бараајќи тронка надеж дека еден ден ќе ја дознаете вистината на вашето постоење.
Кога ќе бидам на крстот не сожалувајте се над моето испатено тело...јас на крстот ќе се искупам за моите гревови,тогаш ќе воскреснам во моето друго тело,ќе воскреснам во вашите мисли,во вашите души.
На моите усни ќе останат зборовите:ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.

Крст носам,тешка планина е
Крст носам,душа распарува
Крст носам,срце крвари
Крст носам,тело закрепнува

Од душа,срце крст мој
од болка венец плетам
од солзи река создавам
од тело соколи ранам

Плач јас нема да слушнам
ниту солза од очи видам
само еден збор од мои усни
ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
...

Ти повторно ќе ме погледнеш чудно, а јас пак ќе ти кажам дека немам веќе желби. Ми требаше време да се помирам со светот и кога конечно можам да го напуштам без гнев, остави ме да ја живеам својата реалност.

Конечно го пронајдов клучот во своите раце и сега не знам зошто толку чекав да се вратам назад. И додека сеуште се колебам да го преминам твојот праг, ме покрива онаа светлина која мене ми даваше право да те нарекувам будалетинка, а тебе широко ти ги отвараше вратите кон светот... Твојата прекрасна насмевка... И јас ја прифакам. Нечиста пред Бога... света во твоите очи...

Конечно дознав, дојде време во кое мојата глупава гордост не е веќе на цена. Го урамувам и овој момент во вечните сеќавања, момент во кој се гордееш држејќи ја нејзината рака, а јас ти се восхитувам на секој збор со кој градиш прекрасна приказна во која за првпат после мене, за првпат после толку време, не повишуваш тон за да се разбереш со онаа која е покрај тебе. Дека не е како мене, ама барем ти е добро...

Пред крајот на уште еден ден во кој болката во градите станува уште понеиздржлива... Сакајќи да го замрзнам моментот, се презирам што секогаш го одложував за некои “подобри времиња”. А сега кога секој миг е далеку од добар за мене, желбата да се помирам со сите ме исцрпува до последна капка пот, а со неа и свесноста за неизбежниот крај. Време за последната дневна доза што треба само да ги раздели психата и материјата за ако имам среќа и крајот да го дочекам спиејќи, неосетно. Го голтам зрнцето, уште еден траг на надеж дека ќе ја преживеам и оваа вечер, а од утре повторно ќе му се насмеам на сонцето, новата надеж, трите дози, стискањето раце за сочувство ..

Во бурниот и весел свет кој некогаш го брануваше мојот дух, ти беше последниот на кој собрав храброст да му побарам прошка. Твојата насмевка ја победи мојата гордост, но тагата за изгубеното време нема да ми ја скрши храброста – ни Бог не створил се за еден ден, па што ми дава за право да мислам дека јас би можела? Се помирив со светот и сега можам без гнев да заминам од него. Чекајќи ја смрта, научив да не се плашам од неа туку да ја прифатам како свој достоен противник. Надежта прва ја погребав зошто не ја најдов пилулата која дејствува против очај, а желбите се за оние кои имаат време, затоа не чуди се што јас ги немам. Достојно и без стравови го напуштам овој свет...Заслужувам да умрам...

А ти фати ја силно мојата рака и додека го испуштам последниот здив, зароби го моментот, трепетот и пеперутките. Посади еден сончев зрак на моето чело кај што најмногу сакав да ме бакнуваат... Направи бисер од последните солзи и подари и ги на онаа која ми подарила живот и од чии раце се откинувам...
А нему...Подари му ги моите зборови...Кажи му дека залудно се борев за да не умрам во неговата душа зошто одамна изумрев во неговиот свет....
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
......НИКОГАШ, да не се родев, да не ја почуствував светлината на денот, топлината на допирот родителски кога паѓав во несигурноста, во непознатото и бев подигнуван... љубов да не почуствував, да не страдав, да не ронев горки солзи и Бога да го молев...

А заслужувам да умрам со мојата ништожност... спомен од мене да не остане, светот да го олеснам за една ништожност, која бол и страдање предизвикувала, никој да не чуе за мене... никој и никогаш веќе.

Да ме снема, крвта на камен да ја пролијам, бел ко крпа да ме соберат на последен пат со свадбени свирки да ме испратат, да слават да се радуваат... слободни се....

Заслужувам.... грешките ќе ги поправам.

Заслужувам... зошто незнам веќе што со себе.

Заслужувам... надеж јас немам.
 

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Додека се борев да најдам зошто заслужувам да живеам, сфатив дека заслужувам да умрам. Оти кога трчав, ми викаа да пазам, да не се засопнам. Кога ползев, ме мразеа за мојата спорост. Кога се смеев, лош одраз даваше огледалото, кога плачев, непријатен звук вадеше грлото. Не барав победи, додека се обидував да живеам. Нит богатства. Живот барав, обичен, убав - мирен. Живот за да дадам се што носам во мене, и да примам бреме од некого. Да се почувствувам полн, да ми тежат бремињата и да знам дека ги носам некаде со мене, и дека ќе ги олеснам еден ден...со насмевка...и дека нема да се мислам за одразот на огледалото тогаш. Кога го носев бремето, љубев. Се љубев и себеси, себеисполнето трчав и ползев, и не гледав дали на некој друг тоа му смета. И арно ми беше со тие тежињето.

Ојдоа тежињето, за да ми донесат празнини. Та овие празниниве биле уште потешки од бремињата во мене...те јаделе одвнатре и плукале на истото место. И се береле тие празнините, се' исушиле. Изгниле ко некоја бука скапана. Е та буката, скапала, и умрела. Се што скапвит, умират. Јас сум скапан во мене...не заслужувам да умрам?
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Ќе ја помни таа вечер,таа забава,една од поубавите,меѓутоа истовремено и најгрозната забава која посакува да не се случеше.
Ја прославуваа положената возачка на најдобрата другарка,о колку само беше среќна,а таа...таа не можеше да дочека да го истестира нејзиното возење.
Исти беа,и двете сакаа забава,слобода,едноставно тинејџерско уживање во животот.Но и двете знаеја дека не може да бидат сосема исти.Се разликуваа по тоа што едната секогаш успеваше да запре за момент и да размисли за ризикот со ладна глава,додека другата не се плашеше од последиците.
И така беше и таа вечер.Дојдоа на договореното место,пред дискотеката,неа ја донесе братучед и,а другарка и дојде со својата нова кола,но не сама зошто страв и беше да вози сама,со надзор од татко и,кој си замина дома со такси,а неа ја остави знаеше дека нема да вози сама,ќе ја враќа дома другарка и,да и биде првото возење со другарка и.
Влегоја внатре и забавата почна.Коњакот лизгаше,се редеја празните чаши на шанкот,стигаа нови и нови нарачки,таа вечер ја прославија возачката и повеќе од што требаше.Другарка и и велеше:"Да намалиме,треба да возам",но таа не прифаќаше никакво намалување:"Па си положила возачка,мора да се прослави убаво,ајде,не бери гајле"
Посебно беше расположена зошто и тој беше тука,го бркаше веќе три месеци,и едноставно само што го гледаше и беше доволно.Но нели,сега беше во друга состојба.Со зашеметени мисли од алкохолот отиде да се поздрави со него,а другарка и ја остави на шанкот да почека,мислејќи ќе се врати брзо.Но,се случи што се случи,и кажа дека тој ќе ја врати дома.Другарка и малку и се налути,требаше да биде само нивна вечер,ама па знаеше и колку “го сака“ него,па се помири со тоа дека ќе треба да вози сама.
Си заминаа тие,си замина и другарка и,се поздравивија пред заминување пред дискотеката и секој по својот пат.
И да,беше тоа една многу убава вечер,се додека не се врати дома.Само што легна да спие,ја разбуди телефонскиот повик,тој што го мрази најмногу од се.Чичкото на другарка и,и ја кажа веста,нејзината другарка,нејзината најдобра другарка,таа што до пред 3 саати прославуваше положена возачка, вечерта си заминала засекогаш со нејзината нова кола, случајни минувачи ја нашле 20метри подалеку од смачканиот автомобил.
"Да,си замина,благодарение на коњакот кој што те терав да го пиеш,благодарение на убедувањата дека ништо нема да ти се случи ако возиш сама,дека еден ден ионака ќе треба сама да возиш,благодарение на ставање на важноста на моите желби и потреби пред твоите.Те молам прости ми,прости ми што те оставив сама,прости ми што инсистирав да се дамлосаме,прости ми што не го одржав зборот дека ќе биде наша вечер.О зошто ли не размислив малку,зошто ми беше поважен некој кој го знам само три месеци од мојата другарка?
Требаше јас да бидам на совозачкото седиште."-тивко плачеше во себе.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Заслужувам да умрам

Заслужувам да умрам

Трчајќи по своето, со верба во себе и желба за подобро. Премногу, премногу испив за да можам трезно да зборувам. Премногу здравици за вечна љубов, насмевки и грев. Но, секогаш оставав простор за заминување, бегање кој никој не го искористи, само јас... Просторот беше доволно голем и можеше секој да си замине. Хех никој не помислуваше на тоа. Сепак јас ќе се искрадев и ќе ме снемаше. Ќе заминев по други среќни патеки, по други вкусни бакнежи. И се така... Оставав многу неиспиени чаши, многу раце подадени во глувата ноќ, очи кои молат и срце кое сака. Да,токму така, оставив без трошка срам едно срце кое ме сакаше, очи на кои им бев се и раце кои сакаа да ме водат. Трчајќи оставив се, се што беше ветено... Тоа е и најдоброто нешто што можев да го направам, ама никој не заслужува трескање на врата. Ако можев да се фрлам во прегртка за само една ноќ, да се предадам целата, со сите страсти и истовремено нежности, да заборавам на ветената љубов која ме чека? Тогаш заслужувам да умрам! Заслужувам казна, зашто сум грешник и неверник. Заслужувив после таа ноќ да не го видам, слушнам, мирисам и повторно да водам љубов. Кругот се врти, заслужив да вриштам и плачам, да се проколнувам себе си и своите постапки. Времето ме прегази, сакав многу работи да исправам и на многу здравици да се радувам и да пијам од вистинска среќа. Да, јас бев среќна, само од стравот од самата среќа бегав, се криев во лулката на осаменоста или во туѓа прегратка. Војував со себе и не ми беше страв да се впуштам во нова игра на пеперутките. Затоа, заслужувам се да ми се врати, заслужвам непроспиени ноќи, трепет и исчекување на некој кој нема да се врати. Заслужив ваква смрт, ваков крај и пропаѓање. Го добивав она што го сакав, го губев затоа што не го вреднував. Се кршат крилјата, пеперутката не може да лета, пролет одамна не е. Студено е насекаде, се чувствува одбивност и немоќ.
Заслужувам болка,
заслужувам гнев,
презир и омраза,
заслужувам
заслужувам да умрам
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Животот е преценет.
Побогу , тоа е само сплет на лоши мемоари, тага ,агонија и плач.
Се сеќаваш кога последен пат плачеше , но никогаш нема да ти дојде на памет кога последен пат си имал приина за вистинска среќа, радост. Секое сабајле се будиш со безброј стравови и обврски , безброј шанси да го направиш вистинското кој ги одбиваш ... Не се плаши , не постои такво нешто како грев. Доколку гревот беше реален , доколку плаќавме за секој наш направен грев, тогаш пеколот ќе беше собир на смртници а не казна на која сме биле осудени. И јас и ти знаеме дека нема човек кој нема помислено на прељуба , бар и на сон . Минуваш на улица шетајќи со својот партнер , а до тебе поминува личност која одговара во секој аспект на твојата сексуална фантазија . Зарем човечката потреба е грев ?
За секоја ситна монета која сте ја нашле на земја да ви се судеше како кражба - колку пати ќе бевте однесени на смртната казна на вечно додавање на епитетот „грешник“ ?
Сите сме се нашле во ситуација каде се наоѓаме себеси во агол и единствениот избор е да го срушиме ѕидот на вистината и да дозволите лагата да искочи од нашата уста. Да , гледајќи на овој начин сите сме грешници .
Но гревот не постои , тој е измислен за застрашување на лесноумните.
Ако постои гревот - боже кажи ми .
Ако постои гревот - најголем сум јас грешник.
Ако постои гревот - не го заслужувам јас овој живот.
Јас сум олецитворение на вечниот грев , јас сум сеусловениот Грешник!
Ако е тоа се што сум , тогаш слободно ќе ги затворам очите и ќе потонам во вечниот сон на темнина .
Ако е тоа се што сум , заслужувам да умрам.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
"...времето се' ќе растури штом реката бучи и на рамно. И тебе полека се' ќе те заборавеше..."

Што правам јас со еден куп изумрени човечки огледала околу мене? Одраз на тоа што го негирам. Се' е така недопирливо и морбидно. Според една моја теорија секој човек се раѓа како мизантроп. Да погледнам подалеку од мојот нос и ете, веќе ги имам фактите. За една секунда веќе поставувам друго прашање кое се однесува до некаде со минатото. Заслужува ли навистина мрачното срце да го доживее новиот зимски снег? Секогаш го негирам она што навистина сум.

Да продолжам од друга точка и да ги изгазам и прескокнам сите изумрени човечки огледала. Ќе одам до последниот, а кога ќе се свртам ќе се изненадам од тоа колкав обем зафаќало неподвижното зло. Се чувствувам како артист од Прекрасниот живот затоа што мојата наговест ме носи на различни агли на злото. Овој пат не е ангел ни натприродна сила, туку самата наговест.

Секое зло опстојува кратко во Прекрасниот живот. Од најголемото зло остануваат само коските излижани најмногу до два пати. Секогаш го негирам она што навистина сум. Човековите огледала без сомнение ќе си останат тука подолу од мојот видик. Се плашам само дали кога ќе си заминам ќе оживеат. Ќе оживее злото повторно? Секако дека да! Наговеста дава одговори и на реторските прашања понекогаш.
Во наредната секунда се наоѓам надвор од хоризонтот. Што се случило со огледалата? Секогаш го негирам она што навистина сум. Дали ако злото никогаш не умира, треба да значи дека она што ние го негираме умира? Заслужувам да умрам? Ставам големо НЕ пред тоа. Јас не заслужувам да умрам. Нема да се види одраз на моето лице во такво огледало.
И покрај нескршливите и залепените човечки огледала, јас сум сепак направен од поцврста материја.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Заслужувам да умрам-за да бидам Супермен

Луѓето ја сакаат идејата за Супермен. Сакаат да бидат Супермен. Веруваат дека се Супермен. Веруваат дека се оној кој е постојано на јуриш (ради самиот јуриш, а не поради конечната дестинација), оној кој спасува други (кога всушност се спасува само себе), оној кој менува (она што, реално, е неменливо) ...и слични кул работи.

Но, животот е љубоморно и посесивно копиле. Знае дека само тој ги поседува моќите на криптонитот, и се гневи кога малите Суперман-wannabes се залажуваат дека држат парче од зелениот минерал. Затоа ја употребува својата дидактичка метода, која оди, отприлиика, вака:

Ги наоѓа оние кои ги составуваат Икаровите им крила и се надеваат дека ќе полетаат.
Почнува да им дели животни мудрости со своите камења.
Прво ги фрла оние малите кон занесеникот. Но, како што обично бива, тој е толку занесен во создавањето крила и мечтаење за летот, што воопшто не го ни забележува ударот. Па, си продолжува со својата улога во шоуто "И јас ќе станам Супермен", без да го препознае предупредувањето испишано на каменчињата.

Животот тогаш го остава на мира (сепак е помеарчки да срушиш набилдана надеж и илузија, отколку некој срамежлив, слаб сон, нели?)

Доаѓа следната етапа.
Нашиот непослушен, занесен ученик веќе ги привршува крилата, има изградено прилична самодоверба и планира каде и како ќе го изведе својот прв лет.
Учителот се враќа во училницата. Сега удира со поголеми камења, кои не може а да не те заболат.
И повторно, малиот Суперемен wannabe, успева да ја игнорира лекцијата, преку тоа што си ја преведува како завист и конспирација, создадена од другите во училницата.
Да, сите му љубоморат на неговите импровизирани крила и сакаат да падне.

Во оваа фаза, учителот е веќе сериозно гневен. И ја нуди својата конечна лекција, своето ултимативно предупредување...карпата која ќе ти ги сомеле коските. А, ученикот е на ивицата од прозорот, со крила прикачени на грбот и напнатост во зглобвите кои се спремаат да го направат својот животен скок.

И тогаш, маестралната сцена...Искршен и крвав лежиш на тлото (или дното беше?), а сепак си дрзок. Не го слушаш Животот кој ти вели: Tи не можеш да леташ, туку го обвиниваш дека тој ти ја ускратил шансата затоа што е полн со завист кон тебе.
Да, Life Almighty, сериозно страда од комплекс на помала вредност. Но, било какво лижавче за малото човече, е подобро од никакво лижавче, зарем не?

Па, додека компензираш за искршениците преку лижење на слаткото себезалажување, животот ги крева рацете од тебе и те предава на еден многу поригиден учител. Болеста.
А, кога и таа ќе се откаже од улогата на просветител, доаѓа извршителот. Оној кој не прашува, не поучува, туку само извршува.
Во работниот опис му стои: Да го исцица и последниот зрак живот во тебе и да те прати во еднонасочната улица на смртта.

Тогаш можеби и ќе согледаш дека требаше да чекориш по земјата и да го почитуваш она што таа го раѓа и ти го нуди, без да сонуваш за она што не ти е дадено.
Можеби дури и ќе сфатиш дека не ти даваа да леташ, само затоа што знаеа дека не си создаден да леташ. Па, сакаа да те заштитат од тресокот.

Мала будало, колку само ќе ти беше полесно.
Сепак, ти одбра да треснеш, да се сомелеш. Сега заслужуваш да умреш.
Дали си горд на себе?
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
НЕ заслужувам да умрам - фаќу Викторе позитивно ќе пишувам:)

Да дефинитивно сум заљубен во тебе. Ти си единствената личност која ме разнежнува и тогаш кога сакам да сум најлош. Ти си единствената личност за која јас живеам, не постои никој на светов освен ТИ. ТЕ САКАМ, тоа се најубавите зборови некогаш изустени од твојата уста, иако се ретки како дожд во пустина сепак се прекрасни кога ќе излезат од таа твоја уста која проклето ми недостига во овие моменти. ТЕ САКАМ јас ти кажувам сега, и текстов заликува ко да треба да го пишам Во врска со љубовта, но го пишувам тука затоа што има поголемо значење. Проклет да бидам колку сум заљубен во тебе, секој момент со тебе е магичен, прекрасен. НЕ, не заслужувам да умрам сега кога сум најсреќен што те имам покрај мене. ТЕ САКАМ, и по милионити пат ќе ти кажам дека те сакам најмногу на целиот свет ОД ТУКА ДО НЕБОТО И ОД НЕБОТО ДО ДОЛЕ, како што ми кажуваш ти на мене. ТЕ САКАМ, повеќе од вчера но многу помалку од утре. Не заслужувам да умрам, или заслужувам затоа што сум среќен? НЕ. Сакам да си ти посреќна, и ќе правам се' ама баш се' за да бидеш пресреќна. Не заслужувам да умрам затоа што ти ќе бидеш несреќна без мене.
ТЕ САКАМ, очите ми се затвараат затоа што ми бараат сон. НЕ ЗАСЛУЖУВАМ ДА УМРАМ, морам да живеам за да бидеш среќна.
Те сакам многу повеќе од вчера, но многу помалку од утре...
 

JFK

Член од
9 март 2007
Мислења
966
Поени од реакции
52
Дали конечно пукнав? Дали еднаш засекогаш полудев, како што си имав зацртано во лудата ми глава? Каде сум? Кој сум? Веќе не се препознавам себе си.. Боже, па уште си зборувам сам со себе.. Ете, ќе ти речам заслужуваш да умреш, за се тоа низ кое што дозволи да поминат тие. Да, тие, ќе ги нарекувам тие бидејќи ние го изгубивме и она лице за да ги ословиме како што заслужиле. Свести се, стабилизирај се. Сам си, нема никој, нема друг со тебе. На кого му се обраќаш? Ах, продолжуваме каде што застанавме вчера.. Низ што поминаа заради мене? Ни сам веќе не сум свесен. Остави го пиштолот, вдиши длабоко и повторувај: "Остани присебен, единствено така ќе живееш.". Дремка, а светлинава ме уништува. Што се јас имам сторено, нема хартија доволно да напишам колку сум згрешил. Посебно нив. Барај нов почеток, не можеш да знаеш, можеби ќе ти се среди животот, можеби ќе успееш и нив да им го средиш. Силен си? Размисли убаво дали си силен. Јас викам не. Не си. Убаво спомна претходно, продолжуваш каде што вчера застана. Со тој акт, не дека би ги спасил нив, или било кој друг, ама ќе си ги олесниш сите работи кои следат. Не заслужуваш да живееш. Повлечи го, издржи за последен пат. Збогум, суров свету.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ноќ, сини подчници, слаба фигура, бледа насмевка и милион грешки над нејзината душа.
Отровен здив раширен низ целата соба во која се`уште се чувствува миризбата на темјан, а ѕидовите го впиваат секој нејзин крик, и вриштат од болка.
Исконска болка.
Крвта ја испрска целата соба, а таа безживотно падна на земјата, која ја молеше да го искорени сиот нејзин гнев.

Најдоја нејзино писмо, облеано со капки крв, и солзи: „Заслужувам да умрам. Секое ви добро.“
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Заслужувам да умрам - Странецот

Драга Марија,

Која ебана потреба беше тоа да го буричкаш во мојата ништожност пробувајќи да го ископаш Доброто во мене? Која ебана потреба е тоа да се вљубуваш во неранимајковци кои ќе треба да ги менуваш?
Прифати, јас сум готов производ. И бев таков кога ти ме запозна. Да, производ, нечовек или закоравено чудовиште, наречи го тоа како сакаш, сеедно е.
Не пробувај да дојдеш, затворов е проклето дувло на фецес и урина. Не пробувај да ми пишеш, доста ми е од твојата верба, надеж и љубов. Не прашувај, јас не знам што чувствувам за тебе. А веќе не е ни важно.
Само сакам да се освестиш, освести се Марија...Јас убив! Сведоштва и докази во моја полза би биле само лага. Јас признав, но не сум помилуван. Можеби зошто никогаш не се покајав. Човек не може да се бунтува против општеството, ако не може да се помири со казната потоа. По ѓаволите, човек не може да направи било што ако потоа не знае да сноси одговорност.
Заслужувам да умрам, тоа го сфатив уште кога ги истрелав петте рафали. Заслужувам да умрам, тоа добро го знаев кога имав можност да излажам дека убиството беше во самоодбрана или нешто слично. Заслужувам да умрам зошто не наоѓам каење во мене ниту простување од општеството. Заслужувам да умрам но сакам толпа народ со презир во очите да биде со мене во судниот час. Да, изгледа осамен сум, првпат осамен, сега, на работ на амбисот. Сакам и ти да бидеш таму.

Можеби те сакав Марија, стој настрана од неранимајковците како мене.

Мерсо
 
С

Сатори

Гостин
Кога го постави прашањето додека стоеше на скалата над мене, никогаш не побара од мене да му дадам искрен одговор, се доаѓа од срцето, ако ти вели да лажеш, тогаш бесрамно лажи, свиткај ги колената до болка и смеј ми се хистерично во лице зошто воопшто прашувам.
Милион и една наводна грешка во книгата за нас двајца, тројца, четворица, петина, дузина, фиктивни ситуации кои што го откорнуваат срцето колку и да не постои, ќе го измислат.
Изиграј ја сопствената психа и скрши ја мислата на два дела за да биде прифатлива, не за другите, туку за тебе, а лажи се секој ден дека тоа го правиш под присила, а не како резултат на сопствените желби и стравови во кои си заробен како мачка заробена во забите на куче, траги-комично, а толку ебано реално.
Смени се и заслужи да живееш во овој свет!

Привремен одмор, мислам дека заслужувам на кратко да умрам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom