Тука пишуваме на зададена тема

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.030
Само да знаете како е... Ај да пробаме... Лош ден...
Kолку ми беше чудно да те гледам така сам...Tи од сите луѓе што ги знам секогаш имаше сјајни моменти,секогаш беше опкужен со луѓе кои сакаа само да ти пружаат љубов,кои сакаа да те исполнуваат,кои ти се восхитуваа поради она што си,или барем поради она што се претставуваше дека си.
А јас..не можев да им се начудам на нив,не ги разбирав што виделе во тебе,во твојата популарност.
Никогаш не те сакав,не ми беше омилен а за тоа го обвинував мојот инстинкт да ги чувствувам вибрациите од луѓето како тебе.
Твоето его беше толку високо што секогаш кога немилосдрно те враќав на земја-уживав. Колку ми беше убаво да те гледам тебе без зборови,понекогаш понижен,понекогаш навреден.
Поради тоа стекнав непријатели,истите тие кои те гледаа како нивен Бог. Истите тие беа подговени да ми ги извадат очите,но ти не им дозволи.
Не те мразев,едноставно не можев да се натеман себеси да те мразам иако тоа често го посакував. Не бев воспитана да чувствувам омраза кон никого.

Беше уште една од ноќите за кои жалев дека излегов од дома.
Ама сепак,не можев да одолеам на молбите на сестра ми,твојата девојка,твоето злато,твојата љубов...причината поради која ти никогаш не се дрзна да ми се спротиставиш.
Колку само и зборев дека не си за неа,колку пати и ги отварав очите,и се заканував,се колнев во самате себе.
Ја сакав повеќе од животов,не смеев да дозволам ништо да и се случи,најмалку што смеев да дозволам е да заврши со човек како тебе.
Мојата мала сестричка заслужува се,би го превртела светов за неа,би умрела за она да биде среќна,а она ми кажуваше дека ти ја правиш среќна.
Ти! Од сите нешта на светов те одбра тебе,а мене ми остана надежта дека наскоро ќе и поминат хировите и дека ќе се свести дека меѓу сите дјаманти на нејзиниот пат,она го одбрала прљавиот камен.

-„Кај ми се клучевите од колата? Си одиме одовде!„ -така наеднаш ти реши да си одиш дома,пијан како и секоја глупава вечер за која жалев дека не останав дома.
-„Кај ќе одиш во ваква состојба,фатете такси,ќе си ја земеш колата утре,освен ако немате некоја желба да умрете вечерва“- почнав да се обидувам да им ги тргнам мислите од се и да им ги украдам клучевите,единствен начин да фатат такси.
-„ Ако сакаш да одиш со такси,слободна си. Никој не те тера да се возиш со мене женска главо.“
-“ Не ни имам намера,сестрами доаѓа со мене,вие правете што сакате,може и да се убиете ако сакате,нема да ми пречи
-„Даде,не се грижи,оди ти со такси дома,јас ќе се грижам за себе,ќе го однесам дома,мора да бидам сигурна дека легнал,па после ќе си дојдам,знаеш дека нема да можам да седам мирна ако не го направам тоа.
А јас не можев да и се спротиставам нејзе,ми беше слаба точка и мразаев што го знае тоа и некогаш го користи,но ете,пак и попуштив и ја оставив да замине со нејзиното пијано момче.
Единствено што забележав во тој разговор беше твојата идиотска насмевка,се чувствуваше како победник,конечно ме победи,ме надитри.
-„Ако и се случи нешто,ќе се осигурам никогаш повеќе да не ти се појави таква кретенска насмевка“.после ова влегов во таксито и заминав дома.


Не беше ти виновен за несреќата што се случи истата вечер,беше виновен другиот пијан возач,ти беше совесен и како и секогаш,имаше среќа да стигнеш дома здрав и жив.Но не сите беа како тебе,оној другиот пијан возач,тој не беше совесен,можеби и немаше кој да го спречи да ја запали колата наместо да фати такси.
Удри директно во вас,се што се случуваше после оној повик од болницата ми е во магла.Ги разбудив моите,не се сеќавам како стигнавме до таму живи,татко ми возеше како луд.Мајками постојано бладаше,беше во шок,а мене ми беше пред очи твојата насмевка.Прв пат во животот почувствував омраза.
Кога ја видов сестрами само со гипс на раката и неколку гребеници,ми се врати душата на место.
Ти и она бевте добри,двајца од вашите другари што седеа позади беа мртви,а еден беше во кртична состојба.
Не ти дозволив веќе никогаш да и се доближиш,веќе никој не ни сакаше да ти се доближи,па дури ни она.

Сега си сам,сега не си веќе во облаци каде жвееше долго време.Сега сите те гледаат со мои очи.
Од сега секој ден ќе ти биде лош,ист како што им беше на сите оние кои ти уживаше да ги понижуваш.Сега знаеш како им беше.
Понекогаш ми е жал за тебе,невистина не беше твоја вина,но кој знае што би било кога би ме послушал еднаш во твојот живот.
Никогаш нема да дознаеме,нели!?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Некому е тоа сложено, некому својствено, а некому е тоа живот. Но дај ми барем еден миг, барем една вечер со хедонистички вкус... Боемска ноќ
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Навикнав да живеам така. И другите брзо навикнаа на мене. Додека крвта зоврива и во ушите се создава истата бука. Како илјада гласови истовремено да зборуваат и врескаат. Додека пороците ми стануваат и мајка и татко, а сонот го затемнува денот. Сепак во најубавото од овој контраверзен живот, сам сум. И и верувам на секоја лага, што ме инспирира. Се, само да има причина зошто да се слави или тагува. Или црно или тогаш е бело. Но сеедно, последиците се изедначени и на двете страни.
Јас не сум таков затоа што така сакам. Јас сум таков затоа што е тоа мојата природа. Не барам да ме сакате, само прифатете ме таков каков што сум.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Па... Имам многу причини да те мразам, и во тоа да си дадам комплетна слобода, како и во моите навики. Ти не вредиш ни пет парички, не знаеш да ме цениш, се каеш што си ме создал претпоставувам. Но, и покрај тоа што си ми за жал-татко, сепак не можеш да ме спречиш да се чувствувам како плод на развратник... Некои работи засекогаш остануваат причинско-последични. Дали можеби заради тоа што тебе не ти беше грижа, затоа и мене не ми е грижа? Дали твоето боемско однесување трае една ноќ, која се повторува веќе 18 бедни години? Да, тогаш, во твојот ден, а моја ноќ, во мојата ноќ, а твојот ден-тогаш те видов опкружен со порочност и траги од други жени, со музика, скапо вино и парфеми, додека те следев во тенки парталчиња, сопствената болка, крвавото срце... Ме остави заради сопствената ненаситност, заради својата никогаш неизивеана докрај адолесценција, заради малата грутка среќа која тебе ти изгледаше голема-ме остави мене, ТВОЈАТА СОПСТВЕНА ЌЕРКА. Дали мислиш дека на небото има хотели во кои ќе те служат со скапо вино, цигари и храна? Дали имаш срце? Кажи ми тато...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Само одвратност, одбивност и омраза беше се што чуствував према нив... Луѓето со боемска душа за мене беа нешто навредливо, нешто никакво... А јас, јас живеев живот каков штосекој би посакал. Добра работа, жена, деца, топол дом и многу пријатели... Но незнаев дека токму еден таков развратник се крие длабоко во еден од моите пријатели... Беше мрачна и студена вечер... Се враќавме од роденденската прослава на еден колега, кога тој мој пријател, здогледа една кафана и ме одвлечка и мене таму... Не знам како се случи... И двајцата заборавивме не она што не чека дома, подлегнавме на пороците, го срушивме тоа што толку долго го создававме... На крај сфатив. Не бев веќе оној истиот... Зар постанав она од кое засекогаш се плашев... Човек без семејство, без куќа, без топлина... Човек на кој се што му беше останало беше само горкото сеќавање на една боемска ноќ. Човек со можеби слободна душа, која длабоко во себе жали за сето она што го остави зад себе, а навидум е среќна што конечно и таа ја доби слободата... Слобода за која одамна чекала... Да биде дел од другите боемски души, кои бесцелно талкаа по светот...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.135
Поени од реакции
25.668
Во моменти на скитнички пориви немајќи притоа време, можност па ни доволно тестиси за истите свратувам во оној дел од градот каде што академикот наш вели дека се крие Демонот. Деветиот круг почнува од ДМ на исток до Наџак на Запад преку Боними и Папу на Север до Читална на југ, со џеповите во раце изѕемнати и свити и наметката излитена како идеал што описно би се изразил Рембо. Меѓутоа во тие моменти не мислам на опуси и дејци. Харис Џинович е мојот Ниче, Аца Лукас мојот Леми Килмистер, Ханка Палдум мојата Вирџинија Вулф. А портите на пеколот се секогаш отворени, таму лежи филозофијата на животот и задлабоченоста, во рајот остануваат чистота и простодушноста. Ноќта е млада, млади сме и ние браќата и сестри по судбина собрани од заедничкиот ни добро познат другар, пријател и познаник Џон Барликорн. Со чиста совест ослободен од секакво зло отворам врата. Ни пред Бога не се луѓето толку еднакви како во кафана. Затворајќи врата ја затвораш реалноста, не дека нема да те чека како верен пес врзан во двор. Време е. Почнува софрата на задоволствата. Традицијата од кога постои хомосапиенсот мора нели да се продолжи. Во позадина допираат звуците на твојата судбина на твоето минато на твојот к'смет. Цели томови може да се опишаат следејќи го само говорот на телото на партиципантите а особено фацијалните модификации. Овде започнува се. Сите подеми и пропасти, сите револуции и регреси сите генијалности и лудости. Индивидуалистички, тука се амплифицира секој можен емотивен партикл, затоа што секој има приказна најчесто не за добра ноќ. Bouvons mon cherie, in vino veritas! Универзумот е толку мал а светот толку наш додека системот потфрлува и се гуши. Ама УПМ театрално е, а за последиците секогаш е тука иднината, а ние сме сегашни надевајќи се на вечно циганско лето. И кога веќе уморот ги совладува дислексичните очи или кога се свртува и последната страница, им се заблгодаруваш на Вилхем и Јаков за убавата вечер и отвораш врата. А таму миленичето твое, р'жи бесно од запоставеност. Ама кој го слуша и така некој ден ќе угриза само да не биде денес. Утре е нов ден, не чека епохалниот Е-75, не чека Југ, риба, кафе и асфалт. Не чека...
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
И чекам, и чекам, а тој никаде не се појавува.
Нели, за инает на моите лесни пијанства и швалерското палто што го носам и ја затскривам својата женствена силуета, богами имаше и што да видиш на мене дента кога ми остави неколку капки вино на градите, некои фијаско пластични рози и еден чевел со натпис од Вивиен Вествуд..Се смеев како улава кога ме крена в раце, па аман зарем не можеш да процениш... Речиси 67 килограми боемска жена во крпи од пачворк и некоја торба во која нема кондоми,ами само лажливи цуцли. И ете, со тебе останав како птица во кафез, трепливо чекам да ми отвориш некое вратуле, а и тогаш ќе се плашам да излезам.. И дај те молам, овде на масава, не ми превртувај очи кога ќе се појавиш, не ме анализирај, не ме нервирај со глупавите забелешки дека сум имала андрогин лик и дека мојата жестокост е раме до раме со вискито што го мешам со прст... Нека ти е... Не сум пијаница од калибарот на стрина ти, но можам да ти послужам, макар и како урнек... Како една бохемиска рапсодија на Квин може да ме раздрма во 4 ипол наутро, да ми ги отвори чакрите, и да почнам да шепотам..! Низ снегот нема никој, само стапалки што се повторуваат. Нема апсолутно ниеден здив. Заробен е во неколкуте мразулци, само што...
Дај да престанам оти ми се чини дека наближуваш тука.

(свиткувам лист и го напикувам во торбата, овие букви се веќе избрчкани спомени)
 
Ј

јовица11

Гостин
Некому е тоа сложено, некому својствено, а некому е тоа живот. Но дај ми барем еден миг, барем една вечер со хедонистички вкус... Боемска ноќ
Двете раце бараат топлина во празните џебови,дождот лие а тој покиснато стои на калдрмата додека чевлите му пропуштаат вода.Ноќта станува мирна и повеќе нема страв и бука.А тој сеуште стои како статуа,среќен како мало дете,среќен дека станал маж.Утрото се раѓа но не умира сјајот во неговите очи,бидејки прв пат ги доживеа своите боемски ноќи.

прват ми е,затоа не бидете толку критични:)
 
С

Сатори

Гостин
Некому е тоа сложено, некому својствено, а некому е тоа живот. Но дај ми барем еден миг, барем една вечер со хедонистички вкус... Боемска ноќ

-Ммм, добровечер млада дамо, зарем и оваа вечер ќе треба да почнеме да ги распаруваме вашите најскриени желби во име на вашата боемска природа?
-Сакате повторно да барате начин за да ги скратите моите крилја млад господине?
-Никогаш мадам, никогаш вашите крилја, само вашето постоење.Ми создава мака знаете, ве гледам како да сте статуа, понекогаш ве замислувам скаменети, бели, потполно без боја ... мртви.
-Оххх, зарем тоа не би требало да ме плаши на ваква вечер, сама, со вас, толку далеку во паркот?
-Секако дека не госпоѓице, колку време се познаваме веќе?
-Само неколку седмици господине, а веќе одамна сум задоволна од тоа како ги плаќате услугите.
-Дарежлив сум, зарем не, мадам?
-Секако дека сте, затоа и сум ексклузивно ваша последниве денови на најголема заработувачка во Лондон.
-Ооо, мила, јас го знам тоа, само се надевав дека можеби ќе почнете да ме гледате поинаку, онака како што јас ја гледам вашата убавина дамо.
-А како е тоа?
-Потполно предаден на неа, на белината.
-Тоа треба да направи да ве љубам?
-Да ме љубите? Што ви паѓа на памет мила Темјанушке, јас само сакам да ве распарам внатрешно за она што сум го платил.
-Да, да ... секако.Патем, простете, знам дека не треба да прашам, но како се викате?
-Оваа вечер е нашата последна, па ќе се осудам да ви кажам.Џек ... ме викаат Џек.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Сакав да гледам на себе како на човек исполнет со гнев, а сепак тенка е линијата помеѓу солзите и насмевката секогаш кога чувствувам дека како топлина се разлева твојот поглед врз мене. А ако солзите се одраз на мојата непресушна тага, а насмевката на нежноста што ме крши во твојата претстава за мене, тогаш каде е гневот??

По стотти пат се заколнав дека нема да си тој кој ќе ми ги доживува пијаните пораки, а сега, додека во снежната виулица го пробивам патот до дома полугола и мртва пијана, плукајќи ги последните голтки вино во снегот каков што не памти мојата младост, се проколнувам како најголемо ѓубре на свет зошто не знам да си ги исполнам ни сопствените ветувања.

Наспроти сите одвратни предрасуди, мојата простодушна наивност живее за овие моменти во кои додека полусвесна се оставам себеси во она што го пишувам, не морам да ги бирам најубавите зборови на свет, што сум онаква каква што милував да се гледам себеси – полна со гнев, а додека виното ми ја обзема и последната трошка здрав разум како најцрна совест бришејќи ја секоја трага од срам во мене, зборовите сами си надоаѓаат туркани од сила многу поголема од мојата непокорлива гордост.

Која гордост, кој срам, о Господе! Во која временска точка почнав сопствениот одраз во огледалото да го оставам зад куќниот праг, за кога ќе ја заклучам вратата да и се препуштам на амнезијата за вистинското однесување на добрите девојки. Спружена врз снегот, собирајќи си ги полека остатоците од искинатите мрежести чорапи, расчекорена без капка совест и свест за температурата која во нормални услови би ме убила, со единствената моја функционална мозочна клетка се преколнувам зошто повторно несебично ти се предадов, а од оваа мрачна ноќ нема да се разбудам во твојот топол кревет како што заслужува онаа што најмногу те сака, туку продолжувам да лежам мртва пијана на снегот, плачејќи за пропаднатите сништа, за изгубената невиност, предавајќи се на последните црвени капки од шишето и продолжувајќи да си ја намалувам болката со фактот дека животот е прекраток за да се пие лошо вино...

Уште една боемска ноќ осамната на снегот...Ги прибирам остатоците од себе пред светот да се разбуди и да ја исплука мојата тага грубо спакувана во мојата распуштеност под дејство на црвената сортна радост. Ја прибирам својата болка во празното шише пред повторно да зачекорам на својот пат кон дома низ снежната виулица полуотрезнета со сета црнина во себе, за да сфатам дека не е виното тоа што го плукав цела ноќ, туку сопствената проклета крв...
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Фаци, невиџени
дугачког времена
мајсторски ненапиени
бре!

Празници се ближет
винана се нижет
богофски се гушкаме
на Лепа Брена ние.

Екипа уба и
триста чуда
одма се прает.
Женска ко женска,
та е та не је.
Санкир Коперфилд.

Зато свири за мене
свири ми брате цигане
да ти дам пестотче
а сетне да ја мирисаме
заедно калдрмана,
најуба.

А бурече насабајле
и мамурлук
ко визит карта имат моќ
за да прајме пак
боемска нојќ.
 

AnaMercury

Love is only a feeling...
Член од
30 декември 2007
Мислења
1.097
Поени од реакции
190
Лежејќи во креветот ја почувствува сончевата топлина која доаѓаше од отворениот прозорец. Половина час се вртеше во креветот немајќи сила да ги отвори очите. Кога ги собра последните трошки сила кои се наоѓаа во нејзиното тело го зграпчи мобилниот и сфати дека е три часот напладне. Помина набрзина со погледот низ собата да се увери дека е сама. Тој не беше тука. Го погледна празното шише вино кое се наоѓаше на малата масичка до креветот и скришно се насмевна иако немаше никој друг во собата освен неа. Проба да се сети што се случи минатата ноќ. Во главата со светлосна брзина и прелетаа неколку сцени.

сцена бр. 1- Вино...многу празни шишиња...пепелник...преполнет со недовршени цигари...

сцена бр.2- Неговите прсти како и го допираат вратот, градите, стомакот...раката продолжува да се движи во истата насока...

сцена бр 3.- Нејзината соба исполнета со бура од страсти која станува по интензивна со секоја помината секунда...

сцена бр.4- ..... ..... ..... ...... ......

Почувствува како нешто одвратно во вратот се наближува кон грлото. После десет минути повраќање конечно се ослободи од остатоците на боемската ноќ, но беше свесна дека душата засекогаш ке и остане боемска.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Дедо ми, имаше неколку опасни навики од кои стравуваме сите низ дома. И покрај тоа што веќе наполни шеесет години, тој не се откажуваше од неговото сфаќање на животот. Баба ми сеуште имаше некоја мала верба во религијата иако тој како доминантен во семејството успеал своевремено да ја сврти на својата воденица нејзината мисла, сосема лесно, близнак како неа, уживала во таквата трансформација. Тој имаше пристапено кон модерниот комунизам, се борел како дел од “Неретва“ и тоа со гордост го носеше во секоја меана. Она кое никој не го примети бидејќи психолозите подоцна ги измислија кај нас, е дека токму крвавото месо на бајонетите а заглавени во неговите мисли го тераа да продолжи од чашка на чашка. Кога конечно со песна ќе дојдеше дома, комшиите веќе ги имаа затворено кепенците и глумеа дека спијат, и тие се плашеа од него. Доколку нешто не му беше по мерак, така нацврцано знаеше и да се размафта и да закачи некого.

Наутро повторно беше онаа душа од човек која јас како негов внук знаев да ја добијам почесто од онаа боемската. Како дете, тоа ми се чинеше страшно непријатно, како момче...
Иако тој почина одамна, неговиот дух сеуште живее во оваа куќа, тој зрачи од овие ѕидови кои нескротливата желба одново и одново ми ја исфрлаат на површина. Но додека гледам како кичот го окушира мојот град, не престанувам да се борам со постулатите на религијата на дедо ми. Боемџиството е токму тоа, да си боем е да си научник.

Веднаш до мене, од памтивек постои истоименото кафанче со постери од големите боемџии, Петре Прличко е доминантен. Стариот јарец е Богомил за боемите, со кого и стариот мој тулумареше во своите години. Славко Јаневски го знаете како писател за деца, но тој лисец има мошне поинакви приказни за раскажување кои се исклучиво легални по полноќ. Боем е човек со стил, кој повеќе никој не го поседува. Како умира културата во овој град, така и јас одбивам да бидам дел од него во таа смисла.

А ќе имаме верувам, овој век... ноќ каде сите во малиот локал ќе имаат што да кажат, ракијата ќе лизга како да е вода а ќе не држи свесни и радосни, додека малограѓанштината нема ни да ја познаваме како поим во тој момент. Жени? Хах, па тоа нема никаква врска со овој збор. Романтиката оди рака под рака со вистинските боеми, но голите гради и високите потпетици задржете ги за некоја друга епизода.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ѕиркам низ клучалката, го гледам она што не го сакам, се вртам назад и повторно пред мене голема... Порта...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Две улици... Две различни судбини... По едната одеа веќе одамна изгубените, а по другата се движеше од време навреме некоја добра душа, која случајно се нашла на овој чуден пат. Тргнав однаму каде што имаше помалку. Патот се ширеше, а околината се осветлуваше. Движејќи се по патот здогледав ПОРТА. Што се случуваше?! Зашто одеднаш на патот порта? И конечно сфатив. Рајот. Пред мене беше пората од рајот. Но што барав јас тука? Со трчање се вратив назад на местото каде се делеше патот, тргнав по другиот. ПО не така долго време одење, патот се стеснуваше, а небото се стемнуваше...Стигнав пред уште една порта. Овој пат портата на пеколот. Се исплашив. Повторно се вратив на истото место. Овој пат останав веќно да талкам, не сакајќи да ги видам ниту едната ниту другата порта повторно. Поминаа месеци.денови, часови. Се разбудив. Лежев во болница, штотуку излезен од кома. Пред мене никој. Само една врата од која ме полазаа морници. Додека ме носеа накај дома размислував за сонот. И одеднаш, повторно од ненигде порта. Овој пат портата се отвори. Се преплашив. Но набрзо сфатив дека тоа е портата од мојата куќа, и смирено се загледав кон небото...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom