Тука пишуваме на зададена тема

Џ.

Ќутам на различни теми!
Член од
14 јули 2007
Мислења
868
Поени од реакции
183
Немир

Кога тагата ќе спласне на душата и кога ќе согледаш дека се е пусто и празно раздвижи го немирот со насмевка, продложи го животот со радост. Токму тогаш ќе помислиш ЉУБОВ!
Но токму таа живееше длабоко во тебе но сега замина со првата зора, со првата солза и првата љубовна болка која ја однесе душата во неповрат. Љубов која болеше и силно викаше ВРАТИ СЕ .........
 
Член од
22 април 2008
Мислења
142
Поени од реакции
17
Сабајлево вадев заб. И покрај тоа што изгледам како булдог, заклучив дека неминовно е да си наместам и таква гримаса и такво расположение. Денов се облекол во сонце, но јас сепак сакав снег!
Семафорот упалува црвено светло. Механички застанувам во редот, немирно пребарувајќи по ќошовите од умот, да не сум забутала некоја важна работа за денеска. Одеднаш, амулантна кола ми го сврте вниманието, паркирана веднаш до автобуската. Гледам, човек легнат на тротоарот, прекриен со бел чаршаф. Лежеше сам, додека боличарите и полицијата пополнуваа записници.
Помислив, мора да тргнал некаде. На работа, или пак на гости...го чекал автобусот да дојде. Времето е убаво и го измамило на прошетка..или пак обврските го чекале. Пекарата убаво мириса, самошто извадиле топли кроасани.

Сеедно, неговиот живот згаснал само пред неколку минути. Сонцето сеуште сјае дури и во декември, луѓето брзаат да се качат на автобус- ги чека работата, семејството.

Автобусот дојде и си замина. Но човекот не се качи.
А јас заборавив на забот. Заборавив на немирот. Забрзав да го фатам мојот автобус. Долго време стојам и се колебам на автобуската. Време е конечно да се качам.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Немир

- А какви се твоите соништа, млада девојко?
- Па може да се каже дека варираат. Од следења од манијаци и слични психопати до паѓање во бездни, што често резултира со реално паѓање од креветот. Звучев трагикомично, се насмевнав.
- Од каде тој немир, млада девојко? Ме погледна зачудено.
- Ха, па не знам дали воопшто некој човек знае какво е тоа "утопистичко" епикурејско постоење во невознемиреност, безболност, повлечен живот и задоволства. Дури и во летните осамени утра кога денот е пред мене, спокојството и мирот се кратки, а и често привидни. Како е да се живее во немир? Непредвлидливо. И интересно. Ако апатијата како желба за душевен мир и спокојство значи рамнодушност, не знам да ја прифатам. Чинам секогаш ќе има нешто што ќе ми го прави тлото несигурно.
Можеби запаѓам во екстреми и ова ќе донесе апсурд, но, од друга страна, понекогаш не можам да го поднесам чувството на внатрешна еуфорија. Стравот што трепери во мене. Сакам мирен живот, сакам да дишам длабоко, сакам да не гледам во часовникот, сакам прошетки и бистар ум, сакам безбедност и сигурност.
- Ќе ти здосади мирот ако пред себе немаш немир. Мирот е вреден само кога е интермецо. Млада девојко, јас...јас немам немир пред себе... Дури ни од смртта не се плашам.
Почна таговно да нишка со главата, а јас останав без зборови.
 
С

Сатори

Гостин
Немир
This is me down on my knees



Оваа вечер удри и ја главата поблаго зошто можеби ќе ти умре на раце, а тоа не го сакаш, не.Никогаш не си се грижел за тоа како е додека таа се создава пред огледалото а ти и оставаш остатоци од прсти по кожата.
Понекогаш ти е потребно повеќе од тоа што ти го дава, генералното оправдување кога нема да добиеш одговор на:
- Што правеше вчера?
Удри и ја тупаницата полесно, кажи и дека е курва, дроља и ороспија која што те изневерила.Скрати и ја косата за да ја докажеш поентата, скрши и ги ноктите и остави и модрица на лицето за да биде грда.
Скроти си го сопствениот немир насилнику!

Не, погрешно ја раскажав приказната.

Кога ќе пристигне во собата легни ја на креветот и кажувај и колку многу ја сакаш, колку само не можеш да живееш без неа и потсети ја на тоа каква е длабоко во суштината и каква течност тече низ нејзините артерии и колку е дуална нејзината природа.
Стави и ги под кожа сопствените вредности за да се сети што правела предходната вечер и се нека се претвори во магла се освен тебе.
Убеди ја дека не може да живее без тебе, дека вистински и требаш и претвори ја во падната Марија Магдалена за да можеш да бидеш спасител, а од неа да направиш светица.
И треба пијалок, дај и го кога ќе се појавите во јавност и направи ја беспомошна без тебе, а кога ќе се реши да замине од тортурата и пропагандата, викни:
Excuse me, think I've mistaken you for somebody else
Somebody who gave a damn, somebody more like myself
И натерај ја да ти се врати.
Скроти си го немирот насилнику!

Зборовите болат повеќе од неколку модрици на раката!


Немирот е сличен на ветерот, болната потреба за поседување резултира со туѓ здив на вратот на наводната куртизина, која што му пее секоја вечер на друг како да и е повеќе од икона.
Нејзиниот немир е мртов ... насилнику!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Не бев баш сигурен дали тоа што укажуваше на мојата состојба може да се опише со еден збор. Никогаш како сега не сум размислувал за состојбата на духот. Кога сум на еден чекор до целта најмногу ја чувствувам агонијата. Но која е таа цел која ми е поставена? Секогаш си поставувам некакви цели за да направам нешто поинтересно, за да имам нешто во одреден момент за што да се борам и успеам.
Колку само е привидно...го давам животот за нешто. Измамени сме од најразлични рекламации за работи кои не ни требаат. Ја поведов револуцијата против вистинските вредности и се заборавив некаде во вештачкиот свет.

Празен е мојот живот. Празен е мојот дух затоа што чувствува немир. Некогаш и неможам да си го објаснам, без никакво предупредување, без некаква претходна емпиричност. Само немир, необјаслив.
Морав да поминам десет раскрсници за да слушнам од некаде дека војната за превласт на најскапоцените работи ја добивам. Од тогаш се променав, на полош начин.
Никогаш никој не станал исправено високо ако долго време бил во хоризонтала. Првиот стадиум е максималноста, се' друго колку и да е убаво сепак тежнее кон лежечката положба.
 
L

Lezbiangirl

Гостин
немир....
немир е она чуство кое ме обзема секојпат кога ќе излезе вистинското јас пред другите,тој ѕвер кој го држам во себе уште од мојата 5та година тоа животно кое сака да им ги испие душите на сите околу мене сака да ги разорува бавно и болно
немир...
Тоа е кога ќе се потсетам дека ја немам заштитата на глутницата и дека треба пак да и се вратам на овчата кожа,да се притаам, да го сокријам својот прав индетитет да глумам дека сум безопасна да се вклопам во стадото за да не ме одбегнуваат
Најголем немир ми создава гладот за нови души за повторно да разорам некого да го сведам на ништо,најмногу кога се појавува кога сум со скапоценоста на мојот живот неговата душа е премногу невина премногу вредна за да се уништи дури и ѕвер како мене има совест немир ме обзема кога ќе си го поставам прашањето што ако?
Што ако гладот ме надвладее и јас побеснам и во бес му уништам душата
немир...вечен немир
 

Only*ME

Kaлимеро... :/
Член од
2 август 2008
Мислења
249
Поени од реакции
4
Немир...
Бура од емоции, познати, стари, созреани... Зошто повторно го предизвика немирот во мене кога знаеш дека те презирам, а сепак сум премногу слаба да можам да му одолеам на твоето присуство?! И што? Пак си замина и ме остави сама да талкам низ патов без крај... Без цел... Без никакво значење. За да биде уште поголема иронијата ти и воопшто незнаеш каква бура на емоции создаваш, и каков немир и правиш на мојата душа. Убаво е што си заминуваш среќен и спокоен, барем некој од нас е. Можеби е сепак кармата во прашање... Ако сум заслужила вака да патам, да ми трепери целото тело од нечија близина, а потоа да бидам оставена сама нека биде така, ќе се помирам. Само ја молам судбината да не го сврти тркалото, искрено ја молам!
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
Не знам како не допуштив порано да ме покрие мракот кој и вечерва ме поведе кај тебе. Се дигаат завесите, се расчистува чадот и завршува уште една драма на денешницата уште пред почетокот на вториот чин. Без поклонување и признанија и без да се држиме за раце, ние повторно без збор ке се изгубиме во нокта зошто и овојпат “збогум” e премногу присутно во твојот здив а прегласно одекнува во мојот разум....

Како и секоја друга вечер, ништо поинаку... Фрлаш мрак на секој убав изминат момент со својата навидум наивна дрскост. Не би те удостоила со моето паѓање; зборовите, колку и да ти се бесмислени, надмени, ниски, се единствен начин да ме скршиш, а после тоа се ке ти биде полесно... Не би ти ја подарила ни честа да ме претвориш во свој противник, сосема доволен е и оној мој поглед кој ке ти каже дека имам право да ги толкувам моите доживувања на мој начин и твоите теории за искуствата нема да ми ја поматат таа претстава. Затоа слободно замисли дека не сум ти достоен противник за оваа игра и пушти ме да си одам.

А ти само ќе се насмееш, како и секогаш ќе се насмееш...

Мојот немир е рамен на твојата глупост – не можеш да му го следиш трагот, а не можеш ни да не го почувствуваш, излегува на виделина секогаш кога нашата близина е неодминлива и го исполнува целиот мал простор кој јас годеливо го нарекувам НАШ, а знам дека нема ни трошка мој дел од него. Тој немир ме носи кон уште едно соочување со суровиот факт дека она што мене ме исполнува тебе само те возбудува, а возбудата сама по себе, колку и да ми ласка, за жал не прави да се чувствувам ништо подобро.

Останува да се тешам со фактот дека се обидов да ти ги покажам боите на светот, но не успеав да ги всадам во твојата палета. Неодминливото чувство на искористеност кај мене не создава фрустрација зошто сеуште достоинствено се носам со фактот дека јас не сум таа покрај која ти би сакал да се будиш, а и ти не си тој на кој му ја подарувам првата насмевка во денот.

Сакав да бидам таа која ќе ти ја создаде светлината, а во својата агонија, избрав да бидам уште една од тие кои само ке ти ја исполнат тишината.

Безвредна, како и сите останати.... Немирна....
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Сексот и немирот.

Фиц има посебна дарба за освојување девојки. Неговата чудна форма на очите секогаш му го нагласувала шармот кој го има и без проблем вечерта ја завршува со различна девојка. Градот наеднаш стана мал, сите шеми веќе беа досадни а девојките еднакви. Не се трудеше премногу за добар настап, едноставно усовршено беше целото дејствие, тој редовно излегуваше задоволен од случката а за девојките впрочем најчесто и не беше важно, ја знаеше тој својата таргет група, па ако налеташе на девојка која знае што сака, и самиот чин изгледаше поинаку. Малата собичка во која живееше претставуваше храм на сексот, во неа влегуваа невини а излегуваа огрешени, тоа беше temple of the аntichrist, иако Фиц силно веруваше во бога па дури имаше и пар христијански обележја во собата.

Откако замина од градот, проба да го освои светот. Модерна фризура и скапи чевли, ВИП ложа во популарни клубови... се` наликуваше на дома, со истиот разврат кој го имаше во скриена форма кој тука се случуваше отворено. Грда слика. Замина на истокот за да сфати дека од западот нема бегање. Веднаш до големиот храм на Шива во Мумбаи, на само 100 метри оддалеченост се наоѓа клубот “Alexandria“, па кога би сакале монасите да медитираат во еден по полноќ, што несомнено и го прават, ќе треба да се трудат двојно, бидејќи музиката на Џастин допира до главната порта на храмот.

И така, се врати дома.

А дома, го пречека ништото. И онака немаше некоја фамилија, а пријателите со кои пиеше и блудничеше беа на сличен пат како неговиот, или едноставно повеќе не можеше да ги најде. Ритуалот на сексот се обиде да го врати во игра и да се потсети на старите добри времиња, но тоа повеќе не беше она што го сака, беше уморен, истоштен и папсан од илјадниците заведувања и вртоглави сексуални пози.
На кејот на Вардар има скалички кои гледаат кон реката. Никогаш не седеше таму, но по моја препорака еднаш и тоа го стори. Ја виде истата слика, која и јас добро ја знам. Додека реката тече, и ниеден миг веќе не е како порано... на топлите скали ти доаѓа само една мисла, само една вистина, онаа вистина, вистинската.
Сама си дојде, во целата таа хаотична слика на светот, приказ на убаво женско крило, меко, и нежно. Топло, прекрасно, во кое ќе ја навали главата и ќе премине елегантно на другиот свет. Знаејќи дека такво нешто нема да се случи, дека сите возови заминале бидејќи тој не обрнал внимание на емоциите туку на физичката наслада од ден за ден... сфати.

Немаше пиштол, но набави. Се врати на истите скали, и ритуално со православно прекрстување го повлече орозот на својата слепоочница.
Иронично. Се` ќе сториме во име на ова или она... и никогаш нема да постапиме правилно. Дури и кога ќе се убиеме, тоа ќе го сториме на тотално погрешен начин.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Немир

Тој беше од оние луѓе кои би ви го привлекол вниманието на сосема погрешен начин. Проширени зеници,скаменетост,и непријатност во негова близина би биле единствените посилни емоции кои би ви ги предизвикал. Смрдеше на ракија и цигари,лицето му наликуваше на крпениот асфалт во предградието и со себе носеше огромна грба на десното рамо.Кога ноздрите ќе помирисаат присуство на стаорец,знаете дека доаѓа од биртијата во која се пијанчеше секоја вечер и дека токму во овој момент тромо се обидува да ја погоди клучалката со клучот.
Зад тој брадест лик со очи полни очај и гнев се криеше поранешен банкар.Беше доволно чесен за да може секоја ноќ да глуми господин со Jack Daniels пред прозорот од висококатницата и да ги набљудува соседите со потргнатата прозирна завеса. Мразот и вкусот на вискито се вклештуваше на неговата остра брада која веќе не препознаваше вкусови,и како победник на денот се потсмевнуваше по последната голтка. Не знаеше зошто прави така,го виде тоа на еден филм со Ал Пачино па помисли како тоа е интересно.
Уживаше додека ги гледаше соседите и ги кроеше нивните приказни,додека го гледаше соседот како милно ја бакнува својата жена а потоа одеше два ката подоле кај љубовницата,додека оваа мислеше дека работи ноќна смена,гледајќи ја бујната средношколка како мастурбира по телефон од спротивната страна.Така,на некој изопачен начин се чувствуваше исполнето и забораваше на својата мизерија мувлосана во полутемниот стан.
Таа ноќ беше сведок на сценарио кое не пенетрирало порано во неговиот мозок. Неговиот поглед се запре на црвенокосата девојка од петти. Нејзините кадрици спиеја ја млечниот грб,усните и наликуваа на диви малини а очите на два црни бисери. Беше облечена во провокативна долна облека и црна продупчен мантил одозгора.Застана на прозорецот,го погледна нашот грбавко,му се насмевна и во следниот момент таа се најде залепена за прозорецот,нејзините брадавици се најдоа залепени за прозорецот а боковите како да го играа последното танго. Можеше да ја слушне во ушите како вриска и стенка од задоволство,од болка и од возбуда додека пригушено и приклештено,како пеперутка на замрзнат прозорец се бореше за слобода на нејзините крилја.Грепчеше и удираше по дебелиот прозор а на секој удар тој се штрекнуваше. Не беше видел таква појава,започна забрзано да дише а таа од спротивната страна уште повеќе ја возбудуваше тоа што некој од другата страна ја набљудува,па ја засили својата бурлеска. И кога таа се спремаше за голем громогласен аплауз,дамата падна на подот,со примен куршум во градите. Нашиот грбавко го виде својот одраз во човекот кој го сметаше за херој,за неприкосновен мачо додека ја работеше оваа есенција,додека задоволно се смешкаше кога ја виде беспомошната ороспија на подот.
После тоа се чинеше дека тлото се нишаше вечно под ножните нокти. Како високо фис на опера,се задржа на земјата неколку славни секунди,и потоа се сруши на земјата.
Го најдоа мртов во својот стан после три недели,соединет со смрдеата која се ширеше низ целиот кат. Починал од срцев удар.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Време е за нешто поинакво. Нека биде: Заслужувам да умрам
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Заслужувам да умрам...

Го сакам животот. Со сиот негов сјај и со сета негова беда. Заедно со сонцето и заедно со дождот. Ги сакам сите оние моменти кога ме издигнува и сите оние моменти кога ме треска силно на подот. И кога се смеам и кога плачам. Знам дека понекогаш кажувам дека е тежок, суров, претерано реален (сепак е живот, нема поголема реалност од животот), и навистина ме нервира, неговата навидна неправедност и неговата ироничност. Ама го сакам, што да правам, не можам да се борам против тоа. Не е совршен, како и се останато на планетава, но е убав.
И затоа што го сакам, и затоа што сум млада - заслужувам да живеам. Се уште имам живот во мене, сеуште го живеам со полни гради и планирам уште долго да го живеам. Смртта ме плаши. Бегам од неа. Сакам што подолго и таа да ме одбегнува мене. Не сакам да си одам од овој живот. Сакам да го живеам. Заслужувам да го живеам. Не заслужувам да си одам од него, не заслужувам да умрам. И јас сум борец. И подготвена сум да ги примам сите удари што животот ќе ми ги даде. Подготвена сум на паѓања, станувања - подготвена сум на се.
Но ќе бидам тука, ќе го живеам животот. Ќе му се радувам на секој ден, без разлика дали е сончев или врнежлив, и секој ден ќе бидам благодарна што го имам и што ја имам таа прилика да го живеам.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Заслужувам да умрам

Со нежно движење му ги избриша насолзените очи, се наведна кон него и со нежен шепот го преколкуваше да не плаче. Не можеше да го поднесе фактот дека тој страда поради нејзиниот нескротен дух, ја убиваше секоја солза која му се слеваше по образот, иако таа беше причината за нивното постоење и за болката која ја чувствуваше младичот што седеше отспротива, што беше покрај неа изминатите неколку години, што претставуваше потпора на нејзиниот живот, покрај кого таа порасна, кој ја прифати со сите нејзини мани, без ниту еднаш да и` замери за истите... а ги имаше во изобилство.

Го запозна кога беше само дете, девојче кое стоеше на прагот на светот на возрасните, колебајќи се дали да ја пречекори онаа линија која засекогаш ќе ја оддели од розовите панделки, барбиките и детските маалски игри. Од неговите очи искреше оној заштитнички поглед, кој ја натера да му ја подаде раката и да му дозволи да ја води по трнливиот пат на животот, спремна со него да им се спротивстави на сите препреки, чувствувајќи се сигурно додека го држи цврсто за раката дека тој никогаш нема да си дозволи да ја повреди.
Нивната љубов беше безрезервна, безусловна, оној вид љубов кој предизвикува восхит во очите на сите (не)случајни набљудувачи, кој ќе те натера да си помислиш дека "Heaven is a plaсe ooooon earth...". Навистина и беше. Таа никогаш дотогаш ја немаше толку интензивно почувствувано јачината на потребата од некого, јачината на секое изговорено “Те љубам“, на секој допир, бакнеж..., а ја љубеше со толкава нежност, внимание, страст... што предизвикуваше ежење на секое влакненце, треперење на секое делче од телото.

Градејќи се покрај него и правејќи идеал од неговото постоење, тој стана дел од неа, дел без кој таа повторно ќе биде само она дете, уплашено од она што го носи иднината, без трошка храброст за повторно да се вложи себеси во градење на нешто ново, поинакво... да почне се` од почеток, но гледајќи ја својата иднина во неговите очи и нечувствувајќи ја болката и горчината на животот без него, таа воопшто не размислуваше на тоа.
Не, се до моментот кога дозволи да ја допрат туѓи раце, да ја бакнат туѓи усни, да почувствува дека сеуште е премногу млада за да биде толку сериозна. Љубејќи го него и во исто време посакувајќи ја својата слобода, ја доведе неговата доверба до работ, неговото срце до распаѓање, неговите солзи до пресушување. Се преколнуваше себеси што дозволува тој да се чувствува скршено, што од ден-на ден се повеќе ја убива неговата надеж дека еден ден повторно ќе биде само негова, што сеуште го држи до себе без ниту најмала желба да го пушти, што во овој миг нејзината љубов за него претставуваше измачување...

Се` од почеток, без него...
Дали тоа е жртвата која и` преостанува да ја направи за да го ослободи од стегите на мизеријата оној кој вложи се` што имаше за да ја направи среќна?
Дали после таа жртва ќе успеат да соберат сили да продолжат понатаму и храброст да го остават отворено нивното срце без да поставуваат бариери на секој кој ќе се обиде да влезе во него?
Дали ако сите спомени ги сместат во посебна архива во нивните сеќавања, некогаш ќе имаат можност повторно да се навратат на нивната совршеност без да чувствуваат болка?

-Како јас да сум ги напишал овие стихови.- и` рече низ солзи, додека на радиото наместо него пееше Мајкл Болтон:

"Tell me how am I supposed to live without you,
now that I've been loving you so long
How am I supposed to live without you?
And how am I supposed to carry on,
when all that I've been living for is gone?"


-Те молам немој да плачеш.- прошепоте, го бакна во челото и силно го прегрна.

Откако ја затвори вратата и гледаше како колата се оддалечува, со бавни чекори се упати кон дома, знаејќи дека вечерва ќе ја остави горчината на нејзините солзи да ја убие.
 
V

[vladimir]

Гостин
...Секој ден агонија, болно минато и ронка надеж за феноменот иднина.

Во цвекето на животот вистината е превртена, реалноста не постои, а иднината веке помината само надежта останува како продолжување на страдањето.
Сфатив дека сакам да живеам, дека не е се така црно, на почетокот се прашував зошто баш јас? Со што го заслужив ова? Зарем толку многу згрешив?
Ха ха ха никогаш недобив одговор, ги колнев сите го колнев и господ, а во исто време и молев.Молев очајно да живеам, плачев и се смеев со истите очи барајки причина, воља за да продолжам да се борам....
И еве ме сега после две години пак на почетокот, но сепак поблиску до смртта.
Истиот живот, исто проклетство што ме убива се повеќе, поголема агонија и еден одговор за сите прашања....Можеби навистина заслужувам да умрам...
 
С

Сатори

Гостин
Заслужувам да умрам

Го остави кафето на масата и продолжи да се облекува додека тој ја следеше со поглед и бараше зборови за да го започне разговорот кој што треба да го уништи утрото и да ја натера повторно да го размачка креонот.

- Каде беше вчера?
- Излезена.
- Ослабена си.
- Знам!
- Зошто?
- Зошто така сакам.
- Со кого?
- Со Викторија и со Тамара.
- Со кого?
- Треба да се повторувам?
- Ме лажеш.
- Можеби.
- Ти не заслужуваш да живееш ... со мене.
- Во право си!

Додека ја земаше првата голтка од очите му излегуваа секавици за нејзиното ладнокрвно држење, требаше да се скрши со оваа веќе позната техника, треба да ја наведне главата пред огледалото додека ги црта усните, да дојде до него, да се наведне и да го бакне со солзи во очите убедувајќи го дека се е во ред и дека нема зошто да се грижи.Тоа е претставата, тоа е храната длабоко во утробата која што го креира денот.
Садист наспороти креација во создавање.

- Не се враќам вечерва!
- Зошто?
- Не заслужуваш ... да живеам со тебе!
- Тогаш заслужуваш да умреш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom