Тука пишуваме на зададена тема

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Отвори ги, погледни ги без да се срамиш. Што се чудиш?
Не се срами, само чекор си до нив.. Прегрни ги.
Па тоа се наши, мои, твои.. Спомени.
Нели сакаш да создаваме?
Бакни ме. Онака, тивко, со длабок мрачен поглед, а потоа остави ме да родам нова емоција, која ќе зборува за креирањето на надежите кои ги сакавме, а се надевам дека и се`уште е така.

Стари, млади, нови, подзаборавени.. Ама совршено прекрасни испреплетени со црвена врвка која се обидува да го дофати единственото нешто за кое ние копнееме. Пробај да ме нахраниш со твоите илузии, одземи ми ја тагата, пронајди ме во ноќите затоа што без тебе ја губам луцидноста на животот. Ајде дојди!.. Да се тркаламе низ долината на тишината, а потоа ќе го оставиме да зборува времето, затоа што ние доволно кажавме.

Темна, мрачна, раскината и изгризана од мракот. Таква сум без тебе.
 

mravka

in eternal embrace of flames
Член од
4 јануари 2008
Мислења
130
Поени од реакции
2
Заминуваш велиш?
Збогум
........
Знаеш, во таа насмевка на твојот лик ќе насликам некоја солза плус минус, да ти се најде...да те грее во далечината. Можеби нема вода таму. И прекини да ми велиш да си ги соберам очиве!
Би сакала да најдам зрак за себе во таа среќа низ зелени очи.

Денес мојот сакан е среќен, заминува. 24 часа непрекинато река создавам и во сон во езеро ја претворам. Но, тој е среќен...заминува.
Јас нема повеќе да се будам крај тебе, да ме галиш и по три отпечатоци за добро утро да создаваш. Јас повеќе нема да заспивам на твоите гради ниту пак да цртам срциња во песок. Изгрејсонцата ќе бидат ладни кога нема да ме прегрнеш и да ми ги подариш со дланките. Јас нема повеќе да го чувствувам твојот допир и светлината на твојата насмевка. Постелата ќе ми остане празна а придружник за романтична вечер оваа болка. Траги на заби ќе стивнат на телово, стапалата повторно ладни, рацете осамени, погледи изгубени...
Без тебе јас нема да постојам

Денес мојот сакан е среќен. Заминува навистина. А јас од сите можни ја најдов оваа тема и си останав расплакана
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Без тебе..

Ќе излажам ако кажам дека никогаш ништо не ми недостигало. Некогаш тоа биле личности, некогаш материјални работи. Но сепак сум наоѓала задоволство во малите работи. Некогаш бев среќна само со тебе, ми беше утеха, поддршка, надеж..ми беше сопствен мал свет.
Некогаш и јас бев тоа за тебе. Успевав да извлечам насмевка и во моментите кога беше нервозен и не сакаше никој да видиш..бев секогаш со тебе и ги подржував сите твои луди и тешко-остварливи идеи..ти бев пријател, ти бев некоја што те сака, можеби не колку ти мене но сепак те сакав.

Периодот откако се разделивме беше тежок. Ми недостигаше, некогаш и премногу, не велам не. Знаеш многу се измени од тогаш. Не можам да те препознаам. Некои работи ти удрија во глава. Сега имаш повеќе таканаречени пријатели кои се со тебе затоа што имаат корист..ма и ти си со нив од истата причина. Си станал толку себичен, самобендисан и користољубив...ми е гад од тебе. И сето тоа помина...и ти демек си сега среќен. Сакам да бидеш, и покрај сите грешки што ги направи. Секој има моменти на слабост па и ти..разбирам се..само не сакам повторно да ми пратиш таква порака.

Остави ме јас да бидам среќна без тебе, пробај и ти да бидеш среќен без мене.
Сега кога сум конечно без тебе сум среќна.
Сега кога си без мене сфаќаш дека и не си бил среќен.
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
Без тебе

Седеше сама во собата и слушаше тивка музика. Без никаква причина црни мисли и шетаа низ главата:"Како ќе ми биде животот без него?Што би правела кога повеќе нема да бидеме заедно?Што ако ми раскине без некоја посебна причина, од досада?".
Почна да плаче, иако немаше причина да биде тажна, ниту се расправаше со некој, ниту пак нешто лошо и се имаше случено. Едноставно, самата помисла на тоа да биде без него тотално ја онерасположи и натажи. Тивката музика уште повеќе ја депримираше, но не сакаше да ја исклучи, чуствуваше потреба да се исплаче. Седеше повеќе од половина час, така сама во собата, плачеше и мислеше на него. Сакаше да го види. Му се јави:
-"Каде си?"
-"Дома"-одговори тој."Што ти е?Да не плачеш?"
-"Да"
-"Зошто?Ти се случи ли нешто?Да не сакаш да дојдам?"
-"Не, ќе дојдам јас кај тебе"
Се спреми набрзина и влезе во колата. За неколку минути беше кај него пред зграда. Сеуште поцрвенета и со насолзени очи се качуваше по скалите. Кога стигна пред неговата врата тој веднаш ја отвори, не ни дочека таа да заѕвони.
-"Што ти е?Што ти се случува?Зашто плачеш?"
Не можеше да му одговори. Не знаеше ни што да му каже, затоа што плачеше без некоја посебна причина.
-"Маче да не ти направил некој нешто?Што ти се случува те молам кажи ми, ме загрижуваш!"
-"Те молам гушни ме!"
Ја гушна силно. Во неговата прегратка се чувствуваше сигурно. Долго стоеа така силно гушнати, без да разменат ни збор.
-"Те молам да влеземе, кој знае што ќе помислат луѓево што со саати стоиме во влез"-рече тој и и` се насмевна со неговата тајна насмевка, насмевка која ја чуваше само за неа.
Кога го погледна, сфати колку тој всушност се грижи за неа, колку ја сака и дека никогаш не би направил нешто за да ја повреди. Седнаа во неговата соба
-"Сега те молам кажи ми што ти стана, зошто плачеше"
Како да му објасни дека од што немаше што да прави, почна да мисли на глупости?! Но нејќеше да го лаже, затоа што си имаа ветено дека нема да се лажат меѓусебно, па му раскажа се по ред.
-"Будалче, зарем мислиш дека би те оставил без причина? Знаеш колку те сакам и знаеш дека би се убил ако останам без тебе!"
Сега седеа заедно во неговата соба и слушаа тивка музика, но овој пат не беше тажна и не плачеше, затоа што не беше без него


М.
 
R

reactive89

Гостин
Беа тоа мигови... Мигови поминати во длабоката романтика, мигови на изненадување и мигови на заемно дејствување... Моментите поминати заедно во кои секогаш сакавме времето да застане и да биде само за нас... но тоа си течеше и течеше понатаму... Моментите поминати заедно, во тишина... како да бевме неми, иако зборевме се, а ни збор не изустувавме... се чудевме како можевме да бидеме толку поврзани, толку разбирливи, толку длабоко да се знаеме... Моментите поминати на кеј, седнати еден до друг и не прозборувајки ништо, само гледајки се в лице - в лице, насмевнувајки се така тајно, убаво и нежно, кажувајки со тоа колку ме сакаш. Само таа прекрасна насмевка ја имаше ти за мене скриено длабоко во себе, кога ќе се најдевме одма знаевме што чувствувавме и дали е нешто погрешно или не... а кога ќе се разделевме, веднаш батеријата ни се празнеше и недостигот се повеќе и повеќе ни се зголемуваше, па ќе земевме да титкаме истовремено, или да пишеме пораки истовремено и тоа идентични една на друга... па се чудевме зашто е зафатено на телефонот или зашто пораките не стасуваат веднаш... а тоа операторот да го збркавме... се прашувам само што се не издржил на нашите два броја... хаха, да... тоа беа прекрасни моменти... Моменти поминати заедно со тебе во небесата... кога и да се среќававме ми го разубавуваше денот... од тага едноставно најрадосниот ден излагаше како за тебе така и за мене... беше тоа прекрасно чувство да се биде со тебе...
Идентичноста правеше се повеќе и повеќе да се сакаме, не правеше толку блиски и толку едни... мислевме исто, одлучувавме исто, дури и тоа што требаше да збориме го мислевме оти е важно и оти треба да го збориме, па одма телефоните и се јавувавме, и пак... зафатено... па после тоа конечно да одлучиме кој кого ќе му се јави за да му каже за тоа што размислувал, па имаше моменти на одлучување и зезање еден со друг кој прв да почне... а кога ќе почнеше едниот, кажуваше до крај и на крај прашуваше шо другиот сакаше да каже, и тогаш само ќе се чуеше: "па злато, и јас тоа го мислев, и јас тоа сакав да ти го кажам..." беше тоа нешто магично, беше тоа нешто кое нашата врска ја држеше цврсто... беше тоа прекрасно, да имаш некој да те разбере и да е тука за тебе во секој момент... па кога ќе ти текне да пишеш и да кажеш дека едвај чекаш да го видиш, па договор на 2 мин за 15 мин да се видиш, да се најдеш, за едно те сакам да кажеш... те сакам кое го мислиш и го чувствуваш... дури ни тоа не беше потребно да се каже, бидејки се подразбираше во нашите погледи... само што ќе се најдевме уште првиот момент од 500метра здогледување се смеевме приближувајки се еден до друг и тоа секој пат со трчање... шетањето до доцна вечерта, така фатени под рака и не зборувајки ништо, или пак седејки на клупата гушнати и гледајки ги ѕвездите на небото, па погленувајки се еден со друг и смеејки се така убаво... така слатко...
беа тоа моменти на магично дејство... се додека еднаш се исплашив, а ти беше тука да ме утешиш, да ми ги тргнеш тие валкани мисли кои излегоа дека се вистина...
Само што ме погледна тој ден кога се сретнавме одма ме праша што ми е, и зашто сум таков, додека ти ми се приближуваше... ја виде таа насмевка моја која беше премногу загрижена и премногу трогната од мислите... бев расеан, ти тоа го знаеше... а кога дојде на чекор од мене, ме гушна толку цврсто и ми рече само да не се секирам оти си ми тука со мене во се и дека ме сакаш премногу и дека едвај чекаше да ме видиш, да поминеш уште еден прекрасен момент со мене... ми рече само, не се секирај, тука сум, и те сакам до бескрај... ми го разубави денот... шетавме, јас ќутев, пробував да затскријам тоа што го мислев, а ти постојано го прашуваше тоа што и го одговори, како да не знаеше за што размислував и за што бев отсутен... но, сакаше да го чуеш од мене, иако знаеше за што мислам и зошто толку те гушкав и ти ја стискав раката... постојано ме прашуваше, а јас одрекував оти не е ништо... на крај реков оти знаеш за што се работи и ти реков оти нејќам да почнам разговор за тоа... ти бе охрабри и ми рече тука сум ти ајде да збориме, да го тргнеме сомнежот... ме потсети на она што си го ветивме дека нема криење ништо, дека нема лажење и дека сме еден за друг тука... ти кажав за тоа, ти кажав оти го чувствувам тоа, дека е крај, дека се плашам да не те загубам... ти само ми се насмеа слатко, ме баци и ми кажа дека си ми тука и дека ме сакаш, и дека нема да ме напуштиш... А јас таков, натажен ти реков оти незнам што би правел без тебе, ми рече уживај будало, со тебе сум, те сакам, нема да ме загубиш... ме охрабри, продолжив понатаму... но те видов, и ти се замисли малку, но беше похрабра од мене и одма го тргна сомнежот, се прашуваше и ти што ќе биде од нас, и што ќе биде со тебе ако мене ме нема... го приметив тоа, но похрабра беше, знаеше оти се сакаме и оти нема ништо да не запре... јас, јас, јас ги тргнав мислите тој момент од тие мисли, и размислував пак за нас, за тоа колку се сакаме и за тоа дека тераме дајле не запираме... но ко да знаев, дека нешто лошо ќе се случи...
Од тој разговор врската ни беше се повеќе недостиг еден на друг, повеќе се сакавме... и докажувавме оти неможеме еден без друг, и дека совршено сме еден за друг... но заборавајќи дека непостои совршено нешто на земјата, и дека во совршеното има дупки, кои го прават тоа совршено и да не е совршено на земјава...
Помина недела дена од тој разговор... недела помината совршено заедно, докажувајки оти нема ништо да не раздели... мигови поминати најубаво ко никад до сега... но на крај за се да се расипе, не по наша волја тоа го знам... него од моралност...
Беше тоа прекрасно утро, слушајки те тебе од сабајле, како и секој божји ден кој бевме заедно и кое се будевме и заспивавме со она слушајки ги нашите гласови како први и последни во денот, така беше и овој... те слушнав, договоривме за после часови... но приметив, не ти беше нешто добро, гласот ти беше некако плачлив... одма знаев што се дешава, се загрижив, се повлеков премногу во себе... другарите во школо веќе не ме препознаа од тој момент... видоа нешто сосема спротивно од тоа што било последните месеци... се загрижија одма, сум свртел страна на тага... тоа беше работата... зошто знаев дека кога ќе се видиме се ќе е крај...
Дојде моментот на видување, се приближувавме еден кон друг со насолзени очи, не прозборевме ништо, знаевме што се случува... не прозборевме ни збор, само ми кажа да отидеме на кеј за да збориме на мирно, се фативме за рака како за последен пат, се милевме со рацете и стискавме, не давајки се посебно на овој свет...
Стасавме на кеј, седнавме и прозборевме што било работата, ни течеа солзи и на мене и на тебе, тогаш увидов колку ти навистина ме сакаш... но знаев дека тоа не е тоа што ти сакаш, него тоа што ти мораш да го направиш, и знаев оти е некоја јака причина за тоа... се борев, но џабе... веќе беше решено, а и знаеше оти бев слаб кон тебе... оти ти ми беше се на овој свет и дека од тебе црпев енергија, надеж и мотивација за сите работи во мојот живот тогаш...
На крај, знаевме што ќе се случеше, и сепак се случи, се бацивме така нежно и најубаво, те погалив за рачето, па ти го помилив лицето и ти ги избрижав солзите, а ти се навали цела на мојата дланка се помили самата од неа и ми ја баци дланката... тогаш утврдив дека ти тоа не го сакаше, ама имаше друга јака причина од која мораше така да постапиш... се разделивме, нормално одлучувајки и исполнувајки го тоа што го ветивме и двајцата пред врската - да останеме пријатели, оти неможеме еден без друг и вака и така... од тој момент јас свртев нова страна... бев сосема обратен човек, не се препознавав самиот, а камо ли моите родители... од тој ден почнаа сите проблеми во врска со мене... зашто се повлеков премногу во мене, незнаев како веќе да реагирам, зашто тоа што ми беше се во животот тогаш го изгубив, немав мотивација, немав надеж...
Од тогаш живеев од ден за ден, од момент за момент... побарувајки те под секое скриено каменче што се наоѓаше... со солзи на очите, мака пола година, како и ти исто... знаев оти нешто се случува, ама незнав точно што... ветувањето тие 6месеца и неработеше баш баш... имавме чувства еден кон друг, но немајќи се себеси еден за друг, плачевме и се се заврте обратно... бев без тебе, без онаа која ја љубев тогаш... онаа која знаеше да ме расположи во најтажното нешто, онаа која највеќе ме разбираше и ми помагаше во се, онаа која мислеше исто што и јас...
Одлучив... решив... животот тече понатаму... морав да ги смалам чувствата за тебе, за да можам да си го задржам ветувањето како и ти...
Одлучив, животот го терам без тебе, но со тебе како пријател, без чувства поголеми од пријателските, но со почитта и радоста која ти ја зрачеше од твоето лице, од твојата посебна насмевка која ми го топеше срцето... ми даваше нов поглед на животот, иако повлечен во себе премногу, со проблеми наметнати од родителите и пријателите ради тоа што сум така повлечен и ради тоа што никој не смееше да ми го чепка животот понатаму, ради тоа што веќе незнаев како да постапам и бев изгубен, ради тоа што се што ми се случуваше во мојот живот беше тајна, која само јас ја криев во мене и не ја кажував на никој, поради тоа што некои од пријателите ми се лутеа поради тоа што ништо не зборував за мојот живот... зашто таа тема стана табу кај мене... и затоа што таа тема беше сосема приватна веќе...
Одлучив да живеам без тебе, но со тебе како близок пријател, мило ми беше кога слушнав како ме нарекуваш брат, зашто тука сме си веќе еден за друг пак, но на пријателска база, и оти пак си помагаме во се...
Беше тоа една вечер после година ипол од нашата приказна кога раскина ти со тогашниот дечко, и кога чув дека за тебе сум сеуште посебен и дека нема никој друг како мене за тебе... со тоа потврдив уште еднаш како завршила нашата приказна, дека не беше по твоја волја... знаејки го тоа... нејќев да те прашам за назад, зашто тоа што било поминало... а и тие чувства ги немаше веќе како порано... знаеше дека за мене си посебна, но знаеше оти нема враќање сега и да сакавме... затоа ме нарече твој брат, а јас моја сестра која секогаш е тука за мене...
Без тебе, но со тебе како пријател, баш ми е мило што сеуште те имам во мојот живот... без никакви чувства повеќе од пријателските, и со радост кога ќе слушнам дај да излеземе на кафе, или да шетнеме... зашто тие се моменти поминати во новиот завет... како пријатели, како брат и сестра... да се смееме на нешто што сосема е бесцелно... да зборуваме за нашите проблеми и да си помагаме еден со друг, да си кажеме радости и да се радуваме еден за друг ради тие радости...
Без тебе жалев тогаш, но сега благодарам премногу што те имам како пријател...
Беа тоа времиња на длабока романса, на длабока љубов, на нешто кое функционира совршено; но со дупки кое ипак не беше совршено, нешто кое функционираше како едно, и сите тие изненадувања и титки и пораки кои беа идентични и истовремени, но сега сето тоа е заменето може и со многу подобро од тоа, за нас, пријателство! :)
Без тебе, но среќен што те имам пријателке моја :)
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Момчето влезе во собата натажено , облечено во црно како и секогаш. Неговата коса го попречуваше неговиот вид но на него тоа не му пречеше , тој ионака нема што да види. Тоа што требал да го види -го видел ! Сега е само препуштен на осаменоста и влезен е во најлошата фаза на медитирање - депресија. Само легнува и бесцелно гледа во плафонот над него посакувајќи да се случи нешто,било што. Дали тоа би било среќно или би го означило неговиот последен здив не е важно. Неговата смрт е постојано решение на неговите привремени проблеми. Бар тој така мисли. Неможејќи да издржи повеќе се сврти на левата страна и пушти музика . Од звучниците почна да се слушаат звуците кој беа предизвикани од песната Pain од групата Three Days Grace. Како што идеше текстот
„Pain, without love
Pain, I can't get enough
Pain, I like it rough
'Cause I'd rather feel pain than nothing at all

Наместо неговата првична мисла да се оддалечи од неговите проблеми со помош на музиката , се случи спротивното. Песната го погоди токму во срце и ги отвори длабоките рани кој веќе беа поставени длабоко во него. Привременото решение за него беше неговата страст - самоповредувањето. Од фиоката извади жилет и не двоумејќи го зари длабоко под неговата кожа . Мазохизмот му беше единствен начин да го заборави проблемот ,таа , но колку тоа ќе помогне доколку го испише нејзиното име во крв ни сам незнаеше. Се разбира нема да помогне , но бар ќе го направи да се почувствува дека има дел од неа на себе,во себе.. Длабоко под кожата.
Сеуште со острото парче метал во својата рака легна и ја слушаше музиката на Misfits која започна после завршувањето на претходната песна . Пред да го обземе сонот напиша нешто на ливчето и заспа.
Дали ќе успее да се разбуди следното утро или ќе биде пронајдено само неговото бездушно тело беше прашање на судбината.
Не му беше ни нему важно , ако неговата душа не биде одземена денес ќе биде следниот ден...
Важно му беше таа да прочита што е напишано крваво на ливчето ....
„Неможев ..Без тебе.“
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кожата го чува сеќавањето на плодовата вода и плацентата. На таа течност во обвивката која со месеци...цела вечност...те чуваше чист. Не и стерилен.
Но, го отстрануваат споменот со друга течност. Создадена во утробата на белите плочки и стаклените епрувети..
Таа го голта секој познат мирис. И не остава со звукот на шкрипење помеѓу твоето тело и мојата прегратка.
Онакака како што е пожелно Тука.

Паметам кога првпат те доближив до себе...Мирисаше на млеко и полен, на хумус и дожд, на дрво и оган...Мирисаше на...причина.
Сега си без неа.
А, јас сум без тебе.
Сега го чувствувам само глицеринот помешан со содиум.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Трепет, испрекинат и непознат, повторуван во долги часови.
На масичката ми фали понуденото туѓо загризано парче од Месечината, потрошени ми се прегратките со искрената тежина од црните очи, со неговото искрено црнило од кое течат искри кои ни ги сврзуваат зениците преку својот прекрасен вез; кога сум сама во овогодинешната зима, а во шишето не останала неиспиена ниту една капка сеќавање на ланската есен, страв ми е од светлината во темнината, и на животот му е страв без неа, страв му е на моето црвенило без неговите црни чевлички.
Долг, предолг трепет; трепет кој губи од своето возбудено значење, туку почнува да се пласти како десетиот пласт снег кој почвата веќе помирено го прифаќа, и уморна од борба, со ширум отворени очи легнува под покривката.
Долг, предолг поглед. Од моите очи, нишката искра се губи во просторот, никаде помеѓу темните рабови неможе да ги намириса твоите светкави усни.
А како да им кажам да запрат, како да им посочам дека мораат да си го сопрат миризливиот надојден поток бидејќи денес го нема крајот во кој препнувајќи се на моите очни рабови, полетале за да се влеат? Не можам да го сторам тоа; и од моите очи, продолжуваат да навираат нови и нови нишки, непознат број на подвлекувани и препишувани зборови, кои како цигли без дефинирани рабови градат мост кој оживува радосно но бавно, а јас го одложувам финалето на неговата фина градба зашто незнам каде да му го поставам крајот, зашто во ова денес кое веќе вечно трае, неможам да намирисам на која страна на светот се наоѓаат раширените раце кои го повикуваат силно тажниот камен, каде да соѕидам порта за мојот мост кога никаде помеѓу темните рабови не можам да ги намирисам твоите светкави усни?​
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
Мртва точка. Стоеја тие две коцки шеќер на таа мртва точка. Стоеја згрчени, неми, опколени од гласови, личности неважни и презагаден воздух. Стоеја еден спроти друг но, свртени со грб. Стоеја на мртвата точка. Тој сакаше да прозбори. Таа сакаше да чуе макар еден збор. Тој копнееше по непознатото. Таа копнееше по внатрешниот мир. Светлото на крајот од тунелот, светлото во ноќта, празните и опасни улици, мртвата точка, семафорите, ѕвездите кои не се гледаа, замислен стисок на неговата рака, замислено талкање, стихови во воздухот.
Сеуште стоеја на мртвата точка. И покрај сите нешта кои ги поврзуваа тие стоеја како две статуи прегрнати со препреки чии сенки паѓаат врз камењата кои тие ги одминуваа на патот кон замокот на знаењето. Тој замок ги создаде нивните копнежи уште од првиот момент кога станаа свесни за своите постоења. Двете коцкички шеќер кои меѓусебно се топаат но, во исто време намерно се губаат од меѓусебните погледи. Двете коцкички кои меѓусебно се топаат но, во исто време стојат на мртвата точка која ги игнорира нивните страсти во ноќта, мртвата точка која се губи зад нивните блесоци, магични искри и жештината на шеќерот кој постојано се топи.
Дури и болката на апстинирање, и замоков на знаење и мртвата точка не е иста без тебе, без твоето присуство, без тие искри кои летаат во вистинските моменти а кои и двајцата ги криеме како нешто забрането. Скриени од светлината, заробени во тунелот. Близината која не поврзува е прободена од само еден збор. Збор во исчекување. Збор кој лебди над нашата мртва точка. Двајцата сериски убијци во форма на коцки шеќер стојат прергрнати над таа мртва точка со мислата: „И точкава не е иста без тебе.“
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
После еден месец давам тема... неверојатно. :) Следната се вика: Деценија....
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Денешниот леб ќе биде помалку вкусен од вчерашниот.
Заспаниот прамен коса е благо тргнат со раката напрашена со брашно.
Ја слушна вратата како се отвора, а никој претходно не затропа.
А и откако се отвори не почувстува ниту еден звук на телесно движење.
Дојденецот е лесен. Див оган.
Заседа од лесен облак тутун.


Јас пред твојот црн оган бев книга чиста,
со порамнети еднакви страници,
секоја со различна сложена гравура на почетниот збор,
книга без превиткани рабови на страниците,
допишувања и згрешени зборови.
Во мене немаше место за тајни џебови кога моите страници пливаа во твојата сеприсутност.
Но ти заплови по златниците.
Мојата книга поцрне, се исчади,
и немам веќе река во која ќе си ја вратам рамната белина,
насобрав гроздови од прашина меѓу кориците.
Не чуди се што сега немам каде да ја запишам твојата најдрага,
но задоцнета белина.



--------.-------



Ковчестата рака со едно движење ја цеди последната капка душа од цигарата.
Сеуште стои; конечно тргнува.
Гордо испречениот праг на вратата е прелетан од живите стапала.
Преминат, а незабележан, како да е ништо за нивните напатени табани таа смешна препрека.
И се приближува на силуетата нијансирана од зајдисонцето, со коравите раце одзади ја прегрнува.
Течен германски. Неочекувано течен.


Заврти се, знаеш дека сум овде. Погледни ме.
Погледни го човекот кој конечно спечали доволно за секоја мисла на твоето срце да добие реална тежина!
Но зошто имаш дупка во градите, љубов?
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Имаше само 3 години и беше едно мало бушаво суштество кое обавезно ми ги погодуваше нервните центри. Вриштеше насабајле во 8 саат додека јас сеуште бев во длабок сон, по долгите забави. Но ти ништо не сваќаше тогаш...знам...Дедо ти ќе те однесеше некаде, ќе ти купеше нешто и ти беше срќна. Но, како да тоа не беше доволно, па мораше да ми ги крадеш шминките и да ги уништуваш, па кога ќе би видев така замачкани на твоето лиценце и расфрлани по собата, полни со прашина, навистина збеснував. Мораше на новите патики да ми истуриш боја за автомобили, која немаше шанси да се извади. Мораше скришно да ги земаш моите маички ида ги пикаш по плакарите изигрувајќи филмска глумица. Зарем мораше едноставно се што ќе допреш да уништиш, ти мало ѓаволче....Ах колку те мразев

А сега една деценија подоцна, почнувам да се гледам себеси во тебе. Сега можам од стана да гледам како полека сваќаш дека животот едноставно е шит. Навистина брзо сваќаш, се чувствуваш потиштено. Влетуваш во собата и се втрчуваш да ме гушнеш, како да гледаш некаква поддршка или се чувствуваш заштитено со мене. И само една тивка долга прегратка и нежен бакнеж на образот, без збор и блага насмевка ми кажува дека се чувствуваш потиштено, не можејќи да ги гледаш глупостите што ги прават возрасните. Размислуваш навистина зрело, не си веќе мало палаво ѓаволче, сега дури наликуваш на убава згодна девојка.
Ах, малечко мое ангелче, ќе бидам тука кога ќе ти требам, и покрај се што ми правеше, ти си моето омилено девојче. Но запомни, не дозволувај да те повреди никој, биди цврста, гледаш дека во животот нема правила. Кога би знаела што се те чека би се откажала. Но не, јас нема да ти кажам, ќе те оставам да се челичиш, ќе стојам зад тебе и ќе те туркам сама да ја научиш лекцијата на живото. Не дозволувај да те ограничат возрасните поради некои нивни глупави предрасуди, следи го своето срце, прави го тоа што сакаш да го правиш....но со мера, сепак внимавај да не се лизнеш на лушпа од банана. Секако јас ќе те дофатам, нема да те оставам да паднеш. И повторно ќе те втурнам низ патот испреплетен со гранки и ќе ти речам "Ајде продолжи понатаму, можеш нели..."

My little complicated thirteen year old me
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во моите коски, како коцки, скоцкани десет години. Деценија сине, откако активно почнавме јас и ти да се дружиме со светот. Ерата на седење на дедините тараби заврши, почна онаа на талкање со рамни табани. И тие луѓе иако хендикепирани, им е дозволено да пеат серенади под чардаци, и да бегаат ко глуфци кога ќе пукнат берданки.
Деценија брат... ќе речеш компјутер е нова ствар, а ја на нејзе се осеќам ко остарен створ, ко претопен и избезумен стаор. Толку време е минато, откако паралелно ние двајца решивме да работиме илјада работи перфектно. Каде стигнавме на крајот? Дузина хај тек изрази и шака скршени срца е крајната црта на оваа сметка. Ништо на крајот не искочи совршено, ни тие, ни ние. Сега таа се крие, онаа пробува да ме шие, а мене веќе не ми се ни пие, бидејќи знам дека од кратки рими никој аир не видел, ниту добро доаѓа од тоа што се сител. Пуштај мајсторе програмот на шафл, и намачкај ајварче со тоа, таков ни е животот денес.
Десет ебани години, во овој прекрасен град кој не е прекрасен ни по што сем во мојата глава. Го живеам на третини, ко да не знаеш... како хокеар во првата, како провокација во втората, како скршен заб во третата. Прекрасен спорт... хокејот. Кога ти е смачено од транзиција, преку глава од иронија, и немаш идеја што со идните поколенија, легално подигрувај се со сите на мразот.
Овој град е вистински одраз на нашите животи. Куќи без пенџериња, прозорчиња без ремчиња, ремени без тока. Сјајот негов, од некаде се наѕира. Вистината за него е секаде околу нас. Ние стоиме цела деценија, како и тој, иако официјално сите заедно одиме напред. Каде напред, кој знае нека каже, има ли овде водач, има ли возач, има ли кочијаш кој ќе им викне на овие волови да заличат на коњи а кочијава да заличи конечно на таква без да ја замислуваме постојано како еволуција од тиква.
Чувај се синко, знам дека си пред смрт, тука сум за тебе, иако не знам што треба да дарам и да помагам. Оваа декада ја помина трагично, и следната нема да е фантастично, но ќе се тешиме со успесите во животот, со величините и пиадесталите, со трофеите од различен вид, само не онаков... каков што ти би требало да сакаш. До следната дружба, помасовна од минатиот пат, знам дека така повеќе уживаш.
 

МургоДШит

Чаршиска џукела
Член од
3 ноември 2008
Мислења
128
Поени од реакции
19
Мразам заокружени броеви.

Всушност, мразам е пресилен збор.
Чувствувам блага антипатија кон нив. Ете, така треба да звучи тоа. Истиот квалитет би им го припишал на последните девет кома четири... ај, нека бидат десет, ако веќе инсистирате- години.
Неодредено непријатни, како мува што ти застанува на носот четири пати по ред додека гледаш некој затапувачки ситком на телевизија.

Кога некој ќе тропне арбитрарно заокружен број на години, свесно те поттикнува да рекапитулираш и да му дадеш некоја драматична тежина на тркалезниот период со тоа што ќе пренадуеш неколку совршено недраматични настани до Кралимарковски пропорции и ќе речеш... ова беше деценијата на пропуштени можности. Или на крахот на сите мои илузии.
Или пак нешто повесело- ова беше деценијата на авантури, на созревање, на секс, дрога и рокенрол.

За мене ова беа десет години на немање појма. За ништо. Денес, стојам на прагот на нова декада и гледајќи на претходната сфаќам дека сум прднал едно десетина илјади пати, плус-минус илјада, што по некоја чудна коинциденција е приближно истиот број на моменти кога сум помислил дека сфаќам се' и дека од сега па натаму, све е решено, пресметано и наредено под конец.

Мало морген, шо би рекле Србендине.

Доаѓа нова декада. Наоружан со знаењето дека немам појма за ништо, некако полесно се осеќам. Но кога би бил на ваше место, не би се сфаќал премногу сериозно, бидејќи ова е само арбитрарно избрана декада, десетка, заокружен број... а имам некое чувство дека и животот повеќе сака такви опаки бројки-
како девет кома четири.
 
С

Сатори

Гостин
Следната се вика: Деценија....
Што прави вистински човек на добар ден?
Ја лечи главоболката од предходната вечер, ги сече мислите на малечки парченца, ја бутка надвор фрустрацијата и ужива во маглата што ја обвила неговата ценета деценија.
Стравови и желби се создаваат како јаболка на јаболкница во 10 години и бабите им плетат плетенки на внуките, но никој не застанува за да ја допре суровоста на калта по која се влечат деновите.Нечисто внесување на дим во белите дробови и ацетон за да се исчисти крвотокот со труење, се е огледало.
Но кога ќе ја обвиткам деценијата во тие нејзини жешко црвени фустани со целата светкавост и создавачка енергија како испарува од неа, се поклонувам пред нејзината сила за перфекција.Се чудам како може да биде толку променлива и непостојана, а таа ме гушка секогаш кога ќе помислам дека сум подобра или полоша од неа и ме бакнува влажно во устата.
После 10 години, научив како да водам љубов со сопствената Деценија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom