Тука пишуваме на зададена тема

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Топлина на срцето, чувар на душата... Едно нешто кое воздигнува... Не исполнува со надеж, не исполнува со среќа, не исполнува со мисла за подобро утре... Допир, чист и невин како солза, која штотуку се пролеала од лицето на еден малд човек... Допир, нежен како свила, која штотуку е исткајана. Допир, мирис на море кое не зашеметува и ни овозможува слобода на мислите, исполнување на душата и продлабочување на мудроста...Допир како сончев зрак, кој не гали по лицето рано наутро кога ги отвараме очите, спремни да се соочиме со новиот ден, полека напуштајќи го светот на сонот... Допир кој ја претставува љубовта на две срца, заслепени едно од друго, заталкани во мистичниот свет на љубовта каде се е така розово...
Но од друга страна, допир, кој го носи со себе сивилото на градскиот смог, бучавата на секојдневниот живот, подемите и падовите кои како силен пожар ја горат и онака веќе пресушената полјана на животот... Допир кој успева да те врати во суровата реалност, притоа отсекувајќи ги крилјата за да ја скрати слободата на душата, која како див звер заробена во кафез бара начин да летне и да биде слободна... Допир кој не потсетува дека е време да се разбудиме, и допир кој ни дава на знаење дека има и следна вечер кога повторно, полека ќе потонеме длабоко во закрилата на љубовта, топлината на сонот и убавината на мистичноста...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Креветот беше покрај прозорецот.
Единствена светлина беше од месечината што беше необично светла,необично голема и необично ниска..Впрочем се беше необично таа вечер.
На креветот тој и таа,во повторна игра на животот.
Тој спиеше после бурниот секс од кој не можеа да се заситат..Таа само го гледаше.
Колку уживаше во таквите ноќи,поминати само со него,гледајќи го како невино спие.
Секогаш се прашуваше што тој сонува?На што размислува пред да заспие?
На што размислува кога пие кафе?Кога седи со другарите?Кога шета по дождлив ден,премрзнат и скиснат?
Дали мисли на неа?Дали таа е дел од неговата фантазија како тој од нејзината?
Тој ги отвори очите и го фати нејзиниот занесен поглед.
-„Зашто ме гледаш така?“-прошепоте
-„Не знам...Убаво ми е.„
Со прстите и ја допре усната..Таа му ги бакна прстите.
Страстен бакнеж....Нему не му беше грижа ни за лошиот здив пропратен од вкусот на цигарите и станувањето од спиење...
Нејзе не и беше грижа што креонот и беше размачкан и изгледаше како да плачела.
Во тој момент ништо не беше важно.
-„Малечка...“конечно се одлепија еден од друг...„Сакам да ти кажам нешто...“

„Јас те....“

Допир...Проклет допир кој едвај доаѓа до нашите сетила но сепак доволен да не одвлече во смотаната реалност...
„Магде..учи..утре полагаш перцепција...„

Аххх мамо,до кога ќе ме прекинуваш во фантазирањето,нели гледаш дека од само еден негов допир може да ми пораснат крила...
До следно гледање љубов...
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
“...И повторно ви ја ветив вселената... и сите богатства во неа ќе доагаат од моите раце...
И повторно летаме низ нови светови... држејќи ги моите раце, под мојата кожа продира вашата силна страст да ме заштитите...ме убедувате дека се ќе биде во ред, дека летаме кон нешто многу подобро, многу посветло од најсветлиот ден на земјата онаква каква што ние ја знаеме...дека не е лесно, ама верата е причина за сите чуда на светот... ваков или онаков...
И јас се насмевнувам... се смеам гласно на својата меланхолија... се смеам на чувството на носталгија, на својата глупост... како може некој толку многу да ти недостига кога еве го, држејки ги цврсто твоите раце... да, се смеам, како може толку многу да ти недостига некој чие неодминливо присуство ги меша тоновите на небото и земјата, кој е толку блиску до тебе да можеш да создадеш мелодија од неговите пулсирања...
И јас заплакувам... Дождот оваа вечер не е Божјиот благослов за сувата земја... Не... вслушај се добро во неговите тапи падови... шепнува кротко дека ЈАС си го најдов делот чие отсуство ме умртви... Плачам од радост, а вие ги собирате моите радосници и правите прекрасен свод во боите на виножитото под кое се радуваат сите кои како мене ги пронашле своите сакани, некогаш однесени од виорот на неправдата...”
Проклет да е секој допир кој го брише виножитото под кое повторно си ја пронајдов среката... Нож за секоја рака која ме врака во реалноста... Проклетство за секој кој ја колне мојата среќа, макар и што ја имам само на сон... Мрак наместо светлината кон која се насочени нашите видици, кон која летаме... Празнина место рацете кои моите ги водат кон светлина поголема од сончевата каква што ние ја знаеме...Само солзите и дождот се уште тука, болка која води во бунило... Нема ништо радосно во нив... Проклет да е, и овој и сите животи после него во кои мора да загубиме некого и да ја носиме празнината до крајот....
Престилка од мртвило и ладен ветер, сурова рака која ми го одзема последното песочно зрнце надеж дека овој свет е најдоброто место на кое Бог можел да не остави... Не сакам да знам за денот кој дошол, не сакам да знам за животот надвор од оваа престилка... Проклети да сте сите... Ако не знаевте имам право да сонувам, и ниеден допир на крајот од ноќта нема да ме спречи да продолжам повторно...
Нека секој си ги сочува своите зборови... Нека никој не се обидува да ми докаже дека најубавиот ден е ДЕНЕС... Би го дала ДЕНЕС за една прекрасна минута кога уживав во присуството на секој дел од моето битие, кога можев да им кажам колку многу ги сакам, да ги допрам трагите од нивните насмевки. Нека никој не ми докажува дека најголема грешка е откажувањето, а најубавиот подарок е прошката... Зошто да му давам толку скап подарок на животот кога ме принудува на толку тешко откажување, на толку голема грешка...
Нека секој си ги сочува своите зборови...Чувајте ги за денот кога треба себеси треба да се убедите дека овој живот е вреден за живеење... Јас знам дека не е...

In loving memory...
 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Чекорам........
На непознато тло. Чувство на безличност, слобода..но истовремено затворена, заглавена во самата себе. Недостасувасува едно чувство. Наоколу лица, непознти лица....Газам по лисја, натопени од дождот кој непрекинато продолжуваше да паѓа веќе цели 2 дена. Чувство на допир од капки по моето лице и рамена....чувство на непознатост. Мирис, чуден, несватлив за мојот нос...слушам разговор кој не го разбирам, изрази на лица кои укажуваат на збунетост, незадоволство, стегнатост.
Ја фрлив торбата во автобусот, влегов и тркалата почнаа да се движат. Чувство на изпразнетост, задоволство и неадоволство во едно....Не ни знаев дека постои такво чувство. Возењето траеше долго... ми поминуаа мисли, без карј, без некаква цел...Што недостасуваше???
Автобусот застана, се разбудив и рипнав од седиштето...Го почувствував допирот, твојот допир...и во момент сватив што е она што ме исполнува....познато чувство, мирис на секојдневие, мирис на мојот живот... допирот на мојот град.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Веќе сите заминаа. Останавме да стоиме јас и Дизел, додека Пумеранг исто така замина со Гулд. Шаци, воопшто и не се појави.
Не знам како, но целото дејство позајмено по малку од некои други ладни предели на светот, ми беа вештачки префрлени на мои терен, во мојот прекрасен град. Возовите кои немаме шанса да ги гледаме на отворено, ние, децата од централното подрачје, сеуште врват, но ние сеуште сме со истото проклетство, да седиме заковани во единствениот дел на светот, каде снегот одбива да паѓа, а и кога ќе го стори тоа, ни се смее со злобна кафена насмевка и се претвора во ѓаволесто кашест облик.
Кога понекогаш одев кон Црниче, градот го гледав како дел од карта во атлас. Целиот град е прикриен со темна густа магла во која температурите паѓаат до степен на сибирски мисли, а само еден средишен дел од него има сила да се опира, исклучиво темелејќи се на своето мало паркче кое станува се помало... неговите вечно зелени гранки во мојата фантазија, се сосема доволни, таму да биде лето, додека секаде во светот е зима. Сепак, кога телесната температура ќе се покачи заради вируси, и во самото срце на Црниче ќе мислиме дека е ладно... иако вистинската температура е најпријатна за нашето тело и ум. Но велат, ако не прележиш, нема да стекнеш ни имунитет. Цената ја плаќаат сите, во животот нема избегнување данок.

Дизел и јас се движиме по плоштадот како да сме во Париз, елегантна црна шапка во модерен стил накривена настрана и долг црн капут. Тој има коса наназад во ретро стил, и маичка која покажува дека работел на себе. Мислиме дека го имаме светот, но всушност и да е навистина така ние само правиме пародија од себе и своето појавување пред светот. Ние сме две мали момчиња во душата кои не можеме да искочиме од книгата. Ние сме замислени ликови кои сакаат да бидат реални. Ние сме подолу и од Пинокио, ние не постоиме. А толку многу сакаме да бидеме како сите деца, да сме среќни и весели и да учиме, и да јадеме јаболка пред училиште.

Ние сме две принцези, маѓепсани... срушени од бурното минато, и лежиме крај малото езерце... го чекаме убавиот принц да дојде да не врати во реалноста.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Допир

Незнам дали беше среќа што асфалтот беше распукан од едната страна, ама сигурно добро ми дојде тоа шеткарање на работ. Во бурниот амбиент и не е се' така гласно. Освен ако некоја кола помине до тебе и скрос да те извади од такт, па патем и друга и ушите нималку да не се релаксирани. Она што беше најсофистицирано таа ноќ не беше ниедно од петте сетила, туку она "најважното". Колку јас се водев од разумот, можам да кажам дека беше приближно околу 0.7 во период, иако тоа беше груба пресметка.

Пак една кола ќе поминеше и пак чувството на небезбедност навираше, исто како и болката низ човековото тело - со 90 километри на час. Мене сите чувства ме преплавуваа со 90 километри на час. Личноста која одеше до мене таа вечер сигурно правеше нешто надреално, па чувствата патуваа со многу поголема брзина, или можеби беше до мене проблемот - неможев да врзам крај со крај, не сум се нашол во таква ситуација. Кој ја испрати неа, не бев баш сигурен, а кој ме испрати мене, можам да кажам - Марс...Зевс... Нарцисоидна јаречка работа.

Кога испуканиот асфалт стануваше напорен, крајно решение беше да се префрлиме на другата страна. Од тие брзи коли кои во секунда фучеа горе долу, не бев сигурен ни дали сакам да префрлам улица. Ако некој ме прашаше со кого си - немаше да знам да му одговорам. Не беше ни суштество, не беше ни ништо друго што може да се објасни со една придавка и да се додаде уште една, па именката да биде посватлива. Ама ова не беше така. Од цела ноќ талкање не бев ни малку уморен. Она што ми се случи во наредните неколку секунди неможам до ден денес да си го објаснам, а деснава рака уште пати по левата на потенцираната личност.

Она што го имав некогаш слушнато од некого е дека соништата не смееме да ги помешаме со реалноста. Хм...тоа таа ноќ беше исполнет сон, реално согледан од очите на еден изгубен недоквакан некомформиста. Ја фати мојата рака и ми рече да префрлиме. Кога ненадејно нашите раце се најдоа сврзани, посакував да трае повеќе, ако не 5 секунди, барем 8-9. Ќе имав време во последните три секунди да вдишам двапати длабоко.

Колку грандиозна личност ме фати за рака, иако беше само за момент - два. Никогаш нема да го заборавам тој Допир на искреност и среќа, по кого сега копнеам. Тој допир ме натера да размислам повеќе за неа, за тоа кога ќе ја видам пак, кога ќе ја допрам пак.
Допирот на саканата личност вреди повеќе од од најнеобичните работи. Допирот е волшебствен без разлика дали е резултиран според остварена или неостварена љубов.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Место: Улица во ситни саати, нема никој само улични светла и чат пат по некоја кола. Лае куче и се појавува дечко 19-20 годишен а позади него свети автобус.

-Да ти ебам автобусот, саат време ме вртиш низ градов ко мисир некој скиснав внатре. И сега што да правам?

Чепка во џебот вади цигара ја пали. Чепка во другиот џеб вади 30 денари.
-Ајдеее, богат сум. Да си купам затворена пица или да чувам за утре за цигари парите? (лае куче) Абе ќе јадам, здравје до утре ќе и земам на мајка ми.

Оди до пекарата и го допира вкусот на бурек.

-Неам уште 15 денари иначе буречево со месо какво е. Здрао, дај една затворена пица. Фала, чао.

И така по улицата размислуваше за деновите поминати со девојка му, колку им било прекрасно на сите шеги, таги, разделувања и видувања.

-Па преку кур бе, ја сакам. Што па толку сите запнале да се оправам, сум имал 19 години и што ако? Рано ми било до толку да сум заљубен во неа, знаат они што е љубов. Ќе и се јавам утре, морам да ја видам. А ако нејќе? А сакам само да ја прашам како е, ама ај можам и по телефон тоа да ја прашам.

Си ги става слушалките на уши и пушта песна по избор на телефонот.

Код:
prodje vrlo malo pre nego shto sve krene po starom
kad rechi postanu udarci, shamari shto nabadash glavom
kad svadje postanu smeh, a smeh tekst shto vam rodi ljubav
kad ti sama pricha o tome, kolko je taj frajer u stvari glupav (budala)
razmishljash.. shta vas je skrenulo sa puta
gde se sjebalo sve, shto je stalno, stalno zbog tebe ljuta
dodje ti da razbijesh sve po gajbi, pobacash kroz prozore
dodje ti da stanesh mirno i glavom zaustavljash vozove
Ги извади слушалките и го исклучи телефонот.

-Да ти ебам Виклер Скај и све да ти ебам.

Потекуваат солзи....

-Барем да се видиме уште еднаш, да те допрам како што ме допираш сега ти во моето срце и глава. Да ти покажам дека те сакам повеќе од било кога, ама касно е. Јас сум будала. Слушај си го срцето, слушај ја и мајка ти говедо едно. Се каам, премногу ми е тешко без тебе. Мојот свет без тебе ќе биде празен, а светот без мене ќе си остане ист...

Гледа кола како наидува, ја спушта пицата и се фрла под колата.


Мрак.
 

• ChocohoLic •

~Life Is Unpredictable~
Член од
10 ноември 2008
Мислења
18
Поени од реакции
1
Допир...да тоа е се што ми треба во моментов ...за да можам да издржам.
Твојот допир кој ми дава сила и за кој копнеам секоја вечер помината без тебе кога размислувам за нашите заеднички моменти и си правам планови за моментите кои што следат.Сама во оваа ладна соба...читајки како ми велиш дека ме чекаш го барам твојот допир.Посакувам никогаш да не заминев...зошто тоа мораше да бидам јас?
Зошто токму мене животот реши да ме оддели од допирот за кој живеам?
Те барам во секој мој сон и посакувам засекогаш да спијам , бидејки таму никој никогаш нема да може да те оддели од мене.Таму никогаш нема да те оставам сам,таму никогаш нема да го кажеш тоа 'те чекам' кое што ми го кине срцето знаејки каква болка ти нанесувам.
Ти тоа не го заслужуваш!
Благодарам за се што правиш за мене! И знај и јас го чекам денот кога повторно ке ме допреш...кога повторно ке се почувствувам жива.А до тогаш...твојот допир ке го исполнува мојот сон.
Те сакам...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Колку пати, колку многу лаги, колку солзи исплакани за сите овие мигови поминати со тебе... Болката, тагата и стравот од крајот потполно ме уништуваат, не оставајќи ме да размислам што понатаму... Телефонски повик, последно збогум кое го чу од мене... Брановите удираа по карпата на која што стоев... Местото каде што си ветивме дека ќе бидеме засекогаш заедно... Спремен да скокнам, почуствува топлина која полека ме обвиваше, среќа која потполно ме исполнуваше и возбуда која ми го поместуваше умот...ДОПИР...
Ти беше тука, остана со мене... ДОПИР кој вредеше, допир кој ме спаси... Допир кој ми даде желба за живот... Допир кој ме потсети дека навистина те сакам...
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
...Морниците ,треперот ,чудното чувство во градите , грутката во грлото..

Ова го немам почувствувано веќе долго време.
Веќе долго време само седев и гледав во бескрајното небо надевајќи се за промена , надевајќи се за иднина. Долго време легнував во креветот и се вртев додека не колабирав пред моќта на потсвеста ,додека сонот не ме обземеше. Сон ? Повторно се фаќам себеси во лага. Не беше тоа никаков сон , тоа бев јас гледајќи кон плафонот без никаква надеж , без трошка на живот.
Ни утринското кафе повеќе го немаше истиот вкус . Весниците повторно со иста содржина , веќе видени . Статии испишани со зборови кои ни кажуваат како подобро да живееме , како подобро живеат на другите места. Статии кој не тераат да се чувствуваме дури полошо од пред да ги прочитаме .
Звукови на улиците , свирки од нервозните возачи . Нервоза и омраза , единствените чувства кој можеш да ги осетиш блиску до себе во овие бесчувствителни животи .
Јавни лица со фиксирани насмевки зборувајќи за лажни животи давајќи лажни надежи, хоророт .
Не , ова не е опис на мојата моментална депресивност , ова е опис на мојата моментална љубов . Љубов кон животот кој сепак вреди покрај сите злонамерни добрини и внатрешни гревови .
Зашто вреди животот кога се е така сиво ?
Животот вреди поради сонцето кое продира низ твоите очи и се одбива нежно во мојот поглед , поради ветерот кој полека ја разбранува твојата коса...
Но највеќе од се, животот вреди поради твојот допир.
Со твојот допир ти ги рушиш границите на мојата сурова реалност , го боиш мојот свет во розево и ги кршиш сите оние лаги и сурови вистини. Ги симнуваш ѕвездите од небото и нивната светлина ја влеваш во срцата на оние кој одамна се затвориле во темнината, и им даваш надеж .
И мене ми влеваш надеж , надеж дека ќе биде подобро, надеж дека ќе биде вечно..
Надеж дека повторно ќе го почувствувам твојот допир .

И повторно сум сам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Допир,ах тој допир. Колку ли ќе останам зарбена во овој затворен круг на емоции, кои без чувствително ме приковаа за да ја почувствуваат мојата болка?
Да,ја посакуваат мојата солена солза која веќе одамна е засушена,затаена во оваа грло,вресок од душа што и волците од најтемната шума би се уплашиле.
Посакувам да го допрам недопирливото...твојот допир.
Те допирам само во сон,јавето за мене не постои,како да живеам во туѓо тело непочувствувајќи го твојот допир кој некако е астрален,неможам да те допрам освен кога ги затворам очите...Ти,дали постоиш?Каде си ти?
Ноќта се приближува,желно чекајќи го сонот да ми падне на очите.
Ноќен јавачу на моите сништа доприме!Допри го мојот сон за да живеам во твјот сон,недопирливото ќе биде допрено,невозможното ќе биде возможно.
Само уште еден чекор до бесконечноста и тука си,тука сум со твојот допир.
Пронајди ме,побарај ги трагите од мојата засушена солза,допри ја,ќе ја почувствуваш мојата тага,таа ќе те одведе до мојата душа,до темното небо без ѕвезди.Но,само една ѕвезда сеуште сјае,трепери со сиот нејзин сјај,патоказ до ѕвездата Даница...Ти само допри ме,ќе ти го покажам патот до нејзиниот сјај,а тогаш сите ѕвезди ќе затреперат...Прекрасен космос во моите очи.
Допри го мојот сон...Ти,само допри ме.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Те допрев неколку пати, пак ќе те допрам ако имам шанса. Немој да помислиш дека заборавив дека и ти мене ме допре, не само физички. Душата ми ја допре со некои зборови, се надевам дека и јас те допрев внатре во твојата душа.
Може нема да се видиме повеќе, но допирот ќе остане како жиг на мојата душа. Дамка која не се брише, а и не сакам. Нека остане, остани и ти поздравена.

П.С. Виктор4е смени тема:)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Се мислев драги мој Гого, па ајде, да те задоволам и тебе... :)
Следната тема двосмислено или не, ќе ја крстам Секс...
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Љубов или задоволство... Причина за среќа или само уште една помината ноќ со непозната личност во креветот... Беше полноќ, влеговме во нејзиниот стан... Беше несреден, и ја отсликуваше нејзината развратност... Меѓутоа, тоа воопшто не ми беше важно... Се што сакав беше секс... Токму така, почувствував животински нагон да се ослободам некаде... Таа беше моја веднаш по првото мартини кое го нарачав за неа... Собата беше тмурна. На прозорецот гореа три мали свеќички... Влеговме во спалната... Таа почна дивјачки да ја откопчува мојата кошула додека го бакнував нејзиниот разголен врат, на кој се осеќаше бледа миризба на ефтин парфем... Ја фатив ја рамената, и ја фрлив на креветот... Одеднаш, се беше поинаку... Се воодушевив од нејзината кроткост... Однадвор така сурова и дива, а од внатре кроткост на јагне... Таа беше поинаква личност... Тотално променета...
Одеднаш, топол бран... Предигра како никогаш до сега. Исполнета со емоции и страст. Тивко викна, кога нашите тела буквално се споија, понесени од виорот на желбата за секс и непромисленоста... Беше 4 наутро, кога го напуштив нејзиниот стан... Фатив такси, и си отидов дома. На масата во трпезаријата се уште стоеше вечерата, сега веќе оладена, која мојата свршеница ја направила за мене... До неа имаше ливче на која пишуваше: МИЛИЧОК ЕВЕ ТИ ЈА ВЕЧЕРАТА. ТЕ САКАМ. ТВОЕТО МЕЧЕ...
Одеднаш насмевката и топилната се заменија со збунет поглед и студ... Срцето ми застана во тој миг... Извршив прељуба...
Сепак, се што сакав беше СЕКС...
 

Dadence

sweet devil
Член од
3 февруари 2007
Мислења
390
Поени од реакции
2
Момент на инспирација, поглед кој чекори подлабоко од вообичаеното, музика која не` заведува начисто.... двајца патници на патот кон конечното посакување.... да, сега кога те бакнувам знам дека тоа е еден сон веке остварен и добро познат, знам каде патуваме заедно, и чуствувам топлинакога ке се разбудам во твојата прегратка.... Но играта е бескраен ходизонт на итражување. Стоиме на тарасата во пригушена светлина која доаѓа од една мала лампа во спалната, на масата крај нас има две речиси празни чаши вино и неколку чоколадни бомбони. Го обожавам твојот мирис, ме плани заедно со вкусот на чоколадото и хармонијата која виното го прави овој миг уште побожествен.. Нежно ме бакнуваш и полека ја движиш раката по мојот и онка гол грб и мојата разбранувана коса од слабото ветре, по моето сега веке малку полничко стомаче... Ноќта е прекрасна, млада месечина ги осветлува нашите тела додека ти ја менуваш својата положба упатувајки се зад мојот грб. Твојата оштра брада нежно се движи по моите раменици, ме бакнуваш, ме скокотакаш, а знаеш дека оваа слатка грубост бескрајно ме возбудува.. И во мигот кога веке неможам да изгржам ти се фрлам в прегратки те гушкам и бакнувајќи се упатуваме во внатрешноста на собата.... Сега си веќе на сигурна територија, тука борбата станува драматична. Страсно и по малку агресивно облеката е победена и далеку од нашите тела, а јас како скротена лавица лежам на мекиот кревет во очекување на продолжението на ова авантуристичко патување... И така во колажот на чувства и страсти, во очи длабоко вжарени, во мечти и посакувања, во она што навистина е, а е СЕКС, чекорот застанува до следниот бакнеж.... до еден нареден нов и неповторлив миг....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom