Тука пишуваме на зададена тема

Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Стариот свеќник ја осветлуваше масичката на која имаше неколку фото-албуми, а мирисот на цимет од шолјата чај се ширеше низ целата соба. Креветот беше растурен, со неколку перници фрлени наземи. Декемврискиот ветар влегуваше во собата низ подотворените прозорци, галејќи го нејзиното заспано лице.
Ветерот сврте една страница од албумот. Имаше само една голема слика од неа, прегрната со една мила девојка и со насмевка на лицето. Тие имаа четири години тогаш. Само четири. Толку невини, искрени, безгрижни. Се завртеа уште неколку страници, поминувајќи слики полни со среќа, насмевки, наивност, љубов. Ветрот ја раскажуваше нејзината приказна. Ja покажа нејзината душа, го допре секое делче од неа, секое катче во кое ги скрила и најтајните насмевки и желби..


А таа полека исчезнуваше... Беше сега само еден невидлив лик кој гледаше еден стар, стар филм на ѕидот.. Немаше веќе сила, ни елан во неа. Навистина, се што сакаше да направи е да се врати назад...
А секогаш најсилните, а невозможни желби горат најсилно...

~And Now Memories Are Everything I Own..~




 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Саша седеше на својот кревет, и го вртеше во прстите црвеното изгравирано копче од новиот сплетен џемпер. Беа 6 на број. Црвени ѓаволчиња.
Ако се погледнеше подобро, не беа зашиени точно по иста вертикална линија, но околу тоа немаше простор за мрчење, баба му веќе го губеше видот.
На телевизорот со лош звук се слушаа придушени партизански лелеци, доаѓаа од југословенска серија од доцните ‘80ти кои тој за половина деценија ги пропушти.

Се побрзо и побрзо го стискаше во дланката светкавото тело на копчето, држејќи ритам со се погласните чекори кои ја разоруваа тишината во ходникот.
Тишината која можеше да биде.
Одамна не било тишина во тој ходник. Саша едвај паметеше.
Тишината важеше за скапоцен раритет зад вратата на нивниот стан.
Се газеа многу крвави прстиња за да се истапка доволно место за неа.
А кога конечно ќе надвладееше, сите веќе беа премногу уморни за да уживаат со полни бели дробови во неа, и свежите моменти пак успеваа да им се провлечат низ прсти. Оставајќи наоколу само исушени, крцкави трупови со сјајни очи и цврсто стиснати усни, од навика.

Саша го почувствува болниот притисок врз неговиот врат во ненадеен бран, и ја поткрена главата за да го растера здрвеното чувство.
Го обожаваше тој џемпер. Да, тој џемпер беше свет.
Во неговиот мал издрпан свет, свето беше се што поминало низ прстите на некој од фамилијарната страна на мајка му.
Секоја личност и секој предмет кој беше било како поврзан со нив, за него беше најблагороден извор на благослов и љубов.
Мајка му и баба му имаа големи темни очи, со отскокнувачка нијанса која ги правеше скоро кадифени, тие очи беа мека рамка во која можат да се складираат безброј фиоки полни врвен експресионизам и недефиниран мистичен шарм.
Или пак само чист, осамен извор на топлина од црно чоколадо која истекнува од сферата на лицето и невнимателно полива се што ќе најде околу себе.

Таму можеше да се смести се што се сака.
Таму беше безбедно. Таму имаше тапети со црвени ружи кои изгледаат вистински, а не како оние избледените груби цртежи на ѕидовите околу него, кои не можеа да го убедат ни дека нивниот автор некогаш внимателно погледнал ружа.
Но можеби пожолтеноста на тапетите ја поттикнуваше нивната меланхоличност, сепак.
И Саша само таму наоѓаше место за да го осмисли своето совршено обично парче земја, на кое може да легне и да преспие една спокојна ноќ.
Без монсуни од ужасни зборови кои во својата невидлива структура носеа растворен алкохол од жешката уста на татко му, без скинати копчиња од кошулата на мајка му на подот. Оние убавите, сребрените, за кои таа велеше дека ќе му ги даде за да си игра, сега лежеа прекриени во прав под плакарот во ходникот.

Сиви, лошо скроени облачиња влегуваа низ подотворената врата. Доаѓаа се поблиску.
Парче од есенските облаци? Лажно замотано во сива обвивка за да мине незабележано, и потоа, наоѓајќи се пред вистинскиот човек, пред оној кому никој досега не му покажал како живоста на боите се трансформира во живост на чувство, да се претвори во чисто виножито! Да! Нели, Саша?
Знаеше. Отсекогаш чувствуваше дека целиот лошо проветрен простор околу него е лажен, нереален, затоа и беше толку смирен.
Не врескаше по својата порција љубов, иако беше слабо и неразвиено дете.
Очекуваше дека еден ден сликата ќе мора да се распара, во неа ќе дувне ветар кој продирајќи му низ ракавите ќе летне кон таванот и ќе ја здроби зградата, овој стар бетон кој е проклетството што ги чува тајните на зениците на неговите тажни станари. Ќе го срамни светот со зеленилото, со нежен замав ќе му ги подбутне нозете. Тој ќе истрча од овде, бидејќи овде нема да постои.
Ќе се проветри тешкиот мирис во ходникот.
Околу плакарот ќе израснат бршлени, а од копчињата на мајка му удавени во прав, ќе никнат пурпурни цветови. Ружите од неговите ѕидови ќе се разбудат, ќе пораснат, ќе го прекријат во црвена топлина.
Ќе добие уште една шанса назад во скапоцените моменти во утробата на мајка му, каде го чекаше она нешто кое чувствуваше дека го заборавил.
Некаква заштитна обвивка, која баба му не можеше да ја сплете, а без која малечкиот никогаш нема да успее без последици да ја проголта декадентноста на сегашното овде.

Возбудено ги сврте очите кон вратата.
Само чад од ефтина цигара.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Водата почнува да се бранува.
Границите на твојот свет се во болен грч.
Нешто помоќно од тебе, молчи и ти го извртува светогледот за 90 степени...А, не те прашува, ниту те забележува.
Домот се стеснува, се повеќе, и упорно те брка од себе.

Се наоѓаш на непозната територија. Тешко земаш здив. Притисокот врз целото твое тело, особено главата, расте постојано.

И конечно, те исфрлаат. Како терет.
Но, сеуште не завршиле со тебе. Ох, не.

Сега ти задваат удар. Ќе има уште еден, ако не почнеш да плачеш.
Го слушнаат твојот крик, кој ти ги раскинува белите дробови, па ти ја прекинуваат единствената нишка која те поврзува со безбедниот мрак.

Готово. Нема враќање.
Сега си осуден на светлина.
А очите кои испитувачки те гледаат, и рацете кои несмасно те допираат, се само најава за многуте кои ќе те измачуваат во иднина. Овие четири, особено.

Добредојде малечко.
Сакаш назад во матката?

Молчи, не одговрај.
Зарем не гледаш дека никој не те прашува?
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Виктор ме задолжи да сменам барем еднаш наслов, ама бидејќи и мене ме немаше, не бидна тоа до сега. Еве денес успеав, само за да не ме убие кога ќе се врати:kesa: ... да го пречекаме од странција со нови убави наши текстови, а новата тема ја поврзувам со него и еве ја нарекувам: Без тебе ...
Повелеле:smir:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Без тебе?
Незнам што би правела без тебе.. Дали би знаела нормално да функционирам и дали би можела да продолжам понатаму..
Незнам дали би барала некој друг, дали би останала сама.. Дали би ги превземала работите во свои раце или тотално би се откажала..
Незнам.. Можеби ќе се смирам, можеби ке станам понемирна и потемпераментна..
Можеби ќе барам утеха, но можеби и тоа ќе ми биде олеснување..
Можеби ќе почнам да зависам од други, но пак МОЖЕБИ ќе останам индивидуа, сама за себе..
Можеби ќе умрам.
Незнам што би ми се случило да те нема..
Не си ми покажал..
Дозволи ми да видам.. Покажи ми како би продолжила..
А ако ми се допаѓа - можеби ќе те оставам.. но можеби и не..
 
С

Сатори

Гостин
Без тебе ...
Душата го напушта телото и се склупчува во еден малечок агол што го пронашла во вечноста, ги запира сите животни функции.Воздухот престанува да постои и само тапите удари на сопствената практичност ти ги јадат органите.Полека го чувствуваш отрпнувањето на рацете и само солзите се тие што постојат, затоа што лутината е премногу деструктивна во големиот меур полн риби и ракови.
Креонот се разлева по површината за ја направи совршената крива линија на болката што ја разорува зеницата, стаклено се намалуваат боите во спектарот и четката останува валкана, платното умира, некаде, длабоко во свесноста на тие околу тебе, кои што само гледаат.
Агалаја ја потиснува Настасја и поминува пред тебе.Тогаш духот умира.

Без тебе ...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.259
Без тебе... Без тебе? Без тебе!
Мојов живот нема никаква смисла. Сите мои знаци на херојство ги нема. Сликата на она што се нарекуваше среќа и радост веќе избледе.:(
Која си пак сега ти да прашаш што правам без тебе?
Ти - која изгледаше како сонцето, како прекрасна глетка на љубовта од најтоплиот дел на мојата душа.
Која ќе го завземе твоето место некогаш?
Кој веќе го завзел тоа место што јас го имав до тебе, тој не е уште свесен какво суштество чува до себе. Какво суштество бакнува секоја ноќ.
Можам да замислам како ти шепнува слатки зборови, можам да замислам како те топли со неговата прегратка, која некогаш ја красеше друг.
А таквите мисли се горчливи. Таквите мисли го предаваат човекот. Не му даваат веќе воља за борба.
Морам да се навикнам некако без тебе.:( Сум слушнал дека кога нечие срце ќе се скрши, тоа станува поголемо и посилно.
Во сите лица те барам тебе, на секоја раскрсница, во секоја гужва. Но ти не си тука.
Без тебе сепак овој живот ќе продолжи. Ќе помине време кога ќе сфатиш што дозволи да си замине од тебе. Од мене веќе си замина копнежот.
Без тебе, сепак, лажната надеж исчезна...

И кога повторно ќе размислам сега за себе, кога повторно ќе го прочитам тоа погоре, што сум го напишал времиња наназад, малку повеќе трезен, сфаќам дека цело време сум се борел со самиот себе. Сега се надминав и себеси. Сега е различно, со тебе бев полажно среќен, без тебе сум цврст во моите погледи и разбирања, кои се само мои! Твоите не се само твои...:)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
~ Без Тебе ~


Колку пати во животот сме биле принудени да се откажеме од нешто што ни причинува задоволство? Тоа се оние мазохистички навики за кои знаеш дека те уништуваат, а така слатко уживаш во таа болка. Се обидуваш да ги отфрлиш од твоето секојдневие, а тие пак како да ја сфаќаат таа твоја намера и ти навлегуваат се' подлабоко под кожа.
И никогаш не се ни запрашуваш како би ти изгледал животот без нив, дали би ти било подобро или не.. Одбиваш, негираш, се противиш.. и доаѓаш до тој момент кога си засекогаш навлечен и знаеш дека нема враќање назад.

Без тебе?.. Ха. Никогаш. Никаде. А знаеш зошто? Затоа што не сакам. Можам, но не сакам.
Да, ти си моја болна потреба која ме прави да се чувствувам жива, дека постојам. Црните солзи што ме горат во ноќите ме потсетуваат дека ова не е сон, дека јас дишам.
Звукот на решетката, топлиот здив, твојот стисок... Екстаза.
Слатко-горчлив вкус ми ја здрви устата, за да не го почувствувам жарот.

Без тебе?..
Не.
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Ноќва те закопав. Беше тоа невообичаен погреб. Грееше сонце среде црната ноќ,громови молскотеа на ведрото небо,а дамите тажалки танцуваа над твоите останки. Беше трогателно колку што и олеснително.
Во моментот кога замина,таа роди. Роди нов живот од јаловата утроба,а умреа два и ги положи како цвеќе на твојот гроб.
Ноќва ми донесе писмо со точки. Точката претставува крај,така велат.Краеви со мртви израстоци,безначајни,нефункционални,сосема бескорисни,а сепак сите очекуваат одговори на следното.Сите различни,сите ветуваат,сите би влегле во игра само ако им се дозволи.
...Се чувствува твоето присуство иако никогаш не си бил присутен,иако проветрувам се` од себе со недели, повторно го чувстувам истото струење на воздухот како арогантно минува покрај бледиве образи.
...Безбедна сум во недоверливо осамено гнездо,иако побезбедна се чувствував во стапицата во која ме држеше и грижливо ме одгои. Во ќелијата без ѕидови низ кои го слушав тупотот на твоето...срце.На моменти ми наликуваа на исплашено врапче,а на моменти како гладен волк кој размислува кој дел од мене да го изеде.
...Исто е се драги,не помислувај дека секојдневието е сменето без твоето присуство,едноставно,моментите стануваат подолги. Заспивам низ минутата,а секундарникот во часовникот одамна прекина да ја извршува својата функција.
...Помислувам два пати пред да се насмевнам. Штом се насмевнам,ја гледам твојата грба,твојот мал,свиткан ко во клопче скелет кој во доцните часови сее омраза над моето тело ,а го крие својот лик пред светулките за да не ги прочитаат мислите.
Без тебе чувствувам дека си присутен повеќе од претходно. Го чувствувам јажето кое секој ден го стегаш околу вратов се повеќе и повеќе.
И еве сме,и двајцата мртви пред статуата каде што се родивме,со рацете околу вратовите,со очите ширум отворени,а заздравените лузни крварат над листовите кои допрва требало да паднат.Како кадар ставен на пауза затоа што некој мора да доручкува.
Без тебе е поинаку,а сепак толку исто.Единствено боите стануваат поживи,мирисот станува поизострен,а животинските инстинкти надвладуваат над човечките.
Не беше вкусен ,на крајот на краиштата. А толку надеж вложив во тебе...
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Каков ли би бил мојот живот без тебе? Најверојатно празен, сив и тивок. Без тебе би го изгубила виножитото кое се прелева во најубавите бои, кое го прави прекрасен секој мој ден покрај тебе. Без тебе би била само уште еден скитник кој лута по светов и го бара своето место под Сонцето. Кога ти не би постоел, не би постоела ни јас, бидејќи ти си тој што ми ги врати волјата и вербата, тој што ја врати смислата на моето постоење. Без тебе, ќе ја изгубам секоја смисла на мојот опстанок во овој чуден свет.
 

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.701
Поени од реакции
2.353
Ех другару. Па и нема ден да не се сетам на тебе, немаше ни таков кога беше меѓу нас. Без тебе навидум е се исто. Површните работи остануваат такви какви што беа на периферијата на нашата индивидуа и вешто ја кријат тагата што се создава во длабочината на нашите срца.Но не, не е така. Без тебе има една огромна празнина која ќе ја чувствувам засекогаш. И тоа го мислам братче, засекогаш. Знам како ми беше со тебе, знам како ми е и без тебе мој другару. Ги паметам деновите на заедничката среќа со тебе, се знаевме од мали. Колку безгрижни моменти поминавме заедно не грижејќи се за можните опасности. Кој ли веруваше дека тој жар што гореше ќе може да згасне за миг. Твојот живот на овој свет траеше премалку, но повеќе од доволно за да остави жиг на сите срца кои те познаваа. Ќе остане така засекогаш. Ти ветувам.

Почивај во мир Дарко.:(
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
-Без тебе, мамо, нема кој да ми даде млекце.
-Без тебе, тато, нема кој да ме носи на ушка.
-Без тебе, бато, немам со кој да правам “Ѕе!“.
-Без тебе, бабо, нема кој да ме чува.
-Без тебе, мамо, нема кој да ме повие.
-Без тебе, дедо, нема кој да ми чита прикаски.
-Без тебе, дадо, немам со кој да си играме учителки.
-Без тебе, мамо, нема кој да ме дотерува.
-Без тебе, бато, нема со кој да си играм џамлии.

-Без тебе, Мартин, немам со кој да одам накај школо.
-Без тебе, тато, нема кој да ми попушта кога мама е лоша.
-Без тебе, Еци, немам од кој да препишувам.
-Без тебе, Иве, немам која да ми биде најдобра другарка.
-Без тебе, дедо, нема кој да ми дава пари кога мама и тато нејќат.
-Без тебе, брат, немам со кој да се закачам кога ми досадно.
-Без тебе, бабо, нема кој да ми прави пити.
-Без тебе, тета, нема кој да ми праќа по нешто ново од Америка.
-Без тебе, сестро, нема кој да ми дава поубави облеки.
-Без тебе, Сања, не знам со кој ќе седам во клупа.
-Без тебе, Стефче, кај ќе глеаме порничи?
-Без тебе, Игор, кој да ми биде симпатија?!
-Без тебе, Кате, не знам на чиви цицки ќе се палиме со другариве, коа на другите во одделение уште не им пораснале?

-Без тебе, Софи, нема со кој да праам трач-муабети.
-Без тебе, Гого, нема кој да ме внесе во Колосеум.
-Без вас, професорке, немаше да го фатам просекот.
-Без тебе, Ане, немаше никад да ебам.
-Без тебе, Кико, немаше никад да се запознаам со Ане.
-Без тебе, мамо, нема кој да ме испере и најаде.
-Без тебе, брат, немам кој да ми е грб.
-Без тебе, Саше, ќе останев загорена до брак.
-Без тебе, Димче, нема кај да пиеме.
-Без тебе, Рики, нема со кој да вежбам математика.
-Без тебе, Емче, тапа ми е на мсн.
-Без тебе, Маја, нема на кој да се отворам.
-Без тебе, Мики, нема кој да ме расположува.
-Без тебе, сис, немаше на кој да се вадам на тато кога ќе заглавам надвор до касно.
-Без тебе, Деко, нема кој да ме враќа накај дома.
-Без тебе, Коки, немаше никад да научам физика.
-Без тебе, љубов, немаше да знам како да сакам.
-Без тебе, малечка, од каде ќе црпав инспирација?
-Без тебе, мамо, немаше кој да ме храбри и поддржува.
-Без тебе, сонце, мојот живот ќе немаше смисла.
-Една година јас без тебе, јас без себе...
-I can't live with or without you...
-По цел ден и по цела ноќ, умирам без тебе...
-...зошто боли вака секој Божји ден што ќе ми помине без тебе?
-Се е бледо лажно знам, без тебе не можам...
-Казна е со тебе но и без тебе...

“Без тебе“ е навика. “Без тебе“, МЕНЕ ми е тешко. “Без тебе“, ЈАС не можам (да живеам). Како тоа умешно го претвораме отсуството на другата личност во своја несреќа... Не можеме без некого, не заради тој самиот, туку заради нашите глупави потреби. И да, на крајот ние сме оштетените, унесреќените...

“Без тебе“ е само еден прозаичен крик што затскриено ја покажува нашата себичност. Ни јас, ни ти, никој не е имун. Па добро. Се е во ред. Само, штета што попрво би се доживеале себеси како несреќни, отколку како себични.

 

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Без тебе...со тебе...која е разликата. Животот е живот, тече... дури и кога нечујно минуваат миговите додека мислиме на вчерашниот ден. Ден кој е дел од минатото и не' врзува за нешто што веќе не постои, не ни дозволува да бидеме слободни и да го живееме животот. Живееме во сегашност, која често ја пропуштаме безвредно.

Без тебе...со тебе, среќата е среќа....која е разликата? Дали среќата се сведува на ситуација да морам да те држам до себе за да бидам среќна? Без тебе...со тебе...Јас сум во љубов со тебе, во љубов со светот...која е разликата? Зарем постои поделба на љубовта? Љубовта е љубов, колку повеќе даваш, толку повеќе имаш...толку повеќе растеш.

Уште еден ден без тебе, сеуште сум среќна..........Но она што ја прави разликата е чувството на поддршка, меѓусебна почит, стабилност, сигурност. Да те кренам кога ќе паднеш, да те потсетам дека вредиш сеуште, дека можеш да го препливаш и најдлабокото море. Да ме покриеш кога во ноќта ќе задува ветренце. Да те ислушам кога шефот на работа ќе ти закачи казна. Да можам да врескам кога ќе се појави глушец во купатилото....Да има со кого да се мавам со торта кога ќе си заминанат гостите.

Чувство на слобода, комлетност, чувство на поврзаност....кое трае, не престанува, сеуште трае. Чувство на блискост, допир.....Чувство дека со некого можам да споделам се, буквано се.....

Ах, зошто баш ти? Веројатно се работи за две ментални склопки кои се надополнуваат меѓусебно, кои можат да формираат целина која ќе може да фунционира балансирано. Две клопчиња, кои испреплетени можат да создадат совршен контраст на боите.........

И утре, сонцето сепак ќе изгрее, ќе ме направи среќа. Но и утре....... ќе немам на кого да му посакам доброутро, ќе нема кој да ме погледне во очи и да ме разбере без збор....Енергијата ќе морам да ја споделам со колегите, соработниците...некои случајни минувачи во мојот живот, сепак сеуште со истата насмевка и ведрина
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Заебав работа, им попуштив на твоите демони.
Што можев?
Се чинеа неодоливи.
Сега сум уште посигурна во тоа, во неодоливиот вкус на тортата со фил од страшен студ и меки слоеви хипнотизирачка енергија.

И преливот од емпатска маска која им одржува баланс.
На мојата маска има само црвени, свилени конци.
Ме болат нозете од овие чевли, мојот танц изгледа само како аматерско бегство од праволиниско чекорење.
Како тивка река
што си ја рони мелодијата во погрешна октава.
Неважно. Брзо ќе го отшијам сомнежот од секојдневните мисли.
Никогаш не го сечам.
И продолжувам со сонот да ги посетам Алпите.
А што ако те исечам тебе?
Подоцна ќе ти го објаснам тоа.

Сега сакам да ги погледам малку Алпите како секое утро се будат во жолт сјај а заспиваат во црвен, и баш им е ебено гајле.
Ме учеа дека не треба да зборуваш додека очите ти се полни.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Без тебе,животов би ми бил подобар,полесен.Навечер ќе можам мирно да легнам,без да се плашам да не дојдеш од некоја страна,мирно ќе можам да заспијам,и мирно ќе спијам.Понекогаш рапидно се будам мислејќи дека си тука,дека ме демнеш,плашејќи се од следната повреда не можам ни да заспијам.
Ако те нема на твоето вобичаено место,полудувам,не можам слободно да седам на компјутеров,од страв се молам да не се стемни,зошто стравот станува поголем кога не гледам ништо,па ни тебе.
Раните што ми ги нанесе не можам ни ден денес да ги излечам,чешаат,ужасно,до крварење.
Кога би те немало,би имала една обврска помалку,ќе нема да морам да ги чистам делата што секојдневно ги правиш и ги оставаш недовршени,без да ти е гајле дали некому му пречат.
Немам сила да те убијам,а толку сакам.Не можам,кога ќе ти се приближам своеволно,стравот ме надвладува и морам да побегнам подалеку.Кога има доброволец за да те убие,тебе те нема,што е уште пострашно,ко да ми ги знаеш намерите.Исчезни,исчезни те молам проклет пајаку,што секојдневно ме гледаш од левото ќоше над компјутеров.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom