Тука пишуваме на зададена тема

Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
"Знаеш, ништо не е многу променето..."
Кога го прочитав првиот дел од мејлот кој ми го прати си помислив дека си полудел. Па јас не сум веќе малото девојче со кикички што трча по скалите, ти не си повеќе мојот принц кој ме спасува од многуте невољи во кои запаѓав. Сега сме двајца возрасни кои размислуваат за својата иднина, кои се трудат да го постигнат она ниво кое ќе ги задоволи нивните критериуми за комфорт. Ти си успешен во својата работа, јас довршувам образование. Па ние комуницираме преку интернет, се пронајдовме на оние myspace, facebook и што ти ја знам. A се сеќам дека поштата добро живееше еден период од нашите писма, картички, честитки.

"Конечно ќе се видиме..доаѓам за една недела"
Како само ми затрепери срцето кога ја примив таа порака. Навистина овие 10 години не изменија физички и пхички, но сега требаше да се соочам со нив. А колку само ми беше страв од тоа соочување. Некои црти остале исти, но дали си тоа навистина ти..и дали сум јас навистина она што ти го знаеш за мене? Бев среќна, тажна, се смеев, бев преплашена...Ќе те препознаев, барем се изнагледавме слики..колку можевме си дозволивме да навлеземе во нашите животи и да се потрудиме да знаеме за нас онака како што знаевме.

"Тешка беше оваа деценија...да не дозволиме да ни се повтори." Тоа беше единственото што успеав да ти го кажам пред да потонам во твојата прегратка, да го вдишам твојот парфем и да се почувствувам сигурна како некогаш.
Навистина одејќи кон дома ги здогледувавме сите оние места на кои седевме порано. Некои од нив се сосем распаднати..на местото на некои се изградени такви зданија што запрепастуваат.
"Ништо не е исто како порано..многу работи навистина се промениле за овие години" - ми рече и ме погледна во очи - "..освен местото кое ти го имаш кај мене".
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Деценија

Заобиколувањето на патот кон дома знае да биде забавно,посебно ако на патот сретнеш странци со кои радо би го делела вечното почивалиште,но не она под 6 метри оплакувана и периодично гомнена земја,туку она каде полужив го примаш воздухот преку пластична цевка,храната е вбризгувана во мрзливите вени,а музиката тече низ смрдливата вода од населените облакодери.
Полирањето на валканите чевли знае да биде инспирирачко ако бојата е доволно црна,оптимизмот доволно бел а рацете невини како утринска роса. Штета што секогаш ја преспивам на мојот престол од картон. Се додека некој не плукне во очите полни со надеж.
-Едно чистење молам!
И така секојпат си ветувам на себе дека ќе се разбудам пет минути порано.
Ми подарија часовник,но никогаш не се потрудив да го протолкувам времето. Но го носам со себе. Создава музика. А се што создава музика претставува зависност.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Бараше насмевка од позитивни случувања,бараше чекор кој остава видливи стапки од бои ,кои долго се паметат...реткост како ирис.
Случувања во бројки,случувања во една димензија како време сакаш да биде преточена во огледалото на насмевките.Секогаш може да постои таму,ако тоа огледало може да се одржува една деценија без никој друг да погледне.Можам да ти насликам милион насмевки,восклик кој одекнува до недпреноста, но дали такво огледало бараме пред себе.Дали реалноста е отсликување на сонот кој постои само како страв од отсуство на сите тие облици ,облици на радост и среќа,дали реалноста е дека неможе ниеден текст да се случи без присуство на елегичност,елегичност која се нижи како години,деценија...како реалност.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Тие двајца, после се` што поминаа заедно, не си дозволија ниту една нормална разделба. Беа мали, но беа и доволно зрели за да не дозволат трета личност да им стави крај, без да ги праша.
А потоа? Потоа се` тргна по тој искривен пат. Некое време беа принудени од околностите да се гледаат многу често, за да на крај, сепак завршат далеку еден од друг, како тотални странци.
Секој што ги познаваше би се запрашал дали тој немаше нешто недокажано или дали таа, толку повредена, не сакаше милион пати да го застане и да му извика на цел глас колку го сака и колку животот е неправеден кон нив. Сигурно и двајцата знаеа колку многу имаат да си кажат и колку многу заслужуваат да се заедно, но нешто посилно од нив не дозволи да се случи тоа ...
Помина цела една деценија после тој бурен период, испрекинат само со неколку збунети погледи ... "Зошто ми го направи тоа?", "Зошто не ми веруваше и не ме праша мене ништо?" ...
Конечно, дојде моментот кога истото тоа посилно нешто од нив кое ги раздели - ги спои. Секогаш е така. Може да поминат и години, но секој човек еден ден ќе биде почестен со вистината или со причината за нешто, која цело време ја барал.
Тие двајца, после се` што поминаа разделени, повторно заедно, во иста просторија, на иста маса, еден до друг. Повторно без простор за рамнодушност помеѓу "Зошто ми го направи тоа?", "Зошто не ми веруваше и не ме праша мене ништо?". Ја имаа совладано техниката на молчење кога тоа е најмногу потребно, па не им беше тешко да го сторат тоа уште еднаш. Фина вечер, друштво, весели разговори, шеги и смеење, се до мигот кога таа се потруди да стави крај на сите измачувања. Знаеше дека нема да се повтори таа шанса ... да е до него и да може да му каже се` што преќутила некогаш и да му се извини што не нашла доволно сила да го направи истото, кога било време за тоа.
Единствена цел и беше да добие прошка од него, за нешто што тој цела деценија верувал дека таа му го направила. Беше тоа многу одамна, но неа сеуште ја измачуваше таа недореченост и лага, а мислеше дека исто се чувствува и тој. Фактот што тој беше веќе сопруг и татко, ја натера да избере дополнително повнимателен пријателски пристап.
И што доби од тоа? Нешто што ни во најголемите кошмари не го очекуваше. Доби предлог да не се мачи да зборува и понуда да замине со него во неговиот автомобил.
Целата убава слика за него се скрши, децениската болка и немир станаа смешни, неговото присуство незабележително, музиката погласна и поубава, а нејзината насмевка се` повесела.
Наредниот ден му беше благодарна на човекот што без збор ја раздели од него и на тоа другото, што не знаеше што е, што не и даде сила да се избори за да го врати.
Вредеше да се чека цела деценија за да дојде денот кога ќе се почувствува навистина среќна, горда и премногу вредна за него. Вредеше ...
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
беа толку блиски..се сакаа неизмерно.
имаа различни ставови кон се,различни мислења и сваќања.се караа и расправаа за секакви работи,се мразеа-се сакаа-се караа па се смируваа,нивната животна приказна...
таа се чувствуваше сигурно во неговата прегратка,мислеше дека кога тој ја гушка никој не може да ја повреди,никој не може да ја види неа и нејзините гревови,чувствуваше дека само тој на светот може да ја разбере и свати,дека само тој може да ја сака онаква каква што е...
беа толку слатки кога се расправаа..таа преташе со раце и нозе,му објаснуваше,се нервираше зашто баш тој од сите луѓе на светов има различно верување од неа...а он ја гледаше сосем смирено и и возвраќаше со тивок глас,знаеше дека само така она ќе остане таква распретана,а он на тоа се воодушевуваше,заради тоа ја сакаше..што беше таква жива,што кажуваше се што и паѓаше на памет во тој момент...што не се грижеше за мислењето на никој друг освен неговото..
таа беше свесна дека тој не ја знае нејзината мрачна страна,сакаше да му признае се,да му каже дека е монструм,дека секогаш кога е сама неможе да се поднесе себеси заради нејзиното минато..и секој поминат момент со него сакаше да врисне,да му каже се,не можеше да се помири со тоа дека крие такво нешто од него..баш од него..

не беа љубовници,ништо слично.беа сродни души.кога конечно двајцата го сватија тоа таа спонтано почна да му кажува се..
му кажа дека како мала била силувана,дека патела неколку години,потоа го нашла,го следела и му ја запалила куќата..до денес он нема каде да живее...шета по улици сам,без трошка чест во себе..не можела да му дозволи нему да ја обечести на таков начин и да остане неказнет...
се плашеше дека он ќе ја суди,ќе ја отфрли но тој само ја гушна..
“мое малечко...“
тој сега знаеше се за неа...како и таа за него..
толку спокој не чуствувале никогаш..

помина една деценија..сега се заедно..конечно.ќе да дочекаат вечнота заедно,барем така си ветија еден на друг.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Воздивнувам олеснувачки, го преживеав падот и какво олеснување е враќањето, повторното застанување на старото тло. Всушност, не е она старото, види го, се зацрврснало, можам похрабро да стојам. Од оваа точка слободно да размислувам за изминатата деценијата и да ја погледнам иднината. Сама со себе удобно да ги пречекам хаотичните, длабоките, затскриените, налудничавите мисли.
И еве, ја држам измината деценија на дланка, подготвена за премерување и вреднување. Впиена е во мене како пороен дожд, а капките се толку различни. Зашеќерени и горчливи, крупни како џамлии и ситни како атоми, преколно забрзани или бавни како да сум ги чекала сиот живот. Ме удираат силно, ме одбележуваат, а трагите се непресушeни. Сеуште срцево знае да зачука посилно кога ќе се вратам, ах тогаш не можам да го поднесам топотот, носен од мириси, бои и звуци кои радо би ги заклучила во длабочините на гроб, би ги претворила во пепел. Зашеќерените капки пак... ретки се ама вредат цело едно богатство, ретки се и затоа не им дозволувам да исчезнат од мојата глава.

I have spoke with the tongues of angels
I have held the hand of a devil
It was warm in the night
I was cold as a stone.

Потоа го оставам минатото да бледнее и погледнувам кон ова сега и овде за да добијам престава што потоа.
Како се замислувам себеси во наредната деценија? Каде сум јас, каде се дождовните траги, каде се луѓето што ги сакам, кои се налудничавите мисли што ме водат?
И вистината е дека...што ќе се случи утре не знам. Но животот е пред мене, а освен тоа, мора да се најде некоја среќа во непредвлидливоста. Мора да се одбере вербата, само тоа е начинот да се направи тлото на кое стојам поцрвсто.

Well, yes I'm still running.
...You know I believe it.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Една тема за сите заљубени, за сите кои фантазираат, за сите кои го бараат или едноставно уживаат во овој наслов често, поретко или воопшто. Еден нежен, прекрасен Допир
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Допир

Осамна дождливо утро,посмело од срамежливата ноќ.Иако сеуште не и се напушташе топлината на креветот,можеше да го почувствува мирисот на дождот како навлегува низ клучалката и и наредува да води љубов со него.
Молскавично излезе,чекореше со крената глава,се препушти на милувањата без двоумење,а тој себично се вдомуваше на нејзиното тело.Мокрите кадрици ги покрија нејзините дискретно разголени рамена,а нејзиното лице беше измиено од секоја илузија што ја сонувала.
Се чинеше како се повторно да се родило, воздухот беше остар,убиваше, а дождот по малку груб,неизбрусен,искрено ја обелоденуваше секоја несовршеност.
Не сакаше да се врати таму. Посакуваше просторот за момент да изгледа како соба во која никој нема да влезе се додека таа не го посака тоа. Кога ете,некој чукна на вратата и сликањето пејсажи по валканиот прозорец се претвори во еден неумешен сив акварел.
-Што правиш?-проговоре некој.
Не сакаше да се сврти,кога би се прашувала таа,би останала да го допира стаклото со нејзините раце,се додека некој ден тоа не се сожали и се стопи во нејзините дланки,како дождот кој не го беше почувствувала со години.
Почувствува како воздухот стануваше се потопол и потопол. Во истиот момент грубите дланки се најдоа на нејзиниот врат,полека движејќи се кон грбот и боковите.
-Ти...трепериш...
Трепереше од страв,од возбуда,од измешани емоции на љубов и омраза,посакуваше да остави нејзина трага на тој труп од тело, да не му дозволи да замине и секогаш да остане покрај неа, посакуваше да ги зарие прстите во неговото лице од кое крвта и смрзнуваше и да се убеди себе дека и тој е човек од крв и месо,а не чудовиште како што сакаше тој да мисли.
Беше се што тој ќе посакаше.Од глувонема кукла до невина развратница,си играа и си играа се до зори. Само во зорите беше сама со тишината и и ги шепотеше сите нејзини мисли.
-Кажи нешто,било што,по ѓаволите,ме убива твојата рамнодушност,што мислиш,ќе биде како што ти ќе посакаш? Сакаш да умрам низ твојот заборав?
Врела шлаканица го зарумени нејзиниот блед образ.Се сруши на земјата,тешко дишеше.Се крена од земјата,со очи полни суд и гнев. Го погледна ,но овојпат не онаа плашлива девојка која тој ја забележа таа есен на клупата и ги дробеше сувите лисја под своите прсти.Овојпат,ги сменија улогите. Ја подаде раката кон неговото лице,да возврати за сите пригушени монолози.Но тој исчезна со сите нејзини стравови.Воздухот проструи и ја погали нејзината дланка.
Осамна ново утро,неисквернавено од налудничавата ноќ.
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
229
Koлку е поспонтан и поедноставен почетокот, толку подлабоко не опседнува неговиот тек на крајот..

.....додека уморно читам за туѓите страсни приказни, ги ловам сите нивни иситнети моменти и ги ставам нивните сочно обоени слики на моја рачно изработена хартија, запира четката што прелетува во мојата рака...

Познат глас во кристалната соба...
Познат глас во мојот ум....

Пред моите затворени очи, циглите патуваат низ просторот и се враќаат на своите познати места, нижејќи се назад низ времето врз грубите темели на мојата стара куќа.
Растат и венеат папрати и мали бели ѕвездички околу нивната недовршена целина, која го издолжува бетонот само на северната страна од студениот дом.
Линиите бесцелно се бркаат во празниот лист се додека не оформат јасни прозорци, чоколадните тешки завеси, рапавиот ѕид облечен во нерамномерни сенки.
Тоа е спалната соба, во која јас, мразач на прејакото попладневно сонце кое ми ја растопува идејата за мистицизам и лудачка романтика; несмасно, скоро до раскинување сум ги навлекла завесите врз големите прозорци.
Креветот во средината на собата плови во густ мрак, ретко испрекинат со процепи светлина, која преку ѕидовите брзо го бира најкраткиот пат до надворешниот свет, ретко толку засрамена.
Воздухот во таа соба никогаш не мирисаше, потврдуваат длабочините на моето паметење.
Пред мене се прекрасно подредени сите влакна од твојата црна коса, сите до едно умртвени на моја перница. Мирна сум, свртена со лицето кон тебе.
Со векови лежам таму и мирисам, те запознавам.
Ми го впиваш целиот лик одеднаш, како да е лик од статуа на паганска божица.
И потоа, овде, токму во овој момент течат зборови, испеани на непознат јазик преку очите.
Меѓу редовите на подарениот сон ме нишаат топли сенки на твоите раце, сенки од истетовирана жешка мисла, избрана сум да бидам стебленце на редок нов живот; топол, ѕвезден, со корења од јадрото на земјата и благи лисја до облаците.
Сеуште ми го впиваш ликот одеднаш, овојпат мојот лик е ликот на твојата надеж. Надежта е твоја омилена љубовница; зелена, вечно расположена девојка на ноќта.
Мораш сам да менуваш вкусови и бои, бидејќи она што реалноста ти го дава е црно-бел глувонем свет и еднонасочна Едисонова струја.


...Тој бара и наоѓа, потоа повторно испушта; се забавува доволно долго за да заборави на несметените улици и пајажините на прозорците на градот. И доволно длабоко за да заборава дека е само уште еден генијален абортус на обидот за спојување на општеството со небото, еден мал јазовец кој и е лут на машинеријата.
Дека госпоѓите од книговодството во своите бескрајни книги со дебели корици неможат да го најдат неговото име, и парче од неговиот идентитет, изгубено лежи некаде на патот.
Тој спие, и неговиот блескав дух го опседнува.
Гледам како пластови и превези му се одлепуваат од усните, гледам како повторно е заедно со себе. Гледам како лицето му се претвора во еден замаглен цврсто затворен круг кој е во дефицит на остри црти во својата изразито белата и мазна внатрешност.
И среќна сум, бидејќи спокоен е само кога ја љуби надежта за својот сон; иако таа воопшто не е ни суштество живо.
Уживам во глетката на затворените очи посеани со долги трепки, кои се нишаат бавно како алги.
Замижувам, го потиснувам немирот од трошната рамка во мојата глава, и искрено се насмевнувам.
Овде сум, со допир внимавам пластовите и превезите да не одлетаат предалеку од неговото тело.

Како поинаку можев да му помогнам на моето момченце од нежен восок?
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
еден допир на копчето и избришани доказите...

што се криеше зад добро диригираната и договорена тема...љубовта, омразата...посакувањето, можеби нетрпението, а и љубомората беше на сцена секако.

со смиреност ја следев ситуацијата, и имав веке исплетено мрежа во коа актерите на блудот и задкулисната игра се најдоа уловени...повторно и повторно...

...како да беа проголтани од монотонијата на депресијата и скриената важност одвлечкана од дамнешни спомени за некоа долго посакувана љубов, која во моментот на исчекување, пропаднала во неповратот...наречен безвременски шарм на ловецот со децка насмевка...

допир...копче...насмевка покварена...блокада на умот...избришани се доказите...добро е...

...повторно испаднав губренце мало...
 
С

Сатори

Гостин
Една тема за сите заљубени, за сите кои фантазираат, за сите кои го бараат или едноставно уживаат во овој наслов често, поретко или воопшто. Еден нежен, прекрасен Допир
Благо поставување на усните на неговата кожа, длабоко вдишување на секој атом мирис кој што испарува од неговата душа.
Нежно затвори ги очите со помош на моите нокти и сонувај додека се спуштам по тебе во темнината, нека си игра јазикот со порите, кристално јасно нека се слушаат воздишките и влажноста на спојувањето е онаа што ја создава пареата во воздухот.
Силно притискање на кожата во твоите раце и линија крв полека цури надоле кон вратот од усните, никогаш нема доволно сатисфакција ако нема болно воскреснување со примањето на сите удари, насилно зададени гребаници.
Прекин на дотокот за воздух, оргазмично давање, длабинско хранење на нимфата.

Задоволството секогаш се прекинува во моменти на комплетно предавање, транс.Секоја игра е различна, се распознава по звуците кои што го одаваат интензитетот на болката и влажноста на внатрешноста.Забите се зариваат во десното рамо додека не се растопи месото во устата за вкус на урми и не се појават морничави црвени остатоци.

Дим од цигара.
Потреба.
Допри ме ...
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Како завиткана во свила уживаше во неговите прегратки. Бакнежите врели како лава оставаа вечен печат на нејзиното тело и душа. Огледалото ги рефлектираше утринските зраци на голата женска фигура, додека неговите прсти нежно минуваа по нејзиниот 'рбет, пишувајќи ја среќата со мед. Не можеше да замисли дека има ваква перфекција до него, за него, со него. Го вдишуваше нејзиниот мирис со сласт и себично го чуваше за него, тој мирис на ангел, полн со невиност и страст.

Тој ја викаше "Мој ангелу..". Го спаси, го извлече од живиот песок кој го влечеше надолу, а никој не му подаваше рака за помош. Не гледаше никој и ништо пред себе, само темнина, луташе во овој свет без улога, без цел. А во снегот седеше таа, радувајќи се на зимската белина како дете. Ја погледна, се стаписа. Нејзините очи му отворија нови порти за него, сјаеја со толку љубов и наивност во нив. И за момент се почувствува како тоне одново, но овој пат знаеше дека тоа е вистинското место, и се препушти целосно.

А, таа пак... Ох, далеку од ангел. Повредуваше за да знае дека е забележана, се повредуваше за да се осигура дека сеуште дише. Бројните лузни и модрини на белата кожа, горчливи солзи на румените образи ја потсетуваа дека има уште од овој живот. Сакаше да лета, да одлета некаде каде што нема да знае никој, да почне одново, да ужива без грди маски и прсти посочени кон неа обвинувајќи за тоа дека постои. И тогаш, во снегот, го здогледа него. Зрачеше искреност од него, поради што и пропаѓаше.. Како љубопитно мало дете го проучи со поглед, го зграби со нејзините очи.. а тој не се побуни.
Како понесени од некоја сила тргнаа еден кон друг, и доволен беше еден допир да се срушат нивните ѕидови, да си ги откријат своите најскриени тајни и најпосакувани желби..

Го љубеше како што само сонувала дека може да љуби некој. Беа едно. Се сплотија како стопен восок од две високи, скршени свеќи. Нивните дланки се споија и тие повторно почнаа да живеат.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.437
Допир... Нежен. Груб. Мазен. Згрчен. Во зависност од чувствата но сепак тоа е допир. Ги покажувам чувствата кон неа. Ги откривам нејзините. Ја милувам по душата додека таа сонува. Го сака тој допир. Додека спие сака да слуша глас кој и шепоти дека ја љуби. И таа има свој сопствен допир. Допир кој придонесува моите страсти да горат повеќе и повеќе. Таа е раскажувач. Исто како јас. Но други зборови употребува кога ме допира. Зборови кои само мене ми значат нешто. Нежни зборови. Миго допира срцето додека сонувам. Кога е лута, јас плачам. Зошто побогу е толку лута? Ми ја цеди душата со тој нејзин допир, толку силен, што може да ме однесе до вратите на самиот пекол. Но пред самиот крај таа престанува. Знае дека не може без мене. Ако умрам, умира и таа. Затоа што живее во мене. Таа е мојата фантазија.
 

зунза

Модератор
Член од
27 јануари 2006
Мислења
3.301
Поени од реакции
60
Каде си тргнала сама... Патот е толку правлив, крив, каллив, пеплосан.
Празен ти е светот. Слушаш песни кои велат дека има надеж. Дека има полошо.
Сакаш подобро. Да им го подобриш животот на сите барем во твоја близина. Да ги оправдаш за нивните лоши одлуки,постапки,зборови.

Наутро се будиш во сивата зора. Твоите утра се секогаш дождливи и облачни.
Првиот поглед ти го крадат туѓите животи. Таму надвор. Во тешкотијата.
Сонливо трчаш секое утро додека ветерот те шиба по градите остро. Знаеш дека не си единствена. И покрај се си уште од оние кои веруваат во подобро утре. Подобар момент. Можда и допир што пропаѓа длабоко во тебе. Во се она што те троши, во се она што прифаќаш, во се она што го дишиш.
Ти само би преспала неколку дена. Би заштедила неколку здива. Би уништила неколку допири,погледи,прашања.
Би била нешто подобро.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Допир

Елегантно, моќно, суптилно, ладно оружје наречено Допир...
Освојувач кој ти буди глад за сетилни сензации, војсководач кој со еден потег те тера да се предадеш...Зар не е првокласно вино? Се насладуваш како крал што знае дека следи уште, се опијануваш на начин на кој занесот моќно ги изострува сетилата, и додека да се свртиш, си станал хедонистички роб кој копнее за додавање бензин во огнот. Толку различен, од прекрасна поетичност во ноќта над пустината на велеградот, до одраз на лесна страст со егзотичен мирис која те нурнува во темен океан. Тоа е сетилниот допир, може да биде послан на кревет од црвени рози, или пак обвиткан со хедонистичка потрага по моќно, страстно доживување.
Но што е со апстрактните допири?
Поетичен е допирот на душата, допирот со подлабока продорност, допирот што ретко се случува, но се чувствува силно како сончев блескот.
И најпосле, деструктивниот допир, допирот што руши кула од карти. Кус, ненадеен допир по сулфурна рана на кожата, болен разоткривач на бездни, допир што го крши лесно она што мислиш дека си го изградил вешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom