Забавна ноќ...мораме да признаеме. Дури и јас како набљудувач го почувствував тоа. Музика гласна, иако не по нивни вкус-ја апсорбираја и двајцата, водката нејзина, пивото негово, друштвото заедничко...забавата беше на задоволително ниво. Хах, сега додека го пишувам ова па и се замислив, што ли му се залепи ко пијан за плот таа вечер?Што ли очекуваше? Очекуваше ли нешто всушност или само привлечно провоцираше? Се кладам дека ако сега во овој момент ја прашам нема да знае ни самата што сакала и што мислела тогаш.
Тогаш...колку далечно звучи. Но, секако... таа ноќ беше тогаш, тогаш-за неа, тогаш-за него... а дали тој ја памети? Ооооо да, за ноќта зборувам. Неа и те како ја памети, ве уверувам во тоа. Не е важно, да се вратам на приказната.
-Колку е добар, зашто си мислев дека не е?- ми шепна тогаш. Јас само се насмевнав иако веќе одамна го знаев одговорот
))
-Ќе видиш и самата- и одговорив, но таа не го дочека одговорот. Не ме ни слушна. Го фати за рака и заминаја. Таа и Тој...
Таа и Тој! Но, бездруго... чудни се патиштата божји. Сега, после толку време, откако знам се и видов се ако седнам малку подлабински да размислам и ја проанализирам нивната приказна дури ќе поверувам и во судбина.
-Судбина? А што ако навистина е судбина? Чудно.
...Го фати за рака и заминаја. Некои неповрзани муабети колку да не се молчи. Како и да е барем ја убиваја тишината. Каде одеа, што очекуваја, што ли мислеа воопшто? Важно дождот ги следеше... и не само тогаш туку и секоја друга ноќ. Од почеток до крај, остана нивниот најверен пријател. Некогаш го сакаја, некогаш го мразеја, но ниеднаш не ги спречи.
Не е важно, важно завршија заедно. Барем таа ноќ...и наредната...и понаредната... и неколку години потоа...
Љубов...страст...алкохол...пресврти...забрани и казни...стравови... јаболка... оооо да, многу забранети, црвосано, здрави и слатки јаболка... Таа... нотите на музиката- овојпат по нивни вкус... Тој... пак Таа... и интересната геометриска фигура која отсекогаш беше тука.
Но,тоа не беше проблем. Барем не за неа. Отсекогаш ја бидуваше за математика така што питагорината теорема добро ја владееше...а можеби и уште ја владее. Кој ли може да ја разбере кога не успева ни самата.
Можеби заврши се...можеби допрва треба...а можеби и никогаш нема...
Вистината е таа...една и единствена... Јас ја знам но ќе и дозволам самата да ја открие.
А таа???
-Таа ќе ја дознае...еден ден ќе ја дознае, таму некаде... Далеку и...Без Тебе.