Тука пишуваме на зададена тема

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
Се обложувам

Веќе беше ноќ. Секоја беше во својот свет, во својот топол дом, пред сопствениот светол екран. Не дека не се знаеја, ама не се познаваа, како што тогаш се запознаа. Ја покани во својата соба, со зборови и ја покажа до последната сенка. Влезе во нејзината соба, со зборови и ја зароби секоја емоција. Само тоа и имаа - поезија и проза, наместо сегашност и иднина. И така скришно пишуваа само за своите срца, секоја вечер одеа каде што никој бил, минуваа низ тајни врати и додека едната спиеше, другата го везеше нејзиниот сладок сон. Им беше забавно, понекогаш премногу тешко да издржат, а често тажната вистина ја убиваше лажната идила. Се чинеше дека зборовите никогаш не беа доволни, а единствено тие ги поврзуваа.

Беше ноќ, различна од минатата, сигурно поисполнета од наредната. Реши да замине по друг пат, со друга среќа. Не затоа што оваа не и беше доволна на душата, не беше доволна за телото. Таа пак, одлучи да ја пушти. Со солзи во очите и строгост на екранот, со надеж за заборав и дупка во срцето. Не смееше да биде себична, не смееше да се лути, а сакаше! Сепак, се заврши со нејзината насмевка и мисла која ја тешеше - „ Јас сум мирно море. За таков сурфер - досадно море!„. Колку само глупава мисла беше таа, ама други мисли, не ни можеше да си дозволи.

И сега е ноќ. Размислувам. Чудна е судбината понекогаш, често сурова, најчесто - грешка. И тогаш беше темно и тивко како сега. Секогаш е за некој празно кога ќе замине и за некој тажно кога сведочи. Немаат веќе никакво право една врз друга, не постојат. Исчезнаа токму тогаш кога сакав да се обложам дека ќе бидат добар ...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
В ред... слаб одзив. Туку, како ќе ви се допадне името на следната тема?

Назад...
 
С

Сатори

Гостин
Свилен е допирот на неговите прсти по мојата кожа.Секој ретро момент додека седам со чајот во раце и цигарата во уста гледајќи некаде далеку преку бандерите.
Никогаш нема да кажам дека не те сакав мило, првиот човек кој што некогаш ме допрел и ме научил дека се има убавина само ако го погледнам малку поблиску.
И не, не ми е страв да летам кога некој ми ги преврзал крилата и конечно зараснале.Сега е лесно да се види дека секогаш си бил тука за мене, а станува касно да користам зборови и фрази за да ги објаснам сите малечки вртелешки на Земјата.
Тон по тон и на крајот фокусирана слика врз дрвената површина извалкана од многу пепел, а сите црвени дамки се мијат некаде каде што е безбедно и без премногу болка.
Назад ... во сите благи спомени, назад ... барем на момент, назад ... каде што е топло.
Благодарам мило.




*(посветено на една моја многу драга личност)
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
There are not many persons who know what wonders are opened to them in the stories and visions of their youth;for when as children we learn and dream,we think but half-formed thoughts,and when as men we try to remember,we are dulled and prosaic with the poison of life.


Единка во свет на беспомошни полу'рбетници.Тромадолизиран уште во фаза на полупроцесивни мозочни функции,труен со наводна величина на единката,поетска правда преку очите на родител згазен од комунизмот,раштимана виолина....


Ако сегашноста е плод/резултат од/на твојата имагинација во некои помлади години,тогаш можеш себеси да се сметаш за успешен во кормилирањето.А ако денес бегаш од твојата животна цел и имагинарна апсолута која си ја зацртал на истите тие млади години,можеш себеси да се сметаш за неуспешен.
Изборот е битен.Промисленоста во изборот исто така.Никогаш сум ги немал тие работи добро расчистено.Никогаш не сум сфаќал сериозно.И без разлика колку длабоко на површина излегува моето верување во одредена работа,без разлика колку силно се држам до мојот избор,колку го сакам и бранам....одвнатре се е шупливо.
Рамнодушно во секој поход.Рамнодушно надвор од секој поход.
What goes around-comes back around,би рекол некој кој несвесно или свесно ми предочил една вистина.И да,тоа е вистината.Минатото те гони секаде.Секогаш останува со тебе.Секогаш те тапка по рамото и го бара твоето внимание.И кога-тогаш,го добива.


Некои луѓе се паметни.Создаваат минато на кое задоволно можат да му се вратат во мислите и секое делување на база на сеќавањето да им биде повеќе од мило.Кај мене целото минато ми е сведено на општествено-религиозно-морална девијација.Луѓе,групи,места на движење и зачарани кругови од кои,наводно,нема бегање.Длабоко навлезен во тој свет уште од првото вистинско загледување во огледалото,уште од првата прочитана книга која како мал сум ја читал со импресија на подеднаква тежина со "1001 Ноќ."
Навлегов и заминав во тој свет.За жал на мојата античка имагинација,тој свет не бил лажен.Visualise-materialize.You wanna?Who asks you,you're there.And there's no escape.
Полека,додека ги исполнував моите сништа за Величина,опкружен со луѓе кои ме водеа и упатуваа,кои видоа потенцијал и талент,кои сакаа,исто колку и јас,да бидам најдобар во најлошото....сфатив дека самиот концепт на "најдобар во најлошото" е само лоша замислена граматичка целина,нестабилна и флуктуирачка.
И се е играчка,а јас тонам во свет на ексцесивност и истанчена бескрупулозност.Рамен свет на леви,темни нијанси,кои ти го ветуваат светот баш таков...рамен,на грбот на желка.


By necessity practical and by philosophy stern,these folk were not beautiful in their sins.Erring as all mortals must,they were forced by their rigid code to seek concealment above all else;so that they came to use less and less taste in what they concealed.


Шарадно бегање од шарада со вкус.Ветување на сам себе дека нема да се завртам назад.Прагма.Нов живот.Нови бои.Зачеток на транзиција.И ден денес не ми се верува дека успеав да се оттргнам од сивото виножито на хексаграмот.Хексаграмот ми е живот.Сеуште истетовиран на срцето,сеуште тука,мој засекогаш-негов засекогаш.
Но....секој труп на крај излегува на површина.Доволно брзо сфатив дека јавам труп низ струјата и водопадите во замислените Лемурски реки.Цела поезија замина.Цела магија.Заминав и јас со нив.Нека моето минато се дави во обожавање на семоќната Маб,нека продолжат да ги теснат своите перспективи на ренесансни походи затворени во четири ѕида,прелиени со светлината на црната свеќа.Јас ќе ја барам сопствената среќа.

Wherefore do ye toil;is it not that ye may live and be happy?And if ye toil only that ye may toil more,when shall happiness find you?Ye toil to live, but is not life made of beauty and song?...Toil without song is like a weary journey without an end.Were not death more pleasing?


Денес,срамежливо почнувам да гледам во минатото.Ама срамежливо.Полека станувам свесен дека нема бегање.Дека евентуално,кругот мора да биде изоден пак.Овој живот си дава свои бои,но сенките демнат константно.Кога знаеш дека едноставно минатото премногу ти земало за да бидеш способен да чувствуваш,да утешиш,да сакаш,да дадеш и да се препуштиш....знаеш дека ќе му се вратиш и ќе го оставиш овој живот сега.Си заминал од обскурноста,а со себе си ја земал својата обскурна душа.Мора да ја вратиш таму каде што припаѓа.Премногу е морбидна и несигурна за светот каде има сонце.


Огледалото и јас имаме долг,плоден муабет.
Не гледам јас Назад.Гледам Напред.
Избор и Промисленост.....чекајте на ред.


I awake in the night with strange phantasms of enchanted hills and gardens,of fountains that sing in the sun,of golden cliffs overhanging murmuring seas,of plains that stretch down to sleeping cities of bronze and stone,and of shadowy companies of heroes that ride caparisoned white horses along the edges of thick forests;and then i know that i have looked back through the ivory gates into that world of wonder which was mine before i became wise and happy.


Worth it?
Yes.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
725
Поени од реакции
6
Тивка ноќ е, глува тишина. Се слушаат само капките на пролетниот дожд кои ја претскажуваат тагата, болката. Оддекнува онаа песна, онаа симфонија на мачење која се почесто можам да ја слушнам. Капките се лизгаат по мојот прозорец и се создава сликата на мојот живот. Низ празнините можам да ги видам оние мали нешта кои ме правеа срекна, оние мали ситници на кои се радував и оние моменти кога мислев дека е залудно да се обидувам и да го достигнам невозможното, се она што ми фали, што неможам веке да го имам. Ех кога само би можела да се вратам назад, кога само би можела пак да го почувствувам мирисот на убабото задоволство кое ме исполнуваше, ме правеше срекна, ме одржуваше во живот тогаш кога мислев дека светот се срушил врз мене. Но цената на вракањето назад е преголема. Нарушени соништа и желби за успех. Дали вреди да се жртвува она кое го посакуваш за барем уште една минута среќа? Дали вреди да се вратам назад кога знам дека веке ништо не е исто како што беше? Збунета сум, немокна да одлучам..
Останаа само рушевини сите чувства се претворија во прашина, која ми го попречува патот, ја сокрива онаа слика на новото и непознатото. Сеуште ме гуши, не ми дава мир. Како да сака засекогаш да останам на тој пат.
Погледот ми забега во далечините а ветерот се разбесна, како да сакаше да ги отргне тие мисли во кои длабоко потонав. Како да сакаше да ги однесе сите чувства, да ги искорени од моето срце и да ги врати таму назад, да останат закопани во рушевините на моето минато. Ветрот силен, но чувствата предлабоки. Скриени во мене, никој не може да ги оттргне. Никој не може да го земе она кое само мене ми припаѓа, она кое сум го проживеала и она за кое сум се борела. Никој неможе да ги откорне спомените.
Не сакам да заборавам. Сакам само да го оставам минатото зад мене, да продолжам по патот кој го одбрав без да се свртам назад.
Лав сум, а лавовите се борат до крај. Ке издржам...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Ааах сине... седни до мене. Празен е автобусот, јас сум стар, а ти имаш многу да учиш, седни, навали се удобно и внимавај без да заспиеш. Така на двајцата времето побрзо ќе ни мине.

Дали мислиш дека нашето клацкање накај дома е само едно обично патување од таму - наваму. Се надевам не, бидејќи би ме разочарал, го гледаш ли преносното значење... ние одиме назад. Од светот на идеалното кое може човек да го види сега, денес, се враќаме назад во земјата од третиот свет. Иако по некое правило и да сакаме не можеме така, и секогаш мораме со мислите и телото да одиме напред и само напред и да гледаме натаму бидејќи немаме очи на тилот... ние сепак одиме назад.
Погледни надвор... ова е слика која секогаш ја гледам, зајдисонцето на Панонија. Нема поубаво на Балканот, буди емоции секој пат кога минам со него. Различни, но постојат. Одејќи нагоре личеше на оган, пламтеше, беше грандиозна слика која покажува како ми е и мене внатре, оддаваше впечаток на божество бидејќи го зафаќаше целото небо и целата земја, се` беше нејзино... бидејќи сепак небото се покорува на земјата ако гледаме оддолу. Фантастично.
Погледни сега, зарем на враќање не ти личи малку поинаку, некако стуткано, некако меланхолично зајдисонце. Дури и бојата е поинаква, недефинирана, непотребна. Натаму мигот беше вечен, на враќање... само минлив миг, тотално загубен.

А сине мој, секогаш кога се враќам од овие мои деловни патувања, се враќам и со мислите далеку наназад... одам длабоко во минатото иако тоа секогаш сум го презирал. Но сепак, часови и часови со својот ум и светлата од ненадејните паланки кои ми личат тотално еротски додека ги гледам низ замаглен прозорец како овој мојов, даваат шанса за превртување на иднината во минатото, прелив од минато во иднината со зрнца од сегашноста и сето тоа наопаку во фурна. Чудесен рецепт за патување во автобус.
Сакал или не, се појавуваат други лица, ги споредувам ги пресликувам, се обидувам нереално да видам каков би бил вкусот гледано од дистанца, буквално, и во секоја останата смисла. Се изненадувам на немирната вага, која и покрај тоа што е моја реалност никако да се смири. Две минути е една, три минути е друга слика, четири ми се допаѓа едно, минута ипол натежнува другиот тас, мислите ми личат на турски пазар во недела предпладне.
Но, немој да мислиш дека на секое патување тоа е неизбежно. Ох какви прекрасни мирни пловења сум имал. Како оној пат пред околу три години кога иако вистински работите не беа идеални, јас доживував нирвана на истиот овој автопат со истово зајдисонце. Коцките се склопија откако добро сработив, постигнав за момент душевен мир и... voila, прекрсен пат.

Сине мој, искрено, не сум јас ниту светец ниту ѕвер. Ме гледаш на улица секој ден и нема да приметиш ништо чудно во моето однесување. Тоа е добро за еден човек на улица, има потенцијал за нешто повеќе дома. Сине мој, сепак... кој знае каде ќе не одведе следниот автобус, кој знае дали ќе се погоди воопшто истата фирма, истата марка, истата компанија зад шалтер и внатре во автобусот, кој знае дали ќе одиме напред, назад или ќе умреме на клучката пред Загреб кон Марибор... знам едно, дека каков и пат да одбереме... јас, ти, сите овие луѓе позади кои дремат, нема никогаш да се погоди ист. За мене сум свесен. Но ти, доколку би го одбрал мојот пат, а сине внимавај што одбираш... ќе ти биде тешко, мачно и со двоен предизвик, бидејќи си млад а јас како имагинарен твој дедо, кој седи седиште до тебе сега, ќе сторам и повеќе патот да биде каллив, бидејќи до ѕвездите се стига така... од кал.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Назад

Поминаа цели четири дена откако таа стави крај без збор и конечно реши да излезе од четирите ѕида, да се соочи со реалноста, да го погледне животот, да продолжи да живее. И додека, вака или онака, пробував да ја насочам кон други мисли за да ја одалечам од болката бар за час, каква игра на случајност ли беше појавата на неговиот лик пред нас, просто како халуцинација...Човеков беше блед, не личеше на себе, очигледно напиен повеќе отколку што треба, неспособен нормално да се движи, навидум во бунило.
- Маја!...
Хеј, не си заминувај така! Ама почекај, сакам да се извинам, да ти кажам дека се каам, разбираш ли?...Да можев да се вратам назад, никогаш не би ја направил истата грешка!...Но слушај ме...зар не можеме да се вратиме на старо, да простиш или едноставно заборавиш не гледајќи назад?
Сепак, навидум во бунило. Вистината е дека зборовите му беа разумни, иако врескаше.Таа се исплаши небаре гледа сениште, но успеа да одговори без да дозволи солзите насобрани во очите да се слеат по лицето.
- Ех кога би можела да простам. Тоа е проблемот, не можам, не можам зошто не можам да заборавам. И сега што? Има ли некој што знае како по ѓаволите се лепи скршена вазна?!
Го оттурна како да ја имаше собрано сета сила насобрана од гневот, а него силите го измамија во желбата да не` стаса. И така се случи.

Тоа беше одамна, времето минува и без да сакаме, брза и без да можеме да одржиме чекор, но во случајов, тоа помогна, излечи. И да, таа се смее, таа повторно искрено се смее, може повторно вистински се радува. Пред само некој ден искрено ми се отвори:
- Знаеш што? Гледајќи наназад, сега кога тоа е одамна зад мене, анализирам објективно и разумно. Да, навистина беше убаво, но бевме млади и слободни на пат без пречки. И што потоа? Наиде првата пречка, се сопнавме. Ако може да се нарече тоа пречка. Како и да е, паднав, се повредив, и сама знаеш, но ете, станав, продолжив, па да, и пораснав, надминав. Хах, тогаш не мислев дека ќе успеам да го кажам ова, надминав!
И не знам дали разбираш, но јас толку пати се вратив назад, секако, со мислите, просто сонував со отворени очи додека во глава ми струеја сите тие минати слики и моменти кои едноставно создадоа вечност. Да, создадоа...Вечно ќе бидат дел од мене, како што ќе биде и тој и целото искуство со него. Но на начин на кој не ми наштетува, туку ме учи. На начин на кој едноставно не барам враќање назад. Всушност, добро е што нема враќање. Некои работи се учат на потешкиот пат, а можеби само така и можат да се врежат во мозокот.

Тука замре сето сожалување, всушност, бев задоволна, се насмевнав, ја почувствував живоста, способноста да се научи од своето минато. И` благодарам за поуката.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Низ солзи се приближи и излезе на терасата..Се доближи до неа..Му се вратеа секакви мисли,животот му поминуваше како слика пред него.Знаеше дека има нешто погрешно во тоа што сакаше да го направи,но се му изгледаше лажно,цел живот му изгледаше толку погрешно,се чувствуваше уште полошо ако не го направи тоа,ако не го направи тоа,последното и најдоброто решение.Конечно се реши ја префрли оградата и повеќе немаше враќање,повторно му поминаа сите слики,но сега сите убави работи,ах како тоа не го свати порано..Ах кога би можел еден момент да врати на назад,можеби сега немаше да биде толку тажно,немаше срцата на луѓето што им значеше да останат попразни за еден дел кој ги исполнуваше..Но остана само сеќавањето за него..Но и додека стоеше таму тој се надеваше на повторно утро,не свати дека тоа повеќе нема да го има,не сваќаше дека после тој чекор не постоеше чекор назад.
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
Cekoram, sama, bespomosna izgubena, zarobena vo vremeto pomegu vcera i utre! Vcera tuka, utre tamu! I sekoe naredno utre ke bide tamu! Nema vrakanje pomisluvam dodeka bolniot, placliv krik mi gi para mislite. Prodira tolku dlaboko!
Bolnata penetracija me zgrcuva...Ako zastanam ke go cuvstvuvam bolniot grc zasekogas! Zatoa odam, odam i prestani, prestani veke ednas, pobogu! Se vivnuvam i grcot bespomosno zaminuva. Se opustam soblaznuvajki i se na izvojuvanata pobeda! Ubavo e tuka pomegu oblacite, si velam, no tamu dole pomegu onie sustestva od krv i meso e poubavo! Se spustam i pak cekoram, napred i samo napred! Ne zastanuvaj si velam, ke se povreduvas i ke te povreduvaat, ke krvaris no nema da iskrvaris! Samo napred za da ima na sto da se raduvas so vnucite koga ke se navratis nanazad!
Trcaj sega, a koga ke se umoris zastani i svrti se....tamu, nazad, ke bidat tie, spomenite koi ke te odrzat vo zivot togas koga nozete ke te predadat i zakovaat vo segasnosta!
 
С

Сатори

Гостин
Назад ...


Ги допирав моите емоции толку внимателно, што чувствував дека душата ми се претопува во сите негови малечки фрагменти на постоење.Секој миг е вечност кога ми ја бакнува раката која што одвај се спасува од кршење, само за да ја извадам од себеси желбата да му дадам дел од мене.Да го има, дури и ако не го посакува, да ја допре крвта со која што се родив и ќе умрам, да му ги донесам сите бои на светот во рака.
Незамисливо е.
Невозможно е да се опише секој грам свесност како се витка пред неговите очи кои што го формираат светот и му ја даваат онаа зелена нијанса на воздивнување.Причината на постоењето, воздухот кој што одвај го дишам.
Далеку е оазата љубов кога те нема и ниту една магија не може да биде доволно силна за да ме спречи да ти ја предадам онаа воодушевувачка болка и среќа што ја имам за тебе и со тебе.
Прости ми, што не сум најздравата личност на светот, прости ми што прекасно ти кажав, но, го врати во мене она што мислев дека е одамна мртво, заборавено и закопано за никаде, никогаш, никој нема да може да го пронајде, не да го откопа.
Патетично ќе звучи ако кажам дека и овој здив на пролонгиран живот е за тебе и твојата среќа?
Драматично ќе биде, ако ти кажам дека за тебе ќе се борам дури и со болеста која што ме убива секој ден?
Пресилно ли ќе биде да ти доловам дека плачам затоа што не можам да ти дадам се поради слабоста на телото кое што го имам?
Колку и да се потрошам љубов, колку и да сум веќе потрошена, ќе останат сите автентични мисли и бои, ќе остане се и се ќе биде за тебе и само за тебе, за никој друг, освен тебе.
Нема откажување.
Нема луди мисли и луцидно оставање на детерминизмот.
Те сакам повеќе од светот во кој што живеам и кој што го создавам.
Ја држам твојата рака љубов, секој ден кога ме боли повеќе отколку што можам да издржам.Ги допирам твоите усни дури и кога на моите има крв.
Те љубам!
Нема назад!

Have I said too much?
There's nothing more I can think of to say to you.
But all you have to do is look at me to know
That every word is true
!

 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.855
Поени од реакции
11.516
Назад...

...и кога се ќе почне да се распаѓа и руши, самите свесно ќе го бараме назад она заборавеното, излишното, она на кое не сме посветиле доволно внимание и слични патетики, само за да подзастане времето за миг, да паднеме во состојба на екстаза и да запловиме кон надворешната убавина, толку длабоко скриена во недопрените предели на мозокот а сепак блиска на некој начин, далечна во контекст на недоволно искористените капацитети, заборавена со помош на фаворизирање на сето останато, само најважното, НЕ!
Сакаш да се вратиш назад после сето зло нанесено на Мајката Земја...за кого сето тоа? Кој заслужува прошка? -Никој! Оваа планета е нивна, ние сме само сенки, што ќе ни е втора шанса, зар не? Требаше да мислиш порано, сега е касно да се вратиш назад, точно сега кога веќе растопената лава те претвора во пепел, хахаха типично ѓаволски, ама секој го добива заслуженото!... Знам дека прилично скокам, од најсовршен говор на возвишено суштество, преку искрени но исто толку и прости зборови на скитник...но знај дека часовникот можеш само да го вртиш нанапред, а назад? Хах, не верувам...дали е веќе касно за да се освестиш? -Не знам, не зависи само од мене...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
[FONT=&quot] Назад

Tи се враќаат ли спомени?Оние кои секогаш ти носат топлина во градите?Оние кои ти носат пеперутки во стомакот?Мене пречесто ми поминуваат низ мисливе.Нема ден а да не помислам на тебе,на работите кои ги правеше,на работите кои ги правевме заедно.Посакувам времето да се врати.Да се вратиме и ние двајца во тоа време.Назад!Кај што навистина припаѓаме.
Зимата се повеќе се доближува.Облаци секое утро го опколуваат мојот прозор.Ветрот безмислосно навлага во мојата соба и ме потсетува на студенило,она кое јас го чуствувам,како што го чуствувам и твоето.Но немам излез.Затворена сум меѓу 4 sида,различни мисли цело време ме окупираат.Каде си?Што правиш?Со кого си..?
Ех да можев да го вратам времето!Да заминевме и двајцата назад на нашето место!Тоа место кое секогаш ни ги исполнуваше срцата,местото каде што за прв пат ја видов топлината во твоите очи.. која храбро се обидуваше да навлезе во моите.Погледот никогаш нема да го заборавам,како ни твојата насмевка.Спомените вечно ќе останат со мене.Било запишани било запаметени.Тие засекогаш ќе ги чувам во ова малечко срце,срцето кое сеуште бие за тебе и е нестрпливо да го почуствува твоето срце до него.
Назад.Назад ме влече се што сме,се што сме биле.Прекрасно беше нели?Знам дека денес и ти се чуствуваш како мене сега.Празно,осамаено,напуштено.Топлината секој ден се повеќе исчезнува,но копнежот да те видам се повеќе се зголемува.
Сакам назад!Назад во онаа колиба каде што за прв пат си ги споделивме тајните еден со друг.Каде за прв пат ме допре..онаму..каде што најмногу чуства се само за тебе собрани,онаму каде што сум ранлива,и не помислив дека за еден миг ти ќе не повредиш.
Еден збор беше доволен за да ме освоиш,а само еден гест за да ме имаш целосно.
[/FONT]
[FONT=&quot]Прошетките во паркот,бркањата низ дрвјата,пресилниот дожд кој не преплавии,грмотевиците кои не исплашија..Поминавме низ многу работи.Од убави поубави,но и од лоши уште полоши.Низ сите тоа поминавме двајцата заедно.Ме држеше за раце и ми велеше се ќе биде во ред.Тие зборови секогаш влеваа дополнителна сила во мене,дури и кога воопшто ја немав
И кога сите надежи ми беа уништени а сите карти урнати,ти беше тука.Покрај мене и ти добиваше некаква сила,сила во која двајцата верувавме,сила која не доведе до овде,до денес,до овој безмилосен миг.
Премногу сакам да се вратам назад,повторно да те помилувам по косата и да ти шепнам неколку мили зборови на уво.
Сонот и спомените се се’ што ми остана.Еден ден ќе сфатам дека така требало да биде.И иако сакам сега да живеам назад во минатото,морам да бидам спремна за иднината и она што ме чека.Ќе ја живеам сегашноста,само за тебе. И за она што некогаш бевме.Во мене знам,сеуште потајно ќе има надеж дека некогаш повторно јас и ти ќе се сретнеме,дека ќе бидеме она што бевме,но и уште подобро ќе ми помогнеш да го оставам минатото и ќе ме натераш да сфатам дека сегашноста во која живеам,со тебе,не вреди да се троши на спомени.Спаси ме!Спаси ме од желбата да побегнам назад.Само ти го можеш тоа.Поштеди ме од некои спомени кои сеуште носат болка во моите гради,некои спомени кои сеуште имаат оставено жарче од раната.
Секогаш ќе ги има,знам,но ние како двајца љубовници кои со страст и љубов се предаваат еден на друг,треба да се потрудиме да ја комплетираме нашата мисија.Сегашноста да ја направиме бајка,а она минато,каде јас посакувам да се вратам да го оставиме како нешто на што вечно ќе се сеќаваме.Да нема веќе назад,а сегашноста да биде се’ она што некогаш сме посакувале да го направиме,но сме имале можност затоа што сеќавањата и болката го уништиле и она што некогаш сме го имале...
[/FONT]
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Назад

Толку посакуваната дестинација кога нешто навистина ќе се заебе до крајни граници, на кои претходно не сме ни помислувале да стапнеме ни во најхрабрите излети со нашите бедни мозочиња при дневна сеанса од фантазирање и судир со реалноста испреплетен со собирање на резултатите од најтазе проблемите кои се појавиле и безмилосно удираат по не така (навидум) цврстиот оклоп... Допир до минат спомен, барем еден единствен и прекрасен момент безнадежно условен од КОГА БИ.... кога би можело... еднаш да се вратиш назад, таму назад во живот или кога барем илузијата за т.н живот била толку реална...
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Назад...
Одиме назад,назад,назад.
Го пишуваме обратниот код полека и таинствено.
Без да ја разбудиме малата мечка
На врвот од пештерата,
додека мирно со воздухот што го испушта,
ги стимулира кратките бранови на ѕвончињата
пловејќи далеку назад во времето
како клиширано секогаш,
поведено од својата безначајност.
Се открива сликата,
малиот бумбар прави широк лак околу неа
и застанува,
на маргиналните листови
отсечени далеку на крајот
со извесна лутина во себе.
Молк.
Драмски молк.
Веќе видено многу пати,
одново со сета своја илузирана,
фина,обоена
длабочина
тој го обвива просторот
овозможувајки им момент на оргуљите
величенствено да влезат во Црвената Сала
најавувајќи го Ангелот на Љубовта
скршен,повреден,во крв
длабоко потонат во тагата
на бескрајните парчиња нано-технологија околу него
полека примајќи ги во себе
надевајќи се во светоста на симбиозата
славејќи го нејзинот култ
длабоко во Утринските Шуми на Тајгата
Близу до ситната рекичка
Со мало,ситно ливче во неа
и Тивкиот Елен,
затскриен
во росата.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
-Вреди ли?
-Се разбира дека вреди, тука е целиот мој живот
-А твоето лошо минато? Сите тие болни спомени ? Вреди ли да жртвуваш повторно соочување со нив ?
-Јас идам токму поради соочувањето со нив , време е , собрав сила...
-Никогаш не сум те сваќала,кој се тие ? Што ти сториле ? Како планираш да се соочиш со нив?
-Тие се моите создавачи,луѓето кој ме направија ваков,демон.
-Не зборувај глупости , ти си најдобриот човек кој го познавам !
-Бев добар човек, те запознав тебе,го прекршив она за кое ветив , она кое е мојата суштина...
-Одговори ми јасно, не ми зборувај во загатки , не те сваќам.
-Воопшто , зашто ме следиш , ти реков дека сакам сам да одам.
-Не го одбегнувај одговорот !
-Во ред , тебе ќе те одбегнувам.
-Зашто??
-Бидејќи неможам да кажам...
-Што неможеш да кажеш?
-Тоа што ти бараш да ти кажам..Остави ме на мира..
-Само кажи ми и ветувам дека нема да те следам !
-Во ред, јас сум Ангелот , вечниот чувар на Господовиот манастир, таму горе ,на планината. Си ги чула приказните за мене . Ангелски глас кој се слуша во далечниата кога неверниците се доближуваат, не им дава да стигнат до светата земја, епа тоа сум јас... Те видов тебе , ја видов љубовта..Се откажав од сето тоа , се молев секоја вечер Бог да ми прости....Додека бев меѓу луѓето ги запознав нивните гревови , станав грешник,со секој направен грев започнав полека да ги губам ангелските крила. Затемнатата месечина вечерерта го наговести неговото доаѓање , тој, демонот ,Антихристот. Морам да се вратам ,морам да го најдам својот пат до просветлувањето и мојата ангелска реинкарнација.... Те молам боже , прости ми , грешев , љубовта го заслепи мојот ангелски пат, знам дека те изневерив , но семоќен Богу,слушни ја мојата молитва и врати ми ги моите крила за да можам да се борам против неверникот вечен,сега си ми потребен повеќе од било кога.
Сега сум ти потребен повеќе од било кога. Амин.
-Зашто не ми кажа за ова порано ?
-Што ли ќе помислеше ти за мене доколку ти го кажев ова порано?
-Незнам...Што и да се случи да знаеш нема да те заборавам , ангелу мој
-А сега оди , остави ме да го продолжам својот пат , за секоја наша следна средба само погледни накај Манастирот.. Јас сум таа светлина на крстот... Тој Ангелски глас...
Видов како е да си човек , видов како е да љубиш но и видов како е да грешиш. Не е тоа патот мој , не е тоа начин за да ја искажам мојата благодарност на бога.
Затоа се вратив .
Си одам , и никогаш , никогаш не погледнувам назад!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom