Тука пишуваме на зададена тема

Бушавка

Differentiated by Style
Член од
4 јули 2008
Мислења
746
Поени од реакции
61
Она што го гледате сум јас, можеби не секогаш јас....но кога добро ќе погледнете, вистинското јас ќе исплива на површина, но само ако добие шанса. Ако само добие шанса, би го подарила светот на другите луѓе, би направила се за другите да бидат срќни. Таа е позитивна, директна, со спокојна насмевка, чувство на мир и сигурност во себе. Таа знае како треба, но најчесто е тивка...и дава шанса на другата

Онаа втората...зошто ли постои, навистина е непотребна. Таа ме тишти, ми ги буди закопанитее емоиции без потреба, постојано пробува позитивната енегрија да ја надвладее....а луѓето се тие што и помагаат да успее во тоа. Секогаш е погласна од вистинската јас, тоа го прави за да ја изберам погрешната патека...не дека нешто ќе промени, но секако ќе ме извади од балансот кој го создава онаа првата...

И сега, се раѓа трета, која ќе ме заштите мене. Таа е сеуште млада, но брзо учи, многу добро знае да глуми, благодарение на многу добрите учители со кои досега се сретнала. Знае да се смее, и кога не е до смеење...секако е од полза...таа е маска, која ќе ја покрие втората, а ќе ми помогне мене да се одбранам од стрелите полни со негативности, испратени од другите луѓе...кои сакаат да надвладеат. Таа е резултат на однесувањето на луѓето наоколу....навистина е моќна, злобна кога треба да ме одбрани, се што треба....за да ме врати во живот.......

Пријателе...тоа е се што можам да понудам, па ти самиот одлучи каков пријател сакаш, можеби специјално за тебе ќе креирам четврта, која можеби ќе учи боречки вештини.
 
С

Сатори

Гостин
Другата во мене им подава рака и на оние на кои не треба.
Им се смешка и кога не сака, ги гушка дури и кога и згрешиле и кога она им згрешила нив.Другата во мене е полицемерна и почовечна од мене.

Утрово, ја убив другата во мене.
Сега, останувам само јас, без другите во мене.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Другата во мене

Другата во мене - некоја што веројатно никогаш нема да ја запознаеш. Не, не поради мене, туку поради твојата ограниченост што не ти дозволува да ги прошириш хоризонтите и да погледнеш малце подалеку од сивилото кое е прво што ќе ти рече “добро утро“ и последно што ќе ти посака “добра ноќ“, приврмената прашина во текот на денот која само ја разбива монотонијата.
Не барав многу, само еден поглед под површината, барем на секунда да дувнеш во прашината и да ми кажеш... Што гледаш?
Сеуште само она што твоите очи сакаат да го видат?
Не се ни потруди да го разбереш пред да го отфрлиш... Толку малку ти значеше?
Пробав да бидам зракот светлина кој се пробива низ тоа сивило, да стигнам до твоето срце за да го стоплам... и за момент, само за момент помислив дека сум блиску, а сега само чувствувам дека посегнував по нешто кое упорно се оддалечуваше. одбиваше блискост... како што одбиваат истите полови на два магнети.
Се надевав дека ќе го свртиш магнетот на другата страна... Само што ја уби мојата надеж.
Куклен театар е тоа што го бараш...? Да бидам твоја марионетка што нема да се противи на наредбите, што самата ќе има одбранбен механизм што ќе ја штити од повредите кои (не)намерно и` ги нанесуваш, а таа всушност секоја вечер ја чекаше следната претстава, препуштајќи ги конците во твои раце со надеж дека утре повторно ќе заигра на бината...
Ако видиш под прашината, ќе сфатиш дека таа марионетка играше само поради тебе, иако петиците се` повеќе ја болеа од постојаните удари во подот.

Збогум, од другата во мене, која се трудеше и ги поднесуваше ударите за барем еднаш да ја има главната улога во твојата претставата... без конци да и` го ограничуваат играњето.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
-Знаев дека ова ќе ти се случи. Знаев и те предупредив. А што стори ти? Повторно и свесно уништи се`.
-Не е така!
-Не е така? Е па како е, кралице на изневерувањето? Како е кога многу пати изневери толку многу луѓе? Како е кога со тоа се изневери и себе си, исто толку пати?
-Не можам да те разберам. Ни тебе, ни твојот гнев. За што ме прекоруваш? Изгледа како да си засегната за мене, но зошто? Нели гледаш дека јас сум добра т.е. подобра од било кога до сега?
-Ах, љубов моја. Повторно истата приказна, повторно истата лага. Се прашувам, уште колку пати ќе поминуваме низ ова. Уште колку наши расправии се потребни за да прекинеш.
Всушност, имаш ли таков план, план да созрееш, да започнеш да си искрена, да ги сакаш луѓето, да се однесуваш добро со нив, повеќе да ги почитуваш и да не ги кршиш на крај, како непотребни ефтини чаши од кои си ја исцицала и последната капка алкохол?
-Ги преминуваш границите, доста ми е од тебе! Јас никогаш не се однесувам така како што некој не заслужил. Затоа луѓето ме сакаат и затоа никогаш не сум сама!
-Луѓето те сакаат? Никогаш не си сама???
-Секогаш сите ги почитувам колку сакам, во зависност од тоа што ми треба во моментот. Кога тоа престанува, морам да ги напуштам и изневерам, затоа што самите ме принудиле на тоа ... не ми требале повеќе и не се потрудиле да ми требаат. Со тоа никого не повредувам, затоа што е правилно, според мене.
-Аха. Значи за тебе тоа е нешто спротивно од тоа што јас ти го зборувам долго време?
-Ти не ни знаеш што ми зборуваш. Само ме критикуваш, без оглед што правам. А јас сум најдобрата личност што ја знам!
Како што кажав, ги сакам сите што ми требаат, лоша сум со сите што не ме сакаат, врискам на цел глас кога не го добивам потребното внимание, во можност сум да направам се` за да бидам во центарот на сечиј живот, не избирам средства како да повредам кого ќе посакам и ... чекај! Што зборувам јас?
-Што зборуваш, нели?
-Па ти, ти си во право цело време! Каков чуден заклучок ми е ова?!? Па јас наеднаш се посрамотив од тоа што го кажав. Секогаш го знам, но се срамам сега, кога го слушнав истото од своја уста и на глас кажано!
Како можев... каков човек сум јас? Всушност, дали сум човек?
Ме поплави срамот, но морам да те замолам за помош, да ми помогнеш да се поправам. Само тебе те имам сега, само од тебе можам да го побарам тоа. На која друга личност би можела така да и ја отворам мојата душа, а да поминам без најголемиот презир во нејзините очи кој некогаш сум го видела?
-А мислиш дека јас не те презирам сега? Мислиш дека не се гадам од тебе? Мислиш дека те сакам толку многу што можам да ти простам?
-Љубов моја, мораш барем ти да ме сакаш. Не ме изневерувај. Не сакам да го почувствувам тоа што често сум им го приредувала на другите мои невини жртви.
-Немам никој освен тебе и да, те сакам. Но, твоето гласно признание не можам да ти го простам. Тоа значи дека си полоша отколку што можев и да замислам во најголемите кошмари. Ти дадов безброј шанси да се поправиш, те советував и те карав, но ти беше заслепена од твојата злоба и подмолност, за да можеш да чуеш барем еден збор. Затоа, доста е.
Пробај сама да го средиш хаосот што долги години го оставаш позади себе. Последен совет ... немој повеќе да мислиш само на себе и само на моментот кој го живееш. Погледнувај често и подалеку.
Продолжи сама. Јас повеќе не можам да бидам другата во тебе. Иако немам ни лик, срам ми е и само од тоа што сум твојот внатрешен глас.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Последниот воз за Дивајн. Следната тема гласи: Се обложувам...
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Не се обложувам.
Никогаш.
Или знам.
Или не знам.
Или евентуално,не ме интересира.
Порадо би се движел...
 
С

Сатори

Гостин
Следната тема гласи: Се обложувам...
Малечката девојка, со само 165 сантиметри висина и расипани внатрешни ограни се движеше по патот без некоја голема сигурност.Секој чекор и беше различен, непостојан, момент трчаше, момент стоеше, ги прегледуваше раните под преврските, ги сечкаше ливчињата што ги наоѓаше на земјата.Беше млада.
Зошто никој не го виде тоа во неа?
Зошто никој не ги допре рацете кои што веќе беа одамна ладни?
Зошто никој не се обиде да ја разбере неа, а не нејзините дамки крв назад на патот?

Секогаш се битни туѓите болки и сопствените грешки, кои што лесно се класифицираат за да бидат американизирани според урбаната општествена стратификација.
Секогаш се најважни повредите надвор од твојот колосек, само она што може светот да го види, само тоа постои.Но, дали некој ги гледа сликичките што не се залепени во албумот?
За среќа, да, се познаваат цртите на оној што ти ја држи среќата во левата рака дури и кога му потонуваат идеите за друштвена колегијалност, дури и кога му се вдлабнуваат и замрзнуваат краевите на косата.
Оној што сака да види, ќе ги постави прашањата.

Оној што сака, се обложувам дека ќе и ги забележи расипаните органи на девојката што премрзнува на патот.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
Се обложувам дека можеме подобро од ова што сега го правиме. По цели ноќи никаде. Прво , кога другарите ќе ме соберат од дома , некаде пред полноќ одиме во нашето кафуле. Таму секогаш го чуваат нашето место. Веднаш нарачуваме за пиење. Секој чести по една тура.
Девојките заинтересирано гледаат. Но никој од нас не им обрнува внимание. Со нас пуштаме само две најјаки пички од цел град. Тие изгледаат секогаш средено и доволно провокативно. Како да сме ги симнале од шипка баш во тој момент. Тие пијат исто колку нас. Се на наша сметка. Но затоа вечерта ако некој од моите другари или јас завршиме сами , тие се тука да ја потполнат вечерта. Не дека не се добри за бидат мои девојки , но курви си се курви.
Потоа одиме до дискотека. По пат слушаме гласна музика. Секогаш нешто од стилот на Lollipop од Lil' Wayne. Кога влегуваме во дискотеката со никого не се поздравуваме. Луѓето на кои им требаме знаат точно во кој дел сме и идат сами. Веднаш нарачуваме за пиење. Секој од нас почнува да шмека по една девојка. Некогаш се обложуваме за исти девојки кој прв ќе ја добие. Битно е дека на крај никој не си заминува дома сам. Девојките секогаш се заинтересирани за дечко како мене. Јас сум убав , згоден , секогаш среден. Возам убаво ауто и секогаш имам многу пари. Не работам никаде , но свесен сум колку парите можат да ти купат задоволства и евтини девојки. Пола од овие кои што сега ги гледам тука би се ебеле за да ја частам мартини или да ја земам со мене на сепаре. Ќе и правам некој безвезен муабет некои петнаесет минути и потоа си заминувам со неа. На почеток сите глумат наивни , а истовремено те провоцираат. Таквите најмногу ги сакам. Таквите се најдобри и најопасни. Не за џабе викам , има женски кои ги ебеш и што те ебат.
Се обложувам дека подобро од ова не може?
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Се обложувам

Лицемерие,себичност,желба за внимание,ти се главни карактеристики.Секогаш мора да им удостоиш на другите,секогаш МОРА да бидеш ти најдобрата,најпаметната,најубавата,најсаканата за широката народна маса,па макар и тоа значело да ги повредиш поблиските,иако никогаш не примеќаше,од твојата “совршеност“ на која сите,па дури и јас и се потсмевнував.
Ништо не ти успеваше,колку повеќе се трудеше да бидеш најдобра,толку повеќе те плукаа,и со право те плукаа,зошто и ти ги плукаше нив позади грб,а сепак сакаше почит од нив.Ти ма нормална си?Ако сакаш почит треба и да дадеш почит,ама ти мислеше почитта се наоѓа во меѓуножјето,па често се отвараше,за џабе.
Не знаеш за не,материјалните потреби ти ги исполнуваат додека трепнеш,и мислиш со пари се се купува.
Болно љубоморна си,дечко ти ако се поздравеше со другарката,одма му беше швалерка;не дај боже јас да ја гушнев другарка ми а тебе да те заборавев,ама затоа тебе ти беше дозволено тоа,твоето беше оправдано.
И како главна твоја карактеристика да ја истакнам подмолноста.Како ти да си ја измислила,исто.По подмолно суштество од тебе немам сретнато,ама имаш среќа што знаеш добро да се скриеш,лицемерна идиотке.
Мило ми е што те немам видено одамна,барем немав,а и нема да имам нагони на повраќање.
Не дека ме интересира сега како си,или до кај си со “животот“(ха,колку смешно звучи тоа,живот,твој-уште посмешно,не живееш твој живот,немаш ништо твое во себе,се е копирано и крадено,и наметнато од мама и тато),не дека ме интересира каква си,ама се обложувам дека пак лажеш и поткупуваш некого со твоите фантастични приказни,се обложувам дека уште си истата кучка,може малку променета,ама суштински истата глупача која трча по сите,која се грижи за сите,освен за тие што се грижат за нејзе,и се обложувам дека некој се вее по твоите лаги,исто како мене,исто како и сите што биле у твоја близина.

(Не заслужуваш ни буква,а камо ли цел текст,ама ај,сепак 7 години не се малку.И ова у никој случај не значи дека сеуште ми е гајле за тебе или слично,туку само го истурам гневот овде,зошто сабајле не можев да те најдам и да те задавам,а плус и за подобро утре е)
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Со мало задоцнување... Другата во мене. не најдов инспирација во последнава тема која е некако премногу... коцкарска.


:devil3:: Ајде ма, кукавицо! Што чекаш?! Ајде!
:angel1:: Не! Не смееш! Чекај, имам некои работи да ти кажам... Не е готово, не биди импулсивна...
:devil3:: Затни се, ангелу! Остави го девојчето да си ја донесе одлуката!
:angel1:: Остави ја на мира, демону! Слушај ме, мене слушај ме! Јас сум од лево. Не дозволувај овој да ти влијае врз одлуката. Размисли, ти си голема девојка. И паметна, ти знаеш што е добро а што не. Фрли го тоа чудо!
:devil3:: Знаеш што се ти направи тој човек.
:angel1:: Треба да научиш да простуваш!
:devil3:: Слабаците простуваат. Ти не си слабак!
:angel1:: Мудрите простуваат, така ги учеше Бог. Сакаш да завршиш во Пеколот?!
:devil3:: Сликата за Пеколот е извртена. Нема ништо лошо во тоа место.
:angel1:: Да, ако сакаш вечно да гориш! Смири се сега, диши длабоко... Изгасни го моторот на колата и размисли убаво.
:devil3:: Вози, шибај! Стигни го побрзо тоа копиле.
:angel1:: Заврти назад, врати се дома, те чека семејство!
:devil3:: Кое семејство? Мислиш на тие што и го свртеа грбот и што ја напуштија?
:angel1:: Не ја напуштија! Тие те сакаат и не сакаат ништо лошо да ти се случи.
:devil3:: А каде беа тие кога скотот и го еба животот?!
:angel1:: О Боже, ова излегува од контрола...
:devil3:: Муахаха!
:angel1:: Слушај ме добро. Ова што го правиш е ирационално. Сега си бесна, мораш прво да се смириш, па да смислиш како ќе издејствуваш.
:devil3:: Одмаздата е најслатка додека гневот е најсилен!
:angel1:: Не го забрзувај возилото, ќе завршиш во бездна!
:devil3:: Ма ебеш му матер, вози, еднаш се живее. Освен ако не си демон во нечија глава...
:angel1:: На ништо ли не те научив? Зошто сум тогаш тука? Ти си добра личност. Однесувај се како таква!
:devil3:: Ајде ангелче, почни со вината, нека те изеде...
:angel1:: Замолчи ти! А ти, обрни внимание... Јас сум тука, ќе го решиме проблемов. Ќе поминат години и ќе дојдат времиња кога нема да се сеќаваш на овој настан... И ќе бидеш среќна.
:devil3:: Не ја лажи, засекогаш ќе ја боли! Убиј го тоа немилосрдно копиле!
:angel1:: Не! Ако го направиш тоа никогаш нема да можеш мирно да спиеш. Вината ќе те излуди. Ќе станеш убиец. Ти не си убиец!
:devil3:: Да бидеме реални, сите сме убијци кога ни посегнуваат по најмилото.
:angel1:: Ти не си убиец! Ти имаш планови, амбиции... Луѓе на кои си им потребна целосна и неизлудена. Не се препуштај на бесот!
:devil3:: Спреми го пиштолот, блиску сме. Биди внимателна некој да не те види...
:angel1:: Каде одиш? Што правиш? Не излегувај од колата!
:devil3:: Излези! Ете го копилето, заспало под липата. Сега е моментот!
:angel1:: Не! Не смееш! Не оди натаму. Тој е човек, како и сите останати, не е инсект да го прегазиш!
:devil3:: Човек? Тој е ѕвер! Зло! Побрзај ајде, сакаш некој да те види?!
:angel1:: Не биди луда! Ти не си способна да одземеш живот.
:devil3:: О, верувај ми, сите го имаме инстинктот. Повлечи го чкрапецот.
:angel1:: Не го слушај. Ти си човек, имаш емоции и немаш срце да убиеш некого. Тој ќе си плати за својот грев. Слушни ме сега! Сврти се назад. Ќе си отидеме од овде, ќе отидеме на некое далечно место, кај што никој нема да знае за нас. Ќе почнеме нов живот...
:devil3:: Убиј го, па ќе бегаме!
:angel1:: Не! Погледни како спие пред твоите нозе. Зар имаш срце да му упатиш куршум!
:devil3:: Расцветај му ја главата! Не, подобро нишани во срцето.
:angel1:: Фрли го тој пиштол и оди си оттука!
:devil3:: Пукај!
:angel1:: Не!
:devil3::Да!
:angel1:: Не!!
:devil3:: О, да! Ајде!
:angel1:: Гледаш, ни сама немаш сила да повлечеш! Не пукај!
:devil3:: Пукај, пичко!
:angel1:: Неееееее!!!


:pipi:: ЗАТНЕТЕ СЕ И ДВАЈЦАТА!!!

*го упатува пиштолот во нејзината слепоочница и пука*
*човекот под липата се буди шокиран од звукот*

:mist:: Што, побогу...


Приказна за една девојка со мултипл персоналити дизордр и хомоцидни мисли, но суицидален крах.

No happy ending. :(
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
се обложувам дека спиеш сега не грижејќи се за никого и ништо..најмалце за мене и моите мисли...
се обложувам дека немаш појма што ми се случува во четри сабајле мислејќи дека се е заборавено,оставено во минатото,дека не те интересира како ми е..дека заборави на се..
се обложувам дека не знаеш дека во секоја песна можам да пронајдам нешто што ме потсетува на тебе.....дека секогаш ќе те сметам за лоша личност..најлоша..дека нема да си простам што дозволив да мислам на тебе денес...се обложувам дека таков ќе останеш цел живот...луѓето се менуваат но не и ти,ти уживаш во она што си...

мој последен облог...нема да дознаеш што мислам за тебе никогаш..не си вреден толку
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
Се обложувам

Другарки сме, зарем една мала караница беше доволна да те наведе да го направиш тоа? Зарем не можеше да помислиш пред да го кажеш она што не требаше ни во мислите да ти се мотка? Нели бевме сите за еден и еден за сите, го заборави ли тоа кога муабетеше со твоите “другарки”? Се оболожувам дека ти беше сеедно кога зборуваше за тоа, дека не помисли на последиците кои ќе настанат ако се дознае и како ќе ти беше тебе тоа да ти се случеше? Каде ли ти беше паметот? Ќе излезат работите на виделина, ќе го решиме и овој проблем, не се секирај знаеме да излеземе на крај и со твојата малоумност...Сега сите знеме дека работите веќе не се како некогаш и нема да бидат...Остани со здравје :smir:
 
Член од
8 февруари 2007
Мислења
1.968
Поени од реакции
43
Се обложувам

Некогаш бев среќна што се дружиме. Одвреме на време знаевме и да се скараме..за некоја минута се ќе заборавевме, ќе се извиневме и насмеевме. И се завршуваше така..силно гушкање и искрен бакнеж, насмевка на лицето на сите.

Знаев дека тоа лицемерие нема да трае. Не, не зборувам дека јас и ти сме биле дволични кога станувало муабет за нас..зборувам за неискрените изрази и фрази на тие околу. Зошто луѓето не можат да прифатат дека постои искрено пријателство. Едноставно треба да искажеш нешто некому, да знаеш дека ќе те сослуша, да ти каже дека ете така морало да биде и да ти даде сила да продолжиш понатаму.

Еднаш поминавме преку сите муабети пријателе. Ако сме вистински пријатели се обложувам дека ќе поминеме пак. А исто и ти нели? Ма ајде јас и ти заедно да се обложиме против сите лажливи пријателства..што мислиш за тоа?
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Беше надвор..седеше и како светилка светеше во таа темна улица..додека јас ...која во себе треперев како срна кога ловецот ја брка...која во себе чуствуваше немирно море од чуства..фантазија и мисли..ти се доближував и се надевав дека сето она што го чуствувам за тебе..ќе го осетам или дека во тие твои прекрасни црни очи..кои додека ме гледаа јас се чуствував како да лебдам....ќе го видам..како сето она околу мене да не постои..дека ти си она единствено нешто кое го сакам и посакувам...да.. сето ова е вистина..и можам на сиот глас да викам Те Сакам...за да дознаат сите дека моето срце припаѓа на еден...но се обложувам дека тоа ти никогаш не би го направил? Се обложувам дека ти никогаш не би признал..и покрај тоа што го осечаш..не би сакал да признаеш..зашто сакаш да остане непроменет твојот статус на момче кое крши женски срца. Но се обложувам дека јас сум таму некаде во тоа твое срце..некаде внатре ..каде ме имаш скриено и се надеваш дека таму ќе остаем засекогаш...
 

FrEaKy GiRL

...FaLLeN AnGeL...
Член од
20 јули 2007
Мислења
623
Поени од реакции
28
Се сеќавам како вчера да беше... Одеше до мене... се шеташе со мене... се искачовме на Канео заедно... и тогаш... се случи... Таа фотографија си го направи своето... Се обложувам дека доколку апаратот на нашиот другар не направи „Клик“, немаше да се случи ништо понатаму...Т.е. не...се обложувам дека доколку тој не предложи да не слика...немаше да ги почувствувам тие пеперутки во мојот стомак... Се обложувам дека доколку ти не ме прегрна тогаш...исто како што Леонардо ја прегрна Кејт во „Титаник“...немаше денес да ги имам овие чувства спрема тебе... Се обложувам дека доколку случајно не заспавме заедно таа вечер еден до друг...и не се разбудевме еден до друг...немаше да те сонувам...Беше толку блиску до мене...го слушав твоето дишење...и чукањето на твоето срце...Се обложувам дека барем за момент и ти тогаш почувствува нешто...Можеби не тогаш...ама за подоцна сум сигурна...Знам дека криеше од мене...ама знам и дека не ти одеше добро на тоа поле...Сам примети дека се заљубив во тебе...и велеше дека мн.лесно си ме приметил...ама не беше свесен колку беше и самиот ти приметлив...Сепак...јас молчев... И откако една вечер...една проклета вечер...под дејство на алкохол не ти признав се...притоа правејќи ја најголемата грешка во мојот живот...те изгубив...А можев да те имам...Се обложувам дека можев...всушност и самиот ти така имаше кажано...И потоа...изгубив секаква надеж...бев на работ да се откажам... Се додека повторно не започна школската година...и ти беше тој што не ми ја врати надежта...Тајно ме погледнуваше...мислеше дека не те гледам... Тајно се насмевнуваше...но јас и тоа го приметував... И еве... сега сме тука... денес... сега... Ти сеуште не признаваш дека имаш чувства спрема мене... а јас сеуште...како некој коцкар...се обложувам во тоа!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom