Тука пишуваме на зададена тема

Член од
27 јануари 2007
Мислења
2.504
Поени од реакции
72
Пријател(к)е мој(а) повторно на почетокот, велиш? А како беше тогаш, ти текнува ли?
Помниш ли како ни беше кога бевме дечиња, кога се бркавме во големиот ходник и кога јас ќе те фатев и ќе почневме да се смееме безгрижно?
Поминуваа години и години и веќе се разбиравме без да си кажеме ни еден збор, доволен беше само поглед.. Кога беше среќна, јас се чувствував исполнето. Кога беше скршена, плачев зошто ме болеше исто колку што те болеше и тебе.
И потоа дојде нова средина за која никогаш не мислев дека ќе ме измени. И те повредив.
Почувствував како се откинува дел од мене кога си замина, и кога рече дека ме мразиш.
Бев сама, без тебе како без никој до мене... Бев и кукавица што не ти ја кажав вистината.
Но, платив скапо за тоа. И сеуште го отплаќам тој долг..
И на крај, сакам само да ти се извинам и да ти ја посакам целата среќа на светот зошто после се', го заслужуваш тоа...
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Пријателе мој...

Можеби целава наша приказна и убавина во блискоста се должи во тоа што нашата прва средба беше во чудни околности. Чудни бидејќи толку вистинити и реални – во период во кој на сите им подарував лажни насмевки, молчев за да не крикнам од гнев, правев лудости само за да го прикријам внатрешниот јад. Се криев со некаков оклоп како плашлив полжав и никој не знаеше што точно ми се случува.

No one knows what it's like
To be the bad man
To be the sad man
Behind blue eyes

Така една вечер кога коњакот ми го поматуваше умот и ме одвраќаше од реалноста, во таа задимена просторија се најдов себеси без познати околу мене, и така сфаќајки дека нема причина да молчам , просто излезе од мене човечето со јад и гнев, кое ми го гризеше срцето. Кршев чаши, урлав, плачев, па дури и хистерично се смеев. Не знам за што, не знам како и колку траеше сето тоа.

Но се сеќавам на запознавањето со тебе, пријателе мој. Наредниот ден го пронајдов твојот број во мојот џеб, но не верував дека некогаш ќе се видиме повторно, не верував дека некогаш пак ќе го видам туѓинецот на кој му ја подадов цела своја животна приказна како на послужавник.

Но, ти се јави и ете, се видовме повторно. Мислев дека ќе ми биде непријатно, но всушност се чувствував како да се знаеме цел живот. Можевме да си кажеме се`, а истовремено и сосема да се разбереме со поглед. Дури и молчењето беше пријатно со тебе. Тој ден се смеев искрено и гласно, првпат по толку време, и не ми е грижа доколку тоа чудно изгледало за луѓето наоколу. Таа вечер заспав како бебе, ја немаше веќе несоницата. Се почувствував разбрана заради она што сум.


If I swallow anything evil
Put your finger down my throat
If I shiver, please give me a blanket
Keep me warm, let me wear your coat.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Убаво е чувството кога си на почетокот на твојот живот, кога осознаваш за себеси, за другите околу тебе, учиш нови работи. Така и јас те запознав тебе, пријателке моја.

Бевме заедно секојдневно, иако мали знаевме дека ќе бидеме најдобри другарки. Твоите родители те внесоа во тој спорт за да си го зацврстиш срцето, моите да научам да пливам. Сеедно, не е тоа најважното. Станавме најдобри другарки, веројатно затоа што се запознавме во период од животот на човекот кога тој не знае за лицемерие, превртливост, лажење, искористување. Имавме само чисти мисли во главата и невин детски разум кој се радуваше на секој испливан метар се повеќе и повеќе. Ми се допаѓаше нашето пријателство, полно со радост и среќа.

Но бидна и тој ден. Нешто што веројатно можеше да се избегне. Само да одевме ден покасно или порано, или па воопшто да не одевме, ти можеби сега се` уште ќе беше до мене, ќе пишувавме на Кајганава или па ќе останувавме на базен до вечерните часови.

Мораше ли патот да биде замрзнат?
Мораше ли возачот да биде пијан?*
Мораше ли да идеме во Бугарија?

Зошто Господе? Зошто ми ја зеде Јована на неполни 13 години? Срцето ми се кине кога ќе ми текне на моментот кога те видов како лежиш во ковчегот. Ќе го пратиш детето да оди на натпревар и да се врати со медал, а ќе ти го вратат во ковчег. Која добра игра на судбината, нели? Се прашуваш што си згрешил во животот за да ти го земе детето. Но јас се прашував зошто мораше баш неа?

Зимава ќе се навршат 5 години од таа трагедија. Другарке, ако можеш на било кој да го прочиташ ова, сакам да знаеш дека се` уште пливам само поради тебе, и иако не верувам во тие работи, знам дека ти ми даваш сила во кризните ситуации да станам и да продолжам понатаму.
Не знам дали ќе имам сила да го посетам твојот вечен дом, но знај дека секогаш те носам во срцево и многу ми недостигаш.

Пријателке моја, почивај во мир.....


*Членовите кои ќе го прочитаат постов веројатно ќе си дадат одговор на прашањето зошто Фросе никогаш не пие алкохол - ни пиво, ни водка
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
Пријатели мои


Мои су другови жестоки момци
великог срца, и кад се пије
и кад се љуби и кад се пуца
Горе од аљаске до аустралије
кад год се сретнемо увек се залие
увек се заврши снеком од наших песама... пее Бајага во својата песна
Пријателството многу тешко се стекнува, тешко се одржува а многу лесно се губи. Вистинското пријателство е поретко и од најскапоцените камења, а поцврсто од најцврстиот челик. Но лошиот збор го крши како стакло. Лошиот збор длабоко ќе зарине во него. Исто онака како што сабјата заринува во плеќите. Сепак раната може да зарасне, а скршеното стакло неможе да се состави. Впрочем во народот постои изреката 'Сто добрини едно лошо ги брише' тоа е во природата на човекот.
Вистинските пријатели се оние покрај кои ние се чуствуваме убаво заедно лудуваме се забавуваме со неколку збоови уживаме. Ех пријатели мои се сеќавате ли што се сме поминале заедно. Ви текнува нели? Ви текнува на деновите заедно поминати играјќи фудбал, гледајќи телевизија излегувајќи, смеејќе се па воглавно секогаш кога сме заедно си поминуваме убаво... понекогаш се потцетувам на деновите и моментите кога велевме дека ни е досадно.. ех.. зарем можевме да кажеме така смеевме ли? Не, тоа беа магични мигови мигови кои ќе останат засекогаш во фиоката во нашата глава наречена незаборавни сеќавања..Сега ми навираат сите убави моменти како топол ветер шараат низ мене убавите спомени, како да имам лупа која ги зголеми сеќавањата, како работите од фиоката да оживеаа. Се наежив се сетив кога прв пат заедно отидовме на излет на Водно. Кога бегавме од чичкото кој не караше зашто запаливме оган за скара. Ехеее не ми се верува дека тогаш успеавме да се извлечеме да го прелажеме, можеби и воопшто не го излажавме можеби тој сакаше ние да помислиме така, мали бевме. Навистина привилегија е да имаш вакви другари, и не само привилегија ова е богатство неспоредливо со она кое го има еден крал ... зарем има зборови со кои би успеал да доловам колку вредите вие.. тешко, го разлистувам и речникот, зборови такви не постојат. Тоа може да го сфати само оној кој што има вистински пријатели, пријатели кои никогаш нема да го напуштат пријатели кои никогаш не си викаат збогум па нели е така best friends never says goodbye . Ми текнува колку бевме радосни кога заедно настапивме на првиот турнир. Бевме мали неискусни но игравме фудбал од се срце. Бевме и сме како едно...ххх се сеќавам и се насмевнувам; станувавме рано секое утро од нашиот распуст само за да играме Манагер да сме заедно подолго време. Заедно бевме кога на некого му беше тешко му помагавме се глупиравме во тие моменти само тој да се насмее барем за момент да заборави на тагата, да ги насочи своите мисли кон некое друго место да се чуствува поубаво, па ние и во тоа успеавме нели. Освен во тажните заедно сме и во среќните моменти тогаш ни е најубаво чекориме напред и никој неможе да не запре... задно успаваме во се како да ги знаеме сите лозинки сите тајни кодови сите решенија .Трчавме и не се колебавме, знаевме дека во животот ќе успеат само оние кои што издржуваат, оние кои што веруваат и не се плашат од ништо, оние кои што одат до крај. И ако се изморевме знаевме дека ќе има време да се одмориме ако ни се раскрварат нозете патем.. ништо раните ќе ни зараснат ние само одиме напред... Пријателството е како едно цвеќе тоа треба да се негува за да расте.

Пријателството не е птица
- птицата одлетува
Пријателството не е зајак
- зајакот е плашлив
Пријателството не е снегулка
-снегулката е убава но се топи
Пријателството не е злато
-златото се купува
Пријателството не е шепотење
-тоа понекогаш се претвора во единица:wink:
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Пријателе..
Ма каков пријателе,ти ми беше најдобар пријател.Се сеќавам дента кога те запознав,24 Март 2003 година.Пролетта беше во најубавиот цут тогаш, но и нашето штотуку започнато другарство.Како капка дожд која иако паднала на земјата сепак вечно ке остане во неа.И да пресуши,и да се задржи на тревата одредено време,таа секогаш ке има придонес во растењето на тревата и одржување на земјата тогаш и некогаш.Те споредувам тебе со таа капка.Ти си оној кој никогаш за мене нема да престане да дише и да живее.Оној кој ми помогна да ги пребродам тешките моменти,ми даваше поддршка кога сите други ме игнорираа,ме храбреше дека ке успеам кога сите други ме мразеа.Го ризикуваше и животот да ме спасиш.Ах,да можев да го вратам времето,немаше ни да ми текне да ти кажам.."ајде да се повозиме на веспата додека твоите не се тука".Иако ја имаше возено само два пати,сеуште почетник ти сакаше да ми ја оствариш таа желба.Бевме деца,бевме зелени но знаевме што значи вистинското другарство и го ценевме истото.Бевме тука еден за друг секогаш,но се чуствувам како да не ја имав можноста да ти докажам колку ми значиш.Многу ретко ги имаше таквите моменти,моментите во кои ке си кажевме те сакам пријателе или пријателке.Можеби беше некогаш на зезање,мегутоа знам дека и двајцата премногу си значевме еден на друг,затоа ни нашите мајки не успеаја да не разделат кога избегавме заедно затоа што тебе ти беше лошо и ти беше потребен пријател.Бев тука за тебе,секогаш бев,и каде и да си секогаш ке сум.Се сеќавам на моментите кога се смеевме,кога игравме фудбал на игралиштето и ти ми помагаше да се вклопам со другите твои другари.Никогаш нема да ги заборавам,нив и тебе.Но истотака никогаш нема да го заборавам ОНОЈ ден.Тој проклет ден за кој и до ден денес сама се обвинувам за нашата несрека.Интересно беше,но не мислевме дека ке заврши во трагедија.Ја мразам таа улица!Ја мразам таа населба!И како Господ да ме казнил,секогаш за на школо го поминувам тој пешачки.Како намерно да ме потсека дека треба да се каам и дека јас сум крива за тоа што се деси.Затоа додека ја поминувам секогаш помислувам на онаа глупа кола која не прегази!И секогаш кога го поминувам тој пешачки намерно идам пред колите и не чекам да застанат.Сите ми се чудат,но не помислуваат дека можеби потајно сакам да си го наплатам гревот и да бидам онаму со тебе.Знам дека ме гледаш од "онаму",исто како што и јас те чуствувам секое сабајле кога ветрот ке го отвори прозорот и ке го почуствувам како ме гали по лицето.Ми фали пријател како тебе,искрен и насмеан.Но знам дека никогаш никој нема да те замени.Може неговите особини ке бидат идентични со твоите,но тој некој никогаш нема да биде ти.Те сакам пријателе,и којзнае по кој пат пишувам за тебе,но знај никогаш нема да се уморам,можеби од друго да,но никогаш од ова.Затоа што ти вредиш за ова,вредиш за многу повеке.И со секој изживеан ден тоа ти го докажувам,затоа што не успеав додека беше жив.
Почивај во мир Дарко,а јас секогаш ке мислам на тебе.

(фросе,се надоврзав на твоето,а за другите,штотуку ви го претставив едно од моите најголеми богатства во животот)
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Пријателе, како си, што има?
Пак ли ти се направило компирче на чорапите и пак ли си заборавил да се потшишаш?
Ти се прават ли сеуште бркчиња кога пиеш јогурт и уште ли се шеташ таков?
Уште ли ја завиваш "In the jungle" и уште ли го имитираш Џејмс Блант?
Уште ли газиш само по еднаш во еден тротоарски блок?
Уште ги грепкаш со нокт по фискалните сметки? И да, уште забораваш да ги исечеш ноктите?
Уште ли ги презираш металките?
Уште ли те викаат Фламинго заради слабите ноџиња?
Уште ли растеш, го надвиши ли татко ти?
Уште ли го носиш истиот ранец од прво одделение?
Уште ли го пушташ брзиот чекор и уште ли стигаш сегде прв?
Уште ли се нервираш од прости луѓе, уште ли се жестиш кога спортуваш?
Уште ли те бие баксузот во кладилница, или го снема заедно со мене?
Уште си ја пееш “I'll be missunderstood", кога никој освен јас не разбира?
Уште се смееш како мало дете?
Уште ли ги мразиш истите луѓе како и јас?
Уште ли си лидер?
Го имаш ли сеуште хуморот? Уште си саркастичен со професорките?
Знаеш ли сеуште да пишуваш убаво со тоа грдо детско ракописче?
Да не те смени времето?
Уште ли го тераш истиот инает?
Ги имаш истите фетиши?
Уште ги сакаш истите песни, уште ти е радиофоничен гласот?
Уште ли си несмасен кога треба да купиш подарок?
Уште драматизираш? Уште си затворен за чувства? А знаеш ли сеуште смешно да раскажуваш?
Уште ли жестоко расправаш?

Did you exchange your heroes for ghosts,
hot ashes for trees,
hot air for a cool breeze?


Уште се бориш за своите ставови? А за своите другари? А, за минатото? А вложуваш во иднината? А... во мене?

Ми недостигаш, пријателу.

How I wish, how I wish you were here...
We're just...


Уште ли не ти недостасувам?
И уште ли ќе се однесуваш како да ти е сеедно?

Wish you were here...
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Доаѓај кога си во болка, кога си скршен, кога те газат.
Тогаш можам да сочувствувам, да те сослушам, да ги синтетизирам сите психолошки прирачници и "драга тин-шема" совети, во зборови соодветни на твојата мизерија.

Но, кога си спокоен и задоволен, бегај пријателе. Бегај затоа што ќе те мразам. Затоа што ќе направам се за да ја тргнеш таа окезена гримаса од лицето. Ме иритира до точка на повраќање. А, јас имам жолч во себе која ќе те изгори. Која ќе ти ја загорчи секоја шеќерна приказна. Која, конечно, ќе не направи повторно подеднакво мизерни.
 
M

**MEMORY**

Гостин
Пријателке моја,
си бевме, си останавме и ќе си останеме такви. Еден ден се смееме на се` што е околу нас, друг ден си се жалиме.
И мене ми недостигаат тие моменти од пред 3-4 години. Цел клас, уствари не... Цело школо не знаеја како "девојките што се цепеа од смеа". Знаеш ли колку ми се продолжи животот со тебе? Не можеш ни да замислиш. Поминаа кризите, сега сме пак сестри. Ќе си го одржиме ветувањето овојпат, и нема да се испуштиме една од друга, никогаш. Сите мои пијанства со тебе сум ги имала, првата кутија цигари заедно си ја купивме и ја делевме, заедно се трезневме, дечковци не фермавме. Што и да било, не сме се делеле никогаш. Каде јас, таму и ти. Каде ти, ете ме и мене до тебе. И до факултет допревме, и сеуште не сме озбилни. Убаво ни е бе.
Леле, а кога ќе ми текне колку ми беше антипатична кога те видов прв пат. Ептен кратка коса, и само две плетенки спуштени напред. Да ти јадам фризот. Па и уште се правеше дека си била повисока од мене за некој милиметар. Пффф, метро и жилет си остана. Добро де, и јас не сум ништо поарна, ама ти бегам за прст, два максимум. Признааш, нели?
Не сакам да имаме повеќе вечери како оваа. Не сакам да се жалиме за тоа колку сме вакви или такви, онакви или никакви. Животот не е пак толку црн. Односно, каков и да е, не заслужува да си ги гњавкаме нервите поради тоа.
Даде, пријателка е премногу мал збор за тебе.
А кога ќе размислам убаво, нема збор со кој би можела да те наречам.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
961
Поени од реакции
43
Пријателе мој, зарем мораше да ја направиме таа фатална грешка која не оддалечи нас двајца? Мораше ли така да се случи, а јас сега само да се сеќавам на нашите долги разговори и заеднички решени проблеми? Часовите поминати по кафулињава смеејќи се на појавите од луѓе и нивните чудни карактети? Мораше ли после Тоа, толку да се оддалечиме, да го прекинеме секој контакт?
Ти беше мојот најмил пријател, а и се уште те сметам за таков.
Сакам само да ја заборавиме онаа случка, иако тоа е многу тешко.
Пријателе мој, бев, сум и ветувам дека засекогаш ќе останам твоја поддршка во сите твои успеси и падови, само те молам, да се обидеме да преминеме преку Тоа.
 

Devil-King

Пациентот од Бардовци
Член од
3 февруари 2007
Мислења
1.009
Поени од реакции
67
Ој другарче,маме ти јебем

кај си сега да лудуваш со мене

Да пијаме пиво у парк,

Да те гребам за цигари,

Да ми позајмиш за градски,

да ми праеш друштво,

дури и на мочање.



Со тебе ко мали,

за рака улица преминувавме

Низ градски парк се шетавме,

кај ченто се бесевме,

и куро го дрвевме

убај жени глеавме

и за нив зборуевме.



Ој другарче Ој.,.

Матер да ти јебем..

Коа не пиеш со мене

Ој другарче Ој..

Матер да ти јебем

Коа не пиеш со мене



Сега газот си го кријаш

ама хемороиди ти ќе имаш

пијам пиво сам у парк

и глеам жени во полу мрак

Кремка ти си фати,

и на неа куро ти се клати

и не ти текнуе ни на пиво

ни на трева и рок ен роул.





Сеа си крем сегде се фалиш,

И на шабан сајзери се палиш

луди солажи и високи терци

Синан ви пее, ебени кремци

До вчера во црно сега во бело

Абе кремчиште си цело.

На пеачка габијано одиш

И селани по тебе водиш

Пари фрлаш на цицки силиконски

Еби се кретену моронскии



Ој другарче Ој..

Матер да ти јебем..

Коа не пиеш со мене

Ој другарче Ој..

Матер да ти јебем

Коа не пиеш со мене





П.С. Маицата од металика и порничите да ми ги вратиш!
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Пријателе мој

Те сакам,знаеш нели?И покрај се јас уште те сакам,иако може и си ме заборавил веќе...односно не можеш да ме заборавиш,зошто секој пат кога јас те заборавам,те среќавам.
Најдобар другар,со право ми беше најдобар другар.
Успеа да ја избришеш првичната слика што ја имав за тебе,дека си вообразен идиот и женкар,успеа да ја избришеш и да насликаш најдобар другар.
Сега ми навираат спомени...прво пијанство-ме утепа од зезање,прво неверство-ме утепа од зезање,прв мувач-ме утепа од зезање.
Знаеш ли колку им се лутев на другите ако се зезаат со мене?Ама тебе не ти се лутев,иако твоево беше ептен надвор од граница,никогаш не успеа да ме налутиш,имаше нешто во тебе,што не ми даваше да се налутам...можеби константно насмеаното лице?
Кога сум кај спомените,се присетив на нашето последно лето,едно од поубавите лета во мојов живот,иако немаше ќар тогаш : ), баш дека се најдовме со иста “мака“ ми стана мило заради тоа.
Е тогаш,ти помагав да ја фатиш,те поддржував во се,иако твоите другари беа против,важно јас и ти се држевме заедно,толку заедно што и ни измислија афера во нашиов ни мил град : ) Само кога ќе се присетам колку пати имавме шанса да направиме нешто “што не треба“,ама не ја искористивме,зошто?-зошто ми беше најдобар другар,беше забранета зона за мене,најверојатно и јас за тебе,бевме заљубени во други а и не сакавме да си расипеме другарство.
Ама,знаеш ли дека баш таа твоја љубов ни го загрози другарството?Таа твоја љубов,што толку сакав конечно да ја имаш,што толку се радував кога конечно се согласи да биде со тебе,таа те промени.
Не си веќе насмеаниот,веселиот другар,кој оддалеку трчаше да ме гушне,со кој една прегратка траеше 5 минути,сега си озбилен тип,повторно ја сликаш старата слика.
Сега...сега нема веќе прегратка,насмевка,те нема да прашаш како сум,ги нема празните пораки : ),сега има само едно ладно здраво,како да сум ти само познаничка,само здраво зошто не смееш да ја испуштиш од вид.
Ама не сум лута,и не ти се лутам,не можам,знаеш.
Благодарна сум ти што ми беше најдобар другар,благодарна сум за еден од најубавите периоди од животов,никогаш нема да ги заборавам.
Единствено нешто што жалам, мразам во врска со тебе, е тоа што ми стана пријател,што сме само обични пријатели и што ќе останеме на тоа,познавајќи те тебе.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Океј,пријателе.Знам дека си чуден човек.Знам дека тоа нема лесно да го загубиш и самото тоа ќе ти наметнува многу фикс идеи кои можеби не се добри,ама сепак се твои и твојата уникатност ги прави прифатливи.Секогаш свој.

Те познавам релативно кратко време.Уште од првото соочување со твојот виртуелен лик,добив неверојатна импресија дека се работи за некој кој навистина имал огромна несреќа да се роди во оваа држава.Ама тоа е само фејк срање кое го користат оние неуспешни безпотенцијални паљачовци кои не сакаат да се трудат да успеат овде,па затоа ќе го повлечам.Не,ти имаше огромна несреќа да бидеш жртва на околностите кои се развиваа околу тебе,со или без твоја можност да делуваш.Навраќајки се наназад,уште кога се приклучив кон виртуелниот свет,првата личност која ме погоди беше ти.Причина и повод за да бидам овде,интелектуален предизвик тогаш и нешто на кое сакав да си ги тестирам способностите.Не ми дозволи пријателе.Беше премногу фин.Беше во фаза.Целото твое опстојување овде минуваше низ фази.Некој би рекол дека под тие слоеви на алфа-интелектуалец се крие едно ранливо дете кое незнае што сака и минува низ сфери на кенкање-желба за доминација-кенкање....јас би рекол дека секој човек е сепак емоционално суштество кое,ако пребрзо интелектуално се развие,потоа тешко се снаоѓа во целиот тој overload.Ништо ново.

Првиот контакт беше чуден.Првиот разговор банален.Триење рогови и покажување кој е фраер и знае повеќе за идеологиите и нивните концепти.Потоа,без особена причина,ти пријателе,падна под сугестија и успеа да подлегнеш и да елиминираш се што мислеше дека ти претставува опасност во монеталната блаженост.

Доаѓам до еден чуден заклучок,во кој судбината почнува да меша прсти,колку и да не верувам во неа.
И покрај ужасната креатура која беше еднаш одамна,подложна на сугестии и бришач на туѓи штикли,фаза во која твојот свет незнаеше за бројка поголема од 2,сепак се случи downfall.Ако гледаме судбински,можеби и беше потребен.Ако уште повеќе пропагираме судбина,егоистично ќе кажам дека и јас ти бев потребен.Јас,кој на агресија и понижување враќам со двојно,овојпат фрлив ракавица на таа игра.Оставив да видам до каде ќе отидеш,пред да ти удрат сопка.
И во целата таа соларна еклипса,во целата таа себенаметната кататонија,а во целото мое губење невиност кога се работи за човечноста,i was there for you.As in some strange way,you were there for me.Помина низ тоа,пријателе.Не беше лесно,ама помина.Мислев ќе изградиш р'бет.Мислев ќе се надградиш со тоа.Мислев дека ќе ја надживееш ранливоста.Не згрешив,ама требаше да помине уште време.Не беше тогаш подготвен да прифатиш финалитет.Ти,како индивидуа која целото свое постоење го базира на Надежта,ти како Овен,по некоја астролошка мерка брат,не сакаше да прифатиш ни дел од моите теории за тоа како да се преживее.
И,се случи репетиција.Знаев како ќе оди се тоа.But who am i to brag?Who am i to tell you the things i know and how i know them?Noone.Not my life,not my choice.

Битно заврши.Ама пак,и пак твојата ексцесивност те надвладува.Во целиот нов живот кој сега го пронајде,во целото turmoil filled пријателство кое го имаме,една работа сакав да научиш од мене....ДО СМРТ,пријателе.Се додека дишеш,мораш да се бориш.Кога нешто си започнал,треба да одиш до крај.Кога сите те газат,претај,мрдај,тетерави се.Бори се против понижувањето,бори се против сопствените грешки,арогантно оправдувај ги....биди центар на она што го претставуваш и не дозволувај да те кутнат.Let them kill you whille you stand,not when you're down.

Ама,штетата е направена.Се надевам дека ќе ми простиш ако ова го земам премногу сериозно.Јас се сфаќам сериозно.Затоа и би требало да сум разочаран на тоа дека наместо да се бориш,ја предаде борбата своеволно.Ама не сум.Нималку.Можеби добри работи ќе се изродат од сево ова.Можеби дури и од личен аспект на сите срања кои ти се дешаваат у живот,ќе излезеш победник и она кое јас и сите кои добро те познаваат го очекуваат од тебе.More than a man.

Една работа да биде јасна.Смртта не е конечна.A Legacy was made,though squished and stabbed,laughed at and humilliated,your spirit will remain.

Во нови победи пријателе.И секогаш,ама секогаш,колку и да бегаш од тоа......

...Sith !!!
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Пријателе мој , оној кој те сметав за рамен на мене.
Пријателе мој , оној со кој ги споделував сите мои мислења и тајни.
Пријателе мој , оној со кој израснав.
Пријателе мој , оној заради кој западнав во многу невољи.

Пријателе мој , дали после се вредиш така да те наречам?

Иако не вреди , пријателе мој , сепак така ќе ти се обраќам бидејќи само тие зборови останаа за да го специфицирам она што ми беше , ама не повеќе.
Покрај сите маки ,болки , страдања и карања на кои ти беше изворот сепак останав покрај твојата страна. Покрај сите лажења,озборувања,забивање на нож во мојот грб , сепак ги затварав очите и ја кревав главата горе надевајќи се дека ќе се смениш. И покрај се , ти не се смени. Ти остана она што беше, само обичен лажливец. Дволичноста не беше твоја особина , туку едноставно целиот твој карактер. А сега ,пријателе мој, каде се наоѓаме ?? Сакајќи да го уништиш оној кој толку се има жртвувано за тебе се уништи себеси. Сега веќе ,пријателе мој, сите го видоа лицето на вистината. Лицето кое јас своеволно го покажував , без срам јас бев гол човек. Бев посочуван како лице за смеење од самиот себе кога веќе не бев од тебе. Но се исплатеше,пријателе мој. Сета бол , сите лаги претрпени од тебе сега веќе исчезнаа, а и ти исчезна со нив.

Епа мислам дека време е да престанам да те нарекувам пријател кога ќе се потсетам на се што си сторил. Би ти посакал убав живот , би ти посакал среќа , би ти посакал љубов , но немам намера да лажам . Единствено што би ти посакал странецу е само да почувствуваш омраза ,омраза како што јас чувствував , само за да дознаеш што е љубовта која ти сакаше да ја оспориш.

Со почит, странецу.
А ти, ти почивај во мир , пријателе.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Добро,што размислуваше кога се движеше по целата таа подлога од стакло?Зарем во ниеден момент не ти текна да ја фрлиш пајажината за да можеш да ме гледаш од дрвото кое покорно ја чекаше твојата тежина за да ти помогне,да те стисне кај себе додека не дојде жената што го чисти стаклото.

Седи сега не ме гледај така се ќе ти кажам само остави ме малку да си ги избришам ноктите ,гребев низ земјата за да можам да те откопам каде се криеш,ниту стаклото не си го избрал ко што треба,да можам од далеку да те познаам.

И добро,дали помисли во еден момент дека целиот тој спектар од бои го правеше детето од спротива,колку си невнимателен, па ти му го купуваше пластелинот за да може да ги пополни и виножитото и целата саксија со одамна ненавадената земја.Каде мислеше кога тргна да ги земаш боите само за себе ко небаре те гонеше крт па едвај чекаше да излезеш од земјата за да избегаш.

Што очекуваш сега,да ти дадам рака за можеш само да се лизнеш и туку така да го поминеш целиот блесок од стаклото?Не, пријателе мој,јас ќе ти го подадам само ноктот што гребев по земјата за да стигнам до тебе...да те извлечам,а понатаму ти одлучи што ќе правиш со него.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Драг Александар.

Ќе ти кажам неколку работи кои ќе те водат по патот, и би било добро да ги прочиташ и почитуваш, бидејќи се од големо значење за твојата личност и иднина.

За гордоста...​

Сине мој, ќе се соочиш во животот со ласкавци, подлизурковци, гнасни луѓе кои ќе имаат форма и изглед на божествени креатури. Не им верувај колку и да зборуваат добро. Ќе мора да се најде и по некој искрен и сурово директен. Тој е оној кој ќе го земеш за пријател, бидејќи таквите луѓе се вистинските кои ни требаат крај себе. Остриот збор кој навидум изгледа на провокација, во вистинско време може да те освести. Ако сите зборуваат добро и со епитети, не им верувај, барај го тој еден без влакна на јазикот.
Кога ќе ги земеш заедно, ќе видиш дека сите твои успеси и подвизи не се само за восхит кај поданиците и пријателите, ами и повод за тага и завист кај истите. Ако не успееш да го исправиш својот карактер, и да им покажеш дека не им мислиш лошо... ќе те сакаат вистински. Биди сам свој учител во осамените денови, почитувајќи го оној кој те искарал.
За доброто...​

Ќе сретнеш низ своите патувања случки кои ќе те испровоцираат до онаа мера да посакаш мечот да го извадиш само за да мафташ со него. Воздржи се, бидејќи непотребното трошење на сечилото, еден ден ќе те доведе до тап меч кој ќе ти биде најпотребен во даден миг, и ќе ја проколнуваш секојдневната негова употреба. Биди понизен и праведен, како кон пријателите така и кон оние другите. Така ќе го стекнеш нивното вистинско почитување а кај некои од нив и вистинското пријателство, па животот кој би го дал ти за нив, би го дале и тие за тебе. Немој да бидеш подмитлив и лажен, бидејќи таквите луѓе ги познаваат и пред да ги видат, а со нив сите знаат дека разбирање има само на еден начин. Преку лага. А кога ти би ги лажел нив, ќе те лажат и тие тебе. Биди добар, само тој е патот до врвот.
За златото...​

Ќе бидеш маѓепсан од она што ќе го освоиш. Не дозволувај одсјајот да ти се вкорени во главата. Нека се одбие од твоите очи назад, бидејќи оној кој ќе биде заслепен на тој начин, веќе не може да се врати дома. Златото носи проблеми, не го заборавај тоа. Што повеќе го имаш, тоа повеќе го сакаш. Што повеќе го сакаш, се` повеќе ќе даваш дел од себе за да стигнеш до него. А и кога конечно добиеш цела палата полна со светкави играчки, ќе ти биде малку. Откажи се на време, и гледај како малите луѓе газат еден врз друг да стигнат до таа планина од азно. Многу од нив ќе умрат попат не искусувајќи ги вистинските убави работи, вистинската среќа. Богатството изгледа привлечно, славата без него е вечна.
За љубовта...​

Ќе биде многу тешко драг мој покрај сите обврски кои ќе ги имаш да се посветиш на онаа личност која навистина ќе ти се допадне. Пријателите се менливи, ќе те излажат и изневерат, и нека тоа не те изненади, секогаш трагај понатаму додека не ги најдеш оние малкумина кои навистина ќе ги засакаш. Но, особено внимавај на жените. Начинот на кој маж може да западне во неволја заради жена е бизарен често. Внимавај сине мој, пријателе мој... не дозволувај жена да застане помеѓу тебе и твојата цел. Нема да те предупредам за кашата која жена ќе ти ја свари од кое ќе те боли срцето, тоа е лекција која јас не можам да ти ја дадам, но мораш да знаеш да повлечеш линија. Како да знаеш каде е таа линија? Кога ќе помислиш дали да го освоиш светот или да останеш вечно во убавиот нов град заради неа, кога ќе треба да одбереш помеѓу болниот пријател и нејзината среќа, кога ќе треба да се одречеш од својот татко за да ја задоволиш неа, тука е линијата. Љубовта е прекрасно нешто, кое ниедна битка нема да ти ја донесе, но знаејќи те тебе, верувам дека ќе стигнеш до врвот, со меч во десната и љубов во левата рака.
За боговите...​

Не грижи се за нив. Тие вечно ќе имаат судир помеѓу себе дали да успееш или не. Сфати го тоа како дел од себе, како борба на твојот карактер кој никогаш нема да ти дозволи да бидеш смирен и одморен. Тоа не значи дека не си спремен да тргнеш на пат, тоа значи дека патот ќе биде забавен. Ќе те ставаат на тест, ќе ти приредуваат замки и ќе ти праќаат отрови. Но ти ќе бидеш силен, бидејќи никогаш нема да потклекнеш на лошиот морал, нема да се оддадеш на блуд и разврат кој ќе те одведе во темна уличка. Не, ти ќе бидеш моќен како Зевс и гордо ќе чекориш на плоштадот, сите да видат, и никој да не може да каже дека си стигнал таму благодарение на Дионис или некој сличен. Кога сите ќе знаат дека сам си се изборил против сите демони кои ги пратиле, и тие... боговите ќе молчат.
За мудроста...​

Ќе се прашаш пријателе, кој е помудар. Дали јас кому безрезервно му веруваш или на мојот соперник кој има комплетно различно мислење од моето. Нема помудар, пријателе, нема најмудар. Ние сме тука двајцата да ти понудиме решение за проблемите кои ќе те навасаат. И тој ќе ти понуди исто ко и јас, на различен начин но со ист успех. Твое, и само твое е да решиш кому ќе веруваш, бидејќи апсолутна вистина на светот нема. Види го тоа едноставно како ден и ноќ. Што е поприфатливо за твојот ум? Ноќта со сите свои прекрасни ѕвезди кои ти нудат енергија за уживање, или денот... прекрасното утро каде детелината со четири листа има роса и изгледа божествено. Битното е да ги пребродиш проблемите, и да станеш мудар сам за себе. Потоа и денот и ноќта нема да бидат важни, ќе бидат важни пријателите и саканите деноноќно.

Биди весел пријателе, и остани ми во добро здравје.​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom