Пред некој ден разгледував книги во еден супермаркет и ми падна во око книгата "Skopje in Style". Книгата е туристички водич за Скопје, но изведена е со поелегантна и помодерна замисла. Наменета е за странските туристи, па затоа е напишана на англиски јазик.
Авторките (Инес Шабан и Аријана Коскарова) се инспирирале од
„Парижанка“,
водичот за Париз и модниот стил на Парижанките, од
Инес де ла Фресанж, франсука аристократка, модел и, во основа, член на високото друштво. (Јас не сум многу по овие работи, па не ми се допаѓа што баш од таа книга се мотивирале.)
Ако некој се интересира повеќе за „Парижанка“:
The New York Times за книгата.
Le Parisien за книгата.
Првпат чув за книгава уште во јуни, кога беше издадена, и си помислив дека е одлична идеја. Но, кога ја разлистав и потпрочитав,
многу се разочарав. Идејата за содржината на книгата не е лоша, но забележителен е лошиот стил на пишување. Најнегативната карактеристика е особено лошата употреба на англискиот јазик. Не станува збор за мали и пропратни грешки, туку за чести граматички, a особено синтактички грешки. Се добива впечаток дека текстот е или пишуван на македонски, па преведуван, или пак пишуван од некој кој нема доволно познавање на англиската синтакса. Во биографиите на авторките (на крајот на книгата) стои дека едната од нив е дипломиран преведувач од катедрата Преведување и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје, па веројатно и тие самите го пишувале текстот и не сметале дека е потребно лектор да ја провери книгата. Резултатот е, едноставно кажано,
лош. Исто така, во биографиите стои и дека авторките имаат долгогодишно искуство во туризмот, што според нивната возраст е огромна лага.
На Фејсбук има
страна за книгава, каде се ставени и неколку страници од книгата, па убаво може да се види за што станува збор.
Еве два линка со написи за промоцијата:
http://www.zdravo.com.mk/skopje-in-style/
http://tocka.com.mk/1/68031/promocija-na-knigata-skopje-in-style
и видео со двете авторки од Бекстејџ:
http://www.youtube.com/watch?v=Kr71tfRTl2w
Сѐ на сѐ, уште една причина да се чувствува срам во врска со нашето претставување пред странските туристи, и разочарување од општиот неквалитет кој секојдневно не опкружува.