Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Ау што?
Му здодеа на Марфи да таложи пари преку Моќта на Потсвеста па сега почна да се занимава со вистината?

До книгата е ич не се секирај, Марфи е познат по плиткост и неговите книги се бесуштински и ефтини, по читањето на која било негова книга знаењето ќе ти биде еднакво на она пред читањето, служат само за тој да си прави капитал.
Знаев дека не е до мене :)

Марфи ти е срање во боја.
Почнав да забележувам :)

Се мислам дал да ја дочитам или да ја спакувам за враќање-фала Богу што не дадов пари за неа :P
 
Дечки, "Жив човек" од Лафазановски? Ја читнал некој книгава? Што книга е? Некое инфо? :cautious:
 
Дечки, "Жив човек" од Лафазановски? Ја читнал некој книгава? Што книга е? Некое инфо? :cautious:


Па, Лафазановски ( Сократ, не Ермис ) е балетан и сликар. Немам слушнато дека се бави со литература, па веројатно е од неговата дејност. Додека, син му ( веројатно му е син Ермис ) е писател и преведувач. Колку што знам, тоа е монографија за Сократ Л. :)
 
секој вторник и петок,купувам по некоја книга,на К.....пазарот.
Прво гледам за внуците,за најмалите некои сликовници и боенки,
за поголемите некои со кратки приказни,се разбира ефтино 10-30 ден.
повеќе и неможам да дадам,а и од друг не може ни да добијат.
За мене денес ги начекав како нови „гланц“-оние две книги од Хитлер
и тоа за 100 ден.двете.Од Ѓурга не ни можев да ги земам, скапи се.
Не оти го „обожавам“ авторот или фашизмот,туку многу читам историја
посебно за 2с.в. па ај да прочитам што мислел „будалиов“ да прави,
тогаш,поточно се виде што направи и до кај ја однесе нацијата.
Кој го интересира,може да појде таму,по книги за евтини пари,а има и
многу на Руски,Турски,Англиски па и Болгарски јазик,некогаш се наоѓаат и многу стари добри книги од сите „жанрови“.Но ако успееш да земеш пред
да ги собере некој сите и ги однесе на кеј,за ти пак да ги купиш.
 
Сакам да прашам дали некој знае дали го има на македонски преведено делото на Чарлс Дикенс A Tale of Two Cities или David Copperfield?

Исто ме интересира што книги пишува Умберто Еко или Орхан Памук? И кои би ми ги препорачале од нив.
 
Не знам дали прашањето ми е соодветно за тука, ако сум оф топик Вокерка нека го премести постот каде што мисли дека е соодветно.

Ме интересира дали по нашиве книжарници може да се купи пакет од делата на Агата Кристи и Артур Конан Дојл? Онака две три книги заедно и по која цена може да се набават?
 
Не знам дали прашањето ми е соодветно за тука, ако сум оф топик Вокерка нека го премести постот каде што мисли дека е соодветно.

Ме интересира дали по нашиве книжарници може да се купи пакет од делата на Агата Кристи и Артур Конан Дојл? Онака две три книги заедно и по која цена може да се набават?
Сеа ќе ти ја с`снам Вокерка, па ни Џимеј нема да те вади со бришење на мои постови во Филм.

Шега на страна, за Дојл сум 100% сигурен го наоѓаш во Икона - за жал на англиски. Имаш една џиновска книга (книгиШТЕ) со сите негови собрани дела во името на Шерлок. За Кристи сум да не речам 100% ама 80 сигурно пошто наидував доста често на нејзините наслови. За жал повторно на англиски.
Од матица/ ѓурѓа не те упатувам (имаат некои наслови, но мислам некомплетни) поради сакатењето да не речам книгоцид што прават таму. Така да ова другово ти е на твој ризик :)))
 
Мислам дека во Верото накај Аеродром имаше такви пакети на македонски, ама не сум сигурна од кои автори. Ми се чини имаше од Агата изданија на Ѓурѓа.
 
Мислам дека во Верото накај Аеродром имаше такви пакети на македонски, ама не сум сигурна од кои автори. Ми се чини имаше од Агата изданија на Ѓурѓа.
Кои токму поради болдираното не е паметно да ги купи.
 
RocknRolaa , книжарницата Кавказ продава книги од британската издавачка куќа Wordsworth (квалитетни, евтини, продаваат на Amazon), па покрај Икона провери кај нив. Не можам да ти кажам како стојат со цени, ама ако имаш трпение (и дебитна\кредитна) би можела да порачаш од нет. Оригиналниот канон (4 книги\56 кратки раскази) во еден том ме чинеше околу 1200-1400 со испорака.
Кога сум веќе овде и offtopic, може некаде во Скопје да се најдат собрани дела од По ?
 
Кои токму поради болдираното не е паметно да ги купи.

Тоа е јасно, ама Агата не е некоја филозофска расправа па да не може да се доживее истата возбуда додека се чита и со лош превод. Инаку, не ги ни спомнувам. :)

Кога сум веќе овде и offtopic, може некаде во Скопје да се најдат собрани дела од По ?

„Маската на црвената смрт“ во издание на Темплум, добар избор на раскази и солиден превод.
 
Пред некој ден разгледував книги во еден супермаркет и ми падна во око книгата "Skopje in Style". Книгата е туристички водич за Скопје, но изведена е со поелегантна и помодерна замисла. Наменета е за странските туристи, па затоа е напишана на англиски јазик.
Авторките (Инес Шабан и Аријана Коскарова) се инспирирале од „Парижанка“, водичот за Париз и модниот стил на Парижанките, од Инес де ла Фресанж, франсука аристократка, модел и, во основа, член на високото друштво. (Јас не сум многу по овие работи, па не ми се допаѓа што баш од таа книга се мотивирале.)
Ако некој се интересира повеќе за „Парижанка“:
The New York Times за книгата.
Le Parisien за книгата.

Првпат чув за книгава уште во јуни, кога беше издадена, и си помислив дека е одлична идеја. Но, кога ја разлистав и потпрочитав, многу се разочарав. Идејата за содржината на книгата не е лоша, но забележителен е лошиот стил на пишување. Најнегативната карактеристика е особено лошата употреба на англискиот јазик. Не станува збор за мали и пропратни грешки, туку за чести граматички, a особено синтактички грешки. Се добива впечаток дека текстот е или пишуван на македонски, па преведуван, или пак пишуван од некој кој нема доволно познавање на англиската синтакса. Во биографиите на авторките (на крајот на книгата) стои дека едната од нив е дипломиран преведувач од катедрата Преведување и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје, па веројатно и тие самите го пишувале текстот и не сметале дека е потребно лектор да ја провери книгата. Резултатот е, едноставно кажано, лош. Исто така, во биографиите стои и дека авторките имаат долгогодишно искуство во туризмот, што според нивната возраст е огромна лага.

На Фејсбук има страна за книгава, каде се ставени и неколку страници од книгата, па убаво може да се види за што станува збор.

Еве два линка со написи за промоцијата:
http://www.zdravo.com.mk/skopje-in-style/
http://tocka.com.mk/1/68031/promocija-na-knigata-skopje-in-style

и видео со двете авторки од Бекстејџ:
http://www.youtube.com/watch?v=Kr71tfRTl2w

Сѐ на сѐ, уште една причина да се чувствува срам во врска со нашето претставување пред странските туристи, и разочарување од општиот неквалитет кој секојдневно не опкружува.
 
Моментално ја читам Одисеја и само едно имам да кажам... Михаил Д. Петрушевски :cuc:. Мислам дека нема што да кажам за приказната, верувам позната ви е.
 
До средина сум на вториот том на Каренина. And I don`t like her:cautious:.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom