Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
The Stand од Стивен Кинг. Ја прочитав книгава во електронска форма, на српски јазик (преведена како „Упориште“). Има три дела, а темата е есхатолошка, апокалиптична. Добар роман, лесен за читање, интересен, неколку повеќе или помалку сложени ликови и приказна што се памти.
Мене многу ми личи на една современа, прилично вешто изменета и прилагодена, но сепак очигледна варијанта на Господарот на прстените од Толкин. Си има и кај Кинг хобити и орки, пат што треба да се изоди, а и по некој Голум. И за Гандалф и за Саурон најдов замена. Е сега, тоа не е нешто лошо, напротив. Кинг си гради сопствен, убедлив свет и си го знае занаетот.
Мислам дека Кинг посебно ги сака пченките. Тие, освен во Децата на пченката, и овде си најдоа место.
 
Каде може да се најде Смртта на Иван Илич од Толстој ??
 
Каде може да се најде Смртта на Иван Илич од Толстој ??
Библиотека, книжара, на интернет... http://makedonskijazikiliteratura.blogspot.com/2010/11/blog-post_4000.html А плус еве ти нешто за неа, ако те интересира ...
--- надополнето: 14 мај 2012 во 20:43 ---
Сега ја читам Digital Fortress oд Ден Браун.
Во две недели ги прочитав сите други: Deception Point, Angels & Demons, The Da Vinci Code, The Lost Symbol и уште оваа ми остана.

P.S: Да не знае некој кај можам да ги најдам Dunk & Egg Stories од George RR Martin? На македонски знам дека ги нема, ама не можам ни на англиски на ги најдам.
Ако уште не си нашол можеш да порачаш од Англискиот центар, ако ја нема, ги носат...
 
Каде може да се најде Смртта на Иван Илич од Толстој ??

Јас ја имам книгата во издание на „Феникс“. Не сум ја видела во поново издание од друга издавачка куќа.
 
Признавам не сум некој,редовен „читач“ на книги,освен ако не ги земеме
во предвид оние од историја за Македонија.
Но оваа книга што деновиве ја прочитав ме воодушеви,и ме врати во младоста и во мојте скопски стари маала.Не сум ни претпоставувал дека постојат вакви книги.Ќе ги купам и другите книги од овој автор.Тоа не е само книга - роман,туку четиво како било кој старец во паркон ќе се препознае себеси ви тие редови,толку е вистинито и веродостојно.
Книгата е : „ Цена од Ново Маало “ - автор Владимир Плавевски
 
Ја прочита ли некој "Угурсуз" од Сашо Тасевски? (сори ако дуплирам, не прочитав за што се се има коментирано). Забегано книгиште, истовремено ја силува и ја љуби македонштината наша, не е слична на ништо до сега напишано во комерцијални рамки... Се зборува за еден батка од село и неговото патешествие до високите кругови; тој е благословен со една многу битна "особина" ама проколнат до крајот на животот да не може да ја искористи :D Сепак да напоменам, не е за помлади од 18 (па и повеќе :) ) години бидејќи е експлицитна до крајности - ако имате ограничени сфаќања и сте богољубиви по природа не ја читајте. Така да ова би било анти-реклама :D
 
Случајно налетав на „Спомените за Сократ“ од Ксенофон. Меѓу другото таму има поглавја именувани како „Одбраната на Сократ“ и „Гозба“. По што се разликуваат од истоимените дела на Платон? Ги немам читано и двата автора, па се мислам со кого да почнам прво.
 
Ако може некој да ми каже каде да ги најдам 4,5,6,7-от дел од книгите Хари Потер??
 
Ја прочита ли некој "Угурсуз" од Сашо Тасевски? (сори ако дуплирам, не прочитав за што се се има коментирано). Забегано книгиште, истовремено ја силува и ја љуби македонштината наша, не е слична на ништо до сега напишано во комерцијални рамки... Се зборува за еден батка од село и неговото патешествие до високите кругови; тој е благословен со една многу битна "особина" ама проколнат до крајот на животот да не може да ја искористи :D Сепак да напоменам, не е за помлади од 18 (па и повеќе :) ) години бидејќи е експлицитна до крајности - ако имате ограничени сфаќања и сте богољубиви по природа не ја читајте. Така да ова би било анти-реклама :D
јас ја имам прочитано,точно дека е ескплицитна,но не се сложвам дека не е слична на ништо досега напишано.Моја теорија дека Сашо Тасевски се инспирирал од Форест Гамп (филмот со Том Хенкс е екранизиран роман) ,бидејќи имаат премногу сличности во развојот на дејствијата,иако на крајот двајцата јунаци имаат сосема спротивни судбини :)
 
Тоа со Форест Гамп е само медиумска парола со која ја фураат книгата а иначе нема везе.... Зборев дека во МК не е напишана слична книга.... а не БИЛО каде на планетава ....
Сепак единствен заклучок кој може да се извлече е дека Форест се постигна сам а ова пишпилево на Сашо се нешто не му чини иако се ќе добие (добро, освен едно :D)
 
Џозеф Марфи - Моќта на вистината

Читатели, така стојат работите. :)
Значи сериозно, кој ја има прочитано книгава?
За тие што ја прочитале:
Што мислите на “јазикот“ или поточно речникот кој го користи писателот?
Колку ви е (ви беше) интересна?
Се сеќавате на некоја глава отприлика што се зборува?
.
.
.

Искажете се за книгава господо :)

Ај сеа како што е редот јас да се искажам.
Книгава има околу 200 страни. Не е многу. Пред некој ден земав да ја читам. Страна по страна, страна по страна стигнав до пола. Стигнав до пола ама финтата е што скоро ништо не разбрав. Цела книга е поделена на глави а секоја глава е отприлика пола страна или најмногу 3/4 од страната. Нема некое дејство. Се раскажува различни случки и ко примери нешто ама најитересно е што Мистер Џозеф Марфи првите 3-4 реда од секоја глава ги има составено убаво ама понатаму што да ви зборам (за тие кои ја немаат). Во секоја реченица се спомнува: Еден е Бог, Божјата моќ е најсилна моќ, Бог е се, Бог е единствен, Бог, Бог, Бог........и плус тоа многу псалми има внесено-мора во секоја глава да има по еден до два.

За да не се сфатиме погрешно-не сум атеист и немам ништо против Бог ама прашањето ми е колку треба да се спомнува Бог во книгите. Да сакав во моментов да читам за Бог ке си земев некоја верска книга. Моќ на вистината никако и нигде не сретнав. Јес да нема тоа да биде напишано и сервирано како на тацна ама застанав, размислив и не најдов никаква поврзаност или некоја врска со главите од книгата.

До мене е или до книгата?
Стварно немам никаков коментар за книгата. Ја читам исто ко да не ја читам....:)
Па повелете :)
 
Ау што?
Му здодеа на Марфи да таложи пари преку Моќта на Потсвеста па сега почна да се занимава со вистината?

До книгата е ич не се секирај, Марфи е познат по плиткост и неговите книги се бесуштински и ефтини, по читањето на која било негова книга знаењето ќе ти биде еднакво на она пред читањето, служат само за тој да си прави капитал.
 
Марфи ти е срање во боја.
 
И јас се сложувам со мислењето за Марфи и за нему сличните, но тој е мртов. http://en.wikipedia.org/wiki/Joseph_Murphy_(author)#Bibliography.5B2.5D :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom