Тука коментираме книги

Член од
5 јуни 2017
Мислења
11
Поени од реакции
4
Здраво, дали некој знае каде може да се најде "Идиот" од Достоевски на македонски? Направив доста солидно истражување на ова но не успеав да најдам ништо конкретно
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.353
Поени од реакции
29.828
Најдобро што можам е српски превод... Кажи ако ти треба, и кажи ако го најдеш на Македонски.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.509
Поени од реакции
33.674
Здраво, дали некој знае каде може да се најде "Идиот" од Достоевски на македонски? Направив доста солидно истражување на ова но не успеав да најдам ништо конкретно
Proveri niz fb grupite na staro? Obicno ja ima.

Jas ja citav ovaa u hardcover, race mi smakna

IMG_3007.jpeg
 
Член од
5 јуни 2017
Мислења
11
Поени од реакции
4
Здраво пак! Очајно ја барам "Дилбер Стана" од Стале Попов но никако да најдам издавачка куќа што ја продава :/ Дали некој знае кај можам да ја најдам книгава? Благодарам однапред :)
 

YuZe

Fortune favors the Brave
Член од
22 септември 2005
Мислења
992
Поени од реакции
655

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.719
Поени од реакции
22.256
Дали ја има за продажба некаде: Богатство на Народите од Адам Смит на Македонски јазик? Има 5 дела, или 2 тома.

Свето Серафимов (прев.). Скопје: Штрк. ISBN 9989-662-14-2. (достапност во библиотеки[мртва врска]) не можам да ја најдам вака.
Три тома се во убаво издание тврди корици и плус прашинопрекривки. Побарај во колибите на кеј спроти Холидеј Ин. Јас ги земав по 100 од книга или вкупно 300 сега не надај се сине на таа цена. Од 600 до 900 би било ок цена за нив.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.741
Дали ја има за продажба некаде: Богатство на Народите од Адам Смит на Македонски јазик? Има 5 дела, или 2 тома.

Свето Серафимов (прев.). Скопје: Штрк. ISBN 9989-662-14-2. (достапност во библиотеки[мртва врска]) не можам да ја најдам вака.
По тие фејсбук страниците сто пати ги имам видено. Побарај, сигурно ќе ги најдеш.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
409
Поени од реакции
1.146
@YuZe Пиши Богатството на народите во search барот на ФБ и прегледај ги постовите ќе ги најдеш.
Screenshot_20240413_161308_Facebook.jpg
 
Член од
19 април 2014
Мислења
409
Поени од реакции
1.146
Мазурка за двајца мртовци - Камило Хосе Села

Генерално се разкажува животот на луѓето во Галиција (Шпанската област над Португалија, каде што живеат Галицијани кои зборуваат Галициски јазик кој е сличен на шпанскиот и португалскиот) за време на граѓанската војна. Главниот настан е убиството на еден лик и подоцна неговата одмазда. Она што е интересно и оригинално е формата во која е напишан романот и можеби е причината поради која Села добива Нобелова награда. Има еден куп ликови кои се појавуваат во секој следен параграф и не се знае кој со кого зборува и раскажува и малце е тешко да се запомнат ликовите и да се следи приказната; но сите ликови се меѓусебно поврзани во роднинска, брачна или швалерска врска. Исто нарацијата е циклична и се повторува (10 пати минимум прочитав дека Бенисиа има пупки тврди како бадеми :ROFLMAO:) помага да се направи поврзаност и да се следи приказната.
Се уште не ми лежат вакви експериментални романи и реално повеќе ќе уживав да имаша нормална структура романот ама ок е и вака. :)

П.С Ме интересира дали и "Семејството на Паскуал Дуарте" е во овој стил напишана?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.828
Поени од реакции
33.741
П.С Ме интересира дали и "Семејството на Паскуал Дуарте" е во овој стил напишана?
Колку што се сеќавам, не. Мислам дека линеарно беше дејството, ама јазикот и стилот на раскажување - извонреден!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.056
П.С Ме интересира дали и "Семејството на Паскуал Дуарте" е во овој стил напишана?
Незаборавна книга е. Кратка но моќна - јас секогаш вршам паралели со „Странецот“ на Ками, но ужасен сум во дефинирање стилови и жанрови, така што би рекол дека е поегзистенцијализам него Мазурка.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.225
Поени од реакции
35.848
Направив обид со Малдороровите Пеења, ама се откажувам после триесетина страници. Не успевам на навлезам во книгата иако навистина сакам. Ќе треба да му дадам шанса некој друг пат.
 

Diferans

Природно high
Член од
3 јули 2009
Мислења
133
Поени од реакции
197
Направив обид со Малдороровите Пеења, ама се откажувам после триесетина страници. Не успевам на навлезам во книгата иако навистина сакам. Ќе треба да му дадам шанса некој друг пат.
Пеењата... чист естетски и психолошки тероризам, иако е генијална и единствена. Ни јас не ја довршив, подолг период ја прелистував, таков и е модот на делување, повеќе е идеја отколку содржина, идеја дека треба да се нагази до даска, преку сите егзибиционизми и шок терапии за да се стаса до самата дефиниција на чисто зло. Мене ми е друго интересно - да не го запрела смртта, во истиот стил, после пеењата на злото, Лотреамон планирал радикално да се искупи со објавување пеења на доброто, надежта, правејќи диптих од овие две теми. Останува како еден од најинтересните писателски ликови, некои негови идеа во тоа време тотални новини а денеска секојдневие
 

Kajgana Shop

На врв Bottom