Тука коментираме книги

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.561
Поени од реакции
22.255
Dali nekoj znae kade moze ovaa serija knigi da se najde?

1718267679412.png
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.941
Поени од реакции
37.175
Еден совет. Од Памук имам прочитано:
-Музеј на невиноста (еден од најубавите романи што сум ги прочитал во животот)
-Жената со црвена коса
-Се викам црвено
-Ноќи на чума (го прекинав, преголем е)
-Белата тврдина (најлошиот негов)

Што да биде следно и зошто?
-Снег
-Црна книга
-Чудност во умот
-Немиот дом
-Нов живот
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
Каде може да ги купам
На чудни плими- Тим Пауерс
Морскиот волк - Џек Лондон
 
Член од
19 април 2014
Мислења
429
Поени од реакции
1.243
Каде може да ги купам
На чудни плими- Тим Пауерс
Морскиот волк - Џек Лондон
Морскиот волк ќе ја најдеш на фб страната Bookberries Online bookstore или на Фејсбук групите за продажба на книги. Јас би ти препорачал ако можеш да го најдеш и да си го дозволиш цел комплет од Џек Лондон. Има два комплети со тврди корици, едниот е со жолти корици а другиот со црвени. Ако ги сакаш неговите книги вреди да се поседува комплетот :)
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
Морскиот волк ќе ја најдеш на фб страната Bookberries Online bookstore или на Фејсбук групите за продажба на книги. Јас би ти препорачал ако можеш да го најдеш и да си го дозволиш цел комплет од Џек Лондон. Има два комплети со тврди корици, едниот е со жолти корици а другиот со црвени. Ако ги сакаш неговите книги вреди да се поседува комплетот :)
Мислев по книжариве како нови, но сепак фала ќе проверам.
 
Член од
19 април 2014
Мислења
429
Поени од реакции
1.243
Мислев по книжариве како нови, но сепак фала ќе проверам.
Како нови не верувам дека ќе најдеш нешто од Џек Лондон освен "Повик на дивината". Оваа дека е лектира па ја реиздаваат почесто, друго ништо нема ново.
 
marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
Како нови не верувам дека ќе најдеш нешто од Џек Лондон освен "Повик на дивината". Оваа дека е лектира па ја реиздаваат почесто, друго ништо нема ново.
Е таа ја имам и јас
 
Член од
30 јули 2024
Мислења
8
Поени од реакции
0
Me interesira za tie sto gi imate citano delata (site ili del) od Igor Dzambazov, dali vredat za parite (dali se interesni za citanje...)? Posto od povekjeto recenzii (bez spoilers normalno) sto sum cital velat deka gol & oblecen covek i priracnik za anti-anti alkoholicari mu bile najdobri so najdobri prici od negoviot zivot

I isto me interesira dali on vo negovite knigi pisuva i za negoviot ateizam posto kolku sto znam (osven ako ne smenil pogled) on e ateist (a ironija e toa sto po nekoi info sto go imam vo negovite begstva imalo momenti koga se kriel po manastiri) i eden od retkite javni licnosti sto javno vo zemja kako mk go kazuval toa, a jas licno kako fellow atheist sekogas postuvam skeptici i free-thinkers.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.653
Поени од реакции
3.885
Романот „Времеубежиште“ на најпознатиот современ и меѓународно преведен бугарски писател Георги Господинов, по освојувањето на Booker Prize , e номиниран за Шведската меѓународна книжевна награда.
Да му посакаме успех :)
https://kulturhusetstadsteatern.se/kulturhuset-stadsteaterns-internationella-litteraturpris
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
417
Поени од реакции
2.212
На македонски е преведен како „Засолниште во времето“ и е објавен за издавачката куќа Или-или.

https://iliili.com.mk/knigi/zasolnishte-vo-vremeto/

Инаку, Господинов како писател е многу почитуван меѓу книжевните сладокусци во Македонија.
 
Дали е можно да се нарача книгата онлајн од странство (Австрија).
Веке повеке од една година учам македонски и ме интересира како е преведена книгата.
Бидејќи текстот е на многу места тежок и прилично двосмислен, со бројни референци и асоцијации од блиското минато, буквален превод е невозможен.
Македонскиот преведувач мора совршено да го владее бугарскиот, пошто се користи специфична фразеологија, сленг, зборови со двојно значење и повеќе значења .
На пример,,Времеубежиште,,е измислен збор - комбинација од зборовите ,,време,, и ,,убежиште,,.
,,Убежиште,, значи место каде што може да избегаш и да се скриеш од нешто лошо и бараш спас, сигурност, заштита.
На македонски е користен сборот ,, Засолниште ,, кое на бугарски се преведува како ,, подслон,,-место каде што може да ве примат ако си заглавен или имаш несреќа.
Едно ,, убежиште,, може да биде ,, подслон,, но не е исто.
 
Последно уредено:

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.122
Поени од реакции
25.553

Бев во публика кога Господинов беше во Скопје на промоција на оваа книга а заедно со него беше и преведувачот од македонски јазик кој спомна дека се консултирал со него при преведувањето така што мислам дека имале комуникација додека се превдувала книгата. Баш едно 2-3 минути дискутираа за самиот наслов каде што преведувачот имал дилема дали да го преведе како Засолниште во Времето или Времезасолниште затоа што е еден збор во оригинал и на крај сепак се решил за првото.

Засолниште мислам дека е сепак точниот збор, затоа што може да се употреби на пример и во ваква реченица: Дождот врнеше силно и тој најде засолниште во една пештера.

За место каде што те примат ако си заглавен или имаш несреќа постои друг македонски збор: прифатилиште. Доаѓа од зборот прифати (прими) што значи дека некој таму мора да те прифати/прими. На пример ако некое улично куче се всели во некоја напуштена куќа таа куќа на него му служи како засолниште. Од друга страна ако тоа куче утре некој го однесе во посебна установа каде што се грижат за бездомни кучиња, таа установа е прифатилиште за кучињата.

Еве ја Фејсбук страната на книжарницата можеш да им пишеш порака дали може да ја нарачаш од странство.

Секако начин да ти се испорача сигурно може на крај краева може да ти ја пратат по ДХЛ или овие другиве меѓународни фирми што носат пратки ама колку пари ќе те чини тоа е друго прашање. По обична пошта не ти препорачувам да ја нарачаш, македонската пошта е катастрофа.
 
Член од
21 јануари 2022
Мислења
417
Поени од реакции
2.212
Преведувач е Душко Крстевски, кој е одличен познавач на бугарскиот јазик и кој веќе има многу преводи зад себе.

Во однос на прашањето дали книгата може да се нарача од странство, најдобро е да му пишеш на издавачот и да го прашаш. Или-или имаат и страница на фејсбук, најди ги.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.653
Поени од реакции
3.885
Благодарам и на двајцата за корисните информации. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom