Тука коментираме книги

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.413
Поим немав каде да го споделам ова, па еве тука: Влада Урошевиќ е добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2023. По Нобеловата награда за литература, Златниот венец на СВП е втора најстара книжевна награда ВО СВЕТОТ, се доделува од 1966 година! Урошевиќ е третиот Македонец кој ја освоил наградата во историјата, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011.

:bravobe:
 
Член од
12 април 2021
Мислења
5
Поени од реакции
0
Здраво на сите
Сакам да ја земам браќа Карамазови од Достоевски, но не сум сигурен кое издание да го одберам. Дали новото на Магор, кое сега е на попуст, или да барам некои од старите изданија на Табернакул или Матица. Овие старите се поевтини, но се потешки за наоѓање, но освен тоа и преводот сакам да биде добар.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.413
Не знам дали е до мене или уште е прерано, ама не може да ме внесе во својот универзум „Папокот на светлината“. По некои 40-50 странички уште лутам со мислите додека читам. Со „Папокот на светот“ не беше таков случајот, се сеќавам - во еден ден ја прочитав, во Универзитетска.
 
Член од
8 февруари 2021
Мислења
106
Поени од реакции
32
Не знам дали е до мене или уште е прерано, ама не може да ме внесе во својот универзум „Папокот на светлината“. По некои 40-50 странички уште лутам со мислите додека читам. Со „Папокот на светот“ не беше таков случајот, се сеќавам - во еден ден ја прочитав, во Универзитетска.
Напротив мене обратно ми е
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.135
Поени од реакции
8.228
Починал Кормак Мекарти, исклучителен автор, меѓу најпознатите и најдобри современи писатели. Се надевам Крвав Меридијан ќе добие македонски превод во догледно време и, ако не нешто повеќе, бар обид за филмска адаптација...

111.jpg
 
Член од
28 септември 2016
Мислења
35
Поени од реакции
17
Здраво на сите
Сакам да ја земам браќа Карамазови од Достоевски, но не сум сигурен кое издание да го одберам. Дали новото на Магор, кое сега е на попуст, или да барам некои од старите изданија на Табернакул или Матица. Овие старите се поевтини, но се потешки за наоѓање, но освен тоа и преводот сакам да биде добар.
Izrazito teshka kniga, ja procitav vo 2014 postar prevod. Bilo vo koja verzija duri i orginalnata na carsko-ruski sushtinata e ista. Voglavno teshka kniga zaostanata vo 19vek, budi depresivni nagoni. 1200 strani napisal a toa ti e samo voved za da se sfatila, kuluminacijata shto trebalo podocna da se napishe ama ne dozhiveal Fjodor.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.544
Поени од реакции
21.492
Барав тема за ова, меѓутоа не најдов ништо конкретно па оваа ми се виде како најпогодна за оф топик.

Знае ли некој како да се среди ова од апликацијата на книга.мк?

1000006767.jpg

Испробани се мислам сите комбинации тука, но, сеуште немам пристап.

1000006768.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.736
Поени од реакции
33.413
Барав тема за ова, меѓутоа не најдов ништо конкретно па оваа ми се виде како најпогодна за оф топик.

Знае ли некој како да се среди ова од апликацијата на книга.мк?

Прегледај го приврзокот 389829

Испробани се мислам сите комбинации тука, но, сеуште немам пристап.

Прегледај го приврзокот 389830
Мислам дека до апликацијата е. Мене друг проблем ми даваше, пример: ставам во кошничка повеќе книги, одам на плаќање, ми дава максимум 3. Подоцна кога пробувам да ги додадам тие кои не знам зошто, но се тргнале од кошничката, ми дава порака - книгата е веќе купена, а всушност ја немам. Премногу багови има апликацијата, едноставно не вреди да се замараш да ја оправиш. Симни си Македоника, имаш ем повеќе книги, ем се е бесплатно.
 
Член од
13 јули 2020
Мислења
161
Поени од реакции
371
Здраво, ми треба информација каде може да ја најдам книгата 'Сведоштва 2001' од генералот Панде Петровски
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.692
Поени од реакции
882
И мене ме интересира истово , дали ја има негде книгата од генералов.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.667
Поени од реакции
4.750

Attachments

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Finally, some good fucking TV.

Kolku epski poslednite epizodi od vtorata sezona… poslednite tri gi izgledav dva pati.

Kastingot za Day e nesto nepovtorlivo.

Da ne izleze nikoj ne vi kazal…

Denes ko za koincidencija me sopna na aerodrom i spickav 50 strani, prviot chapter do exile-ot na Terminus.

Прегледај го приврзокот 402543

Se opsednav maximum, instant megu omilenite.

Уф.

Одамна немам прочитано ~300 страни толку брзо, од кога го пишав постов. 5-6 денови и тоа со патувања, празници итн.

Како и за сите екранизирани дела, серијата не е прифатена од фановите поради не доловување на “духот” на книгата но мене ми беше се што барам ЈАС од една серија и имајќи го тоа малку предзнаење од неа, иако многу работи се сменети, ми беше одлична основа за да ме впие книгата без да губам фокус на кој е кој. Голема препорака за серијата.

Фондација како засебна книга и не ми е една од подобрите што ги имам читано од жанрот како на пример што инстант ме освоија Solaris, Three Body, etc но идеите се таму, scope-oт е таму и веќе почнав со Фондација и Емпирија оти како што напишав у темата за серијата - веќе сум опседнат. Одлично кокетирање со науката претставена како религија и исто така нејзиниот залез и користење на индустријализмот и размената на добра како следен инструмент за контрола. Ја прави историски релевантна и интригантна за следење.

Полна со политички надмудрувања и твистови, психоисторијата одлично функционира како “предвидување” на иднината и начин на прогресирање без да создаде повеќе дупки одошто колку проблеми е поставена да реши. Ликовите навистина се малку еднодимензионални но во тема, бидејќи индивиуата и не е толку импактна а и не треба да биде. И можеби имаше само еден женски лик кој беше полошо напишан од ситком и траеше пола страна, па цела книга беше колбаси (не го спомнувам ради родов процентуален диверзитет или whatever) но навистина ми зафали женско. Серијата тоа го решава, се надевам ќе се подобрат и следните книги, но далеку од проблем.

4/5

Сега разлистив и како Асимов предлага читање на серијалот па на два умови бев да почнам со robot series. @Saladin мислам ти си го голем фан на I, Robot. Вреди прво таму да се префрлам?

IMG_2444.jpeg

Несакајќи резолуција за новата си ставив…
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Сега разлистив и како Асимов предлага читање на серијалот па на два умови бев да почнам со robot series
Така читај ги, по хронолошкиот редослед како што Асимов ги има наредено, не според датумот на издавање.
Листава е малку чудна, фали Forward the Foundation, можеби е отсечена. Ама па таа е пред прелудиумот, а и свемирските струи треба да се пред ѕвездите. Позитронскиот човек е расказ, Силверберг го има проширено во роман. А крајот на вечноста не е од серијалот.
 
  • Љубов
Reactions: wot

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.356
Поени од реакции
4.878
Ќе си ја зачувам листата. Од каде ги порачвате книгите, ги има низ Мкд негде на англиски јазик?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom