Тука коментираме книги

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
Споредбата на Хари со Раскољников не е моја затоа не ме прашувај мене како е можно да се споредат прашај го тој што ја направи.

И да и според мене е подобра книга од Хари Потер барем во однос на дефинирање на карактери, иако Хари има подообра приказна.

Неговите книги се отфрлаат од класиците. Класици се прават кога или некоја книга ќе доживее голема популарност, или кога ќе се утврди дека има историско значење за литературата. Така се определуваат денес класиците барем.

Само мене ме буни едно нешто, зошто до сега веќе неколку луѓе го бранат толку Достоевски, а цело време викаат дека не им се допаѓа стилот? Зар не е тоа малку апсурдно?



Другите две книги не сум ги прочитал ама овие две да. Баш ме инттересира што научи вака ти од тие две книги? (само за информација Алхемичарот е книга универзално прифатена , што не е случај со Хари Потер или со Кодот на Давинчи, Злосторство и Казна)

-Не те обвинив тебе за споредбата на Хари Потер и Раскољников туку сите оние кои ги споредуваат.
-Хари Потер има подобра приказна??? Знам дека во прашање е вкусот, ама е стварно е навредливо да кажеш дека хари потер има подобра приказна.
-Кои книги се отфрлаат од класиците??? Достоевски? Толстој? Дикенс? Твен? Шекспир? Балзак? Во меѓувреме го изгубиле својот статус на класици? Кој ги определува класиците? Дали тоа значи дека ќе треба да читаме Ангели и Демони наместо Пеколот од Данте? или Самрак наместо Ана Каренина? или Хари Потер наместо Одисеја 2001? или Алхемичарот наместо Странецот од Ками?... смешно.
-Се сложувам дека Алхемичарот е универзално прифатена, но повторно, тоа не е мерило на нејзиниот квалитет. Луѓето читаат книги кои ги прават среќни и после кои се чувствуваат задоволно (литературен конформизам) што воопшто не е случај со книжевните класици кои во принцип се со трагичен крај, Алхемичарот е happy end книга која често ја преминува границата помеѓу животната филозофија и утопистичката пара-реалност, книгата го кажува тоа што сакаме да го чуеме- не тоа што навистина е. Мене лично книгата не ми се допаѓа и мислам дека постојат и многу подобри книги кои ја обработуваат темата на "личното богатство". Еден Галеб Џонатан Ливингстон и Малиот Принц повеќе ме "просветлија".
Во продолжение и неколку цитати од самиот "Алхемичар" кои добро ми ја потенцираат поентата (го користам Коељо против самиот себе :wink:):
*Прифаќаме една вистина само кога ја негираме во почетокот од длабочината на душата.
*Јас сум како и сите луѓе: на светот гледам онака како што сакам да течат работите, а не онака како што навистина течат.
*Кога секогаш гледаме исти лица, на крајот тие стануваат дел од нашиот живот. А кога ќе станат дел од нашиот живот тогаш сакаат и да ни го сменат. И не се задоволни ако не е на нивното.
-Што сум научил? Од Достоевски психологијата на човек-ѕвер, од Толстој внатрешниот гнев на една фрустрирана жена... Од Злосторство и Казна за стравот од нихилизмот кој навлегува во источна европа- и кој доведува до ужаси дури децении подоцна, од Ана Каренина за лицемерието и егоизмот, страста и патењето кое една култура и убедувања можат да го овозможат... За "кинескиот ѕид" помеѓу селото и градот и за моралните проблеми на утопистичкиот социјализам... Ова е најкратко што можам да кажам за влијанието и моќта на овие две книги, иако тоа не е ни "атом" од се она што се опишива во овие "литерарни енциклопедии"

Не знам за Ден Браун ама за Алхемичарот веќе се изучува. Јас ја прочитав оти ни ја дадоа како лектира. Сега не сум сигурен дали беше задолжителна или слободна ама знам дека од школо ни ја дадоа.

А Злосторство и Казна не се изучува секаде низ светот прочитај ги претходните постови. Денеска западната култура ја отфрла таа книга (не секаде но пополека се шири влијанието).

Сега баш ги гледам листите на книги кои ги изучуваат најдобрите школи во Америка и Британија и интересно е тоа што тие речиси и да не читаат книги од неанглиско потекло. Паметно за нив да ја изучуваат пред се нивната литература. Само некои мали земји како нашата се преоптоварени со наставни програми од странски автори.
-Двете книги никогаш нема да се изучуваат како задолжително едукативно четиво!
-Злосторство и казна можеби не се изучува секаде, ама нивна замена е Ана Каренина или Тивкиот Дон или Идиот или Карамазови или Мајстор и Маргарита или Евгениј Онегин или Мајка или Мртви Души или Лолита или Вујко Вања... Руската литература од "златната ера" на 19 век ќе е изучува секаде и секогаш каде што нема тоталитарно или националистичко мешање во образовниот систем.
-Се сложувам дека сите нации најпрвин си ја читаат својата литература (исто како и ние). И нормално е дека во англискиот образовен систем има многу помалку странски писатели од едноставна причина што имаат голем број на квалитетни домашни писатели. Не дека американците не читаат франциска или руска или латино-американска литература, меѓутоа нивниот број е помал и се одбира само најквалитетното и најпотребното. Верувам дека во Русија скоро и воопшто не се читаат странски писатели бидејќи додека ги прочитате најважните дела на домашните веќе сте спремни за во пензија :wink:!
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
1984 е една од најдобрите и најмрачните книги кои сум ги прочитал, дефинитивно задолжителна за секого, без оглед на возраст, политичко убедување, религија или националност...
Книгата претставува дистопија на едно општество каде Големиот Брат "се гледа" и "се знае", каде индивидуалната свест е забранета а колективната делузија охрабрувана, општество каде војната е мир, слободата е ропство а незнаењето е сила, општество каде вистината се креира по желба и каде 2 плус 2 е еднакво на 5.
Книгата се чита како некаков трилер филм и навистина има феноменален крај.
Откога ќе ја прочиташ, веднаш "нафрли се" и на нејзиното "мало братче" Животинска фарма која е исто така чисто совршенство.




Е фала за за советот ме мотивира за да ја прочитам што поскоро досега сум до 70 страна бидејќи читам уште една книга но ова досега што го имам прочитано можам да кажам доста квалитетна книга
 

Stre3T Danc@

The definition of #BFABB
Член од
10 април 2009
Мислења
1.690
Поени од реакции
146
Ајанта напиша:
"Жените се од Венера, мажите од Марс"- единствена книга што не сум ја прочитала докрај, и сите квазипсихолошки комерцијални стра.а од ист тип:nenene:
Книгава е прекрасна. Најубавиот правилник за однесување машко кон женско и обратно. За мене беше и е единствен начин да се разберат половите разлики.
Си погрешила што не си ја прочитала цела. Треба стварно да се внесеш во неа, па макар да препрочиташ една реченица уште 2-3 пати.
Мене ми е една од омилените, ја обожавам и планирам да си ја купам.
Многу е полесно да се оствари врска, со такви совети за мерки на претпазливост. (Од искуство :smir: ). Целата суштина е разбирање на книгата, а тоа е воедно и нејзина цел, цел на содржината.
Јас напротив би ја препорачала на секого.
Он топик: Нема лоша книга, според мене. Има досадна. Која ја читаш во момент на мрзливост...без волја. Тоа е. Некои писатели уживаат во опширно доловување на одреден момент. :toe:
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Ја прочитав "Чекајќи го Годо" на Семјуел Бекет. Драма која не личи на драма, која нема класично драмско дејство, која иако е класифицирана како трагикомедија, нема ниту нешто трагично, уште помалку комично во себе. Двајцата протагонисти, Владимир и Естрагон, додека го чекаат Годо водат толку бесмислени и глупави разговори, што на моменти посакувате да се откажете од читање на книгата. Целата драма е празнина и една "антидрама", една апсурдна драма.
А го разбра делото?Откри ли кого всушност тие чекале?Пошто и јас го читав делото минатата недела и ме интересира како ти си го доживеал делото:smir:
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
А го разбра делото?Откри ли кого всушност тие чекале?Пошто и јас го читав делото минатата недела и ме интересира како ти си го доживеал делото:smir:
Не разбрав баш. Мислам дека чекале нешто што знаеле дека нема да дојде, си го денгубеле времето. Навистина не ја сфатив суштината на делово.
 
Член од
22 септември 2009
Мислења
199
Поени од реакции
26
Не разбрав баш. Мислам дека чекале нешто што знаеле дека нема да дојде, си го денгубеле времето. Навистина не ја сфатив суштината на делово.
Мислам баш тоа денгубењето е битното, ништо не добиваш ако само чекаш нешто да ти дојде, безделничиш и само чекаш нешто од небото да ти падне (според некои критики Годо го претставува Бог). Така чекајќи нешто без ништо да преземат за да го добијат тоа трескаат глупости и си го истрошуваат животот залудно. Демек наравоучение нешто треба да биде драмава:)
Ова јас како го сфаќам:smir:
 

Божана

Morning sun
Член од
17 август 2009
Мислења
226
Поени од реакции
111
Мислам баш тоа денгубењето е битното, ништо не добиваш ако само чекаш нешто да ти дојде, безделничиш и само чекаш нешто од небото да ти падне (според некои критики Годо го претставува Бог). Така чекајќи нешто без ништо да преземат за да го добијат тоа трескаат глупости и си го истрошуваат животот залудно. Демек наравоучение нешто треба да биде драмава:)
Ова јас како го сфаќам:smir:

Мислам дека Годо ја претставува надежта на човекот,смислата на животот или вистинскиот живот,односно пријателите чекаат да им се случи вистинскиот живот со среќни и пријатни моменти.


Он-топик, во моментот ја читам „11 минути“ од Пауло Коелјо,книга за љубовта,сексот,потрагата по среќата и потрагата по себеси.
 

Ovce_Pole-9

^Tennis Lover^
Член од
12 декември 2008
Мислења
234
Поени од реакции
14
Мислам дека Годо ја претставува надежта на човекот,смислата на животот или вистинскиот живот,односно пријателите чекаат да им се случи вистинскиот живот со среќни и пријатни моменти.


Он-топик, во моментот ја читам „11 минути“ од Пауло Коелјо,книга за љубовта,сексот,потрагата по среќата и потрагата по себеси.

Da da i jas imam cueno deka Godo go pretstavuva Gospod.Tie cekale neshto,a neznaele shto,vremeto im e ispolneto samo so cekanje i cekanje i vsushnost i porakata treba da e samiot Godo,odnosno deka toa cekanje moze da go dovede covek vo depresija,da razmisluva,razmisluva i samo razmisluva i da ne pravi nishto,samo da ceka do nekakvi promeni vo zivotot.Celata drama e edna praznina,a jas kako sto ja razbrav,poentata treba da e da ne se ceka nestata sami da ti padnat od nebo,tuku cel zivot treba vsushnost da ti pretstavuva edna borba so istiot:D
Btw 11minuti mnogu dobro romance.Da go docitas obavezno:smir:
 
Н

немезис

Гостин
FORTRAN - Tricks & Tips - издание - 1984 год.
Неможам да се замислам себе си да читам романи од разонода или пак не дај боже да читам за ставовите на некој си и љубовните драми или кој знае што. Ја навредува мојата интелигенција самата помисла како некој може да чита вакви работи... Освен стручна литература која се базира на докажани факти или барем мислења на експерти од некоја област, навистина не ми е јасно како некому може да му претставува задоволство да чита рекла искуства,ставови и муабети на некој си од којзнае каде во некоја од таканаречените "книги" кои ги чита обичниот и припрост народ.

Да го образложам мојот став.

Можеби мојот став кон ова е таков каков што е затоа што сум електро инженер и работите ги гледам од повисоко. И да можете да ме наречете егоист, нарцис или кој знае што но навистина е така, ние работите ги гледаме од повисоко. Инженерот го има најдобриот поглед и најдобрите сфаќања за се во животот, затоа што она што тој го знае, на обичните луѓе не им доаѓа ни на сон. Ве молам да се воздржите од обвинувања за моето гледиште од некој без соодветно образование(дури и доколку некој се смета за интелигентен без образование, зашто интелигенцијата е нешто што мора да се развива)
Оф леле. Се надевам дека е зафрканција ова, ама сепак ќе ти одговорам и ќе дадам се од себе да не ти го навредам ставот. Луѓето читаат книги, слушаат музика, ставаат слики на ѕид, разговараат меѓусебно и слично за низ туѓа призма да ги видат работите, да размислуваат за нив, и да ги оформат и надградат своите ставови за светот, животот, љубовта или што и да е. Знаеш зошто? Затоа што во основа сите луѓе се исти, сите некогаш ги имале истите чувства и потреби, не си ти нешто посебно и невидено. Луѓето сакаат да разменуваат мислења и ставови за да станат подобри луѓе. Да читаш книга е исто како да му влегуваш во главата на еден човек. Ти биди ако сакаш најдобриот инженер на светот, ако не си добар човек џабе ќе ти е сето тоа. И не, не ги гледаат инженерите работите на повисоко ниво - јас сум инженер и воопшто не се чувствувам како да сум над некој „обичен и припрост народ“.
Е сеа, има и голем процент на луѓе што читаат, слушаат музика и гледаат филмови чисто за разонода, па затоа голем дел од тие ствари во денешно време и се правени само за да ги забавувааат луѓето. Тие се срање, апсолутно се согласувам, ама никако не можеш однапред да знаеш. Затоа прочитај 10 книги, сигурна сум дека во една барем ќе пронајдеш делче од себеси, реченица што ќе те пецне и на која што ќе мислиш пред да си легнеш.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Оф леле. Се надевам дека е зафрканција ова, ама сепак ќе ти одговорам и ќе дадам се од себе да не ти го навредам ставот. Луѓето читаат книги, слушаат музика, ставаат слики на ѕид, разговараат меѓусебно и слично за низ туѓа призма да ги видат работите, да размислуваат за нив, и да ги оформат и надградат своите ставови за светот, животот, љубовта или што и да е. Знаеш зошто? Затоа што во основа сите луѓе се исти, сите некогаш ги имале истите чувства и потреби, не си ти нешто посебно и невидено. Луѓето сакаат да разменуваат мислења и ставови за да станат подобри луѓе. Да читаш книга е исто како да му влегуваш во главата на еден човек. Ти биди ако сакаш најдобриот инженер на светот, ако не си добар човек џабе ќе ти е сето тоа. И не, не ги гледаат инженерите работите на повисоко ниво - јас сум инженер и воопшто не се чувствувам како да сум над некој „обичен и припрост народ“.
Е сеа, има и голем процент на луѓе што читаат, слушаат музика и гледаат филмови чисто за разонода, па затоа голем дел од тие ствари во денешно време и се правени само за да ги забавувааат луѓето. Тие се срање, апсолутно се согласувам, ама никако не можеш однапред да знаеш. Затоа прочитај 10 книги, сигурна сум дека во една барем ќе пронајдеш делче од себеси, реченица што ќе те пецне и на која што ќе мислиш пред да си легнеш.
Господине, најнапред благодарам што одвоивте дел од вашето време за опсежно да реплицирате на мојот пост. Нормално е дека луѓето, цитирам: "читаат книги, слушаат музика, ставаат слики на ѕид, разговараат меѓусебно и слично, размислуваат за нив, и да ги оформат и надградат своите ставови за светот, животот, љубовта или што и да е", верувај дека сево ова и јас лично го практикувам, освен читањето на оние срања ќе речам што ги напоменав во мојот претходен пост. Еве на пример комуникација преку онлајн форум е доста добар начин за информирање, дообразување и разменување на лични ставови со што би ги доизградиле нашите ставови по одредена тема/област/проблематика. А за книги, сум прочитал повеќе од 1,000, но веќе се изјаснив какви, а за книга неможам, едноставно неможам да ја сметам животната приказна, патеписот или погледот на светот и проблемите на некој си кој има пуста желба да напише бестселер и да се збогати преку ноќ. Едноставно е навредливо. И не жалам што ги нареков луѓето кои ги читаат и се палат и се "пронаоѓаат" во таквите срања „обичен и припрост народ“, затоа што навистина е така.Мислам дека осаменоста, фрустрираноста од својата празнина и неисполнетиот живот се главни причини што луѓето ги читаат ваквите глупости. Дури и да се пронајдам во некоја од оние таканаречени книги, што тогаш? Зарам треба некој друг да ми ги открива чувствата и да ме освестува за мојот живот со некоја негова сосем поинаква приказна во различни околности и јас читајки ја да ги доловувам моите чувства на таков или поинаков начин? И мислам дека бев јасен како и каде ги градам своите ставови т.е. каде повеќето веќе ги изградив или ги дополнувам и ги изменувам по потреба, не ми требаат вакви глупости за таа намена или за било каква. Поздрав и секое добро.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Мислам дека Годо ја претставува надежта на човекот,смислата на животот или вистинскиот живот,односно пријателите чекаат да им се случи вистинскиот живот со среќни и пријатни моменти.
Mуабетот кој се води во книгата е безцелен и нелогичен. Главните ликови не знаат дури која е нивната дискусија. Драмата е демек трагикомедија но е сепак контрадикторно апсурдна. Сепак Годо е смислата на животот која што Естрагон и Владимир ја чекаат и ја бараат.

-топик, во моментот ја читам „11 минути“ од Пауло Коелјо,книга за љубовта,сексот,потрагата по среќата и потрагата по себеси.
И? Препораки? Јас ја имам на српски во комп. и поради тоа што е на српски ме мрзи да ја прочитам.
:back:
 
Член од
13 септември 2009
Мислења
287
Поени од реакции
110
Што ке кажете за Воскресение од ТОлстој ? До пола сум. ЈА има некој читнато? како е?
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Ја имате прочитано Љубовта за Ана од Иле Милевски, кое е вашето мислење?
Во последно време постојано налетувам на книгата, има добра реклама, авторот навистина се потрудил, респект за вложениот труд како за напишанато така и за рекламата. Морав да ја прочитам, наш автор тоа е предност, а читав и доста пофални зборови за книгата.
Инаку да се задржам на содржината. Во книгата се зборува за љубовта што еден студент ја чуствува спрема една девојка, Ана. Но таа љубов не е возвратена, тоа е болна љубов, таа љубов прераснува во опсесија. Книгата е многу реална, напишана со едноставен стил, но доста убедлив. Авторот ни го опишува студентскиот живот, борбата да се успее, да се просперира како на интелектуален, друштвен така и на љубовен план. Тоа е секојдневието, тоа е тоа што не опкружува, што сите не засега, секој барем во еден мал дел од книгата сметам дека може да се пронајде. Доловена е реалноста баш таква каква што е, сурова.
Не ми се допадна крајот на книгата, навистина многу грозно завршува книгата со самоубиство, не очекував таков крај. Се разочарав и ми се замати првичниот впечаток, но тоа е.
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
Народе го разгледував каталогот на Матица и стварно има книги за кои сум слушнал и се доста добри за малку пари.
Направив листа па ќе ве замолам доколку некој смета дека некоја книга од листата не треба да ја купам и дека е глупа нека даде мислење со образложение.
Прекрасни коски - Алис Себолд
Заедно - Џоди Пико
Казино - Николас Пилеџи
Вода за слонови - Сара Груен
Полноќни спомени - Сидни Шелдон
Приспивна песна - Чак Паленик
Трибини - Џон Гришам
Жалба - Џон Гришам
Повик - Џон Гришам
Кутија во облик на срце - Џо Хил
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Единствено добро во Матица што видов беше
Мостот на реката Дрина - Андриќ
Богородичната црква во Париз - Иго 150 ден
Сестра му на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски 380 ден.
Друга книга од авторот на Сенки на ветрот, мислам се вика Игра со ангелот
и некои книги од Агата Кристи
Скоро се друго не беше од Матица и нормално не беше на попуст.

Народе го разгледував каталогот на Матица и стварно има книги за кои сум слушнал и се доста добри за малку пари.
Направив листа па ќе ве замолам доколку некој смета дека некоја книга од листата не треба да ја купам и дека е глупа нека даде мислење со образложение.
Прекрасни коски - Алис Себолд
Заедно - Џоди Пико
Казино - Николас Пилеџи
Вода за слонови - Сара Груен
Полноќни спомени - Сидни Шелдон
Приспивна песна - Чак Паленик
Трибини - Џон Гришам
Жалба - Џон Гришам
Повик - Џон Гришам
Кутија во облик на срце - Џо Хил
Вода за слонови ја имам читано. Лесна книга, една од оние кои немаат никаква вредност, само интересна приказна. Според книгата сега се прави филм, ако не е веќе готов. Јас би препорачала да го гледаш филмот. Најверојатно ќе добиеш и посликовито издание на приказната, и нема да потрошиш од прилика два дена туку два часа. Е сега, вкус на книги е многу субјективна работа , најубаво да прочиташ некои критики на нет или да прашаш уште некој за книгите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom