Тука коментираме книги

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја препорачувам Царица од Шан Са,прекрасна книга од која неможете да се одлепите.Се чита во еден здив.
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
„Мајсторот и Маргарита“ ја читав пред година-две и не се сеќавам добро на секој детал, но мене ми остави доста добар впечаток. Прекумерната употреба на фантазија воопшто не ми сметаше, баш напротив, ми годеше. А за поентата на книгата... не сум сигурна дали правилно ја имам сфатено, но мислам дека целта на Булгаков беше да прикаже дека „нема апсолутно добро, ниту апсолутно зло“.
Ќе ја прочитам повторно, веројатно ќе можам подобро да ја восприемам овој пат :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Страданијата на пустиот млад Вертер од Гете.
Верзијата која ја продаваа со дневните весници.
Ме нанервира Вертер. Јас разбирам љубов, ама до толку да се заљубиш не ми е сфатливо, дури и глупо ми е. Кога јас кога влегував во пубертет и мислев дека тој прв што ми се свиѓа ќе го сакам цел живот, ете од таа гледна точка е пишувана книгава. И углавном ради тоа не ми се бендиса. Ок е за тепање време, али скромен просек.

--- надополнето ---

Ја препорачувам Царица од Шан Са,прекрасна книга од која неможете да се одлепите.Се чита во еден здив.
Слични на неа се од Инду Сундаресан - "Празникот на розите", "Дваесеттата сопруга", и за нијанса послаба али ипак ок е "Приказната за Мурасаки" од Лајза Делби.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Страдањата на младиот Вертер е типичен романтизам. Најтипичен. Ако сакате да го сфатите романтизмот во својата најчиста форма не смее да ви избега. Припаѓа на епистоларните романи (романи со писма).

Заради овој роман во тој период се појавува цел правец - вертеризам, луѓето почнуваат да се облекуваат ексцентрично и несекојдневно како Вертер, влегуваат во опасни љубови, а последица на тоа се и масовни самоубиства, нешто поради кое Гете ќе се покае што го уби својот јунак.

Од денешна перспектива е патетика и врвна сентименталност, но погледнете ги аспектите и времето во кое творел Гете.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дамата со камелии - Александар Дима, синот

Не сакам ич љубовни романи. Ова е еден од ретките (тука е и Малечката Фадета) кои ми оставиле длабок впечаток. Преубаво дело, ептен романтично, нереално.
Го препорачувам, треба да се прочита. Особено младиве што се засилени по книгиве Twilight.
Се работи за младич кој ќе се заљуби во куртизана.
И, имам една дилема. Куртизаната цел месец со неа носела бели камелии, а 5 дена во месецот црвени. Ова е поврзано со месечниот циклус или мене така ми се чини?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Шангај бејби - Веј Хуј
Автобиографско романче. Не е ама баш ништо посебно. Не ми се бендиса, али не ми беше ни одвратно. Не ми е јасно зошто романов се смета за толку контроверзен, па дури бил и забранет во Кина, кога уствари ич не се детално опишани сексуалните дејства меѓу ликовите. Ама ич.
Иначе, се работи за една писателка која е вљубена во своето момче кое е импотентно, и ќе почне да го изневерува со друг човек.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кога завршив со Мајсторот и Маргарита поим немав дали сум ги сфатила само попатните нешта во книгата или поентата. После ја гуглав, и сеуште неам поим дали го разбрав тоа што го читав. Ми се допадна книгата, како си игра со сликата на ѓаволот (момент мислиш дека е злобен, нареден момент дури делува рационално, покажува милост...) ама си ја оставив за неколку години пак да ја прочитам.
Што симболизира мачорот и другиот слуга на ѓаволот? Читав дека мачорот е некое митско демонско суштество кое Булгаков го искористил во книгата, ама тоа ништо не кажува за книгата.
Јас го имам поодамна читано романов на Булгаков. Како и сите други луѓе, го доживеав на свој начин . Мислам дека е ок. иако не ми се допадна премногу. Очекував нешто друго, некаква хорор класика :). Што се однесува до симболиката, таа може различно да се толкува, а можеби се работи и за повеќе испреплетени симболики, пораки, алегории и сл.
Една од нив, можеби најбална (па затоа ништо чудно и најверојатна) е критика на тогашните состојби во културата во Советска Русија, осуда на цензурата, автоцензурата и полтронството од секаков вид, мајсторски :) испреплетено и премачкано со низа митолошки, фантастични и религиозни елементи. Не негирам дека е можно да постојат и други не помалку логични и поуспешни и поубави толкувања. Булгаков не бил миленик на советскиот режим. Колку што знам романот е објавен по смртта на авторот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дамата и еднорогот - Трејси Шевалие
Ахххх преубаво четиво. Не за џабе Шевалие ми е една од омилени писатели.


Врела месечина - Мемпо Џардинели
Претерано добро книжуле од стотина страни. Ме потресе книгава јеботе. Ја препорачувам. И крајот ми е нејасен, ја има некој читано да ми каже? Ме остави со отворена уста.
Мала е ептен книгата за саат време се чита, а стварно се исплати.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Бија баја буф oд Агата Кристи. Oригиналот се вика Hickory Dickory Dock.
Се работи за еден студентски дом во кој одредено време исчезнуваат бесмислени работи. На пример, една чевла, сијалици, напрсток итн. Херкул Поаро (бидејќи сестрата на неговата секретарка - госпоѓа Лемон работи во домот) оди да го истражува случајот и излегува дека ова е многу поголемо од тоа што се чини.
Океј е книгава, али не е една од подобрите на Агата.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
"Кутија во облик на срце" - Џо Хил
Опишана е како хорор-роман ама мене не ми беше страшна. Појше би рекла трилерска. Се работи за еден остарен металец Џад кој има млада девојка - бивша стриптизерка и има хоби да собира морничави ствари. На неговиот меил стигнува понуда да купи еден дух и тој ја прифаќа. Но, човекот чиј е духот сака да му се одмазди на Џад за нешто и почнува ужасот за Џад и неговата девојка.
Книгава е океј за тепање време, јас би и дала 6/10.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Уф, за „Странецот“ до утре може да коментираме. :)
Најпрво едно од погрешните прашања кога зборуваме за литература е: „Што авторот сакал да каже?“ Читателот никогаш не може да знае што авторот сакал да каже. Секој различно си го интерпретира еден ист текст, дури и ние самите кога го читаме повеќе пати, повеќе пати различно може да го протолкуваме.
„Странецот“ е книга која навидум изгледа дека го претставува само апсурдот и незаинтересираноста на Мерсо да го почувствува животот. Пред предавањето на факултет во средно ни објаснуваа дека човеков убил без причина, или дека бил чукнат па затоа постапил така. Всушност има длабока филозофија во неговата постапка.
Значи да ги разгледаме на почеток постапките што се чинат апсурдни.

Умира мајка му на Мерсо.
Тој - гледа комедија, оди на плажа, води љубов со девојката за која изгледа незаинтересиран.
По овие постапки сите веднаш би помислиле дека Мерсо воопшто не ја сакал мајка си и не се грижел за нејзината смрт. Но, тука има едно големо но што ја менува суштината на целата книга.
Тргнувајќи од фактот дека Албер Ками спиел со книгите на Фројд значи дека многу добро го познавал Фројдовото дело. Кога би ги анализирале овие негови постапки според тој клуч ќе заклучиме дека.
Смеењето за време на несреќата или после несреќата (гледањето комедија после смртта на мајка му) кај луѓето е честа појава, според Фројд всушност кога се смееме во такви ситуации ние се плашиме и не сакаме да го покажеме стравот длабоко во себе, па затоа се криеме зад насмевката. Одењето на плажа исто така не мора да значи дека Мерсо не ја сакал мајка си, едноставно сакал да ги разведри мислите и да ги оддалечи од агонијата што му се случила. И на крајот водењето љубов, докажано е дека тоа е најдобар лек против стресови, го ослободува телото и духот од сите негативни работи што му се случиле.
Клучниот момент во книгата е погребот на мајката. Тука се јавува еден старец кој оди по Мерсо и му кажува: „Господине јас многу ја сакав вашата мајка, би можело да се каже дека ние си припаѓавме еден на друг“. Со тоа му кажува дека тој всушност бил интимен со неа. Додека се одвива таа сцена надвор сонцето е пеколно жешко (тоа е мнемотехничкиот детаљ во делото). Подоцна Мерсо го убива Арапот кога се повторува истиот мнемотехнички детаљ ко на почетокот, сонцето свети толку силно што ликот се потсетува на старецот од погребот на мајка му. Тој болно е заљубен во својата мајка, ја сака не како мајка туку како жена. Во моментот кога старецот му ги кажува своите чувства тој создава одбивност кон него, но го потиснува тоа во себе за повторно да исплива на површина кога барем една единствена работа (во случајов сонцето) ќе го потсети на сцената со старецот. Затоа што не можеше да го повреди старецот, ја потиснаа таа желба во себе, а кога го почувствува мнемотехничкиот детаљ го уби Арапот без размислување, што би рекле во состојба на афект.
На крајот ќе забележиме дека во Мерсо постоел прикриен Едипов комплекс. Тој не е така рамнодушен и нема толку апсурден поглед кон животот, неговите постапки се многу логични, но треба да се разгледаат од малку поинаков агол за да се сфатат правилно.

За книгава има многу да се дискутира, навистина е едно од најквалитетните дела во тој период.
Според мене ова се чисти глупости, како прво никаде не е ни спомнато дека он имал нешто против старецот или дека му значела мајка му, ако се сеќаваш на книгата уште пред да отиде мајка му во дом, кога живееле заедно тој не и обрнувал никакво внимание, таа постојано била осамена, затоа и ќе ја однесе во дом, бидејќи смета дека таму таа ќе добие поголема грижа и внимание, башка од кога ја оставил во дом не бил ни еднаш да ја посети, како бил вљубен во неа ??? објасни ми како може жена на 60-70 год да биде интимна жити се , со некој старец исто нејзино годиште, тој дали е способен сам да моча камо ли да му се дигне (башка на старка) според мене многу погрешно ти е ова, бил вљубен во мајка му, и дека го убил арапот, бидејќи бил гневен на старецот, чисти глупости -.-, целата книга е за тоа како тој пасивно го живее животот, без никакви посебни планови, се што прави е спонтано, за се му е сеедно, не за џабе станува збор за апсурдноста на неговиот живот.
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
24
Поени од реакции
2
Еј јас да ви кажам право во последно време ич не можам некои тешки приказни да читам, милион обврски, глупости и уште тешка книга почнувам, бетер ме заморува. Почнав да читам едни мемоари, демек цела година се на листа на бестселери во Америка ама не ми одеше па се прешалтав на повесело. Ја прочитав неодамна Рајот може да почека, во ТРИ ја земав, нова е и баш ми влезе во филм.

Приказната се врти околу еден екстра заљубен пар што треба да прави свадба за 48 часа. Ми се допаѓа како се опишани ликовите, стилот на раскажување, карактерите се баш симпатични, комични, слатки. 24 часа пред свадбата девојката во потрага по подарок за типот, паѓа од скала дома, го повредува вратот и умира. Лошо, не? Малку бев скептик затоа што мислев дека ако умира, нема што понатаму да очекувам од книгава, кон што би се развивало дејствието ама излезе дека екстра приказна се развива. Девојката се буди во предградието на рајот и треба да одлучи дали ќе стане дух и ќе се врати кај Ден или ќе оди во рајот. Од тука почнува пресвртот на работите, многу смешки и секако, љубовна приказна која не може да не ви измами некоја солза:smir:
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Според мене ова се чисти глупости, како прво никаде не е ни спомнато дека он имал нешто против старецот или дека му значела мајка му, ако се сеќаваш на книгата уште пред да отиде мајка му во дом, кога живееле заедно тој не и обрнувал никакво внимание, таа постојано била осамена, затоа и ќе ја однесе во дом, бидејќи смета дека таму таа ќе добие поголема грижа и внимание, башка од кога ја оставил во дом не бил ни еднаш да ја посети, како бил вљубен во неа ??? објасни ми како може жена на 60-70 год да биде интимна жити се , со некој старец исто нејзино годиште, тој дали е способен сам да моча камо ли да му се дигне (башка на старка) според мене многу погрешно ти е ова, бил вљубен во мајка му, и дека го убил арапот, бидејќи бил гневен на старецот, чисти глупости -.-, целата книга е за тоа како тој пасивно го живее животот, без никакви посебни планови, се што прави е спонтано, за се му е сеедно, не за џабе станува збор за апсурдноста на неговиот живот.
Ко прво малку е банално да се заснова субјективен став за дело без да се прочита критичко мислење, ако добро прочита ова е анализа на професорот Венко Андоновски, а не лично мое мислење, но во голем дел се согласувам затоа и го постирав.

Едно е да удираш со глава во ѕид за тоа што го говорат професорите во средно и пристрасно да се држиш точно на ставовите што тие ги имаат, за апатијата, пасивноста и убиството на човек чисто онака, оти така ти дошло и за тоа да не постои никакво објаснување, а сосема друго е да го гледаш делото преку психолошки клуч и да се обидеш да најдеш мотивираност за сите постапки на ликот.

Друг пат не се залетувај со термини како „ова се чисти глупости“ зашто таквите постови се сметаат за навредливи и ќе бидат избришани. Сепак зборуваме за литература.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
142
Поени од реакции
14
Ко прво малку е банално да се заснова субјективен став за дело без да се прочита критичко мислење, ако добро прочита ова е анализа на професорот Венко Андоновски, а не лично мое мислење, но во голем дел се согласувам затоа и го постирав.

Едно е да удираш со глава во ѕид за тоа што го говорат професорите во средно и пристрасно да се држиш точно на ставовите што тие ги имаат, за апатијата, пасивноста и убиството на човек чисто онака, оти така ти дошло и за тоа да не постои никакво објаснување, а сосема друго е да го гледаш делото преку психолошки клуч и да се обидеш да најдеш мотивираност за сите постапки на ликот.

Друг пат не се залетувај со термини како „ова се чисти глупости“ зашто таквите постови се сметаат за навредливи и ќе бидат избришани. Сепак зборуваме за литература.
Добро нека не се глупости, но јас наведов примери и објаснив зашто нема никаква логика тоа дека бил заљубен у мајка му, и не мора да значи дека ако венко андоновски рекол дека е така, дека така требало да биде, јас убаво потсетив на делови од книгата, кои покажуваат на тоа дека немало шанси да бил вљубен во неа, а не дека проф у средно викале така, или дека венко викал онака
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.957
Добро нека не се глупости, но јас наведов примери и објаснив зашто нема никаква логика тоа дека бил заљубен у мајка му, и не мора да значи дека ако венко андоновски рекол дека е така, дека така требало да биде, јас убаво потсетив на делови од книгата, кои покажуваат на тоа дека немало шанси да бил вљубен во неа, а не дека проф у средно викале така, или дека венко викал онака
Пасивноста и апсурдноста факт е дека се присутни, но тоа не објаснува зошто Мерсо го уби Арапот, нема никаква посуштинска причина. А што се однесува на тоа дека воопшто не ја посетувал мајка му во домот и не сакал да ја види кога веќе е мртва не е некој факт дека не ја сакал, туку напротив, затоа е и прикриен едиповец, затоа што преку ваква анализа му се навлегува длабоко во психологијата на ликот, а Албер Ками баш поради тоа е толку генијален.

И никогаш не останувај на едно ниво на анализа, убавината во книгите е што може да се толкуваат од повеќе различни аспекти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom