Македон91
Поени од реакции
120

Профил пораки Последна активност Теми и мислења За мене

  • Епа супер ќе биде ако се паднеме во иста група. Иначе ти како се викаш? :)
    Па јас стигнав на ред некаде околу 8:30 и за разлика од шалтерите за правни студии и новинарство, на нашиов шалтер имаше многу малку кандидати и да ти кажам право многу се разочарав од тоа што повеќето беа дојдени со мама и тато под рака да поднесуваат пријави.
    Јас имам 95,83 и влагам у државна гарант. Таму и тие што се со по 80 и нешто ги примаат...
    И као тоа бе професор ти потврдил ? :)
    Па сега за сега само една другарка од клас и ептен се радувам што пак ќе си бидеме заедно и на факс :)
    Можеби имам уште познаници што се запишале таму ама сеа за сеа не сум информирана.
    Иначе ти со колку поени конкурираше?
    Хм јас како што знам не може, имав другар од правни шо сакаше да оди на политички смер на мастер, ама не му дозволија. А за префрлувањето не знам да ти кажам не сум запознаена. :)
    Можеби најдобро е да пробаш да направиш нова иста ваква група и на сите членови, ако си во можност да им пратиш порака со извинување и наведи дека има технички проблеми, па насочи ги нека се префрлат во новата група.
    Не ти ни препорачувам да брзаш, но за разлика од „Браќата Карамазови“ мислам дека оваа е малку полесно сфатлива и веќе свикнав на „ритамот“ на Достоевски. Со Карамазови цела година на факултет се занимававме, на предавања и со колеги тој ни беше муабетот цело време. Вреди апсолутно секој збор.

    „Идиот“ е нешто поинакво, повеќе вниманието е свртено кон приказната (барем досега таков впечаток имам) иако сепак Достоевски не би бил Достоевски ако не вметне одредени размислувања и ставови околу вечните прашања што го мачат човештвото. :) Почекај година-две па читај ја. Видов дека има и мини-серија со 10 епизоди според книгава што секако ќе ја гледам по читањето, а читам 160 странички повеќе од недела дена, нема брзање. :)
    Книга не се сфаќа правилно, книга се сфаќа субјективно од различен аспект, имам и во друг пост кажано, никогаш нема одговор на прашањето: „што сакал да каже авторот“ како што е погрешно и самото прашање.

    „Клетници“ и „Злосторство и казна“ не би ги ставила во ист кош со „Мајсторот и Маргарита“ затоа што немаат баш некои допирни точки. Меѓу овие 2 би ја вметнала „Браќа Карамазови“ некако повеќе ми парира.
    За „Мајсторот и Маргарита“ што да се каже освен генијалност. Била забранувана, отпечатена е по смртта на Булгаков, ме освои книгава комплетно, негде прочитав дека не треба да се читаат критики и предговори за делото пред да се исчита самото тоа и дека треба во ниту едно издание да не се става критика, во самата книга се даваат работите во точниот временски период кога авторот смета дека треба да ги стави без ние да знаеме што сакал со тоа уште пред да го прочитаме. :)

    Комплексна тема е тоа, би пишувала до утре, мило ми е што имам истомисленици.
    Mozes de, samo ubavo razraboti go vovedniot post, iznesi svoe mislenje i probaj da prilozis dosta statistiki i izvori.
    Nemoj da pocnes so " so mislite za 2 S.V." i tolku.

    Pozz
  • Вчитување…
  • Вчитување…
  • Вчитување…
На врв Bottom