Тука коментираме книги

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Игор Џамбазов - „Гол човек“

Конечно одлучив да ја прочитам и брзо ми оди. Го почитувам Игор како мултиталент, човек што ретко се раѓа. Овде сосема искрено тој зборува за глупостите што ги направил во животот и шансите што ги прокоцкал, отворено ги признава пијаните ноќи, ноќите поминати во казината и во друштво со најголемите распуштеници и луѓето кои се наоѓаат на дното на општеството. Свесен за слабиот карактер кажува за миговите кога попуштал пред пороците. Стилот наликува на Буковски, верувам дека на машкиот дел од читателите тоа особено ги интересира. :)
Фуснотите му се иновативни и креативни, особено во делови кога ги дообјаснува англиските фрази што ги употребил.

Кога појдов во библиотека „Браќа Миладиновци“ да ја барам Гол Човек ми рекоа дека не држеле такви книги, глупости.
Не бев расположен за замарање со неа, може и така и е речено да каже. Али делата на Буковски се сметаат за едни од најголемите воопшто, стилот на Буковски е копиран од дузина современи автори.
И сега ми се постави прашањето како може за сите тие да има место, а за ова да нема?
Или па тие дека се од странски автори? :toe:
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740

Алекс не само Џамбазов, кој не е писател ама ете издаде биографска книга за која има интерес, општо македонските писатели се третираат како лепрозни, освен Гоце Смилевски кој доби признание од надвор, па го испоштувавме и овде, другиве нови писатели мислам дека немаат никаква шанса за пробив. За тоа се криви и писателиве кои не мрднале од мртво место и издавачките куќи кои не прават ништо за да поттикнат создавање домашен квалитет. Јас одамна се откажав од читање нешто македонско, стилот е катастрофа и воопшто не оди напред, не се подобрува. Затоа е штета книги за кои има интерес да ги нема во библиотека, макар од кој сака нека бидат.
Ако постои некоја добра нова македонска белетристичка книга, бујрум предложете ми ја.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.972
Ви ги префрлив мислењата тука, посоодветна е темава.

Кога појдов во библиотека „Браќа Миладиновци“ да ја барам Гол Човек ми рекоа дека не држеле такви книги, глупости.

Не бев расположен за замарање со неа, може и така и е речено да каже. Али делата на Буковски се сметаат за едни од најголемите воопшто, стилот на Буковски е копиран од дузина современи автори.

И сега ми се постави прашањето како може за сите тие да има место, а за ова да нема?

Или па тие дека се од странски автори?
Нема место затоа што живееме во преконзервативна средина, македонските автори некако се плашат да употребуваат вулгарност во своите дела (освен театарските претстави во кои секоја 5-та реплика е пцовка ). Можеби Македонците се плашат од тоа како ќе бидат прифатени ако настапат толку „бесрамно“.

Ретки примери се кај нас, во моментов ми текнува само на Сашо Тасевски.

Алекс не само Џамбазов, кој не е писател ама ете издаде биографска книга за која има интерес, општо македонските писатели се третираат како лепрозни, освен Гоце Смилевски кој доби признание од надвор, па го испоштувавме и овде, другиве нови писатели мислам дека немаат никаква шанса за пробив. За тоа се криви и писателиве кои не мрднале од мртво место и издавачките куќи кои не прават ништо за да поттикнат создавање домашен квалитет. Јас одамна се откажав од читање нешто македонско, стилот е катастрофа и воопшто не оди напред, не се подобрува. Затоа е штета книги за кои има интерес да ги нема во библиотека, макар од кој сака нека бидат.

Ако постои некоја добра нова македонска белетристичка книга, бујрум предложете ми ја.
Нова баш нова нема, ама Вештица или Папокот на светот доколку не ти се прочитани, препорачувам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Да тоа е факт дека сеуште сме конзервативни, повеќето автори се држат по некоја шема зададена уште од време и не ја напуштаат.
Јас ги окривувам Друштвото на писатели и МАНУ за кои сметам дека им фали некоја реконструкција.

Сашо го има во библиотека или и него го сметаат за одметник? :)
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.972
Сашо го има во библиотека или и него го сметаат за одметник? :)
Немам побарано во библиотека, по книжарници знам дека го има.

„Шмизла“ претпоставувам дека може и во библиотеки да се најде.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Нека крвави - Иан Ранкин

Не ми се допадна. Недопадлив главен лик, многу непотребни споредни ликови, долга книга која комотно може да се скрати на пола. Не ја препорачувам.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Изгубениот симбол - Ден Браун

Одвај дочекав да ја прочитам и чекањето не се исплатеше. Wannabe Кодот. Интересна е на моменти али у глобала слабо. И штом јас, како фан на писателот го велам ова, значи стварно слаба е. Вака ги распоредувам книгите на Ден Браун:
1. Ангели и демони, Кодот на ДаВинчи
2. за мааала нијанса послаба од нив Дигитална тврдина
3. Точка на измама
4. Изгубениот симбол
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.972
Имам намера да ја читам „Куцкамен“ на Кортасар, ако некој ја читал нека сподели импресии.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.410
Поени од реакции
25.292
Одамна ја имам Тепачки Клуб на Чак Паланик, а пред некое време во матица наидов на уште една негова книга - Приспивна песна, која беше за неверојатни 100 денари. Па дали има уште некоја книга од овај автор низ книжариве и дали има воопшто превод на некоја друга негова освен овие две?

Инаку да не бидам оф-топик. Ова е стил што според мене е поинаков, малку чуден, ама книгава е една од оние кои ги читаш малку бавно и размислуваш дали да ги оставиш на пола, ама после сфаќаш дека ти недостига се околу неа и продолжуваш да ја читаш. И двете книги имаат буквално ист стил, ко да се продолжение една на друга.
 
I

Intex

Гостин

Боречкиот клуб има ужасен македонски превод, па морав да ја барам на англиски, ја немаше, па ја читав пред компјутер.
Приспивна песна има доста поквалитетен превод, ама е ужасно фрики.

Друга на македонски немам сретнато.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Боречкиот клуб има ужасен македонски превод, па морав да ја барам на англиски, ја немаше, па ја читав пред компјутер.
Приспивна песна има доста поквалитетен превод, ама е ужасно фрики.

Друга на македонски немам сретнато.
Уште сум на мисла, дали преводот е фејл или стилот е премногу специфичен кога станува збор за Тепачки клуб.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Мајсторот и Маргарита

Прочитав две третини и се откажав. Знам дека моето мислење многу се разликува од мислењето на сите други. Мене книгава ми имаше ептен ветувачки почеток (зборувам за првото појавување на Ѓаволот и на неговиот разговор со писателот и со тој другиот), ме потсети на филмот Mr. Nobody ама подоцна веќе ја претера со фантазија. И ова го велам како најголем обожавател на Хари Потер. А стварно сакав да ми се допадне книгава.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100

За книгата можам да кажам дека не е по сечиј вкус, знам неколку луѓе на кои не им се допаднала и кои ја оставиле недочитана, на моменти можеби тешка за разбирање но ако се има желба да се прочита, ќе се прочита. Мене ми се допаѓа, ми се допаѓа тоа што е невообичаено и да речам оригинално, токму во тоа е неговата уметничка вредност.
Во секој случај култен роман кој вреди да се прочита.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Кога завршив со Мајсторот и Маргарита поим немав дали сум ги сфатила само попатните нешта во книгата или поентата. После ја гуглав, и сеуште неам поим дали го разбрав тоа што го читав. Ми се допадна книгата, како си игра со сликата на ѓаволот (момент мислиш дека е злобен, нареден момент дури делува рационално, покажува милост...) ама си ја оставив за неколку години пак да ја прочитам.
За книгата можам да кажам дека не е по сечиј вкус, знам неколку луѓе на кои не им се допаднала и кои ја оставиле недочитана, на моменти можеби тешка за разбирање но ако се има желба да се прочита, ќе се прочита. Мене ми се допаѓа, ми се допаѓа тоа што е невообичаено и да речам оригинално, токму во тоа е неговата уметничка вредност.
Во секој случај култен роман кој вреди да се прочита.
Ај да искористам момент да прашам нешто:) Ти ја имаш читано.
Што симболизира мачорот и другиот слуга на ѓаволот? Читав дека мачорот е некое митско демонско суштество кое Булгаков го искористил во книгата, ама тоа ништо не кажува за книгата.
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.100
Кога завршив со Мајсторот и Маргарита поим немав дали сум ги сфатила само попатните нешта во книгата или поентата. После ја гуглав, и сеуште неам поим дали го разбрав тоа што го читав. Ми се допадна книгата, како си игра со сликата на ѓаволот (момент мислиш дека е злобен, нареден момент дури делува рационално, покажува милост...) ама си ја оставив за неколку години пак да ја прочитам.

Ај да искористам момент да прашам нешто:) Ти ја имаш читано.
Што симболизира мачорот и другиот слуга на ѓаволот? Читав дека мачорот е некое митско демонско суштество кое Булгаков го искористил во книгата, ама тоа ништо не кажува за книгата.
Со оглед на тоа дека ја имам читано пред едно 3-4 години, неможам да ти дадам соодветен одговор. Делото е комплексно опфаќа повеќе ликови, три испрелетени приказни. Секој лик е приказна за себе, секој лик може да се анализира од поинаков агол и да добие друго значење. Поентата на Булгаков можеби е и во тоа, да го потикне читателот на размислување. Среде таа испреплетеност од ликови,приказни, апсурдност прикажани на еден сатиричен начин има многу место за анализирање. Можеби со поново читање да се добие сосема друг поглед на целата содржина и сосема поинаку да се доживее од првиот впечаток.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom