Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Сеа ќе ја почнам "Херојот на нашето време" од Лермонтов.
 
thumb95ad95eee39b4ac6aa63abee33f74790.jpg


Имав чуено доста позитивни критики со кои се сложувам во целост.

и продолжението Венчавка со Буда е исто така добра...

Моментално ја читам Мистеријата на синиот воз - Агата Кристи...на почетокот сум но ми се допаѓа тоа што го прочитав до сега.
 
4edfe03ae7a0d77b5662c110.L._SX375_.jpg


клучот на соломон - Даглас Вебер .. солидно книжулче .. успеа целосно да ме внеси во приказната .
:smir:
 
Shagrinska Koza, dosadna e i bavno se cita, ama sestrata mi kazue deka odposle ce sfatam kolku bila ubava, gluposti :D
 
,,Парфем" - Патрик Зискинд
Пробав да го гледам филмот, али не успеав до крај, цел филм е гнасотии. Но книгата е всушност доста добра. Открива дел од светот за кој, со читање на книгата, сфаќаш дека сосем малку знаеш- светот на мирисите, и неговото влијание врз човекот.
Интересно е како го претставува главниот лик, како нечовек.
И многу добро е опишана Франција во 18 век.
 
По завршувањето на „Алхемичарот“ од Коељо, се навраќам на Никола спаркс. Овој пат неговата последна што ми остана во дијапазонот на купување во Македонија ( се` на се` 14тина книги му ги најдов и прочитав) "The Wedding"... Ја имам започнато но нема некаков шмек. И не е оти ми е прекурчено туку оти превише филозофија начукал типот а нималку акција во сегашнава.
 
„Индиго Бомбај“ од Јагода Михајловска.

Сега засега е одлично, ми се допаѓа стилот на пишување :pipi:
 
Ја прочитав "Чекајќи го Годо" на Семјуел Бекет. Драма која не личи на драма, која нема класично драмско дејство, која иако е класифицирана како трагикомедија, нема ниту нешто трагично, уште помалку комично во себе. Двајцата протагонисти, Владимир и Естрагон, додека го чекаат Годо водат толку бесмислени и глупави разговори, што на моменти посакувате да се откажете од читање на книгата. Целата драма е празнина и една "антидрама", една апсурдна драма.
 
Почнав да ја читам “Тунел“ од Петре М. Андреевски. Сега засега ми изгледа како одлична книга, брзо се чита, летаат страниците. :)
 
Моментално го форсирам Ог Мандино(Дванаесетиот ангел) и неговите книги за упорност,самоуспех,независност,добрина итн т.е. СЕ за еден човек да стане успешен,независен и недволичен
 
Моментално го форсирам Ог Мандино(Дванаесетиот ангел) и неговите книги за упорност,самоуспех,независност,добрина итн т.е. СЕ за еден човек да стане успешен,независен и недволичен

ха ... немогуче :).
Исто терам и јас , Ог Мандино го читам, а исто и сум моментално ( Дванаесетиот ангел ).

Да не сме и до иста страна стигнати :vozbud:
 
изгледа могуче:)
а за страната не ми се верува......книгата ми е земена уште пред два дена и уште не ми е отворена:kesa:јебига обврски:toe:
 
Моментално Сердарот пошто за во понеделник за научилиште ми треба:kesa:, а инаку Сите лица на смртта од Петре М. Андреевски
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom