Тука коментираме книги

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
700
Поени од реакции
1.775
Вчера ја дочитав „Мостот Сан Луис Реј“ - Торнтон Вајлдер... Убава мала книга со приказна за неколку загинати кога ќе се сруши стар мост... Сериозно профилирани ликови.
Не знам дали и вие го имате проблемот со преводите на Три..Додека ја читав како во позадина да можев да го препознаам расположението на преведувачот: од маестрално склопени реченици до летаргични делови без концентрација и задлабоченост. Ова многу ми влијае на самата содржина.
Ne e prv pat i ne e od skoro, se sekavam na majstorot i margarita, mozese da dolovis koga e imal ubav den koga ne:( , mislam deka toa e najlosoto izdanie od toa remek delo, a go citav na 3 jazici prevedeno.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ
(за оние кои немаат Goodreads)

Првиот добитник на наградата Роман на годината, (тогаш) на Утрински весник, е едно мало книжуле, од 158 страници, во малечок, џебен формат кое се чита во еден здив... Но никогаш не ни претпоставував дека поседува толкава големина што без приговор може да се смести во најзначајните дела на македонската книжевност! Ова е роман кој покажал дека времето е мерило, а не тиражите и изгледот, како што нашиот писател Блаже Миневски инсинуирал на почетокот на милениумот. Да разјаснам, мала историја на Куќата на Мазарена:

Слободан Мицковиќ во 1999 година го дал романот на издавачот Култура, кој за негово издавање конкурирал за финансиска помош од тогашното Министерство за култура, и не ја добил. Култура се обиделе да го издадат со собирање на средства од спонзори, но до истекот на договорот кој го имале со авторот, не успеале да го објават романот. Затоа Слободан Мицковиќ одлучил да го однесе во фотокопирница, каде ископирал дури 10 примероци, скрипти! Како таков, самиздат, го поднесол романот на конкурсот на Утрински весник за роман на годината. Кога романот (заслужено) стигнал до последната фаза од изборот, авторот Блаже Миневски одлучил да го повлече својот роман од конкуренција затоа што според неговата логика, му било испод чест неговиот роман да биде во иста конкуренција со скрипта! Потоа и продолжил со острите напади кон редакцијата на Утрински весник и комисијата која одлучувала за наградата, обвинувајќи дека наградата е наместена. Останатото верувам на сите е познато: ,,скриптата" насловена ,,Куќата на Мазарена" е првиот добитник на наградата Роман на годината, а Блаже Миневски не ни знаеме со кој роман учествувал, а искрено, јас, ни што друго вредно напишал. Наредната 2000 година ,,Куќата на Мазарена" е објавен и на интернет, како е-книга, со дури 2000 симнувања (иако негативните коментари не стивнувале), па на CD, а подоцна и како печатено издание од страна на издавачката куќа Блесок.

Е, истиот тој роман, скрипта, книжуле, е едно вистинско ремек-дело, прекрасно четиво, интересно и чудно структурирано, со неколку наратори и подложно на толку многу толкувања што не знам дали би стигнал да набројам се на што може да ми текне. Вистински постмодернистички роман, автореференцијален, интер- и интратекстуален, со необична нарација, неколку (поточно три (или четири?)) наратори, навидум едноставен, а толку слоевит, богат, голем! Ова е роман темелник во нашата книжевност, таков од кој треба да учат многумина како се пишува. Јас сум просто опиен од сите убавини на Куќата на Мазарена. И ќе го препорачувам на кој ќе стигнам! А доколку некој има на продажба едно од оние 10 оригинално отпечатени скрипти, со задоволство би ја откупил. Цената не е важна, зашто тоа е непроценливо богатство (кажете му и на Миневски)!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ја прочитав пред неколку години и го делам мислењето со тебе, Злате.

За мене лично, "Куќата на Мазарена" беше вистинско уживање да се чита и во мојата листа на прочитани македонски романи го зазема второто место, веднаш зад "Папокот на светот".

Откако ја прочитав, се чудев како не е попозната и подискутирана книгава. Доказ дека тиражот на продадени книги е само бројка и добар маркетинг, а не квалитет.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Ја имам Куќата на Мазарена дома и ќе ја прочитам, фала ти @Zlatikevichius на препораката. Инаку, јас од Блаже Миневски ни фејсбук статус не би прочитал а не пак роман. Во 2017 или 18та победи на Живко Чинго со расказ кој беше ужасен.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
Здраво на сите. Нова сум на форумот и најмногу се зачленив заради темите за книги. Ќе напишам за неколку книги што ги прочитав периодов.

„Меланхолија на отпорот“ од Ласло Краснахоркаи
. Многу ми се допадна книгава и баш како и што гласи насловот низ целата книга е присутна таа меланхолија кај главните ликови. Во мал унгарски град доаѓа циркус кој го има најголемиот кит во светот и со некои знаци кои му претходат на тоа доаѓање жителите на градот се во очекување дека ќе се случи нешто страшно. Градот е целосно покриен со ѓубре, прогласена е вонредна состојба и никој не излегува надвор навечер очекувајќи да се случи тоа страшно нешто. На неколку моменти малку беше заморна ама се на се добра книга.

„Станицата Аточа“ од Бен Лернер. Писателот за книгава има ја има добиено американската награда Believer Book Award и очекував повеќе од неа. Приказната, која е многу плитко опишана, се врти околу американски студент кој добива стипендија во Мадрид за да студира поезија но наместо тоа цело време пуши марихуана, пие, користи лекови против панични напади и го чита Толстој. И толку, ништо не се случува. Многу слаба книга за мој вкус.

„Есента на патријархот“ од Габриел Гарсија Маркес. Од Маркес прва книга што ја читав летово беше Есента на патријархот. Толку не ми се допадна и не можев да ја совладам што едноставно ја оставив недочитана за околу 30-тина страни. Сега ме фати некој инает и зедов ја дочитав колку да не ми стои дека е недочитана. Мислењето не го сменив, не можев да го сврам стилот на пишување и долгите реченици на преку 20-30 страни. Во книгата се опишува животот и владеењето на еден монарх, неговиот однос со неговата мајка, со најблиските соработници и со поданиците.

„Хроника на една најавена смрт“ од Габриел Гарсија Маркес. После мачењето со Есента на патријархот реков дека нема да го читам Маркес но, кога ја дочитав Есента на патријархот (во иста книга се двете дела) видов дека Хрониката е пократка а и од првите страни се гледаше дека ќе ми легне па ја прочитав за неколку часа. Е ова веќе беше нешто друго и сфатив дека ќе згрешев доколку се откажев од Маркес после првата прочитана книга. Приказната, иако кратка, на одличен начин ги прикажува околностите кои доведуваат до убиството на еден младич и како сите во неговата околина знаеја дека ќе се случи убиството но ништо не презедоа за да го спречат.
Еве, може некој да препорача нешто друго од Маркес а да не биде слично со Есента на патријархот па да видам дали ќе ми се бендиса и тоа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Еве, може некој да препорача нешто друго од Маркес а да не биде слично со Есента на патријархот па да видам дали ќе ми се бендиса и тоа.
100 години самотија, нормално. Ремек дело!

Добре дојде на форумот, патем.
 
Член од
23 март 2021
Мислења
19
Поени од реакции
82
100 години самотија, нормално. Ремек дело!

Добредојде на форумот, патем.
Добренајдов!

Фала за препораката, 100 години самотија ќе ми биде на листата за читање.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Еве, може некој да препорача нешто друго од Маркес а да не биде слично со Есента на патријархот па да видам дали ќе ми се бендиса и тоа.
"Рибата е црвена" се кратки раскази/приказни. Мене ми се допадна. Има една интересна приказна за неговата средба во Куба со Хемингвеј.

"За љубовта и другите демони" ми остави одличен впечаток. И оваа ти ја препорачувам.

"Сеќавање на моите тажни курви" воопшто не. Знам, развлекување на моралот низ целата книга, но не е баш книга по мој вкус. :D

Добредојде на форумов.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.790
Поени од реакции
33.596
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.220
Поени од реакции
35.824
Едвај ја дотерав до крај Херои и Гробови од Сабато. Може месец и пол ја читав. Ако Тунел ми е една од омилените книги оваа ми е една од најнапорните :D
Некако не можев да се поврзам со приказната и ликовите, многу зборови многу реченици, многу работи кажани и се тоа конфузно за мене. И да има некоја смисла, поента или значење, сето тоа е покриено со еден тон реченици и раскажување за нешто. Сличен проблем имав и со Куцкамен на Корстасар кај шо два пати ја почнував и два пати ја оставав. Може до мене е работата што со латино писателиве не се наоѓам на иста бранова должина.
 
Последно уредено:

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
700
Поени од реакции
1.775
Shadow of the wind - Carlos Ruiz Zafon , ja procitav mnogy odamna , i e prvata fiction kniga koja me osvoi, ehhh grobistata na zaboravenite knigi :), inaku podocna po navika procitav se od ovoj avtor i sftaiv deka e isti kako den brown i paulo coleho - copy paste avtori za zal . No ovaa kniga e greota za luge od 20 do 30 god.za da ne se procita.
P.s samo sto ja zavrsiv trologijata the three body problem , ve molam za preporaka sto naredno, stransko po moznost?
Fala do site , se citame ;)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.358
Поени од реакции
25.053
Едвај ја дотерав до крај Херои и Гробови од Сабато. Може месец и пол ја читав. Ако Тунел ми е една од омилените книги оваа ми е една од најнапорните :D
Некако не можев да се поврзам со приказната и ликовите, многу зборови многу реченици, многу работи кажани и се тоа конфузно за мене. И да има некоја смисла, поента или значење, сето тоа е покриено со еден тон реченици и раскажување за нешто. Сличен проблем имав и со Куцкамен на Корстасар кај шо два пати ја почнував и два пати ја оставав. Може до мене е работата што со латино писателиве не се наоѓам на иста бранова должина.
Јас успеав да најдам време за Херои и гробови само на едно место - во болница :D 20 дена лежев таму и ја прочитав за нецела недела. Мене ме фасцинира Трактатот за слепите (или беше Извештај за слепите), морници ме лазеа додека го читав и болката од стомакот ми се пренесе на душа. :D После тоа планирав да го читам третиот дел, ама ми беше преголем залак, нека постои уште малку на полица.

Инаку во моментов ја читам Хазарски речник, ја најдов во групите на фејсбук. Какво неверојатно дело, многу ми е криво што не сум ја читал порано.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Kajgana Shop

На врв Bottom