Тука коментираме книги

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Има ли некој нешто читано од Robert Holdstock или конкретно Mythago Woods? На goodreads читам и добри и лоши рецензии.. Ваше мислење?
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.783
Поени од реакции
33.571

Само 6/100 прочитани. :sramezliv:

Има и 3 македонски: Резервен живот од Лидија Димковска, 5 драми од Горан Стефановски и Мојот маж од Румена Бужаровска. :aplauz:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.

Не е баш најјасно дали има некој посебен критериум за листата.. Чудни автори споени на едно место па на моменти имам впечаток дека авторот сакајќи да ислезе од листа на класици уфрлил понови имиња.. Ова нарочито ми падна во очи за некои книги поезија кои се далеку од ниво на Мајаковски нпр...
Ама има и многу вистина во забелешката дека има автори кое се за мене сосема непознати а описот и тематикава делуваат крајно привлечно :)
Во секој случај, благодарам за листата :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.783
Поени од реакции
33.571
Сликава ја најдов случајно, копајќи по интернет архивите. Веројатно е од нивната fb страница, од некој од последните саеми на кои учествуваа Табернакул. Какво богатство на едно место! Навистина е тажно што еден ваков издавач, и таква книжарница како таа која ја имаа до Театар за деца и млади згаснаа така како што згаснаа. Табернакул беше местото од каде ја купив првата книга по моето доаѓање во Скопје, во сега веќе далечната 2003 - Жената на францускиот поручник од Џон Фаулс, на српски, издание на Цептер. Тоа место имаше посебно значење за мене, и многу често со радост му се навраќав, иако сега сметам дека не сум ги ценел доволно, зашто од цело ова богатство јас имам едвај 16 книги во мој посед, повеќето купени во последниве 2-3 години, по нивното затворање. :(

ТАБЕРНАКУЛ.jpg

Пак да пишам, па може ќе налета некој - ако некој продава или менува било што од овие изданија, нека ме контактира.

EDIT: Еве, ги најдов и саемските ценовници со цела едиција (фалат само 3 книги, кои се издадени подоцна: Бавност и Незнаење од Кундера и Чудност во умот од Памук).
1.jpg

2.jpg
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2015
Мислења
192
Поени од реакции
279
Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.

Оваа Зулејха од Гузел Јахина два пати ми излегува денеска. Ја има некој прочитано да пише збор два?
 
Член од
19 април 2014
Мислења
406
Поени од реакции
1.131
Сликава ја најдов случајно, копајќи по интернет архивите. Веројатно е од нивната fb страница, од некој од последните саеми на кои учествуваа Табернакул. Какво богатство на едно место! Навистина е тажно што еден ваков издавач, и таква книжарница како таа која ја имаа до Театар за деца и млади згаснаа така како што згаснаа. Табернакул беше местото од каде ја купив првата книга по моето доаѓање во Скопје, во сега веќе далечната 2003 - Жената на францускиот поручник од Џон Фаулс, на српски, издание на Цептер. Тоа место имаше посебно значење за мене, и многу често со радост му се навраќав, иако сега сметам дека не сум ги ценел доволно, зашто од цело ова богатство јас имам едвај 16 книги во мој посед, повеќето купени во последниве 2-3 години, по нивното затворање. :(

Прегледај го приврзокот 284804

Пак да пишам, па може ќе налета некој - ако некој продава или менува било што од овие изданија, нека ме контактира.

EDIT: Еве, ги најдов и саемските ценовници со цела едиција (фалат само 3 книги, кои се издадени подоцна: Бавност и Незнаење од Кундера и Чудност во умот од Памук).
Прегледај го приврзокот 284805

Прегледај го приврзокот 284806
Лично мене ми е најубавата едиција естетски гледано од форма на книгата, дизајнот на корици, квалитетот на хартијата и како се залепени страниците. Единствена мана ми е онаа лентата на корици што пишува кпе издание е по ред, можеле да го напишат тоа внатре во книгата.
Screenshot_20210221-185230_Chrome.jpg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Излезе и конкурсот за поддршка за издаваштво. Само ќе речам страшна глетка.

Од некои си 400 поддржани, дали 170/180 проекти се на македонски. :(

Новости што може да се очекуваат се нови книги од Венко во издание на Три, и од Игор, Лидија и Давор во издание на Или Или.
 
На страна сето ова, број 1 поддржан проект за мене е реизданието на Бушава азбука, од Горан Стефановски, во Три. Му се радувам ко мало дете. :vozbud:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
На страна сето ова, број 1 поддржан проект за мене е реизданието на Бушава азбука, од Горан Стефановски, во Три. Му се радувам ко мало дете. :vozbud:
Што знам, го приметив и јас, ама не сум нешто возбуден за такво нешто. Сепак одамна ја поминав азбуката, а деца немам. :D

Пази само цената што ќе ја бапнат. Не верувам дека ќе биде испод 500че.

Ко она реиздание на "За твојот роденден" по цена од 690 денари. :D

Јас го чекам Венко. "Папокот на светлината" ќе се вика новата. Не знам само дали ќе е продолжение на "Папокот на светот". :cautious:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.783
Поени од реакции
33.571
Јас го чекам Венко. "Папокот на светлината" ќе се вика новата. Не знам само дали ќе е продолжение на "Папокот на светот". :cautious:
Јас сум 100% сигурен дека тоа ќе биде non-fiction.
Што знам, го приметив и јас, ама не сум нешто возбуден за такво нешто. Сепак одамна ја поминав азбуката, а деца немам. :D
Јас сум толку емотивно врзан за тоа издание, што и да немав деца ќе го земев, па колку и да е.
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.792
Поени од реакции
7.012
Дали само мене ми се чини дека Бегемот, Или-Или и Темплум немаат нешо многу преведено добри дела последниве година две?

Тоа е, почнаа да го возат бранот на тоа што се продава и заборавија на нивните изворни едиции. :))) Ок, Или-или во последниве неколку години се сконцентрираа на македонски автори, бегемот повеќе фокус почнаа да даваат на литература за деца и темплум сакаат сѐ да опфатат. Јас само се надевам дека ќе помине овој тренд за литература за деца, Тањи Аждаји. Грчев, форици, смртта на хуморот и ќе се одфокусираат од македонската книжевност.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.895
Поени од реакции
7.569
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Вчера ја дочитав „Мостот Сан Луис Реј“ - Торнтон Вајлдер... Убава мала книга со приказна за неколку загинати кога ќе се сруши стар мост... Сериозно профилирани ликови.
Не знам дали и вие го имате проблемот со преводите на Три..Додека ја читав како во позадина да можев да го препознаам расположението на преведувачот: од маестрално склопени реченици до летаргични делови без концентрација и задлабоченост. Ова многу ми влијае на самата содржина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom