Само 6/100 прочитани.Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.
100 books to read from Eastern Europe and Central Asia
Our list of postmodern novels, searing historical accounts, literary classics and forgotten memoirs to readwww.calvertjournal.com
Не е баш најјасно дали има некој посебен критериум за листата.. Чудни автори споени на едно место па на моменти имам впечаток дека авторот сакајќи да ислезе од листа на класици уфрлил понови имиња.. Ова нарочито ми падна во очи за некои книги поезија кои се далеку од ниво на Мајаковски нпр...Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.
100 books to read from Eastern Europe and Central Asia
Our list of postmodern novels, searing historical accounts, literary classics and forgotten memoirs to readwww.calvertjournal.com
Оваа Зулејха од Гузел Јахина два пати ми излегува денеска. Ја има некој прочитано да пише збор два?Повелете листа од 100 книги од овој дел на Европа. Има некои наслови кои ме заинтересираа, има наслови кои не би ги ставил и наслови кои недостасуваат, секако. Ама, има и некои кои делуваат на скриено богатство.
100 books to read from Eastern Europe and Central Asia
Our list of postmodern novels, searing historical accounts, literary classics and forgotten memoirs to readwww.calvertjournal.com
Лично мене ми е најубавата едиција естетски гледано од форма на книгата, дизајнот на корици, квалитетот на хартијата и како се залепени страниците. Единствена мана ми е онаа лентата на корици што пишува кпе издание е по ред, можеле да го напишат тоа внатре во книгата.Сликава ја најдов случајно, копајќи по интернет архивите. Веројатно е од нивната fb страница, од некој од последните саеми на кои учествуваа Табернакул. Какво богатство на едно место! Навистина е тажно што еден ваков издавач, и таква книжарница како таа која ја имаа до Театар за деца и млади згаснаа така како што згаснаа. Табернакул беше местото од каде ја купив првата книга по моето доаѓање во Скопје, во сега веќе далечната 2003 - Жената на францускиот поручник од Џон Фаулс, на српски, издание на Цептер. Тоа место имаше посебно значење за мене, и многу често со радост му се навраќав, иако сега сметам дека не сум ги ценел доволно, зашто од цело ова богатство јас имам едвај 16 книги во мој посед, повеќето купени во последниве 2-3 години, по нивното затворање.
Прегледај го приврзокот 284804
Пак да пишам, па може ќе налета некој - ако некој продава или менува било што од овие изданија, нека ме контактира.
EDIT: Еве, ги најдов и саемските ценовници со цела едиција (фалат само 3 книги, кои се издадени подоцна: Бавност и Незнаење од Кундера и Чудност во умот од Памук).
Прегледај го приврзокот 284805
Прегледај го приврзокот 284806
На страна сето ова, број 1 поддржан проект за мене е реизданието на Бушава азбука, од Горан Стефановски, во Три. Му се радувам ко мало дете.Излезе и конкурсот за поддршка за издаваштво. Само ќе речам страшна глетка.
Од некои си 400 поддржани, дали 170/180 проекти се на македонски.
Новости што може да се очекуваат се нови книги од Венко во издание на Три, и од Игор, Лидија и Давор во издание на Или Или.
Што знам, го приметив и јас, ама не сум нешто возбуден за такво нешто. Сепак одамна ја поминав азбуката, а деца немам.На страна сето ова, број 1 поддржан проект за мене е реизданието на Бушава азбука, од Горан Стефановски, во Три. Му се радувам ко мало дете.
Јас сум 100% сигурен дека тоа ќе биде non-fiction.Јас го чекам Венко. "Папокот на светлината" ќе се вика новата. Не знам само дали ќе е продолжение на "Папокот на светот".
Јас сум толку емотивно врзан за тоа издание, што и да немав деца ќе го земев, па колку и да е.Што знам, го приметив и јас, ама не сум нешто возбуден за такво нешто. Сепак одамна ја поминав азбуката, а деца немам.
Дали само мене ми се чини дека Бегемот, Или-Или и Темплум немаат нешо многу преведено добри дела последниве година две?