Тука коментираме книги

  • Креатор на темата Креатор на темата LiquidHeII
  • Време на започнување Време на започнување
Сето е тоа така и во ред е. Меѓутоа, јас и не мислев на такви разлики од кои би произлегла добра дискусија, квалитетна размена на мислења. Не сум против различни вкусови, а уште помалку сум елитист. Јас на пример, подолг период читам фантастика, хорор и по нешто сф, што во извесна смисла е дисквалификација кога е во прашање елитизмот (ниеден од овие жанрови, освен ретки одделни дела, не бил наметнат како книжевно поле на кое се создава врвна уметност).
Со задоволство го читам Р.Е.Ховард, но знам дека независно од неговата историска улога во развојот на книжевната епска фантастика, тој е сепак третолигаш во споредба со некои други имиња.
Станува збор за појава што е прилично застапена, кога неодбранливи позиции се оправдуваат со излишност од расправа за вкусови. Едно е да расправаш дали Толстој е подобар од Достоевски, или Крлежа од Андриќ, друго е да тврдиш дека Ден Браун е подобар од Шекспир, затоа што, ете така, вториов пишувал пред 4 и кусур века, па е застарен.
Добро, тоа што го кажуваш е вадење од гомна. Почнуваат со „објективно" аргументирање зошто А е подобар писател од Б (Б е застарен, Б е досаден итн.) и кога ќе презентираш подобри аргументи, се вадат дека е прашање на „вкус", односно преминуваат на перспективизам.

Р. Е. Ховард е супер. Сум му ја читал „Црвите од земјата" и други кратки раскази објавени во „Виард Тејлс". Ги обичам тие треш фаци. Стилистички тој ми е многу подобар од Лавкрафт, но Х. П. Лавкрафт е познат поради неговите концепти за космицизам што подоцна ги користат во мал милион научно фантастични/хорор филмови, литературни дела и игри.
 
Белата Гарда - Михаил Буглаков

Во романот станува збор за Киев (неспомнат по име туку именуван како Градот) зафатен од граѓанската војна, падот на хетманска Украина доаѓањето на украинските националисти нивната кратка власт и доаѓањето на комунистите. Приказната се врти околу семејството Турбинови кои се царисти во тоа време и влијанието на војната, младешката машка лојалност и разочарувања, животот на средната интелектуална класа и расплетот на настаните во Киев во предвечерието на падот на Царска Русија и создавањето на Советскиот Сојуз.

Ова ми е прва книга од Буглаков и не сум имал прилика да го прочитам неговото најпознато дело Мајсторот и Маргарита, али овој роман му е одличен. Описите при водењето на приказната, настаните и човечките судбини како се развиваат кога целиот свет радикално се менува околу нив, Буглаков направил ремек дело.

5/5
 
Oва ми е прва книга од Буглаков и не сум имал прилика да го прочитам неговото најпознато дело Мајсторот и Маргарита, али овој роман му е одличен. Описите при водењето на приказната, настаните и човечките судбини како се развиваат кога целиот свет радикално се менува околу нив, Буглаков направил ремек дело.

Одма да ја прочиташ!
 
Некој бил тука - Николина Андонова Шопова.
Овогодинешниот награден роман на годината, многу сличен на предминатиот Собирачи на пепел. Длабок стил, но забележувам и мала конфузност во преоѓањето низ времето на случувањата. Како и да е, симпатично книгиче, брзо влегува под кожа, останува уште сосем малку до крајот. Се чита во еден здив.

Не сум импресионирана. Познавајќи ѝ ја поезијата, ова некако ме разочара. Рамна нарација без возбудувања, префокусирана на просторот и неговото влијание врз ликот, ми фалеше мотивација, бранувања. Знам дека обидот е да се „наслика“ таа темна нота по загуба на дете ама ко што си напишал баш конфузно и некако цело време имав чувство дека треба да се случи нешто битно оти водеше кон тоа, ама на крај не се оствари. Романот не е лош, ама „Последното име на иднината“ многу повеќе ми се допадна, а ја загуби битката за Роман на годината.
 
Слободен печат и Аrs Lamina со акција Лето со книга. Почнуваат со серијал книги на Габриел Гарсија Маркес на сите продажни места на Слободен печат (во трафиките) за 200 денари. Прва книга е На полковникот нема кој да му пишува.

https://www.instagram.com/p/BzKxagMHRdV/?igshid=wdsf5cxy0nq1
 
Последно уредено:

Се сомневам дека ќе биде цел серијал книги по 200 денари. 200 денари е само оваа. Останатите сигурно ќе бидат со други цени.
 
Oвој серијал современи класици цените на книгите се од 300 до 500 денари. Ова е некоја акција со попуст.
На полковникот нема кој да му пишува цената е 300 на трафика 200, 100 денари помалку.
https://www.literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=160&displayName=

Јас скоро и да не читам книги но кога се одлучувам да читам нешто тоа е биографии. На вакви книги не сум љубител.

Во соработка со Слободен Печат се продава и книгата на Ѓуле Van Gogh во кој се добива и CD и DVD издание комплет за 300 денари
64858090_10156477789369053_677874383385001984_n.jpg
 
Последно уредено:
Полковникот е 300 по редовна цена? Оноа книжуле што пред 2 години го зедов за 150/200 сега редовна цена му е 300? Озбилно прашувам...
 
Oвој серијал современи класици цените на книгите се од 300 до 500 денари. Ова е некоја акција со попуст.
Тоа јас го разбирам, не сум глупав. Само ти викаш дека сите книги ќе биле по 200 денари.
 
Сите книги не сум пишал, но сепак лошо сум го напишал па затоа и недоразбирање.
 
Многу мразам што во книжарнициве низ Скопје не им се на никаков начин каталогизирани книгите кои ги продаваат, па така, наместо продавачите да ти посочат на која полица да бараш, мораш да поминеш саати, саати барајќи нешто... и пак да не го најдеш на крај. Како јас денес во Култура. Култура е една од најдобро снабдените книжарници кај нас, и имаат купишта книги од сите издавачи, постоечки и стари. Затоа појдов да си ја појдам среќата и да најдам нешто од тоа што одамна го барам од наслови. Најдов - 0.

На времето во Табернакул влегуваш внатре, кажуваш наслов, пребаруваат во компјутер и самиот продавач те води до местото каде стои книгата. Колку и да беше стара и колку и да беше зафрлена во некое ќоше полно со прашина. Таа книжарница има посебно место во моето срце и ќе остане вечно непрежалена. Овие другиве се чист аматеризам. Ми остануваат уште Матица и Три во ГТЦ (тие се така поснабдени со стари изданија кои не се нивни, со надеж дека ќе пронајдам нешто од списокот).

И да си ја пробам среќата уште еднаш тука. Ако продава некој нешто од ова, нека ми пише:

1. Волшебникот - Џон Фаулс (Или Или, 2010)
2. Музеј на невиноста - Орхан Памук (Табернакул, 2008)
3. Куцкамен - Хулио Кортасар (Табернакул, 2008)
4. Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ (Блесок, 1999)
5. Изгубен жегол - Милован Стефановски (Сигмапрес, 2003)
6. Куклите на Росица - Оливера Николова (Култура, 2004)
7. Џахиз и истребувачите на кучиња - Пајо Авировиќ (Детска радост, 2005)
8. Нишан - Блаже Миневски (Макавеј, 2007)
9. Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева (Три, 2008 - ова го има уште во продажба, го барам со попристапна цена)
10. Дваесет и првиот - Томислав Османли (Блесок, 2009)
11. Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев (Македонска реч (сега Македоника Литера), 2010)
12. Јадица - Владимир Плавевски (Силсонс, 2013)
13. Балканвавилонци - Луан Старова (МАНУ, 2014)
и др.
 
Јас ја имам Нишан и можеби уште некоја која би дал (имам музеј на невиноста, куцкамен, волшебникот ама тие не би ги дал). Ако си од Скопје, пиши ми да се договориме.
 
Куцкамен ја имам видено пред година и пол во Икона во Рамстор и таму имаше две од кои едната ја купив јас. Последно што имам прошетано кај нив во Рамстор, ГТЦ и Сити Мол не сум ја забележал. Единствено ако ја имаат во новиот дуќан кај парк. На други места ја немам видено.

Веќе кога збориме за барани книги, некој да ја има видено негде Столот на Елијах од Игор Штикс?
 
Последно уредено:
Многу мразам што во книжарнициве низ Скопје не им се на никаков начин каталогизирани книгите кои ги продаваат, па така, наместо продавачите да ти посочат на која полица да бараш, мораш да поминеш саати, саати барајќи нешто... и пак да не го најдеш на крај. Како јас денес во Култура. Култура е една од најдобро снабдените книжарници кај нас, и имаат купишта книги од сите издавачи, постоечки и стари. Затоа појдов да си ја појдам среќата и да најдам нешто од тоа што одамна го барам од наслови. Најдов - 0.

На времето во Табернакул влегуваш внатре, кажуваш наслов, пребаруваат во компјутер и самиот продавач те води до местото каде стои книгата. Колку и да беше стара и колку и да беше зафрлена во некое ќоше полно со прашина. Таа книжарница има посебно место во моето срце и ќе остане вечно непрежалена. Овие другиве се чист аматеризам. Ми остануваат уште Матица и Три во ГТЦ (тие се така поснабдени со стари изданија кои не се нивни, со надеж дека ќе пронајдам нешто од списокот).

И да си ја пробам среќата уште еднаш тука. Ако продава некој нешто од ова, нека ми пише:

1. Волшебникот - Џон Фаулс (Или Или, 2010)
2. Музеј на невиноста - Орхан Памук (Табернакул, 2008)
3. Куцкамен - Хулио Кортасар (Табернакул, 2008)
4. Куќата на Мазарена - Слободан Мицковиќ (Блесок, 1999)
5. Изгубен жегол - Милован Стефановски (Сигмапрес, 2003)
6. Куклите на Росица - Оливера Николова (Култура, 2004)
7. Џахиз и истребувачите на кучиња - Пајо Авировиќ (Детска радост, 2005)
8. Нишан - Блаже Миневски (Макавеј, 2007)
9. Индиго Бомбај - Јагода Михајловска - Георгиева (Три, 2008 - ова го има уште во продажба, го барам со попристапна цена)
10. Дваесет и првиот - Томислав Османли (Блесок, 2009)
11. Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев (Македонска реч (сега Македоника Литера), 2010)
12. Јадица - Владимир Плавевски (Силсонс, 2013)
13. Балканвавилонци - Луан Старова (МАНУ, 2014)
и др.
Ако познаваш некој од Охрид и би се нафатил да ти ги прати, Музеј на невиноста и Куцкамен ги има во книжарницата Просвета, меѓутоа по редовни цени.
 
Горе-долу истите ги бараме. Јас ги барам сите од Орхан Памук издадени од Табернакул, ама по пристапни цени. На саем најдов една 500-че беше и се пишманив.

Куќата на Мазарена ја имам. Одлична е. Ја земав лани, ама не се сеќавам колку. 200 ден. мислам.

Од број 5 до 13 и јас ги барам. Балканвавилонци ја видов на саемот мислам, ама не прашав што цена беше, гарант соленка.

Ја барам и Разговор со Спиноза од Смилески.

И дајте предлози што вреди од Или-Или, да се искористи попустот до крај на август. За предлози, мислам на тебе и @Saladin како најверни Или-Или трошаџии. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom