Не се гледа на физичките активности како на фалење. Знаеш колку паметни совети имам добиено на статус или слика од трчање? Голем број на психијатри исто така препорачуваат шернување на активностите бидејќи не само што ти се чувствуваш подобро од исполнета цел туку и влијаеше и на околината да почне да вежба.
Гармин часовниците ти се од 10,000 ден
нагоре но за почетокот ќе ти заврши работа и телефонот.
Далеку сум од тоа дека толку сериозно би се интересирал за атлетика освен како издувен вентил на негативна енергија и набој од работната недела и сите срања во општеството. Башка покрај тоа и извор на квалитетен адреналин (наместо дрога, алкохол и партијање по 6-7 саати) и физичка кондиција.
Со оглед и на обврските, еднаш неделното трчање не го сметам како некој редовен режим на сериозно тренирање за да се опремувам со професионална опрема (секако освен квалитетна патика што дирекно влијае на стапалата и нозете) и гаџети за статистика на растојание, време, просечна брзина и калории.[DOUBLEPOST=1562596041][/DOUBLEPOST]
Школите ги спомнав затоа што таму секој рекреативец би добил конкретни совети од стручно лице за да не луташ, обично таму луѓето се позитивци до максиум. За исхраната да се надоврзам само треба да се исфрли бел леб газирано алкохол и благо (црно чоколадо дозволено ) Апликации има баш добри и точни би ти ја препорачал Nike Running Club или така нешто беше. Се согласувам со тоа погоре дека шернувањето не е лоша работа. Срамота е да се шернува дека си истрчал да речеме 10километри а не е срамота кибла со алкохол. Тоа не е фалење туку е работа која едноставно те исполнува тебе
Сепак благодарам многу на советите но не сум дојден до тоа ниво за толку сериозно да се занимавам со режими на исхрана и стручно да напредувам освен што сум не пушач и не планирам никогаш да пушам.
За болдот хаххахахахаххахаха
Имаше периоди пред години кога на вакво жешко време 3-4-5 литра пиво или шприцер ми беа секојдневна вечерна доза од 21 до 05 часот . Ни тогаш кога пиев ни сега кога сум на само 1 литар пиво неделно немав ни желба ни предизвик да се фалам што и колку сум испил.
Исто и со трчањево. Додека уживам во трчањето и имам извор на позитивна енергија немам потреба да се фалам на социјални мрежи кои и реално мн ретко ги користам освен за чат.[DOUBLEPOST=1562596250][/DOUBLEPOST]
Баш, а и има голем дел од ова населениево што е по 150 кила, слабее со некои чаеви што им шиткаат, јаде по сто пати на ден и после пиздат кога гледаат такви слики. Јас дури охрабрувам народ да "отекува"
АХХАХАХАХАХХАХАХХА
Сестра ми цела пролет и лето се жали на вишок килограми а за 2 км фаќа автобуси и ми вика ме мрзи пешки да идам .
Си прави бајрами на умот со тие чаеви, креми и не знам уште што а не сака да дојде на стаза да трча.
И како да ја мотивирам да трча ?