Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.761
Поени од реакции
2.674
резултатот на Јован Стојоски на 400м убедливо најмногу вредеше од нашите атлетичари, 46,94 sec е доста вреден резултат неистрчан во последните 35 години во МК. Истиот дечко истрча државен рекорд на 200м, а доста близу дојде и до државниот рекорд на 100м. Дарио беше на 80% од можностите, Дрита истрча солидна 400-ка, Адријана истрча за неа брза 5000-ка ама во мегународни рамки резултатот е доста слаб. Останатото од нашиот тим беше на ниво на општински средношколски натпревар и за жал може да се каже дека со атлетика се занимаваат погрешни луѓе т.е луѓе неталентирани за овој спорт. Атлетиката за разлика од другите спортови во голема мера се заснова на предиспозиции, па потоа работа и техника. Се на се празник за атлетиката и резултатски најквалитетно натпреварување во МК во последните 40години.
Покрај сите слабости, МК успеа да организира едно натпреварување од висок ранг.
Не знам како било решено со сместување и трснспорт, ама на терен се' си функционираше како што треба.
Лично ми прави ќејф, што јас и мојата екипа бевме едно од штрафчињата на тој механизам.
Штета што времето беше пекол и што не се поведе поголема кампања и реклама, за да има повеќе публика.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
81.113
Поени од реакции
181.115
Покрај сите слабости, МК успеа да организира едно натпреварување од висок ранг.
Не знам како било решено со сместување и трснспорт, ама на терен се' си функционираше како што треба.
Лично ми прави ќејф, што јас и мојата екипа бевме едно од штрафчињата на тој механизам.
Штета што времето беше пекол и што не се поведе поголема кампања и реклама, за да има повеќе публика.
И во исто време во саботата ван стадион некој да запали депонија и да чади. Навистина сме мизерија, толку луѓе ќе се трудат, еден двајца фали сето тоа да го засерат господски.

Инаку може тресам глупости, слободно исправете ме ама не сфаќам зошто Дарио и Андријана се мачат на 1,500, 3, 000 метри итн. Ако телото ти е наштелувано на long distance, ќе има проблеми за middle и обратно. Вака е барем во пливање, тие што пливаат 1,500 метри слободно, максимум што спуштаат е 400 метри.
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.375
Поени од реакции
19.952
Некој да ми го објасни следниов феномен. Се загревам некои 5-10 минути, почнувам да трчам лагано 3-4 км и се осеќам како да имам претрчано 20км, не можам воздух да земам, нозеве исто тешки како бетон да влечам со мене. После тоа некои 10 метри одам, колку да земам воздух и пак продолжувам со трчање без никакви проблеми, со појачано темпо без паузи стигнам до 10км. Имам пробувано и без загревање, туку директно трчање и пак истово. Не ми е јасно, како наеднаш да останам без воздух и после таа мини пауза од 10 секунди немам никаков проблем.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.484
Поени од реакции
19.327

Што подразбираш под загревање? Ако мислиш на статички истегнувања, избегнувај ги, прави ги на крај од трчање.
За загревање се препорачува 5-6 минути обично одење и 5-6 минути брзо одење пред да трчаш.
Единствено што би можел да кажам за тоа што снемуваш воздух е дека трчаш повеќе од што можеш или неправилно дишеш. Читни на нет како да дишеш.

Колку пати имаш трчано и дали баш секогаш првите километри ти се тапа, а после си Болт?
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
137
Поени од реакции
229
Табелите јас што ги поставив се од државно првенство на Македонија

Од 17.30 почнуваат. Дарио некаде околу 19.30 трчаше, не знам зошто табелите членот што ги има ставено се од 10 сабајле. Секако е пекол, навечер во 23/24 е по 30 степени :)

Периодов трчање само сабајлечки, до 7-7.30 максимум да си готов :)

Малку офтопик: Многу ми беа смешни овие што фрлаа копје. Фрлаат и тоа како што паѓа само се лизга по тревата :icon_lol:
Феноменот со загревање и тешки нозе ти е веројатно поради тоа што стартуваш првите километар два со брзо темпо наместо рамномерно да појачуваш. За загревање јас практикувам техника и неколку кратки спринтови 30-40 метри за подигнување на пулсот кратки вежби за истегнвуање активни. Кога мозокот ке добие команда што го чека тогаш можеш лагано да газиш
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
17.375
Поени од реакции
19.952
Што подразбираш под загревање? Ако мислиш на статички истегнувања, избегнувај ги, прави ги на крај од трчање.
За загревање се препорачува 5-6 минути обично одење и 5-6 минути брзо одење пред да трчаш.
Единствено што би можел да кажам за тоа што снемуваш воздух е дека трчаш повеќе од што можеш или неправилно дишеш. Читни на нет како да дишеш.

Колку пати имаш трчано и дали баш секогаш првите километри ти се тапа, а после си Болт?
Загревање значи истегнување, ама сигурно не ми е до тоа, затоа што имам пробано неколку пати и без никакво истегнување. Иначе првите неколку километри ги трчам споро темпо, таму околу 6.40. После тоа појачам на околу 6.00. Имам доста читано за дишење и пробувано разни техники, секогаш исто.
Иначе редовно трчам 3 месеци по 3 пати неделно и секогаш првите километри се проблем, како некој дизелаш :D
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
6.779
Поени од реакции
16.396
Трчаш темпо кое не ти одговара. Тоа се надминува со подолгорочно вежбање, ама паметно вежбање. Пример, ако ги трчаш тие 3-4км со темпо 4:50, треба да се обидеш со темпо над 5:00 или 5:10 - вредностиве ги карикирам - ама поспоро, во секој случај. Полека да надградуваш, како ќе стекнуваш кондиција. Значи, успори сега и колку и да ти е досадно, работи на издржливост, види дали дишеш како што треба.
Спуштање од 5:10 на 5:05 - просечно темпо е многу, многу работа. Од мое искуство и разговори со пријатели што повеќе се посветени на трчање, добро е да правиш два типа на тренинзи: еден со што подолга дистанца и (условно) оптимално темпо и друг со кратки интервали во кои поексплозивно ќе трчаш, ама и ќе праиш паузи. Со првиот тип го вежбаш дишењето, работата на срцето, а со вториот ќе се убрзуваш.
Нормално, во меѓувреме стомачни, грбни, чучњеви и други вежби одат во прилог на убрзувањето.
Трчањето си бара систематски и константно да се одржува чоек, инаку цело време е мачење и вртење у круг.
Автоматски споено мислење:

Инаку почетната криза е нормална работа и мислам дека нема чоек што ја нема. Тука повеќе е психолошки моментот. Треба да процениш дали стварно не можеш или е само потребно да се адаптираш. Да не се лажеме, стварно има денови кога чоек не може да трча (ненаспаност, тековен замор, вруќина, некоја лоша храна ако си јадел исл.)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.538
Поени од реакции
5.242
Многу битна работа што мислам помага во цел процес, а е лесна: брзо одење до местото каде што трчате и назад. Мене до кеј ми е 10-15 мин., доволно да се загреам до таму, а за назад стекнуваш издржливост.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
12.484
Поени од реакции
19.327
Загревање значи истегнување
За жал да и тоа е врежано кај многумина поради наставниците од физичко и самите часови по физичко, неуки тренери, и слично.
Студии имаат докажано дека статичното истегнување кои многумина го применуваат како загревање ПРЕД трчање придонесува до повреди.
Сеа ти може ќе си речеш си трчал 3 месеци и си се истегнувал па си немал повреди ама кога тогаш може да се погоди нешто. А повредата знае да стигне и кога најмалку очекуваш и на најпријатното трчање што си го имал.

Како и да е, намали уште темпо, пробај различен термин на трчање (сабајле->вечер и обратно), а пробај и да кснеш банана нешо а-у 1 саат пред трчање.
Многу битна работа што мислам помага во цел процес, а е лесна: брзо одење до местото каде што трчате и назад. Мене до кеј ми е 10-15 мин., доволно да се загреам до таму, а за назад стекнуваш издржливост.
Да, брзо одење и спор џогинг е најдобро загревање.
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
137
Поени од реакции
229
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
3.889
Поени од реакции
9.465
резултатот на Јован Стојоски на 400м убедливо најмногу вредеше од нашите атлетичари, 46,94 sec е доста вреден резултат неистрчан во последните 35 години во МК. Истиот дечко истрча државен рекорд на 200м, а доста близу дојде и до државниот рекорд на 100м. Дарио беше на 80% од можностите, Дрита истрча солидна 400-ка, Адријана истрча за неа брза 5000-ка ама во мегународни рамки резултатот е доста слаб. Останатото од нашиот тим беше на ниво на општински средношколски натпревар и за жал може да се каже дека со атлетика се занимаваат погрешни луѓе т.е луѓе неталентирани за овој спорт. Атлетиката за разлика од другите спортови во голема мера се заснова на предиспозиции, па потоа работа и техника. Се на се празник за атлетиката и резултатски најквалитетно натпреварување во МК во последните 40години.
Има две ситуации, за кои можеби не си свесен. Првично не секој натпреварувач што трчаше во неговата дисциплина беше најдобар за неа, половина не беа ни во топ10, но тоа беше поради фактот што не може еден човек да трча 10 трки, пример Дарио има подобар резултат од Кокан на 5000 ама не може да трча и 1500 и 3000 и да даде се од себе, да очекуваме да изгине, човек е од крв и месо. Јован Стојоски беше максимално експлатиран и трчаше се што можеше да трча и пополни сите дисциплини, а е воедно и со најдобри времиња за истите, секоја чест за момчето. Друга работа е тоа што на државното првенство кое служеше да се изберат луѓе кои ќе трчаат на европсково во трета лига, горе доле живо пиле немаше, пример за 3к стипл дисциплината трчаа двајца, кои имаат доста слаби резултати, па некој мораше од нив да се избере, дека само они покажале интерес да се пријават. Не се сложувам дека со атлетика се занимваат погрешни и неталентирани луѓе, мора да сфатиш дека ова е Македонија и меѓу многуте работи зошто државата не е погодна за атлетика, е токму тоа што не може да се живее од атлетика на професионално ниво, односно мора да работиш како сите смртници од 9 - 5 и после да трчаш ако можеш да стигнеш, да не зборам ако и фамилија имаш успат... Услови за професионално да се бавиш со атлетика и од неа да вадиш пари, тука нема, талент е нешто што изобилува тука, ти гарантирам, деца има доаѓаат со еден месец трчање прават сериозни резултати, се вработуваат како келнери ринтаат по цел ден и толку од резултатот и посветеноста, нема ни спонзори патики да се купат на тие таленти, а не па нешто повеќе, така да се друго нема, ама бар таленти неискористени за атлетика да не речам пропаднати, има на тон. Тоа ни е жалната реалност.
 
Последно уредено:
Член од
22 април 2013
Мислења
75
Поени од реакции
46
Не се сложувам дека со атлетика се занимваат погрешни и неталентирани луѓе, мора да сфатиш дека ова е Македонија и меѓу многуте работи зошто државата не е погодна за атлетика, е токму тоа што не може да се живее од атлетика на професионално ниво, односно мора да работиш како сите смртници од 9 - 5 и после да трчаш ако можеш да стигнеш, да не зборам ако и фамилија имаш успат... Услови за професионално да се бавиш со атлетика и од неа да вадиш пари, тука нема, талент е нешто што изобилува тука, ти гарантирам, деца има доаѓаат со еден месец трчање прават сериозни резултати, се вработуваат како келнери ринтаат по цел ден и толку од резултатот и посветеноста, нема ни спонзори патики да се купат на тие таленти, а не па нешто повеќе, така да се друго нема, ама бар таленти неискористени за атлетика да не речам пропаднати, има на тон. Тоа ни е жалната реалност.
Истото и јас го кажувам не знам зошто не си сфатил. Прв факт, дека атлетиката како професионален спорт е неисплатилив - и јас го реков, втор факт дека има многу многу поталентирани (читај со подобри предиспозиции) луѓе во МК од повеќето кои не претставуваа. Истите не се во атлитиката заради X причини, сеедно дали заради економски причини, ненавремено препознавање на нивниот талент од спортските работници, немање доволно клубови со млади категории па истиве талентирани батки наместо на 9,10 години или порано, почнуваат да трчаат на кеј на 17-18 години и поради економски причини се откажуваат после една година.
Исто не ми беше муабетот да ги потценам луѓето што не претставуваа, го дадоа срцето на терен, секоја чест.
 
Член од
10 јуни 2015
Мислења
137
Поени од реакции
229
За тренирање услови има барев во Скопје и тоа одлични. Отворена арена од 8 до 16 секој ден. Планина водно, Зајчев рид, Скопска Црна Гора. Кејот на Вардар. Но финансиии нема. Мал е бројот на фирми или претпријатија што имаат слух за атлетиката во Македонија и тие што имаат средствата се минимални. Со новото раководство во федерација се надеваме на позитивни промени. Друго целосната опрема не е достапна да се купу овде па треба да се нарачува или патува во Србија, Бугарија итн за да се дојде до парче опрема која богами кошта многу. Имала Македонија и страшни спринтери и долгопругаши но не знам ни еден пример дали федерацијата адекватно на некој начин се одолжила кон било кој од нив.Како што се Трпе Мартиновски, Сашо Голубиќ, Ристе Пандев и многу други кој имале озбилни резултати а федерацијата на ниеден начин не им се одолжила за нивниот успех. Друго најголем дел од тркачите својата атлетска приказна ја започнуваат од Скопски Маратон или некој таков поголем настан баш како што напиша погоре на 17-18 години. Поради тоа што во средните и основните училишта не се посветуваат ни 5 часа годишно кон атлетиката а да не зборуваме за тоа дали некое школо има трим патека. Само во Драчево и никаде на друго место во Скопје. Има потенцијал има и премногу таленти но треба да се вложат малку пари тоа е се
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.492
Поени од реакции
9.492

гледам имаат добри попусти во дспорт, дај препорачајте некој од моделиве да одам да ѕирнам :)
 
На врв Bottom