дека гледав прес од него, кажа атакувал на рекордите. Ајде здравје, на 3км. Ама чоек што е ова на 40 степени првенство, направи го нека почнува од 7 до 12 PM ако ништо друго. До воздух не можеш да дојдеш.
дека гледав прес од него, кажа атакувал на рекордите. Ајде здравје, на 3км. Ама чоек што е ова на 40 степени првенство, направи го нека почнува од 7 до 12 PM ако ништо друго. До воздух не можеш да дојдеш.
Од 17.30 почнуваат. Дарио некаде околу 19.30 трчаше, не знам зошто табелите членот што ги има ставено се од 10 сабајле. Секако е пекол, навечер во 23/24 е по 30 степени
Периодов трчање само сабајлечки, до 7-7.30 максимум да си готов
Малку офтопик: Многу ми беа смешни овие што фрлаа копје. Фрлаат и тоа како што паѓа само се лизга по тревата
Фала,
нешто ми е у сеќавање дека лани, Анон беше у дилема дали у бунда или у џемпер да трча, а некако септември ми личи многу топло за тоа, дури и за командоси као него.
Баш треба да следам за да се пријавам.
Вчера Јован Стојоски постави нов државен рекорд на 200м - 21.35 (1 место), Поп Арсова со PB на 5000м - 18:41.02 (3 место).
Дарио заврши 3 место на 3000м со време 8:20.28.
Дрита Ислами 4 место на 200м (25.65) и 6 место на 100м со пречки (15.14).
Во штафета 4х100 мажите се дисквалификувани според некое правило 162.8 - колку што можам да најдам се работи за лош старт.
Жени 4х100 завршија 6 место со време 4:04.48.
Браво!
Временскиве услови во Скопје последниве неколку денови се катастрофални за спортување....тешки се воопшто за функционирање, а камо ли за врвни резултати.
Пекол беше, фрлачите почнуваа од 15!
Ај на АРМ дувкаше ветер вчера, во саботата беше тивко и мноогу жешко.
На градски задушливо, тек после 17-18 часот колку толку можеше да се дише.
Добар резултат имаше нашиот натпреварувач во диск, другите фрлачи за грев ни беа. Реално со србите, црногорците, молдованите тешко да се рамнат.
Автоматски споено мислење:
[QUOTE="Cerberus, post: 8719817,
Малку офтопик: Многу ми беа смешни овие што фрлаа копје. Фрлаат и тоа како што паѓа само се лизга по тревата
[/QUOTE]
Нее на неколку души им се случуваше тоа, што очекуваш од Сан Марино, Косово..... останатите беа ОК.
Во машка босанецот ок фрли!
резултатот на Јован Стојоски на 400м убедливо најмногу вредеше од нашите атлетичари, 46,94 sec е доста вреден резултат неистрчан во последните 35 години во МК. Истиот дечко истрча државен рекорд на 200м, а доста близу дојде и до државниот рекорд на 100м. Дарио беше на 80% од можностите, Дрита истрча солидна 400-ка, Адријана истрча за неа брза 5000-ка ама во мегународни рамки резултатот е доста слаб. Останатото од нашиот тим беше на ниво на општински средношколски натпревар и за жал може да се каже дека со атлетика се занимаваат погрешни луѓе т.е луѓе неталентирани за овој спорт. Атлетиката за разлика од другите спортови во голема мера се заснова на предиспозиции, па потоа работа и техника. Се на се празник за атлетиката и резултатски најквалитетно натпреварување во МК во последните 40години.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.