www.vecer.press
Ми се смачи да читам текстови кои морам да ги поправам во главава како што ги читам. Посебно ме нервира кога не знаат да членуваат или ќе вметнат зборче кое целосно ја менува смислата на реченицата.
На пример ова:
Ставиле „то“ и наместо друго новороденче кое било пронајдено пред две години, испаѓа дека ова новороденче за кое пишуваат сега било пронајдено пред две години живо закопано и преживеало.
Во следниот пасус:
Ова требало да биде или „главниот град Њу Делхи“ или „главниот град на Индија Њу Делхи“. Секако, оставам простор дека мислат дека Њу Делхи е држава.
И се разбира, во следниот пасус следи шлагот на тортата:
Ме иритираат овие работи затоа што се common sense. Не можам да го замислам нивото на неписменост на човек кој ќе го напише ова, ќе го прочита, и не му текнува каде утнал.