Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.444
Колку подебилно, толку подобро...
На времето, медиумите беа посветени на известување за настани кои ги следеле како се случуваат интервјуирајќи повеќе извори.
Но еј, тоа срање е досадно. Фактите не се секси. Вистината е како жена без добри цицки. Шпекулирањето и пристрасноста е тоа што во денешно време е секси.
Необјективност
Медиумите кај нас станаа предвидливи до тој степен што не е тешко човек да претпостави што ќе прочита уште пред да прочита. Необјективноста е присутна во форма на извртени наслови, игри на зборови, па и во цели текстови базирани на тенденциозни шпекулации, во кои новинарот по некоја „случајност“ заборава да земе изјава и од другата спомната страна, а не често медиумите ги игнорираат демантите кои ги добиваат. Политичките и бизнис интереси се главната причина за оваа појава, но често тоа се должи и на капацитетот на оној кој стои зад текстот. Медиумите се толку објективни што постојат два типа кога е објективноста во прашање: 1) Во Македонија е сè розево и 2) Во Македонија е сè црно.
Експертутки
Секогаш кога треба да се пушти „пробен балон“ во јавноста, да се одвлече вниманието на јавноста во друга насока од некоја незгодна актуелна тема или да се направи перење на мозоци, во медиумите се појавуваат едни исти „експерти“. Еј, па низ годините веќе научивме во кој медиум кој „експерт“ може да го очекуваме, што ќе ни каже и во каква ситуација може да го очекуваме да се појави и да не просветли. Политички експерти, историски експерти, експерти за маркетинг, економија, за спорт... Најчесто немаат ни еден ден реално работно искуство иако задолжително имаат титула м-р или д-р, ама се експерти затоа што цел живот се на платен список на некоја мистериозна невладина организација која е секогаш подготвена како куче на ланец да се појави таму каде што треба во пакет со експертите. Секоја партија и секој медиум си има своја експертутка.
Ексклузивно
Демек тие ексклузивно дознале како се снимала и демек тие го снимиле видеото
Некогаш, под „ексклузивно“ се подразбираше вест или било каква форма на текстуална или аудио-визуелна содржина која ја има само медиумот кој ја објавил, затоа што тој ја продуцирал. И никој друг. Во денешно време, на новинарите не им е проблем да најават вест како „ексклузивна“ иако ја има речиси секој медиум, па дури и доколку оригинално не ја продуцирале тие, туку е преведена од некој странски медиум.
Скандалозно, шокантно, фрапантно
Леле, како ќе спиеме сега...
„Скандалозно: Станија ја покажа цицката“. Шокантно: уредникот не му удри чврга на новинарчето идиотче. Фрапантно: сопственикот на медиумот не ги отпуштил двајцата. Ова наједноставно ја доловува ситуацијата во медиумите кои љубат во секој втор наслов да ги употребуваат зборчињава во надеж дека ќе ја зголемат читаноста.
Кардашијан, Станија, колку подебилно - толку подобро...
И драги читатели, еве ја веста на денот...
Живееме во време на Кардашијанизам. Океј, никој не вели дека не треба да постојат и медиуми наречени таблоиди за глупа публика која сака да чита глупи „вести“ или вакви рубрики во медиумите кои имаат реноме, секој си има целна група на публика, но во повеќето медиуми ваквите содржини почнаа да стануваат доминантни. Океј, содржини за некоја која ја покажала цицката/г'зот/ватевер се читани, но ако одите по таа логика за да зголемите читаност - претворете го медиумот во тотален порно сајт, па ќе ви биде уште почитан.
Идиотски серии
Латино-американски, турски, хрватски, бугарски... сапуници кои немаат крај, а по крајот почнува нова уште поидиотска. Во борбата за рејтинг на гледаност, телевизиите го најдоа рецептот кој бара најмалку ресурси и средства, а носи најголема гледаност. „Абе серијава е супер, ама кој ќе ја гледа, ќе има рејтинг нула, дај купете пак турска, ќе имаме супер рејтинг“ е менталната парадигма која владее во моментов.
Имате нешто да додадете?
виа Кајгана