Малку е тапа споредбата со НБА, НХЛ, НФЛ и она нивното срање бејзбол. Таму немаш навивачи туку фанови што идат да гледат натпревар да јадат хот дог и пијат кока кола и да се дерат ДИФЕНС ДИФЕНС. Сигурно фанови на Далас одат на гостување кај Денвер. Фанови на Дортмунд, Баерн тешко дека ќе се согласат на ова, прво нивното 50+1 правило за сопственост ќе ги закочи, второ фановите се повлијателни поради тоа правило. Сигурно ќе им се допаѓа идејата кога цените на картата за ваков натпревар ќе биде х10 и притоа место да одат организирано на гостување 10тина пати годишно сега ќе треба еднаш два пати да оди. Само што оваа лига не е наменета за нив туку за рандом туристи, секако ние ќе дремеме пред телевизор и можеби еднаш во 10 години да посетиме.
Жими таквото дека овие супер клубови инвестирале 90% од вкупната инфраструктура што е инвестирана. За плати и трансфери да 90% отпаѓа на нив ама ако некој гледа дека инфраструктура е само стадионот на кој играат тогаш можеби затоа ми изгледа таа бројка од 90%. Со ова ќе изгубат пари помалите тимови и се помалку таленти ќе имаме пошто ќе немаат пари за одржување на инфрструктурата и квалитетни тренери. И тие неколку што ќе ги има ќе одат во оваа супер лига и цените ќе рипнат астрономски. Сега ова ќе биде филтер на најдобрите и таа лига ќе е супер квалитетна, а се другото ќе живее на шкрги.