Сериозен си дека некој го избегава Лондон како град?
Островото генерално да, ама да не се лажеме со Лондон. Па размениве меѓу лондонскиве екипи со играчи е баш затоа што им се остануваше да живеат таму (Шурле, Чех, Вилијан, Кејхил, Жиру итн.). И Јаја Туре имаше некоја изјава во стил демек се супер во Манчестер ама не е Лондон и то је то.
Па јас така мислам, не мора да е точно.
Патем Чех, Вилијан, Жиру веќе со години беа таму (и тоа се премалку играчи), и тие се навикнати на островот, па дали ќе се пресели во Лондон/Манчестер/Ливерпул од било кој друг град на островот, не му менува многу. Али сите што отишле на островот било ради лигата (ПЛ е најпрестижна). Е сега, кога сите ќе играат во европска лига, дали некој би се запнал да оди во Тотенхем/Челзи/Арсенал или би ги избрал Атлетико/Јуве/Реал/Барса/Интер/Милан? Не само како градови, туку и плус нека се земе предвид платата. Овие лондонскиве ќе треба да дадат 50% поголема плата за некој да отиде таму.
Муабетов ми беше за овие ѕвездиве од играчи (не за тие што ќе станат ѕвезди, како Канте на пример, што беше никој и ништо пред да дојде во лестер) кои најчесто се французи/јужноамериканци/шпанци, што ќе бараат ем астрономски суми, ем добро место за живеење.
Пак ќе речам, ова е според мое гледање на работите, секој има различен став, и не мора да е точно.