THE_CHOSEN_ONE
1903-2012
- Член од
- 13 август 2007
- Мислења
- 3.724
- Поени од реакции
- 1.333
Да постирам неколку мои мислења од друг форум за да одговорам на трогнатите Скопјани кои сметаат дека градот ќе бил унаказен со кич и невкус.
Уметноста е универзална и безвременска категорија што значи дека апсолутно нема никаква врска дали Скопје поминал низ барокниот период се додека тие градби и дела будат кај човекот емоции.
Не мора да сум јас виртоуз на виолина и да се разбирам од класична музика за да дадам 10 милиони евра за виолината Страдиварус.
Освен тримуфалната порта и барокниот стил не видов друг фалсификуван стил или позајмено дело од светските метрополи.
90% од објектите што ќе се наоѓаат на плоштадот и ќе гравитираат околу него се дел од Македонската историја сметате дека тие нема да ја говорат приказната за градот и државата?
Кога ќе дојде до наплив на туристи сигурен сум дека ќе заживее старата чаршија, Калето и многу други објекти со историска вредност со што ќе се генерираат нови 4,5 илјади нови работни места, а тогаш од вас ќе барам да се иселите од градов пошто очигледно не сте подобни да бидете негови жители.
Париз годишно го посетуваат најмалце 30 милиони туристи. а Скопје доволно е да го посетат 200 илјади (150 пати помалце од Париз) за да се врати инвестицијата во рок од 5 години под услов секој турист да троши по 200 евра.