Скопје во иднина

Член од
16 февруари 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
10
Мислам дека сите треба да знаеме каков планираат да ни го прават градот па еве сите што имате слики од ДУП на разни општини од скопје може тука да ги покажете па сите да си дадеме свое мислење.

Како за почеток ќе почнам со мал ринг:




 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ние шо не сме архитекти не пара ги разбираме сликиве :D
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Интересно надевам се дека ке е настварно нешто шо би го разубавило а не некакви глупо мостови и шмизли само да праат.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.776
Поени од реакции
9.904
Ако за тебе мостови се глупост, онда незнам ти што си..? Кога ќе се заврши мостот око дали тогаш ќе збориш дека е глуп мост, него само од инат да се збори.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Наздравје!

Уште туники да облечеме....

Сè во центарот на Скопје да се гради во антички стил

среда, 13 јануари 2010, 17:42

Државни објекти, амфитеатар, фонтани, хотели во центарот на Скопје – се се планира да се гради во антички стил. Во последните измени на планот за Мал ринг, што владата бараше експресно да се донесат, се предвидува новите објекти што ќе се градат стилски да одговараат на зданијата што веќе се подигаат - во стилот академизам. За дел од архитектите овој стил е застарен и депласиран и не одговара на модерното Скопје.

Како да изгледаат новите згради јасно напиша и министерот Миле Јанакиески.

На конкурсот на транспорт и врски за изградба на хотел, се бара зградата да има фасада како уставниот суд.

Покрај спорните стилови на зградите што се планираат – експерите реагираат и на узурпацијата на просторот – целиот потег покрај вардар од театарот, музејот на ВМРО, зградата на Уставниот суд, продолжува со план да се градат државен објект, амфитетарт, зграда на обвинителството, зграда на Министерството за надворешни работи.

Планот за Мал ринг се измени зад затворени врати, по кратка постапка, без транспарентност и широка расправа пред јавноста – се очекува лесно да помине и меѓу советниците на Центар.

http://www.time.mk/read/771ebcd934/3a6ac68333/index.html
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Се надевам следните што ќе дојдат нема да посакаат да не „однесат“ во иднината :))
Што убаво,си седиш и се враќаш низ времето,без временска машина,пушти Сител и таму си:)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
На Скопје му треба итно решавање на сообраќајниот метеж и инфраструктура, се друго е секундарно и за во подобри времиња.

А бе што ни е гајле ....важно кафанчињата ни мирисаат на пролетно цвеќе.:pos2:
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Конкурсот за избор на идејно решение за нова заштитна ограда и за илуминација на мостот Гоце Делчев" по вторпат е поништен. Од Град Скопје информираа дека оваа одлука е на жири-комисијата според чие мислење ниту еден од пристигнатите трудови не ги исполнувал условите што се барале. 2Ири-комисијата го поништи и првиот тендер со истото образложение.
На конкурсот, што беше објавен пред три месеци пристигнаа три идејни решенија. Иако од Град Скопје не сакаа да образложат за какви понуди станува збор, сепак, во јавноста се шпекулираше дека изборот паднал на идејното решение со кое се нудело новата ограда на мостот да биде од ковано железо во барокен стил за да се вклопи со лавовите кои наскоро треба да се постават од двете страни на мостот.
Пред десетина дена Градот избра идејни решенија за изгледот на мостовите кај хотелот Холидеј ин" и кај МАНУ. Изградбата на новите огради на мостовите ќе се финансира со пари од градската каса.



...Само да не дојде ред за градење нов мост додека се одлучат каква ограда да стават. Оваа постоечкава е „закон“ , ептен убаво се вклопува во просторот, супер туристичка атракција:kesa:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.047
Поени од реакции
12.831
Мостовите им се "слаба" точка. Сабајлево, на среде тротоарот на мостот кај Холидеј Ин, приметив една гооолема дупка. Би требало да обрнат внимание и на санирање на овие дупки и нерамнини на мостовите на Вардар. Исто се однесува и на шахтите кои се доста длабоко под нивото на коловозот па со секое поминување врз нив (а пошто се насреде улица, мора некако да се помине врз нив) може сериозно да се оштети возилото.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Скопје денес , како метропола! Ова го пренесувам најмногу заради подоле болдираното :tapp:

Се­ма­фо­рот на "Рекорд", од страната на поранешен "Путник", воопшто не се гледа, па возачите на слепо го поминуваат строгиот центар на градот. Се­ма­фо­рот е целосно скриен од дрвото кое се наоѓа на пешачката патека. Да­ли свети црвено, жолто или зелено граѓаните забележуваат дури от­ка­ко ќе дојдат до самиот пешачки премин.
"Не знам зошто не постават нов семафор, од оние кои висат над улиците или нека го исечат дрвото. Вака не знаеме дали да намалиме брзина и ко­га да закочиме. Треба да дојдеме до самиот семафор за да знаеме дали е зе­ле­но или црвено. На 'Рекорд' постојано е хаос, врвулица од возила и пе­ша­ци, а возиме напамет оти семафорот не можеме да го видиме", велат скоп­ја­ни.
ОД Градот велат дека не можат да го сменат семафорот оти чекале Оп­шти­на Центар да го донесе деталниот урбанистички план за овој дел, со што би се предвидела изградба на подземен пешачки премин.
"Со евентуалната реализација на ваквото решение и со целосно пре­на­со­чу­ва­ње на пешачкиот сообраќај подземно, семафорите во целост ќе бидат отс­тра­не­ти од улицата. Затоа Град Скопје мора прво да го почека до­не­су­ва­ње на ДУП-от, па потоа да преземеме активности за дополнително ре­гу­ли­ра­ње на позицијата на семафорите", велат од Град Скопје.
За изградбата на подземен премин, градоначалникот Коце Трајановски пред два месеца рече дека тешко ќе се реализира бидејќи
наишле на неочекувани проблеми со подземната инсталација.
"На овој потег подземната инсталација е многу комплицирана. За да се пре­мес­ту­ва, ќе бидат потребни многу средства. Затоа сe уште анализираме да­ли е возможно да се реализира овој проект", вели Трајановски.


П.С. -Досега не сум прочитал или слушнал вака издржан изговор! Тешко да се постави друг вид семафор , во случајов висечки, или пак да се исече дрво доколку тоа е потребно! Сонувате за метропола , а не знаете каде и како да поставите еден мочан семафор,сакате да градите аква-парк од светски ранг а бара многу средства семафорот, па дури имате и изговор за долга и макотрпна анализа за истиот !?:kesa:
- Големо разочарување!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Уште овде не се споменати статуетките по желба на нашиот претседател?:)Цел парк со статуи од личности познати низ историјата,среќа секоја амбасада ќе донира по една,па нема да не опрчи желбава некој милион.Само за спремање терен и нашите херои ќе не кошта една банка:самоубиство:
Како мали сигурно по глава ги мавале со вакви ствари,во спротивно немам логичко објаснување зошто толку им се запнаа.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Јас пак ги оправдувам сите вакви проекти, за мене спомениците се убава работи и би сакал да ги има насекаде низ Македонија, паркови , рингови како сакаат тие така!
Меѓутоа наспроти ваквите ГОЛЕМИ проекти , кога ќе слушнеш дека им се потребни многу средства и експерти за да преместат семафор, тогаш можеби и би им поверувал на скептиците кои велат дека ние не сме спремни за „достоен живот“ по помодерен терк.

Контрадикторности се и убавите огради и новите мостови (кои се прекрасни идеи), со огромните дупки по мостовите , како што рекле новинарите - „кои голтаат пешаци“ (кои пак се срам за една метропола или било кое населено место).

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FE495A40E1EE0D478ADD6A7A8004D883
 
Член од
28 март 2006
Мислења
18.047
Поени од реакции
12.831
ОД Градот велат дека не можат да го сменат семафорот оти чекале Општина Центар да го донесе деталниот урбанистички план за овој дел, со што би се предвидела изградба на подземен пешачки премин.
Семафорот кај Путник? Не е ваљда да чекаат план на град за да исечат едно дрво-тоа се десетина гранки-час посла. Сироти тие...поточно сироти возачи, во каков град возат. Со вакви градски служби и службеници-со нивните одговори, загриженост и самопожртвуваност, Скопје тешко да има некоја светла иднина. Уосталом како годините минуваат тоа станува и очигледно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom