Eisenhorn
Lord Inquisitor
- Член од
- 6 мај 2009
- Мислења
- 4.109
- Поени од реакции
- 9.469
Дефинитивно не би било лошо да се потсреди Скопје али да не се запоставуваат другите градови од кои некои полека умираат.
Од каде пари за оволкави проекти исто многу ме интересира. Не ли би било подобро да се фатат попотребни работи:
На пример Маџир Мало не би било лошо да се потсреди дека сега изгледа како фавела во сред центар. Железничка би мошеле да ја подопраат за да барем личи на Централ Стејшн како во нормалните земји а не празните дупки за теретните лифтови да се користат како штали за коњи (а се користат).
Улиците исто така треба да се поправат од корен, дека нема една единствена шахта во Скопје што е нивелирана со улицата. На сред Рекорд има шахта што сите ја избегнуваме кога и да поминеме и така е со години.
Сообраќајниот хаос веке е спомнат.
Секогаш кога врне се прават езера низ градот.
За спомениците: Конечно Ацета ке има споменик и време беше, али не ми се допаѓа што околу него ке има уште 50 други споменици (војниците, Гоце, Даме...) кои подобро да се постават низ сите градови во Македониа и остатокот од Скопје за секој да има по нешто (а и нема да биде кич со се поставено на улица Македониа и на плоштад).
Можеби грешам али нели вакви проекти (значи убави али непродуктивни) се градат откако ке се среди државата, економијата и социјалните проблеми и кога се има пари за неопходните работи (школи, болници и здравство......) па со вишакот да се прослави со разубавување?
Ниту еден од овие проекти не произведува нешто, не отвара работни места и само ке троши за одржување. Значи пак куќата ја градиме од кровот.
Никој ли нема, барем еден советник да изиграва адвокат на ѓаволот? Сум читал дека некои премиери, претседатели, градоначалници, министри, генерали........итн во белиот свет секогаш имаат барем еден советник на кого му е задача константно да негира и да прашува за валидноста на плановите и секогаш да е контра без разлика што и да се планира. Адвокат на ѓаволот или nay say-er е за да не се случи кога шефот ке има фикс идеја сите да му зборат „така е шефе, браво ти си најпаметен“ а идејата нема врска.
Исто така ако идејата е добра али планот на изведба лош тука е човекот за да бара дупки кои се средуваат пред да се почне со изведбата.
Али јебига срвилноста е познат критеријум кај сите советници на „шефоците“ без разлика од кои овци се ВМРОвци или СДСМовци. Од шупелка кавал не бидуе.
П.С. Сега Скопје има околу милион луѓе преку ден. Некои живеат непријавени, некои само работат а патуваат секој ден од другите градови и се гради како мрднато (се од гипс картон) и ке дојде ред повеќе од пола Македонија да живее тука, затоа што помалите градови се запоставуваат и луѓето по парче леб доаѓаат тука за работа. Тоа дури ке биде катастрофа али нема везе важно центарот да се среди кој ги шиша потребите на луѓето.