Скопје во иднина

KeleS

insolitus res
Член од
22 јануари 2008
Мислења
734
Поени од реакции
57
Ох боже . Да се плукнам во лудата и болно апсурдна генетика македонска ...
Ваква ситоациа како нашава , во секоја нормална држава би завршила со масивни протести и во крајна сметка конечно опаметување и бесење на бар неколку политичари за наредните кои ке дојдат на власт да гледаат на народот како на нешто од кое треба да се плашат а не нешто кое е тука за да ги исполни сите нивни желби ( по пат на уништување на истиот ) ... Али јебига .. нели сме македонци ... ние и да протестираме сите за исто нешто успеваме да се поделиме партиски ...

Едните лудаци ги гласавме и ни донесоја пропаст , другите ке не до упропастат со даноци и споменици . И едните и другите не чинат ... А гледам тука навивачите и на едните и на другите се пукат мегу себе за тоа како скопје требало да изгледа .

Ма дајте бе еднаш луге и ние македонците да покажиме кичма , да се организираме , да излезиме на улица и да организираме еден јавен линч на се што е политичар кој до сега бил во парламент или влада , независно од која партиа ... СИте се исти и онака , и сите се криви за тоа што сме заглавени до гуша ...
Нетреба препирки , дискуси итн ... Треба да се беси и линчова , и тоа да се прави без да се гледа партиска припадност .

Жална е онаа држава во која Власта не се плаши од народот . Во крајна сметка ако се секјавам точно се вика демократиа - Народот владее .

Е сега за темата ... Скопје по 63 е градено по план и тоа многу добар план ... Но притоа треба да се земе во предвид дека во тој план било предвидено да не биде поголемо од 300 000 . Во моментов бројката неофициална ближи кон 700 000 а официалната кон 550 000 .
За старото скопје ... да било во класичен стил , тоа е факт . Но ако се гледа така и берлин пред 45 - та бил во класичен стил па сојузниците го бомбамдирале до темел ... Сега не е повеке толку класичен .
Лондон е исто така пример ... многу класични згради кои се уништени за време на втора светска не се обновени , туку на нивно место се изградени нови .
заправо многу се таквите европски метрополи кои не ги обновиле старите згради по уништување од војна , катастрофи и слично .
ПА во крајана сметка и на Скопје не му е местото да е градено така . Ако се разгледат податоците , за право , ке се запримети дека „ Старо Скопје “ е градено во периодот мегу 1910 и 1940 та со исклучок на чаршијата и 3 , 4 преостанати градби претежно од религиозен карактер .

Значи ако веке се гради нешто , а треба . ТОгаш би ја сменил целата инфраструктура на градот ( Патна на прво место ) и евентуално би обновил и реставрирал некои градби .
ПОважно е од градење на споменици пошто Скопје во моментов неможе инфраструктурно да ја издржи својата популациа .

Правилото во историјата на светот е дека споменици се прават за важни за нациата настани ... НИе во моментов нема за што да ги правиме ... Пониско од ова дереџе не сме биле одамна .
Образованието ни пропаѓа , индустрија од 90 - тите немаме , интелегенциата која не се продаде за партиски книшки се дави во апатиа или бега од државава , и за чудо сме единствена држава каде оние кои произведуваат храна ( читај земјодлеци , сточари итн ) се сиромашни .
Има каде да се трошат пари и тоа работи далеку поважни од градење на споменици .

И на крајот ... МИлојко да може спомениците кај нив пред штаб ... Стечајците и социалните случаи кај СДСМ пред штаб , заправо дај да му ги запалиме штабовите на сите . И да видам после дали ке има партиски вработувања , пиканје на синој внуци и брачеди на функциа , крадење од државата , не почитување на желбите на народот , честа и моралот како цело .
Оти ако плукаме само на вмро , испаѓа дека забораваме дека истото го прават и сите други .
Значи еден аршин за сите ... НИти едните нити другите се подобри ... СИте се лош плевел , а плевелот се треби за да има род .
Толку.
 
Член од
26 октомври 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
Најважно од се, Скопје до 2014 ќе наликува на метропола. А јас уште ќе си чекам да ми дојде редот за да извадам нова лична карта. Можеби до тогаш и пасошот ќе си го земам, па ќе прошетам некаде. А ако не, ќе претрчам до плоштад да сркнам едно турско кафенце со европски шмек. :coffee:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
пушти паричка-избери дадичка (во блиска иднина)

 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Koj gradi a koj kradi presudite sami...
sk6k.jpg
koga se kradi nitu kokosarnik ne moze da se izgradi.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Ивнинг стандард“:Духот на автобусите "Рутмастер" живее во срцето на Македонија
06.11.2010 - 14:27 | Бизнис
Лондончани ќе чекаат уште на своите новодизајнирани двокатни автобуси, по урнек на класичната верзија од педесетите години на 20 век „Рутмастер“, што треба да се појават дури на почетокот на 2012 година, но во срцето на Македонија, во Скопје веќе следниот месец ќе пристигнат од Кина првите „Рутмастери“, што потоа ќе бидат вклучени во тамошниот градски сообраќај, пишува „Ивнинг страндард“.


Македонската влада има нарачано од кинеската фабрика Јутонг Груп, 202 двокатни автобуси, меѓу кои и два отворени, за вкупна вредност од 35,5 милиони евра. Автобусите се правени според моделот „Рутмастер“, а лондонскиот весник објаснува дека тие се дизајнирани ексклузивно за Скопје и оти се уникат.

- Тие не се копија на лондонските двокатни автобуси, забалежува „Ивнинг страндард“, повикувајќи се на изјава на македонскиот министер за транспорт Миле Јанакиески.

http://sitel.com.mk/dnevnik/biznis/„ivning-standard“duhot-na-avtobusite-rutmaster-zivee-vo-srceto-na-makedonija



http://www.thisislondon.co.uk/standard/article-23894984-spirit-of-the-routemaster-lives-on-in-the-heart-of-macedonia.do
 

Kajgana Shop

На врв Bottom