Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Дали некој ќе знае да ми каже дали сега полигон и градска може да се уплатат заедно?
Или ќе мора посебно да се уплаќа и чека посебно?
 
Еве да споделам и јас денешно искуство. Значи чекам ред за градска. Пред мене имаше едно албанче за градска. Го прашува инструкторот што да прави а овој му вика седи си во кола и вози и дека се е средено. После 15 минути се враќа со колата и положил. Отпосле дознав дека дал 150 евра на комисијата, по 50 на секој. Е во ваква држава живееме. И после се чудиме од каде толку камикази по нашиве патишта.
 
Абе тоа нека не ве чуди не е ништо ново
Само сакам да прашам дали некој од вас до сега има паднато на полигон?
Јас полагав денеска и паднав на паралелното паркирање
Некој совет за како полесно да го совладам ако знаете да ми кажете?
 
Абе тоа нека не ве чуди не е ништо ново
Само сакам да прашам дали некој од вас до сега има паднато на полигон?
Јас полагав денеска и паднав на паралелното паркирање
Некој совет за како полесно да го совладам ако знаете да ми кажете?
Црвено пежо случајно да не беше? Ја положив полигон денес, паднав градска :(
Совет: Со колата што си учел од школата нека ти ги покаже инструктор сите точки. Пример, се местиш во линија со задница > вртиш волан десно до крај > идеш рикверц дур не го видиш вториот столб во лев ретровизор > исправаш волан > се движиш дур задно тркало стигне со прва линија > вртиш волан лево до крај > се движиш дур не влезе цела кола. Мене вака ме учеа, али треба на лице место визуелно да ги видиш точките. Оди пред полагање едно саат време со инструктор.
 
Абе тоа нека не ве чуди не е ништо ново
Само сакам да прашам дали некој од вас до сега има паднато на полигон?
Јас полагав денеска и паднав на паралелното паркирање
Некој совет за како полесно да го совладам ако знаете да ми кажете?





Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Некој да сподели искуства/случки со новата комисија за полагање полигон и градска, во Скопје?
 
Некој да сподели искуства/случки со новата комисија за полагање полигон и градска, во Скопје?
Јас планирам приговор да поднесам, ама ми викаат од авто школа да не поднесувам бидејќи ќе се налутиле..па стварно не се нормални ебати тоа комисијата.. па во каква држва живееме бе ???
 
Поради која причина те бутнаа?
Првата беше поради тоа што не сум застанал (според нив) на Стоп знакот, втората што не сум пропуштил возила кои беа оддалечени 1километар од мене, третата бидејќи малку сум свртил нагло налево на една улица..
Исто така сакам да потенцирам дека телефонот го пуштив на звучно снимање од почеток до крај.
Во првиот проблем кој демек они мислеа дека се во право баш си муабетеа позади мене и тивко за тоа да не се слушне ништо на камерата која се наоѓа во автомобилот, т.е. си муабетеа, за тоа дали сум застанал на Стоп или не, сигурен сум дека оваа грешка намерно ми го направија,така што се договорија да бидат во право..
Ајде за втората грешка малку беа во право за тоа што не сум ги почекал возилата од соседната страна туку сум свртел лево, но и со тоа сосема не се можам да се сложам, да речеме пола они беа во право, а пола јас. Е сега третата ми рекоа да се движиме по левата лента, но не ми спомнаа дека треба на таа улица лево да свртам, но сепак јас не се движев со голема брзина и онака бев многу смирен во возењето, ги прашав во последна секунда шо се вика дали треба да свртам лево, добро малку нагло го свртев автомобилот, но и тоа не беше толку страшно нагло вртење при што ниту згазнав на полна линија и се престроија како што треба. И после изминатите 20 - 25 минути отидовме во правец на Хотел Русија кај паркингот застанавме шо застанавме и други грешки не ми најдоа. Пробав да ги замолам на сосема мирен начин но џабе беше тоа.. па ми кажаа као можеш да си поднесеш приговор за оваа работа доколку мислиш дека си во право.После утредента одам во испитен центар кај Детоил да поднесувам приговор, и кога тој некој кај кого се поднесувале приговорите не бил тука па бил на пат за Словенија така да ништо не бидна со приговорот. Целиот изнервиран два дена глава ме болеше, им го раскажав сето ова, па пред сите им викам - па срамота е ова што го правите му викам, зарем не ли сме ние возачи почетници, треба да имате малку милост и совест, шо сме ние му викам професионалци сме или почетници, па им викам само намерно буткате за пари и такви слични работи им кажав, исто им викам дајте овие од комисијата да ги ставиме на тест дали би го поминале како професионални возачи нели?! Значи се што ми лежеше на душа им кажав каква е ситуацијава со буткањето, но на мирен начин секако. Па вика као го разбирам јас сето тоа шо то ми го зборуваш и како не било точно тоа што демек не била работата за пари итн.
Отидов послето во авто школа да се распрашан за информации што понатака, ми викаат наш совет ти е да не поднесуваш приговор во никој случај, пошто можеле да ми се налутиле доколку биле во право тие што ќе ги гледаат снимките и побетер ќе сум ја направил работава, и така да еве поминаа скоро 2 недели и сеуште се мислам што да правам.
 
@DushkoMKd , Катастрофа, не бутале за пари. Божем ако те бутнат и платиш уште 50евра да преполагаш градска ( да се возиш 20мин со нив ) ќе станеш подобар возач и нема да праиш грешки во иднина.
ПС: За минатата комисија знам многу деца што поминаа од прва без проблем. За новава комисија, уште не сум сретнал таков почетник што поминал градска од прва со нив.
 
Некој да каже некое искуство со "новава комисија" бидејки не утепав од фрлање пари за полагање градска.Бутаат за глупости и за работи што само они ги виделе.
Утре полагам по 4 пат.
Ако пак ме бутнат нема пак да полагам туку ќе си возам без возачка.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Некој да каже некое искуство со "новава комисија" бидејки не утепав од фрлање пари за полагање градска.Бутаат за глупости и за работи што само они ги виделе.
Утре полагам по 4 пат.
Ако пак ме бутнат нема пак да полагам туку ќе си возам без возачка.

Брат ми полага за камион а у комсија е член што нема возачка за камион, па сеа ти види што се дешава таму....овие се бетер од претходниве. Разбрав дека многу жалби имало од новиве и сега пак имале некои измени, ќе се враќале исти членови од претходниве, кој знае.
Со лесно утре да си положиш.
 
Офффф па овие биле полоши од нас почетниците.
А бараат без грешка да се извози.Ние сме почетници не професионалци,искуството и рутината се стекнуваат после земањето возачка.
За овие пари до сеа што ги лупнав за полагања до сеа кола ќе си купев
Какви неписмени луѓе се овие бе
 

Маркетинг

На врв