Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

Дискусија во форумот 'Автомобилизам и мотоциклизам' започната од ziko bt, 4 декември 2009.

  1. DACIA

    DACIA

    Член од:
    3 март 2013
    Мислења:
    264
    Допаѓања:
    314
    колку треба да уплатам за да полагам тестови?
     
  2. DuskoMkd

    DuskoMkd

    Член од:
    10 август 2013
    Мислења:
    200
    Допаѓања:
    60
    Ако си прв пат на тестови од прилика 1900 ќе те фати.
     
  3. DACIA

    DACIA

    Член од:
    3 март 2013
    Мислења:
    264
    Допаѓања:
    314
    Тестови и полигон положив со 0 казнени поени, ама денеска паднав градска. Мене проблемот ми е шо пријавувања се многу скапи..Да напраив грешки ама сепак почетник сум да му ебам мајката. Апсолутно ништо нема да се научам од наредниот пат. Платив 1700 за пријава и 1200 за колата. За полигон ме фати дури 4.000 денари овде во Прилепов... Арамишта невидени.. Досега имам даено 9 бона ко ништо, а верувам дека треба да спремам уште 100 евра за градска... Се на се не ви бегаат 800 еура :) а и многу се чека за термин... чекав 20 дена за градска
    А ме турна ненормалната трема која ја имав
     
    Последно уредено: 23 јуни 2017
    На Zlatikevichius му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DACIA

    DACIA

    Член од:
    3 март 2013
    Мислења:
    264
    Допаѓања:
    314
    а најмнгоу боли то шо плаќам 50 еу за кило и пол бензин и 15 минути возење со нашата драга комисија :)
    Ај другиден по вторпат па че видиме шо ќе сториме
     
  5. Notepad2

    Notepad2

    Член од:
    12 мај 2015
    Мислења:
    59
    Допаѓања:
    71
    Kаде да се упатам после сите положени испити
     
  6. kkk666

    kkk666

    Член од:
    5 април 2010
    Мислења:
    340
    Допаѓања:
    86
    Препорака за некоја добра автошкола ?
     
  7. Black Hok

    Black Hok CRUISE

    Член од:
    11 декември 2012
    Мислења:
    2.322
    Допаѓања:
    1.181
    Полагал - се обучувал некој за Д категорија во Кавадарци?
    Некој инструктор да препорачате, некоја информација со каков минибус се обучува, дојде време и за Д категорија..
     
  8. .Sky.

    .Sky. ♫ Модератор ♫

    Член од:
    15 февруари 2013
    Мислења:
    6.605
    Допаѓања:
    7.046
    Шкорпион ес. Ако прашуваш за во Скопје, имам родинина иструктор можам да ти го препорачам доколку се одлучиш.
     
  9. hristinnna

    hristinnna

    Член од:
    19 декември 2013
    Мислења:
    228
    Допаѓања:
    151
    Да прашам нешто.:D
    Тестови полагав средината на ноември. Ги положив нив и полигон од прва, али градска 3пати ме паднаа. Е сега овој период ми е полн со матури, славење, другарска и сакам да помини се па рает да се пријавам за четврт пат да полагам. Дали знаете колку трајност имаат тестовите и полигонот од полагањето, 1 години или 6 месеци? Кој и да прашам велат 1 година дека е, али не знам ете во последно страв ме фаќа, да не ми пропадни се па така да си останам. Ако е една година супер, имам фора до ноември иако нормално нема да чекам дотогаш, ќе гледам во најбрз можен рок да се пријавам.
    Иначе тука во Битола лом не прават, ако не си со врски среќа е на трет пат да поминеш, скоро сите на четврт пат ги пуштаат. Изгор е.:cautious:
     
  10. nik1

    nik1

    Член од:
    6 април 2014
    Мислења:
    2.230
    Допаѓања:
    2.944
    mislam deka 6 meseci ti vazi lekarskotot a ti koga sakas mozas da polagas gradska vo zavisnost od vreme i finansi samo dokolku pominat 6 meseci ke mora odnovo da vadis lekarsko. imav kolega cij sin trebase da polaga poligon i gradska ama zamina za stranstvo i koga si dojde posle izvesno vreme izvadi novo lekarsko i si prodolzi tamu kaj sto zastana.

    No najsigurno e da si prasas vo avtoskolata kaj sto polagas za najsigurni informaci.
     
  11. hristinnna

    hristinnna

    Член од:
    19 декември 2013
    Мислења:
    228
    Допаѓања:
    151
    Лекарското трае 18 месеци мислам. Или 1 година еве, ама 6 месеци нема шанса, одамна ќе ми беше истечено ако беше 6 мес. :)
     
  12. Zlatikevichius

    Zlatikevichius Human... or at least - trying to be

    Член од:
    17 октомври 2011
    Мислења:
    6.213
    Допаѓања:
    12.711
    1 година важат тестовите. Јас во јануари полагав тестови, крај на октомври градска, значи година е, не 6 месеци.

    Лекарското важи 18 месеци, не 6, во тоа 100% сум сигурен, ама лекарското нема врска со полагањата, што значи ако ти пропадне лекарското пред да положиш градска, само вадиш ново лекарско, не ти пропаѓаат тестовите и полигонот.
     
    На hristinnna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doc Holliday

    Doc Holliday Модератор

    Член од:
    5 ноември 2010
    Мислења:
    5.015
    Допаѓања:
    3.919
    Ти пропаѓаат,ја го јадев така.
    Тестови и полигон имаат важност година дена,лекарско 18 месеца,а часови и прва помош цел живот
     
  14. Zlatikevichius

    Zlatikevichius Human... or at least - trying to be

    Член од:
    17 октомври 2011
    Мислења:
    6.213
    Допаѓања:
    12.711
    Ама ако помине година ти пропаѓаат. Ако не помине година, а ти истекло лекарското - не.
     
  15. Krstev

    Krstev

    Член од:
    12 март 2015
    Мислења:
    932
    Допаѓања:
    1.582
    Барај да ја фатиш комисијата преку некој џандар или вработен во МВР, инаку тешко...

    порано тој зоран од ск (чиј беше испитниот центар, не знам дали има промени...) наводно имал дали сопруга или др роднина која работи во мвр битола и која беше одговорна баш за тоа доколку имаш приговори за полагањето (кај неа оделе приговорите, таа одлучувала)...

    барај ја неа, барај го тој зоран, барај др џандари

    Факт е дека живееме во банана држава и секој стигнува до возачка без разлика дали знае да вози или не, само прашањето е колку ќе те одерат попатно.

    Јас кога полагав градска првиот пат ме паднаа без ниедна причина + тој од комисија цело време ми сецкаше на кочница и на кумплуг за да ми угасни колата... на крај кога не успеа после пола саат возење, зеде ми закочи бидејќи не сум пропуштил возило (my ass...) - колку за да има што да пишат како негативни поени.

    нормално ми пукна филмот пошто НЕ направив ниеден прекршок, особено не за да паднам, полигонот го зедов без проблем, тестовите исто без ниеден грешен резултат на нив... и ме паѓаат оти така им текнало.

    За вториот пат ТРЕБАШЕ ДА МЕ ПАДНАТ, но не ме паднаа. Е вториот пат, ко шо ме дал господ будала, намерно влегвав во другата лента, претекнав на полна, не почитував право на минување, ЕДИНО застанвав на црвено светло. возев за да паднам.
    и ПОЛОЖИВ.
    - „Добро зошто возеше вака? Знајш ако не те пуштиме ќе летаме сите од работа? Ајде бегај, положен си.“

    па сеа ти види ;)

    Инаку, лекарското трае 18 месеци (али провери за сигурно, прашај во трудова медицина кај што го вадеше..., не во автошкола пошто можи СЕ да ти кажат), а тестовите важат година дена (за важноста на истите прашај во испитниот центар + во автошкола...

    Со среќа.
     

Сподели преку: