Поради која причина те бутнаа?
Првата беше поради тоа што не сум застанал (според нив) на Стоп знакот, втората што не сум пропуштил возила кои беа оддалечени 1километар од мене, третата бидејќи малку сум свртил нагло налево на една улица..
Исто така сакам да потенцирам дека телефонот го пуштив на звучно снимање од почеток до крај.
Во првиот проблем кој демек они мислеа дека се во право баш си муабетеа позади мене и тивко за тоа да не се слушне ништо на камерата која се наоѓа во автомобилот, т.е. си муабетеа, за тоа дали сум застанал на Стоп или не, сигурен сум дека оваа грешка намерно ми го направија,така што се договорија да бидат во право..
Ајде за втората грешка малку беа во право за тоа што не сум ги почекал возилата од соседната страна туку сум свртел лево, но и со тоа сосема не се можам да се сложам, да речеме пола они беа во право, а пола јас. Е сега третата ми рекоа да се движиме по левата лента, но не ми спомнаа дека треба на таа улица лево да свртам, но сепак јас не се движев со голема брзина и онака бев многу смирен во возењето, ги прашав во последна секунда шо се вика дали треба да свртам лево, добро малку нагло го свртев автомобилот, но и тоа не беше толку страшно нагло вртење при што ниту згазнав на полна линија и се престроија како што треба. И после изминатите 20 - 25 минути отидовме во правец на Хотел Русија кај паркингот застанавме шо застанавме и други грешки не ми најдоа. Пробав да ги замолам на сосема мирен начин но џабе беше тоа.. па ми кажаа као можеш да си поднесеш приговор за оваа работа доколку мислиш дека си во право.После утредента одам во испитен центар кај Детоил да поднесувам приговор, и кога тој некој кај кого се поднесувале приговорите не бил тука па бил на пат за Словенија така да ништо не бидна со приговорот. Целиот изнервиран два дена глава ме болеше, им го раскажав сето ова, па пред сите им викам - па срамота е ова што го правите му викам, зарем не ли сме ние возачи почетници, треба да имате малку милост и совест, шо сме ние му викам професионалци сме или почетници, па им викам само намерно буткате за пари и такви слични работи им кажав, исто им викам дајте овие од комисијата да ги ставиме на тест дали би го поминале како професионални возачи нели?! Значи се што ми лежеше на душа им кажав каква е ситуацијава со буткањето, но на мирен начин секако. Па вика као го разбирам јас сето тоа шо то ми го зборуваш и како не било точно тоа што демек не била работата за пари итн.
Отидов послето во авто школа да се распрашан за информации што понатака, ми викаат наш совет ти е да не поднесуваш приговор во никој случај, пошто можеле да ми се налутиле доколку биле во право тие што ќе ги гледаат снимките и побетер ќе сум ја направил работава, и така да еве поминаа скоро 2 недели и сеуште се мислам што да правам.