Darling
High Value
- Член од
- 5 јуни 2009
- Мислења
- 14.506
- Поени од реакции
- 31.090
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Провери во Или-или, имаат изданија на Слово. Знам дека е преведена и Златниот павилјон, издание на Три, но постаро. Преведена и една но драма, во некојаси антологија на драми, само што не сум сигурен ни во која, ни што. Не сум сигурен дали ја има Златниот павилјон во Три, ама провери во ГТЦ.Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Литература.мк ја има 100%, баш пред некој ден ја гледав. Јас ја имам собрано цела едиција, оваа на Слово со кратките романи, или можеби ми фали еден само, не се сеќавам. Една од најдобрите кај нас.Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Јас ја купив од ТРИ во ГТЦ, ако си во близина, таму ја има.Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Фериќ ќе извади уште две негови преку Или-или деновиве. Треба одново изгласување на буџетот упм. Увек вака или-или ми праат пред велигденски пости/саем на книга.Прегледај го приврзокот 444115
Само заради Приказничар и Календарот на Маите беше ова купување, ама мораше да се дополни до 1500 за нова грепка. Последните 3 најдолу се подарокот.
Од Фериќ немам читано ништо, ама баш за овој роман одев! Се изначитав позитивни коментари, плус и на GR има 4,21 оценка од 663 читачи што реално, ретко се среќава! Книгава МОРА да ја прочитам. Инаку, тие 2 мислам дека веќе излегоа - првата е неговиот прв роман и е трилер, па така - не знам, втората е неговиот најнов роман и е романса, па така - исто, не знам, ама и двата се кратки, по 100+ до 200 страници, па ако ми се допадне „Календарот на Маите“, дефинитивно ќе ги земам и нив. Има и уште еден роман негов во издание на Или Или - „На осамениот брег крај морето“, и тој влегува во комбинација, исто.Фериќ ќе извади уште две негови преку Или-или деновиве. Треба одново изгласување на буџетот упм. Увек вака или-или ми праат пред велигденски пости/саем на книга.
Танпинар ја пробав и како љубител на делата на Памук ќе ти кажам дека овој е ниво над него. Доста комплексен, не е баш за лесно пропатување низ истанбулските улици. Би му дал и втора шанса.
Препорака за „На осамениот брег крај морето“. Мислам имав пишано ја имам читано на хрватски електронски, ептен лежерен стил има, па летово си ја купив и хартиена копија.Од Фериќ немам читано ништо, ама баш за овој роман одев! Се изначитав позитивни коментари, плус и на GR има 4,21 оценка од 663 читачи што реално, ретко се среќава! Книгава МОРА да ја прочитам. Инаку, тие 2 мислам дека веќе излегоа - првата е неговиот прв роман и е трилер, па така - не знам, втората е неговиот најнов роман и е романса, па така - исто, не знам, ама и двата се кратки, по 100+ до 200 страници, па ако ми се допадне „Календарот на Маите“, дефинитивно ќе ги земам и нив. Има и уште еден роман негов во издание на Или Или - „На осамениот брег крај морето“, и тој влегува во комбинација, исто.
Инаку, кога сме кај балканската книжевност, сакам да го земам и „Ѓорѓиќ се враќа“ од Горан Војновиќ кого го обожавам, ама тоа е на некој начин своевидно продолжение на неговиот краток роман „Јужњаци, марш“ кој го има на македонски во издание на Готен, ама не можам да го најдам по книжарнициве, па ќе чекам на Саем.
Танпинар знам дека е тежок залак. Го имаше Или Или издадено и најпознатото негово дело, романот „Институт за регулирање на времето“, ама не се дрзнав никогаш да го почнам.
Odlichna e.