Си купив книга

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.838
Поени од реакции
7.189
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Провери во Или-или, имаат изданија на Слово. Знам дека е преведена и Златниот павилјон, издание на Три, но постаро. Преведена и една но драма, во некојаси антологија на драми, само што не сум сигурен ни во која, ни што. Не сум сигурен дали ја има Златниот павилјон во Три, ама провери во ГТЦ.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.333
Поени од реакции
38.157
Каде може да се најде книгата од Мишима, и дали има повеќе преведени книги од него?
Литература.мк ја има 100%, баш пред некој ден ја гледав. Јас ја имам собрано цела едиција, оваа на Слово со кратките романи, или можеби ми фали еден само, не се сеќавам. Една од најдобрите кај нас.

Од Мишима, инаку ја имам и Златниот павиљон, таа беше во издание на Три, ама едно десетина години веќе е распродадена, така што, само по групите на фејсбук ако ја најдеш таа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.333
Поени од реакции
38.157
20250210_183442.jpg

20250210_183614.jpg

И воедно, со овие 4 се заокружува списокот на книги од овогодинешните кандидати за Роман на годината кои сакав да ги имам и прочитам. Фали единствено Леска Брезоска за која не ми се даваа толку пари за тоцкаво книвче, и од некнижевни причини, би сакал да ја купам Безсловен од Кирил Ангелов (Сакам книги), ама не можам да ја најдам. Сега сум 99% сигурен дека веќе го имам добитникот на Роман на годината во мои раце, кој и да е тој.

20250210_183644.jpg

Многу се израдував на двете. :vozbud: Елијаде сум го читал 2 пати до сега, ги обожавам световите во кои ме носи и е веројатно единствениот non-fiction автор кој не ме замарал и во кој сум уживал. Хармс не сум го читал, ама се сеќавам колку налудничава беше претставата "Случајот Хармс" на Театар Комедија пред некои 7-8 години, чинам, а и од порано сум сакал да го ѕирнам.

20250210_183731.jpg

И ова е подарокот - сите книги на Памук во издание на Арс Ламина! Освен Ноќи на чума, сите ги имам, ама само таа вреди 900 денари, па сепак - thanks to Ars Lamina.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.735
Поени од реакции
13.499
Прегледај го приврзокот 444115

Само заради Приказничар и Календарот на Маите беше ова купување, ама мораше да се дополни до 1500 за нова грепка. Последните 3 најдолу се подарокот.
Фериќ ќе извади уште две негови преку Или-или деновиве. Треба одново изгласување на буџетот упм. Увек вака или-или ми праат пред велигденски пости/саем на книга.
Танпинар ја пробав и како љубител на делата на Памук ќе ти кажам дека овој е ниво над него. Доста комплексен, не е баш за лесно пропатување низ истанбулските улици. Би му дал и втора шанса.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.333
Поени од реакции
38.157
Фериќ ќе извади уште две негови преку Или-или деновиве. Треба одново изгласување на буџетот упм. Увек вака или-или ми праат пред велигденски пости/саем на книга.
Танпинар ја пробав и како љубител на делата на Памук ќе ти кажам дека овој е ниво над него. Доста комплексен, не е баш за лесно пропатување низ истанбулските улици. Би му дал и втора шанса.
Од Фериќ немам читано ништо, ама баш за овој роман одев! Се изначитав позитивни коментари, плус и на GR има 4,21 оценка од 663 читачи што реално, ретко се среќава! Книгава МОРА да ја прочитам. Инаку, тие 2 мислам дека веќе излегоа - првата е неговиот прв роман и е трилер, па така - не знам, втората е неговиот најнов роман и е романса, па така - исто, не знам, ама и двата се кратки, по 100+ до 200 страници, па ако ми се допадне „Календарот на Маите“, дефинитивно ќе ги земам и нив. Има и уште еден роман негов во издание на Или Или - „На осамениот брег крај морето“, и тој влегува во комбинација, исто.

Инаку, кога сме кај балканската книжевност, сакам да го земам и „Ѓорѓиќ се враќа“ од Горан Војновиќ кого го обожавам, ама тоа е на некој начин своевидно продолжение на неговиот краток роман „Јужњаци, марш“ кој го има на македонски во издание на Готен, ама не можам да го најдам по книжарнициве, па ќе чекам на Саем.

Танпинар знам дека е тежок залак. Го имаше Или Или издадено и најпознатото негово дело, романот „Институт за регулирање на времето“, ама не се дрзнав никогаш да го почнам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.214
Поени од реакции
10.278

Препорака за „На осамениот брег крај морето“. Мислам имав пишано ја имам читано на хрватски електронски, ептен лежерен стил има, па летово си ја купив и хартиена копија.
“Смртта на девојката со ќибритчиња” е трилер по кој сними филм Куленович. Филмот е солиден, али книгата треба да е подобра.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom